Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
11.05.2012, 17:51

Камења и навреди на протестот во Скопје

Околу 4.000 граѓани изразија револт за акцијата „Монструм“, каменувана зградата на Владата, инциденти и во Чаир

Горан Адамовски



Со стандардна кореографија, навредливи пароли и инциденти помина вчерашниот протест во Скопје, каде што околу 4.000 граѓани изразија незадоволство по акцијата „Монструм“. Каменувана беше зградата на Владата, настрадаа новинарски екипи, а имаше и серија неуспешни обиди да се испровоцира полицијата. На враќање во Чаир, повторно беше нападната општинската зграда, а беа забележани и тепачки.

Како што беше најавено, веднаш по пладневната молитва во џамијата „Јаја-паша“ на Бит-пазар, групата тргна кон Основниот суд. Иако ненајавени, за протестите знаеја сите, па и полицијата беше одлично подготвена. Сообраќајот беше затворен, а толпата, претежно млади, со знамиња на Албанија и карактеристичните исламски со зелена боја, чекореа по двете страни на булеварот. Носеа пароли на кои пишуваше „Стоп на полициската репресија“, „Албанците не се терористи“, но имаше и такви со навредлива содржина кон македонскиот народ и првите луѓе на МВР и на Владата, Никола Груевски и Али Ахмети. Извикуваа „УЧК, УЧК“, „Скопје, Приштина, Тирана - етничка Албанија“ и „Убијци, убијци“, што беше наменето за полицијата, која го обезбедуваше судот. Тука се задржаа неколку минути. На заминување, фрлија неколку шишиња и камења кон Судот.

Истото сценарио и пред Владата, со тоа што овде имаше поголем број радикални поединци, кои се обидуваа да ја тргнат заштитната ограда и да се пресметаат со полицајците. Некои од нив фрлаа со камења кон зградата и скршија два прозорци. Десетина момчиња, кои ја презедоа улогата на вода��и на протестот, постојано им сугерираа на насилниците да се повлечат и да не прават инциденти. Да не беа тие, протестот веројатно ќе завршеше со поголеми инциденти.

По половина час, граѓаните се разотидоа кон Бит-пазар. Кај мостот „Гоце Делчев“ летаа камења и шишиња кон „специјалците“, кои останаа ладни и на постојаните навреди. Всушност, за време на целиот протест полицијата воопшто не реагираше, веројатно проценувајќи дека ја има ситуацијата под контрола. Како и минатиот петок, повторно беше демолирана автобуската постојка пред Владата.

Некои од демонстрантите рекоа дека протестираат за навредите кон албанскиот народ. Тврдат дека ја споделуваат болката на семејствата на младите убиени Македонци и бараат вистинските убијци да бидат изведени пред лицето на правдата. Сметаат дека уапсените не се виновни, а особено негодуваат за епитетот „исламски радикали“. Незадоволни се и од однесувањето на членовите на ДУИ, кои, според нив, ги легитимирале навредите врз албанскиот народ.

Бројката на лицата што протестираа беше поголема од минатиот петок. Според најавите на социјалните мрежи, протестите ќе се одвиваат секој петок.

Во пресрет на вчерашниот собир, имаше куп повици за воздржаност од инциденти. Евроамбасадорот Аиво Орав рече дека право на секој граѓанин е да протестира, но имајќи ја предвид сложената ситуација, организирањето вакви протести носи и огромни одговорности.

„Уверен сум дека сите институции во државата, МВР, полицијата, обвинителството, успешно ја вршат работата, колку што е можно најдобро. Мошне е важно и самите граѓани да веруваат дека институциите работат за доброто на сите, односно во интерес на правдата, а криминалците ќе ја добијат заслужената казна“, рече Орав.

Мендух Тачи, лидерот на ДПА, ги повика Албанците да не се приклучуваат на протестите. „Не смееме д�� влетаме во авантури, не смееме да ги врземе работите од етнички и религиозен аспект“, изјави Тачи. Апели за мирни протести имаше речиси од сите партии и институции.


Статијата е прочитана 2905 пати.

Испрати коментар



Убиството не е во интерес на Албанците
Во Гостивар се собраа неколку стотици луѓе
Во Струга мирно, протести немаше
Во Тетово пробиен полицискиот обрач
Стотици илјади километри потрошени на Чикаго
Де факто сме членка на НАТО
Коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ - возможна мисија во Струга?!



evropa, 12.05.2012 00:15:18
vo koja zemja se organizirat demonstracii da se oslobodat teroristi???ova e maslo na radikalni albanski islaamisti pa podtiknat netrpelivost,podelba...sto ce bese ubienite da bea albanci?sto podobri dokazi barat se pronajdeni puski,mapi kade da se vrsat napadi,svedok taksist koj gi odcukal i otvoreno kazuva se presoblekle pred da izvrsat nedelo..na zapad samo za plan za teror se dobiva dozivotno...i uapsenite zeni gi oslobodila mvr?samo zatoasto bile zeni???a cuvale oruzje doma..pa na zapad nese gleda nit zena nit maz dozivotno bi dobila cela tolpa od 20 ludje koi vo tekot na sudenje ce otkrijat i drugi...ako nese vinovni zosto ja napustile mk tie dvajca....ako mavtat znaminja na albanija neka si zaminat za albanija nikade vo evropa nese dozvoluva stransko zname pod imeto na drzava se podrazbira nacija bez obzir na koja pripadnost...sramota...kolku uapsija od niv???neli 20 lica uaosija koga demonstriaa makedonicite..ili ovie se priligovani...
apostol, 12.05.2012 00:24:57
interesno se odvivaat rabotite vo nasava r.makedonija, nasive vlasti uspeaa da vletaat vo srpskoto scenario za destabilizacija na r.makedonija no prasanje i dali imaa drug izbor znaejki koj se nivnite naredbodavci a dali narodot na makedonija bez razlika na verskata ili nacionalnata pripadnsot ke vleta vo toa srpsko scenario koe moze da dovede do raspad na drzavata vremeto ke pokaze, neli ?
Od Avram, 12.05.2012 04:33:45
Pa, kaj go ima ova tie gi izvrsija ubistvata i sega tie protestiraat...?! Pa, kaj si Makedonce? Kreni glava, neka ti se cue glasot i neka razberi svetot. Da bese obratno na site Amerikanski vesti ce gi objavea ubistvata!!!!!
zrak, 12.05.2012 06:17:58
samo vie letajte sto povisoko,ke dojde denot da vi otkazat krilata[amerika]pa ke vidime kako ke padnite,na glava ili na zadnik.A i ovie glupi popovi i hristijanski politicari od srbija i grcija ke ja svrtat politikata.....
Istocna Makedonija, 12.05.2012 07:50:32
Ne treba da se dozvoli so eskalacija na vakvi pro- testi,nevini zrtvi da ne predizvikat novi,nevini zrtvi.
bitola troa skolovan, 12.05.2012 08:21:48
Sto kazuvate,navredite se kon politicarite a odcepuvanjeto i stvaranje na golema albanija bese kazano kon Makedonskiot narod da si znae na sto e so niv,samo ne izleze ministerkata /bez madinja/da kaze kako toa e protiv ustav i zakon ili taa go tera istoto samo od ovaa strana.
od ostrijot, 12.05.2012 10:06:52
protestirat se plasat klopceto danese razmota kako se veli napadot e naj dobra odbrana.
Leonid, 12.05.2012 10:37:24
ткн протести треба да се забранат затоа што нив се поттикнува омрза, да се престане со иживување на албанците со трпението на македонците, да престанат странските амбасадори да поттикнуваат протести и да се мешаат во внатрешните работи на Македонија, да се најдат сите оние што фрлале камења и демолирале и да им се поднесат прекршочни и кривични пријави.
ФЕЛИКС, 12.05.2012 12:02:32
Сосема накратко оти по се изгледа сум под цензурирачка опсада.Сето ова протестирање со радикално исламистичка сценографија и дел од исти актери оди рака под рака со прокламираниот сомнеж кој се врти по социјалните мрежи а и богами по порталите на поедини весници,дури има и писма со кој се образлага сомнежот.Наградно прашање која е политичката опција на ваквите-никакви пласирачи на сомнежи и убедонста да уапсените се жртви на ,,намештаљка,,.
sara, 12.05.2012 14:05:05
od kade znaat deka uapsenite ne se krivi i zosto gi stitat so navred i zakani ? iprotesti od vakov tip se sekade zabraneti - potiknuvaat omraza - za sto ? zal im biloza familiiite - pa izrazija socustvo - im podadoaa raka -doma im ponudija pomos? agresivni i bezobrzani - zalno
S.G. Holandija, 12.05.2012 15:50:47
Samo edno nesto ke kazam za celiot ovoj protest: jas ke imam pocit citaj: respekt za vakov cin SAMO koga ovie grupi nema da go izvikuvaat toa sto go izvikuvaat i ke izlezat na protest so zname na R. Makedonija vo raka. Bidejki sepak toa se gragjani na MK (bez ogled na etnickoto poteklo) a ne na Albanija ili bilo koja druga zemja. Vaka gledam samo edna grupa zagubeni lugje, vo potraga po iluzii. Pozdrav,
veles, 12.05.2012 16:46:36
Intersesno , go nema antickite makedonci da izlezat sega dodeka za polaganje na cveke na grobot na Goce Delcev bea nasekade pa duri i policijata ne skakse ni da mrdne a vo ovoj slucaj stojat nemi ili se otsutni.Nevidena Ironija .
Dark Avenger, 13.05.2012 05:38:17
Ne vidov Makedonsko zname?
Muslim`, 13.05.2012 15:33:24
Protestiranje se bravi: 1. Lagite sto Jankullovska gi kaza vo prviot den, deka vojuvale vo Avganistan, potoa da negira 2. Sto makedosnkite mediumi ne objavuvaat deka: a) gi tepale nekoi vklucitelno i zena vo sudot b) gi prasale zasto se molite, idete vo chamija i tkn 3. Haki Haziri e kidnapiran od 1 den, posto MVR lazese pred mediumite i negocot smejstvo 4. Bez definicija sto e radikalen Islam, sto Jankullovska de dade 5. Ne e najdeno mnogu oruzje tuku kaj nekoi od niv, po nekoj pistol ili kalash; sto ne ni bilo upotrebeno

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска

 


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Обилни врнежи

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 8°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |