11.05.2012, 17:54 Во Струга мирно, протести немаше
Верниците по молитвата се упатија дома наместо на протести
Струга - И покрај најавите на социјалните мрежи, вчера во Струга не се случија протести мотивирани, како што беше најавено, за „стопирање на монтираните политички процеси“ во врска со акцијата „Монструм“. По молитвата во струшката џамија, верниците се упатија кон општинската зграда од каде дел заминаа кон своите домови без никакви пораки, или обиди за групирање на граѓаните. Состојбата во градот беше мирна, но сепак, во некакви очекувања дека ќе се одржат протести до крајот на денот. На ваквата разврска влијаеја повиците на политичките партии, а особено апелите и реакциите на Амбасадата на САД и мисијата на ЕУ. Евроамбасадорот Аиво Орав вчера по друг повод беше во соседен Охрид, од каде укажа дека организирањето вакви протести сноси и огромна одговорност. Исламската верска зедница од Струга, исто така, не ги поддржа најавените протести. Во Струга последни протестни собирања имаше како реакција на дел од маските прикажани на овогодиниот Василичарски карневал во Вевчани. Тогаш тие беа во организација на Муфтивството во Струга и со нескриена помош од градоначалникот Рамиз Мерко.(В.М.) |