-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Хороскоп

Хороскоп



ОВЕН

Колку и да сакате, нема да успеете да ја намалите улогата на другите луѓе во вашиот живот. Ќе добивате многу барања и обврски, но истовремено ќе имате и одлична стимулација. Не мислете се да побарате помош кога ви треба. Зрачите со нешто посебно што ќе придонесе да ви се случат неколку интересни епизоди, особено ако сте слободни. Контролирајте ја својата нетрпеливост.

БИК

Она на што можете сериозно да сметате е несебичната поддршка од пријателите. Наредниве денови ќе ги минете во дружење и забавни средби. Ако имате некои неостварени деловни цели, фрлете се веднаш на нивна реализација, само внимавајте да не преземете премногу обврски на својот грб. Во љубовните односи, исто така, ќе биде нагласено дружењето со голем број луѓе.



БЛИЗНАЦИ

Инсистирате на сопственото гледање на нештата во својата работна средина, а таквото однесување ќе резултира со конфликт со соработниците. Како и да е, полека, но сигурно доаѓаат крупни деловни промени, така што немате причина за грижа. Во семејниот живот сте склони кон погрешни процени, па затоа е најдобро да се вооружите со трпение.

РАК

Иако сте пренатрупани со работа - не се предавате и во се' се обидувате да најдете задоволство. Доколку добиете примамлива понуда за промена на работното место - не залетувајте се и не ги идеализирајте потенцијалните соработници. Раковите во брак или цврста врска размислуваат за почеток на заеднички проект со партнерот. Слободните, пак, ќе се заљубат преку ноќ, веројатно, на работното место.

ЛАВ

Романтично сте расположени, но склони кон претерано идеализирање на партнерот или симпатијата. Особено привлечни ќе ви бидат странците или некои луѓе што живеат далеку од вас. Ако сте во брак, ќе минувате доста време со децата и одговорно ќе ги прифаќате семејните обврски. Во работата ќе сакате да воведете ред.



ДЕВИЦА

Обидете се во односот со партнерот да ја задржите искрената и отворена комуникација. Ќе бидете склони кон заплетување во мрежата на сопствени заблуди, а ќе употребувате и некои ситни лаги. Рутината не ви одговара, па правите се' за да ја задоволите својата љубопитна природа. Тешко ќе се задржувате на едно место, а домашните ќе ве нервираат, па затоа се можни расправии.

ТЕРЕЗИЈА

Се наоѓате во интензивен период во кој изобилувате со енергија, шарм и оптимизам. Најмногу време ќе минувате во флерт, забави и дружење. Каде и да се појавите, ќе добивате максимално внимание што ќе го искористите во свои цели, па макар и деловни. Во работата ќе ве интересира единствено заработувачката.



СКОРПИЈА

Ќе ги задржувате мислите и чувствата само за себе. Малкумина од вашата околина ќе знаат што, всушност, се случува со вас. Ќе посветувате доста време на размислувањата за целокупната ваша состојба и насоките во кои би требало да се движи животот. Се соочувате со финансиски проблеми. На љубовен план ќе бидете склони кон доминација и одредување на правилата на игра.

СТРЕЛЕЦ

Многу размислувате, се занимавате со самоанализа и постојано се вртите во минатото. Полни сте со стравови, кои се однесуваат на иднината, се спротивставувате на промените кои се нужни, ги одбивате советите... Многу нешта нема да се одвиваат на начин и со брзина каква што вие сакате, па најдобро е да го прифатите природниот тек на настаните. Ќе ве нервира партнеровата чувствителност и инертност.

ЈАРЕЦ

Се наоѓате во многу интензивен период што изобилува со интересни настани. Ќе бидете страсно расположени, а нагоните ќе управуваат со вашите одлуки и постапки. Но, нема да бидете секогаш наполно задоволни. Деловните случувања ќе се испреплетат со останатите животни сфери. Ќе се родат симпатии во деловната средина.

ВОДОЛИЈА

Случувањата во домот ќе бидат вашата главна преокупација. Веројатно, ќе се занимавте со преуредување на животниот простор, па деновите ќе ви се сведуваат во трчање од работа до дома и обратно. Сепак, ќе најдете време и за дружење и во ниту еден момент нема да бидете сами. Слободните Водолии ќе уживаат во флертот и заведувањето, а во одделни моменти ќе бидат и нетрпеливи.



РИБИ

Ќе се однесувате неразумно во трошењето пари, а тоа ќе резултира со долгови што ќе ги исплаќате многу подолго од моменталното задоволство. Најмногу ќе вложите во патувањата, а можен е и трошок врзан со купување автомобил. Бидете внимателни во комуникацијата и не влегувајте во расправии со конфликтни личности. На љубовен план се можни многу интересни случувања.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 30°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 18°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Повеќе интервенции во Скопје по силното невреме
Противпожарната единица во текот на ноќта интервенирала на 28 места...
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови...
(ФОТО) МПМ добитник на награда за филантропија
Во име на вработените на Медиа Принт Македонија наградата ја прими Виктор Доневски, извршен директор во компанијата...
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |