Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
11.05.2012, 17:53

Во Тетово пробиен полицискиот обрач

Тетово - Учесниците на протестот во Тетово, на улицата „168“ во Мала Речица, која е на стотина метри од седиштето на ДУИ, насилно го пробија полицискиот кордон и продолжија да се движат кон партијата на Али Ахмети. Тоа практично значеше дека ситуацијата со учесниците во толпата излегува од контрола. Непосредно пред ДУИ повторно беше поставен полициски кордон, каде околу 600 учесници на протестот не се ни обидоа да влезат во просториите на партијата. Нивниот револт беше изразен со извикување: „Али не ја продавај крвта на Албанците“. Овде беа истакнати и неколку транспаренти на кои пишуваше „Стоп за националната и верската дискриминација“, „Стоп на монтирани судски процеси“ и други.

Протестот во Тетово започна нешто пред 14 часот на плоштадот „Илирија“, каде беа собрани околу 200 протестанти. На чело на колоната имаше три-четири знамиња на Албанија и едно со зелена боја, како исламско, со испишан текст на арапски јазик. Толпата се движеше по булеварот „Илинденска“. Најнапред застанаа пред судската палата, а потоа кај Шарената џамија. Следна нивна дестинација беше седиштето на Демократската унија за интеграција. Движејќи се по улиците на Тетово, учесниците во толпата најмногу извикуваа „Етничка Албанија“, „УЧК“, „Господ е голем“, „Илирида“. Во одделни моменти ќе се слушнеше „Ние не сме терористи“, „Не сме радикалисти“, „Јанкуловска е терорист“, „Долу Влада“. Движејќи се по булеварот „Илинденска“, повремено се слушаше вообичаената муслиманска молитва која најчесто се слуша во џамиите за време на верските обреди.

Протестот во Тетово мина без некои посебни последици. Траеше нешто повеќе од еден час. Пред ДУИ, на повик на одделни највлијателните меѓу водачите, учесниците на демонстрациите мир��о се разотидоа.

На протестот не забележавме официјални личности на политички партии. Имаше поединечно присуство на верски достоинственици. Инаку, меѓу демонстрантите доминираа млади луѓе. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 5616 пати.

Испрати коментар



Убиството не е во интерес на Албанците
Во Гостивар се собраа неколку стотици луѓе
Во Струга мирно, протести немаше
Камења и навреди на протестот во Скопје
Де факто сме членка на НАТО
Стотици илјади километри потрошени на Чикаго
Коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ - возможна мисија во Струга?!



demokrat, 11.05.2012 23:40:43
Mnogu jak obrac, so konduri, kacketi i kosuli na kratki rakavi!
Ljubotan Trade Name, 12.05.2012 00:03:27
Gojko,Jas so godini ti kazuvam sto go ceka Tetovo i Tetovsko a, Ti, uste sonuvas kako i Tetovskite ,,Vojvodi od 1990 godina. Kade se, site ,,Tvoi Sponsori za tie 40 godoni od Ajducko Maalo i ,,Vojvodite od 1991 godina? Eee Moj Gojko, Ti Ostana Kako;DON KiHOT,isto Kako i Jas Svetosvec na Toa , Prokleto Cuse,Kako rekol mojot Pradedo, i ako napravil najgolem Selski privaten Atar od Vardar pa se do Kosovo od 30 kvadratni Kilometri!
risto, 12.05.2012 05:34:50
Se prasuvam ako makedoncite napraveja vakvi protesti kolku od niv ke beja pritvoreni??? Zosto so ovie huligani ne se postapuva na toj nacin, zarem za ovie ima poseben zakon. Nisto cudno sto poveketo se mladi, ali zadoeni so irenditizam a vo posledno vreme so radikalizam. Kakva idnina i kakov sozivot se ocekuva od vakvi divjaci. Kako sto e momentalnava sostojba ne treba poveke gradenje na spomenici, treba da se gradat bunkeri i vo sekoj bunker od onie mnogucevnite sto gi gledame na meksikanskite filmovi, drugo care nema. Ne treba poveke da go slusame zapadot, NATO i EU, so ovie nie treba da se spravime kako sto znaeme i umeeme. Muslimanite ne bile teroristi, ne bile ubijci, tesko da se poveruva vo toa, se gleda od na mesecina sto se i koj se, tie se se i sesto samo ne posten i miren narod.
albanez, 12.05.2012 07:21:29
i albancite ne se toa sto bea. gi zalude edna grupa hohstapleri na celo so ali ali ahmeti koi ne mozat da se nasitat od kradenje, a cela populacija nemaat za jadenje.
bilo koj, 12.05.2012 07:52:30
Do (G.E)...toa znameto zeleno,kako Vie go narekuvate ne e Islamsko no e zname na Kralsvoto Saudiska Arabija.I toa pisuvanoto bi bilo bo prevodnema Gospod osven Gospod.Vie kako vraboteni vo medii treba da doznavate poveke informacii pred da napisete nesto kolku da se potoplni strana.Na vakov nacin imame samo negativen efekt.A sto se odnesuva do samite protesti,me potsetuvaat na pocetokot na Arapskata prolet.Rezim,pa diktatura,pa zagrizeni prijateli kako SAD,EU i ovie od Arapski zaliv-Saudiska,nasite delovni partneri Katar i sl.na nea,pokazuva deka celta im e druga.Ili kako vo nasiot slucaj na baza Etnikum.Treba da bidime realni vo slucuvanjata vo svet,pa posle i za nas.Ovie so bradive i zelenive znaminja kako Vie gi narekuvate se dobar prikaza na Radikalniot islam i kako ednas Klintonova sama prizna i se izjasni deka licno SAD gi oformila Al Kaeda za da se zastitat TIE od terorizam.E,oni se zastitija ama kako virus go rasirija niz svet.Pozdrav.
chisto za sporedba, 12.05.2012 09:50:05
во скопје полицијата беше опремена до „заби“, а во тетово со летни блузи
Tina, 12.05.2012 12:28:29
Sega koga se ni e jasno, sto da pravime so ljugeto koji se rodeni vo Makedonija, ama rabotat za tug interes?
mozebi, 12.05.2012 13:34:09
Koga se gleda ova, moze nekoj da pomisli deka masakrot vrz petminata ce istera nekoi raboti na cistina. Na primer, deka na Albancite im e bitna samo golema albanija i deka se gotovi i na islamizam za da ja dobijat. Izgleda kako nestata da se vrtat naopaku od nivna polza, pa zatoa se nervozni. Tekstot na dopisnikot, inaku, za pofalba.
MOLAM ?, 12.05.2012 14:23:11
policijski obrac ? kakov obrac... videte gi policajcite ! Izgleda kako da se dojdeni na nekoj selski panagjur.Uste pecenite semki ili soncogled im fali da si grickaat.
od redzo do risto, 12.05.2012 19:07:02
abe mnou si bil pameten ti bre risto samosi totalno nepismen i od vakfi kako tebe pokfareni moze sekade i sekogas adse ocekuva nered poftoruvam pokfaren sram dati bide
Kultiviran Balkanec, 13.05.2012 00:45:48
Albancite protestiraat ne deka se chuvstvuvaat diskriminirani, tuku bidejkji se chuvstvuvaat posilni i se svesni deka Makedonija e slaba i sakaat da pokazhat zabi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска

 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 18°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Повеќе интервенции во Скопје по силното невреме
Противпожарната единица во текот на ноќта интервенирала на 28 места...
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови...
(ФОТО) МПМ добитник на награда за филантропија
Во име на вработените на Медиа Принт Македонија наградата ја прими Виктор Доневски, извршен директор во компанијата...
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |