Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.05.2012, 18:31

Мое ќоше

Кој протестира во Македонија

Ерол Ризаов

Ги гледаме на улиците страшните последици од недовербата во институциите на системот чиј авторитет го урна политиката

Што ни се случува? Кој протестира во Македонија? Кои се овие бунтовни и агресивни деца, па и возрасни луѓе пред Владата и на плоштадите? Дали се ова нашите деца? Ние ли сме тоа? Што бараат? Кој ги организира? Како ќе заврши оваа работа? Ова се најчесто поставуваните прашања, со голема загриженост, деновиве додека течат по улиците реки момчиња и девојчиња од „Фејсбук“ генерација обвиткани во верска костимографија невидена досега кај нас. Но, со веќе одамна видена и наследена омраза кон различните од себе. Дали грозоморното убиство на петмина млади луѓе кај Смилковци и апсењата на осомничени за ова злосторство се вистинските причини за протестите или тоа се последици на изгубената доверба во сите сфери од животот. Ги гледаме по македонските улици страшните последици на недовербата во институциите на системот чиј авторитет ги урна политиката и борбата за власт. Во длабоката поделба на македонското општество, по партиска, национална, етничка, социјална и културна линија недостасуваше само семето од верска омраза, па да се роди монструм.

Албанските лидери на релевантните политички партии деновиве се огласија повеќепати до јавноста, укажувајќи дека ниту убиството кај Смилковци ниту демонстрациите не се во интерес на албанскиот народ, што е примено, исто така, со недоверба кај Македонците. Претходно и македонските политичари и од власта и од опозицијата повикаа на разум, воздржаност и одговорност да не се злоупотребува демократското право на протест. Многубројните аналитичари, колумнисти и новинари се огласија со своите анализи и согледби, а некои стасаа и до откритија дека сме жртви на исламскиот фашизам инсталиран од Америка и од големите сили.

Иако целата историја на човештвото, всушност, е една голема војна за интереси на посилните и помоќните, секогаш не можат таму да се скријат и сопствените грешки и промашувања. Во овој случај, како и во многу други со Македонија, не верувам во светски заговор. Чинам дека ова со протестите повеќе е наше домашно бербатење. Македонија и нејзините политички и интелектуални перјаници, по стекнување на независноста и по поминати две децении, не ги доизградија институциите на системот. Не го воздигнаа нивниот авторитет и кредибилитет на повисоко ниво од еднопартискиот систем.

Напротив, за 21 година е извршена груба деградација на сето она што ја сочинува правната држава, сигурноста и безбедноста на граѓаните. Се покажа дека е многу тешко да се прави држава со сите атрибути, особено демократска држава со полна доверба и одговорност кон институциите на системот. И обратно, нивна заштита на граѓаните. Ги уривавме спокојно еден по еден столбовите на кои почива државноста на Македонија од АВНОЈ и АСНОМ, па наваму. Некој со тоа играа и мајтап. Ако не е така, зар има потреба премиерот лично да кажува дека ќе зажалат оние што го направиле ова грозоморно злосторство.Или висок партиски функционер да кажува дека треба да се воведе смртна казна за овој случај, или министерката за внатрешни работи да и' соопштува на јавноста дека полицијата располага со несоборливи материјални докази, со јасни назнаки кон исламскиот радикализам.

А јавниот обвинител, пак, пред јавноста да соопштува дека ќе бара доживотна робија пред да ја види кривичната пријава, а протестантите да бараат да се уапсат вистинските убијци, јасно алудирајќи дека уапсените се невини. Новинарите да објавуваат шокантни детали од полициска истрага пред да стасаат до судот итн, итн. Во нормалните држави од сето ова ништо не е можно. Има ли потреба странски амбасадори да нагласуваат дека ќе го следат судскиот процес и да се сомневаат во праведноста при судењето. Кривичната пријава за злосторството со доказите стасува до обвинителите и истражните судии, а потоа се' е во рацете на судиите и на адвокатите.

Протестите пред македонските судови, Владата и парламентот како форма на притисок се стари колку и транзицијата. Некои судски пресуди се оквалификувани како срамни и од Врховниот суд на Македонија. Омаловажувањето на Врховниот, Уставниот, Апелациониот и сите судови и обвинителства од актуелни политичари во власта и во опозицијата, кога биле на власт, ги знаеме сите. Забелешките на пристрасноста и партизираноста на судството ги слушаме секој ден сите.

Постојаното повторување дома и од светот, правна држава, правна држава... ечи со години залудно. Дури и при грозоморно убиство как�� што беше кај Смилковци, кое сите го осудуваат, недовербата во институциите на системот и нивната политичка злоупотреба изродија сомнеж на двете страни. Тоа така ќе биде при секој поголем судски процес, без разлика дали се во прашање Раштански Лозја, Смилковци, Гостивар, Бачила, А1, Бошковски... се' додека не се воспостават вистинско демократско општество и независен правен систем.


Статијата е прочитана 3927 пати.

Испрати коментар



Го чекаме Чикаго со уште еден проблем повеќе
За лебот и протестите
Јавноста заморена од протестите
Уште еден драматичен ден во Атина
Агонијата во Грција ќе продолжи
Груевски во Кина пo инвестиции



jovan, 14.05.2012 00:15:52
Baranjeto pravna drzava ke eci uste dolgo, od pricina sto nekoj strukturi ovde, koj postojano se nekade pozadi sekoja vlast i ja kontroliraat, toa ne go sakaat. Vospostavile sopstven sistem koj im odgovara samo niv, i ne davaat da se promeni. Dosega vo ovie 21 godina na Vlast bea dve sosema sprotistaveni opcii, barem deklarativno, no vo praksa imavme nesto sosema isto. I ovie denesnive na cel glas kazuvaat deka se *borat*za pravna drzava, no nekako *teko im odi*. I nekoj sledni da dojdat, ke prodolzi istata pesma. Treba da se najde pricinitelot i kocnicarot koj poveke od 2 decenii ja upravuvaat drzavata i nametnuvaat sistem spored sopstveni interesi. Toa se strukturi od koj nema lesno da se oslobodime. Nema koj da potegne. Site se cudime zosto edno isto se slucuva 20 godini, zosto edni isti rakovodat, i pokraj toa sto se iznaredija eden kup*politicari*, koj sto ti ne obekaa i obekavaat, a vo praksa, pak isto, pak istite profitiraat, se isto. Imame sistemska greska.
Ljubotan Trade Name, 14.05.2012 02:44:28
Demonstraciite se odraz; By Product na Albanskata Superiornost! i podgotvenost na zrtvi. A,sto e totalna anemicnost na drugite subjekti sosema opravdano,kako sto se : [Titici,Jugici,Srbi,Srbomani,Bugari,Bugarofili, i siaset drugi ;Turci,Vlasi, Cairci Romi vo Makedonija; Denesna Makedonija e Vazal na Antickiot Ace i falangata ,pa zatoa drugite nacionalni i istoriski bitija ,po vladina predispozicija se izlisni. Posle se ova ,Makedonija stana, lesna Goltka za Albanskite Istoriski Stremezi! Vo edna drzava kogaj se formiraat partii na Nacionalna Osnova,a ne na ideoloska i ekonomska baza-pocva ,toa e prv znak na nebidnica,to est na neizbezen separatizam!
drt, 14.05.2012 04:19:15
E gospodine gospodine, ne tuku se pravite deka nezanete koj se i koj gi sprema. Pa USA mnogu jasno ima obrazlozeno od kade ke doaga terorizmot vo Evropa. Mnogu jasno e napisano vo vasata agenda kako religiski da se prezeme svetot . Vo denesno vreme netreba da se bide mnogu pameten za da se najde informacii na versakata promena i nasilie vo svetot. Pa zar mislite deka sme tolku naivni pa nemozeme da vidime vo koj red vie pripagate. Citajgi gi tvoite statii meguredovi se gleda kade ste. Ali fala mu na Izreal pa nema da se sirite tolku brzo kolku sto imate planirano.Se nadevam deka ke imate demokratska dobles da go objavite komentarov.
pameten, 14.05.2012 04:31:31
Drzhavnista na ASNOM verovatno skoro kje se urne poshto ova legitimacija na vrakjaneto na Makedonija vo Jugoslavija odamna izgubi podrzhata na golemite sili, a ima kolku sakash neprijateli. 1. Za Albancite ASNOM beshe momentot koga nivnite dotogashni sojuznici protiv Jugoslavija preminaa na stranata na Jigoslavija. Po 1991 tie jasno pokazhaa deka nema da prifatat opsanok na edna (mala i slaba) Jugoslavija vo Skopje. 2 Iako vo dokumentite na ASNOM stanuva zbor za bratskiot Bugarski narod, tokmu od togash pochna baranejto so zaden datum na nekakva dlaboka razlichnost. Arno ama barem pola od potomstvoto na Prerodbenichka Makedonija se denes Bugari vo Bugarija. Obidot da se zachuva ASNOMska Makedonija onevozmozhi strateshkiot sojuz so niv. 3. Tokmu beganjeto od Bugarskite koreni ja rodi fascinacijata so antichkite Makedonci i dotera doe konfliktot so Grcija, koj shto ja blokira evrointegracijata na Makedonija. Rezultatot e bezizlez.
makedonec musliman, 14.05.2012 06:00:01
I na lice mesto da beja fateni ubijcite pak ke imase protesti da kazat deka e politicki montiran protest a ti ke napisese deka protestite se poradi nedoverba vo instituciite na sistemot. posle molitva vernicite se ispolneti so smirenie i ljubov Zarem mu e bogougodno na Alah posle molitva vernicite da odat na protest da gi branat ubijcite i da upotrebuvaat pogrdni izrazi
Inkvizitorska sednica na Zakonodavno-pravnata komisija, 14.05.2012 06:19:53
Se soglasuvam so Vas Erole deka za ovie 20 i kusur godini ne uspeavme da izgradime drzava so site nisani.Potpolno se izgubi doverbata vo ssistemot, posebno kaj mladite,a najslaba karika vo toj sistem tokmu e pravniot i sudskiot sistem, inakum nema da imase onakvi izmesuvanja na loncina i diletatntski istrcuvanja so izjavi na Jankulovska , Svrgovski i sl. Seto toa vo normalna drzava si ima odredena procedura i nacin za sproveduvanje. Dovolno e sinoca da se gledase cirkusijadata rezirana od Dulicka na sednicata na Zakonodavno- pravnata Komisija koja ja vodese taa babicka so pobelena kosa i plava krv ( koja odamna trebase da si sedi doma so vcnucinjata, a ne vo Parlamentot) kako na karikaturalen , smesen , mizeren ,sramen , inkvizitorski nacin za eden cas gi otfli site amandmani na opozicijata (okolu 200 ) bez diskusija, a od opozicijata nikoj ne prisustvuvas na taa sramna sednica!? I seta taa bruka i sramota se prenesuvas preku Sobraniskiot kanal!?
ФЕЛИКС, 14.05.2012 07:30:04
Околу организаторите на протестите вашите колеги објавија за најмалку два организатора. Првиот организатор или дел од таквите беа Бихаќевците на најпрвиот протест веднаш по убиствата,нивни младинци со име и презиме беа учесници во толпата.Вториот организатор е ДПА со повикот да по петочната молитва пред десетина дена се протестира за наводната конструкција на владата врз недолжни граѓани.Не е само проблем правната држава на која од надвор ни укажуваат а самите не почитуваат меѓународни правни норми (Хаг)Туку што предвреме политички инструирано се бара осумничените да се ослободат а при тоа не се нуди никаков доказ за невиноста.Во ниту една земја каде што имало терористички напад муслиманската заедница не излезе на протести и се стави на страна на уапсените.Инаку уште фали да се направи собраниска комисија како случајот Сопот и со политичко прегласување а не судот се одлучи за невиноста.Можеби тогаш и странскиот фактор ќе биде презадоволен од вакво вонсудско откривање на вистината.
Дебар, 14.05.2012 09:37:14
Кој ќе има доверба во една држава во која не може да се најде адвокат да ги брани, и во која премиерот јавно им се заканува, на осомничените? Кој ќе има доверба во една држ��ва во која министерката за внатрешни работи бесрамно го поврзува зборот ислам со зборот монструм? Муслиманите се против криминалот и затоа протестираат против Јанкуловска. Протестите ќе продолжат се додека таа не поднесе оставка.
seirdzija, 14.05.2012 09:38:47
Apsolutna vistina,nemam sto da dodadam....
patriot, 14.05.2012 09:42:57
Smiljkovci e samo osveta za nastanot vo Gostivar. Mozebi izvrsitelite imaa namera da likvidiraat cetiri mladinci, no neprijatniot svedok morase da se zakuti za sekogas. A odpustanjeto na Ramus Haradinaj od Hag samo ja podgreva atmosferata i predsedatelot na republika Makedonija kako vrhoven komandant na vooruzenite sili treba da vovede mobilna sostojba i da se spreci ufrlanje na teroristicki grupi od Kosovo.A bidete sigurni deka dvajcata koi se naogjaat vo begstvo ke bidat likvidirani od samite Albanci za da ne gi odkrijat nalogodavcite.Potoa eden druga mnogu bitna okolnost. Ako se ima predvid faktot deka za vreme na voeniot sudar se tvrdese deka isceznaa 6 Albanci, za osveta - isceznaa 12 Makedonci. Vo pravo sum ili ne. Znaci zivotot na sekoj Albanec vredi dvapati poveke od zivotot na eden Makedonec.
do koga vaka duri se mozi, 14.05.2012 09:51:23
Koj protestira vo Makedonija tie sto saka poveke dobija naj golemo pravo vo Svetot i da falsifikuva Naselenie za da dojdat na Vlas ne saka dase prebrojat oti vistinata boli i ti dobro znaes sto USA rastura po svetot i na Balkanot i sto jihad hizbula i alqaida se zanimava im gi perat mozocite uste od 10 meseci na mladite i nisto nee cudnoso ova sto se desava do koga vaka duri se mozi................
izmamen, 14.05.2012 10:11:04
За какво судство зборуваме кога едни судии се во своите судници и канцеларии,а некои стојат пред врата на Апелација , се дружат со странките (искличиво само со оние кои се обвинети)делат правни совети(небаре се адвокати), прават дилови,а во судница никогаш не ја облекуваат тогата (задолжителна)што јасно говори колку го почитуваат судството и заклетвата што ја дале.Кога ке се исчистат кртовите е тогаш можеме да зборуваме за независно судство!
До Фаликс, 14.05.2012 10:30:08
И ти имаш право! Повици „Чиста Македонија“ и „ Нека разберат клетите Шиптари“ се типични за Бихаќевците (оние од „Жолтата куќа “ де !)! А , ДПА ги организираше „УЧК“!! Бихаќевците ги амнестираа и хашките , ако не се лажам! А , како да не се верува на институциите , кога докажаа дека супер-бабата од Отља се борела во Пакистан! Полна доверба имаат и твојот брат-сестра Љубе, Велија , Душко Ескобар итн... А , сега побрзај на доручек , додека се вруќи ќебапчињата!
tihi, 14.05.2012 10:52:41
Protestiraat zabludeni isprani wosh and go mozoci, trueni vekje podolgo vreme deka go priznavaat samo sudot na svojata partija.Od petochnite protesti slushnav izjava deka ubistvoto e delo na srpsko makedonski udbashki strukturi.Ako e taka ,togash tie uspeale vo svojata namera da gi prikazhat Albancite kako talibanci pred svetskata javnost, dokaz se prtestite od petokot.
do Feliks, 14.05.2012 12:07:51
Ete se javi i Feliks da si ja zaraboti platata. Aj gitla sega, dosta ni e od takvi kako tebe i od prerodbata i od familijata! Ke go jadete stapot kaj i da e a posebno takvite kako tebe posto niv ke nema ni koj da gi zastiti.
Трпе, 14.05.2012 12:45:09
Во ова наша мала напатена државичка никој не си ја знае улогата.Од некого се бара да работи се и сешто само за една фрлена преглодена коска.И владата која треба да работи за квалитетот на живот на народот чи пари ги арчат,ним повеке им одговара да бидат медиумски личности поправилно кажано портпароли.
baltazar, 14.05.2012 12:54:15
Tokmu onie za koj pisue toj do Faliks organiziraja prvi demonstracii so tie povici,,gasni komori,,Neli niven mladinec bese eden od organizatorite.Abe nikoj toa ne go demantirase,a zosto???
пријател, 14.05.2012 12:55:39
Незнаењето на некои коментатори нема граници.На просечно незрели коментари, какви што се оние на ФЕЛИКС, не треба ни да се реагира,но кога ќе изрече нешто што е светлосни години далеку од разумот,можда и треба да се укаже на тоа.Во денешниот коментар ФЕЛИКС кажува дека се барало ослободување на осумничените,а „не се нудело никаков ДОКАЗ ЗА НЕВИНОСТА“??? И сега, како може да се чита коментар на ФЕЛИКС кога тој смета дека СЕКОЈ Е ВИНОВЕН ако не понуди ДОКАЗ ЗА НЕВИНОСТ? Како во иднина да се земат за сериозни и да се читаат коментари на ФЕЛИКС, кој не знае дека секој е невин додека не се докаже негова вина,и дека оној што осомничил е должен да докажува вина кај тој што го осомничил за вина,а не осомничениот да докажува дека е невин?
demokrat, 14.05.2012 16:34:38
Do prijatel: Prijatele, umnite i inteligentnite sekogas treba da zboruvaat, bidejku koga tie molcat togas vladeat budalite. Zatoa koga ke procitas nekoj paradosk, vednas repliciraj!
do pameten, 14.05.2012 16:58:40
Ne e ova ASNOM-ska Makedonija.Ova e nezavisna Makedonija za koja se borele generacii i generacii Makedonci.Dali e Slovenija ASNOS se uste,dali e Hrvatska sega ASNOH spored tebe?A istocniot sosed neka priznae deka sekogas sme bile razlicni od niv,neka go priznae makedonskoto malcinstvo,sepak go priznava makedonskoto malcinstvo,no neka mu gi dade pravata i neka se izvini za okupacijata vo prvata i vtorata svetska vojna sto ja imase vrz Makedonija.
Ајван Доктор®, 14.05.2012 17:07:55
Власта,која го криеше злосторот на плоштад,кога беше егзекутирано младо момче,пред очите на мноштво народ,но и пред очите на премиерот,овојпат тврди дека уапсените за случајот Смилковско Езеро се убијци,однапред обвинувајќи ги!Излегува дека премиерот,овој пат поседува „непобитни докази“за нивната вина,но,кога неговите „горили“ќе убијат младо момче пред негови очи тогаш не е надлежен ниту да посведочи,ниту да ја потврди вината!Едноставно во првиот случај (Нешковски)тој е кратковид,но сега се јавува како визионер,кој имал пристап до документите и „непобитните докази“!Никој немаше ниту да се посомнева во вината на уапсените доколку не се јавија министерката и Гwујокио со своите изјави да си ја ишкаат мувата од капата,обидувајќи се со тоа да ја докажат наводната супериорност на институциите под нивно раководство!Може да поверувам,единствено на правосилна пресуда,па дури и тогаш,овој случај нема да се очисти од сомнежот дека е извршена манипулација со доказите!
deko, 14.05.2012 17:19:50
Kako i da svrtis ne cini,ako mediumite objavat, ne cini,ako ne objavat pak ne cini,ke recat odma nema demokratija i sloboda na mediumite,Ne vi se faka krajot,koj moze na site da im ugodi kazete mi edna takva vlast.Nemili nastani ke ima i vo idnina i segde,protesti ke ima za se i sesto segde,nezadovolni ke ima za se i segde.TOA E DEMOKRATIJA sto mislevte site kako lici,zarem ne gledavte barem filmovi,vo demokratijata ima i dobro i loso,ne tece samo med i mleko.Naucete veke ednas demokratijata e proces koj se nadograduva na greskite,i proces koj se razviva od den vo den,nema idealna demokratija duri i zapadnite zemji se daleku od demokratija vo prava smisla na zborot.Site vie sega koi se povikuvate na demokratijata pred izvesno vreme plukavte po nea.
Razdruzivanje, 14.05.2012 18:06:13
Ubieni se 4 deca i 1 chovek! Nikakva greshka na vlasta ili losho smesten zbor na ministerkata ne moze da bide opravduvanje za ovaa monstrumsko demonstriranje, odnosno branjenje na ubijcite po sekoja cena i od strana na site albanci, bez iskljuchok. I ne e tochno da demonstriraat muslimanite, demonstriraat iskljuchivo albancite, verovatno i onie so hristijanska veroispoved. Ochigledno chovechnosta ne im e bitna, nego iskljuchivo omrazata i krajnata cel - golema Albanija! So toa da sme nachisto, a tokmu toa sakashe vlasta da go preskochi, pa upadna vo pogolema dupka. Definitivno, ne mozeme povece zaedno. Zatoa da se podelime i da ziveeme edni pokraj drugi, svrteni so grb. Drugo chare ne gledam, a i onoj shto toa ne go gleda, navistina e corav ili se pravi na tri i pol.
wd40, 14.05.2012 20:12:20
Erole jas ke ti kazam koj protestira vo Makedonija 1.Radikalni Islamisti-Teroristi 2.Komunjari 3.Eskperti-Arhitekti 4.Stecajci-paraziti 5.Sorosoidi 6 Mrzlivci koi cekaat vladata da im dade rabota Sega jasno li ti e koj protestira.....
Исток, 15.05.2012 00:35:45
Да токму констататацијата дека не работат институциите во државата доведуваат до такви немили настани. Се изгуби вербата во се! Ништо веќе не е како порано, кога се имаше морал, етика, верба во институциите и владеењето на правото. Денес владее хаос во институциите затоа што ги раководат лица чие прво вработување, се разбира по партиска заслуга, е токму да бидат „главни“, а тоа што се со несоодветно образование и одвај и да знаат како функционира системот, не е важно. Важно е да бидат „горди послушници“ на лидерот и „мува да не ги лази“! Ете, тоа ни се случува, затоа што тие што тр��ба да ги менаџираат процесите, се недозреани, неиживеани, а најжално од се е што притоа страдаат невини деца кои немаат иднина а имаат изгубена младост и „изгубени илузии“ од државата па мислат која белосветска дестинација да ја фатат.
Silvester, Sidnej, 15.05.2012 06:14:20
Vie licno pisuvavte vo vasite poranesni kolkumni deka ne daj Boze ako instituciite uapsile nevini luge. Vie licno bevte megju prvite i uste nekolku komentetori sto javno se somnevavte vo drzavnite institucii. I sto sakame sega? Konecot se skina.
husejin ali, 15.05.2012 10:16:02
Realna analiza na celokupnata politicka situacija vo Makedonija.Segasnata garnitura vo Makedonija ja kopira Turskata AKP partija koja vo tri navrati ja prezede celata vlast i sega se izigruva so protivnicite i poranesnite rivali. Od druga strana koaliciite i vo Mak. i vo Tur.ne pravat nisto korisno za da utre glasacite privlecat kon sebe tuku pravat takvi aktivnosti sto poveke im odi vo prilog na vladeackite partii.Minatiot mesec bef vo Mak.sekoja godina istoto go slusam.Samo osveta koga tie bi prezele vlasta.Glasacite trbeba da se dobivaat so dobri raboti za site gragani a ne samo po partiska pripadnost.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Облачно

Петок
Ветровито
Макс: 19°C, Мин: 7°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |