Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
17.05.2012, 18:35

Си велам

Митинзите на Црвенковски

Ерол Ризаов

Зошто опозицијата тргна со народни собири во освојување на локалната власт

Зошто Бранко Црвенковски тргнува со митинзи во поход на освојување на власта на локални комунални избори цела година порано избирајќи ја најстарата и најрудиментирана форма на политичка предизборна кампања. Полните плоштади со луѓе, огнените говори, маршевите за слобода, вообичаени за популистички десничарски и таканаречени патриотски партии се одраз на улична демократија, несвојствена и непримерна за соверемената европска социјалдемократска левица. Во ерата на интернет, експлозијата на социјалните мрежи, слободни медиуми, во демократски политички систем митизите од овој тип се анахрони фолкорни забави без голем ефект. Повеќе личат на народни веселби со гласна турбо фолк музика за да се прикрие лошата понуда на идеи отколку на сериозна политичка борба за превласт. „Пада киша, пада влада....“ има само во песни.

И обратно, во време на режими, страв, сиромаштија и безработица, социјално ропство, контролирани медиуми, а неконтролирана арогантна власт, нефункционален парламент со груба вулгаризација на волјата на мнозинството, при загрозена безбедност и правна сигурност на граѓаните, во длабока економска и политичка криза и бесперспективност, при блокирани евроатлански интеграции и неизвесна иднина, митинзите се енергетска бомба чија експлозија треба да означи ослободување од стравот на населението и вовед во пораз на една штетна политика и лошо владеење.

Која од овие две алтернативи е точна во Македонија се одредува исклучиво со партиски диоптер. Гледано со десното око од еден исти двоглед митинзите на Црвенковски се панаѓури од едно минато време со еден истрошен верглач на музичка кутија која откако ќе се навие постојано свири иста песна. Видено пак со левото око, Црвен��овски е единстевената надеж во земјата безнадежија да се сопре изолацијата и блокадата на Македонија и да се отворат перспективи за изградба на современо просперитетно и демократско општество. Локалните избори треба да го означат почетокот на падот на политиката на Груевски. Кој може да го порази Груевски, освен Црвенковски.

Дали има нешто помеѓу овие две крајности. За жал, или за среќа нема. Секое пореално согледување на состојбите се дочекува на нож многу често од приврзаниците на двете страни, особено грубо и валкано кога се на власт. Моите ставови се познати на јавноста и се соопштени безброј пати. Претпочитам според моите поимања на новинарство и светските новинарски стандарди критички да ја опсервирам пред се' власта која според Уставот и политичките практики е најодговорна за вкупните состојби во државата и ги држи во раце сите механизми на владеење и сите инститиуции на системот, често надвор од законот и демократските стандарди и правила.

ВМРО ДПМНЕ во изминатите шест години немаше никакви пречки за добро владеење. Целата власт, цврсто ја држат Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, без големи потреси и блокади од опозицијата и без големи побаруавања од коалициските партнери Ахмети и ДУИ за апсолутната заедничка двотретинска контрола на парламентот, но и со помош на задолжување на земјата. Тоа што Груевски и ВМРО ДПМНЕ ги имаа сите предуслови за добро владеење се покажа дека кога е без демократски ограничувања се претвора во лошо водење на државата во погрешна насока. Стана видлива злоупотребата на власта и наметнување на одлуки и закони од позиција на сила, некогаш дури погрубо отколку во еднопартиските системи. Во Македонија се одлучува за најкрупните стратешки прашања и се носат закони без елементарно почитување на различните мислења и ставови и со супериорно надгласување на мнозинството во парламентот. Парламентарниот систем е жално карикиран, а демократските процеси во длабок застој. ВМРО ДПМНЕ ја има превласта и влијанието над најгледаните телевизии преку сопствениците кои се или во коалициски односи со власта, или блиску до неа. Власта на критиките упатени на нејзина адреса гледа како на непријателска пропаганда и тие медиуми и новинари преку своите апологети ги прогласува за предавници.

Од друга страна, сите стратешки определби на едно добро владеење на секоја власт според универзални принципи не се остварени. Животниот стандард на населението е во постојан пад бидејќи за парите кои ги добиваат вработените и пензионерите можат да купат се' помалку добра, отколку претходната година и покрај покачувањата на нивните примања. Квалитетот на живеење во Македонија опаѓа драматично според најмеродавната листа во светот, на Обединтите нации. Последни сме во Европа според квалитет на живеење каде влегува цела група на суштински показатели од можности за образование и здравствена заштита до годините на просечен живот. Сиромаштијата и безработицата не' сместуваат на срамно место, на самото европско дно. Развојот на соседните држави кои заостануваа далеку зад нас е со многу побрза динамика. На патот за Еропа не' престасаа држави на кои само до пред неколку години Македонија им изгледаше недостижна како лидер на измислената нова топонимија западен Балкан. За таквото лидерство ги исмевавме тогашните власти. Денеска е наша тажна реалност и тоа да го немаме.

Во услови на контрола на медиумите, на страв, на постојана шестгодишна популистичка предизборна кампања, на парламент кој не прифака ниту еден закон, или суштински амандман на опозицијата, на целосна и осилена власт со контрола на сите институции на системот, каде има дебати само на истомисленици и анатеми врз различните, не преостанува друг избор отколку јавни граѓански протести за ослободување од стравот. Колку Бранко Црвенковски на тие митинзи ќе даде аргументи за нова доверба е суштинското прашање. Материјал за критика и лошо владеење има доволно. Дали ќе има конкретна добра понуда на прифатливи промени во локалната власт како голема опомена до Груевски и Ахмети тешко е денес да се прогнозира. Се' уште мнозинството граѓани, иако мислат дека Македонија оди во погрешна насока, во опозицијата не препознаваат излез. Разликата е неколку проценти меѓу оние кои веруваат и кои не веруваат во можностите на опозицијата. Митинзите на Бранко Црвенковски треба да го надоместат тоа. Се разбира, власта нема да седи со скрстени раце. Оттаму набргу ќе следи контраудар. За тоа нема ништо подобро од успех. Ако нема успех ќе гледаме нова валкана пресметка во битката за власт. Нови делби и подлабока омраза.


Статијата е прочитана 3511 пати.

Испрати коментар



Угоре високо, удолу длабоко
„П“ како Пишман аџија
Ривали во ТВ-ринг



jovan, 18.05.2012 00:26:22
Vo tekstot do detali e opisana Makedonskata politicka realnost i odnosite pozicija-opozicija-narod. Nema sto da se dodava. Toa e toa. Moze da dadam samo eden mal sovet do SDSM. Dokolku sakaat nekakvi rezultati neka se ugledaat na nivniot Gradonacalnik vo Karpos, Stevce Jakimovski. Edino toj na teren i prkosi na ovaa Vlada, raboti i se trudi, go napagaat zestoko, maski gi izdrzuva site udari, a go mavaat od site strani i pravo cudo e kako dosega posle takvi pritisoci i napadi se uste ne e rastrgnat. No i pokraj se, toj ne se otkazuva. Si ja tera rabotata. Osven toj, nieden drug od SDSM ne sum primetil deka e spremen na takva zrtva. Da bese Gruevski na mestoto na Crvenkovski, dosega na site ke im naredese taka da rabotat, ako ne ke gi*branuvase* i ke stavese nekoj koj ke ja izvrsese naredbata.Zatoa i uspevaat. SDSM i pokraj se, se uste ceka i se nadeva nekoj drug da se izbori za niv. Toa e nivniot problem.
Mapkoc, 18.05.2012 01:50:29
Османлиското царство го нарекуваа болник на Босфор. Со оглед на драматичните состојби во Македонија (прикажани од авторот), таа може да се нарече болник на Вардар. Вината е кај партиите што се изредија на власт од 1944-та наваму - КПМ, СКМ, СДСМ, ВМРО, ВМРО ДПМНЕ, а по осамостојувањето и албанските партии. Али, по апсолутистичкото владеење, континуираното уривање на државата и нејзиното туркање кон ишчезнување, партијата ВМРО ДПМНЕ е без конкуренција. Затоа името треба соодветно да се прошири, да гласи ВМРО ДПМНЕ - ШТЕТОЧИНСКА.
pameten, 18.05.2012 03:21:19
Kako Branko kje go reshi sporot za imeto? Kako kje go reshi problemot so Albancite, koi shto sekoj den stanuvat povekje i barat povekje? Kako kje go formulira sovremeniot Makedonski identitet i kje ja sopre podelbata na Antichki, Slavjani i Bugari? Kade kje majde strateshki sojuznik? Vo Ankara? vo Sofija? Vo Belgrad? Vo Vashington? Vo Moskva? Ili kje glumi ekvidistancija, za koja shto Makedonija nema mokj? I ako ima reshenija, zoshto ne gi ostvaril koga ja imashe celata vlast, vo mnogu podobra situacija? Makedonija ima potreba od lider, koj shto kje go reformulira identitetot za da se soprat sporovite i propagandite so site sosedi, da ja reformulira drzhavata, za sa se zadovolat Albancite, i da se sopre nvnata tivka invazija i da se reformulira metoto na Makedonija vo svetot. Branko sigurno ne e toj lider.
USA, 18.05.2012 04:48:34
Vo ovaa ekonomska kriza sto i te kako se oseka nasekade vo svetot, Makedonija ne e isklucok bez razlika koj e na vlast. Koga zboris za losa ekonomija, mizerija i ne znam sto, za moment pomisliv deka zboris za Grcija. Clenka na EU i NATO. Ili Spanija so 26% nevrabotenost. Toa e ekonomskata kriza. Vladata sepak vlece najdobri mozni potezi. Kreditniot rejting go kazuva toa. Zaradi ekonomija ke padne Obama i negovite potezi, a ne Gruevski. Na drugite polinja........cvekinja.
dzabe se mitinzi, 18.05.2012 06:26:02
Ne znam sto se macis Erole da kruzis naokolu i pak nisto da ne kazes. Ako sakas tvoite da go srusat Gruevski ne so mitinzi i slicni budalstini oti Makedonskiot narod ne e glupav. Ednostavno kazi im na tvoite (opozicijata de) da si se reformiraat da si go iscistat gubreto od vnatre pocnuvajki od najgore, pa da si sednat da si napravat edna saglam programa i se razbira da pokazat malku poveke pocit za svojot narod i drzava koja ete sakale vie ili ne ke si ostane da si bide Makedonija. Ete toa e lekot ba bujrum (nikako bjrm)
ФЕЛИКС, 18.05.2012 07:10:17
Отприлика тоа е тоа на политичката сцена,на која повеќе од пола деценија доминира една опција која каква-таква перманетно го менува ритамот на опстојување.Од другата страна имате ,,музичка,,екипа која свири фалшиво на еден те ист инструмент и тоа по стари ноти и еден те ист диригент,на кого постојано електоратот му го удира инструментот од глава.Тој ист диригент одстранува музичари од екипата а се спомене дека не чини диригирањето и дека за фалш свирењето треба да се одговара.А во исто време истиот тврди да публиката е во страв и опонентот владее недемократски. Овие музички однесувања на опозицијата ги препозна токму во анкетата две третини од испитаниците,кој рекоа да диригентот и екипата не се алтернатива за смена на постоечкиот музички состав.
Istocna Makedonija, 18.05.2012 07:47:03
Na opozicijata im e dobra koncepcijata za mitinzi i neposredni kontakti so graganite.Nasiot narod uziva vo vakvi masovni sobiri,oa neka bidat i sei- ri,panaguri...I,veke sfati deka,od evociranje na spomeni od minatoto i tavtoloski tiradi i repliki vo konotacija,a vo ,,VASE VREMEkako bese?!Sega e Hamletovskoto,da se bide,ili ne i sto i koj moze da napravi za idninata i spasot na ovaa mala,na- patena zemja i nejzinite podanici.Oti,ako samo 5% od ona za sto se meguoptuzuvaat partiite da e vistina,nivnoto vreme e-bilo NEVREME!Za site.
bitola, 18.05.2012 08:09:42
samo neka ne puka so KORCI kako i dosega;koj poke kradel,da kazi dali nekoj ke odgovara a ne da zatvora nekoj BAJRAM,sto nego [b.c]go navredil,dali ako dojde na vlas ke se seti na ;okta,npk,tat,ili pak se ke zaboravi i amnestira....
Kоста Стоименовски, 18.05.2012 09:18:52
Авторот дава мошне прецизна слика на состојбите во државата и јас му честитам за храброста да ги изнесува грешките, гафовите и глупостите на власта, особено во услови кога во Македонија се поинтензивно се инсталира тоталитарното владеење! Мислам дека единствениот недостаток во оваа анализа е тоа што Авторот недоволно ја елаборира улогата на парализираните институции на системот, кои се целосно контролирани и работат по диктат на главниот режисер на стратегијата и тактиката за одбрана и воздигнување на режимот и лидерот, односно за сатанизирање на опонентите на власта.
Оливер, 18.05.2012 09:51:01
Не знам која ви е намерата со прејудицирањето дека толку многу владее сиромаштија, јас незнам колку е Грција во подобра ситуација од нас а европска земја, Бугарија која исто е во Европска унија, Албанија која е во НАТО и итн. Навистина разбирам за кого ви е наменета колк��мнава, ама ако веќе ваков текст подготвувате, по пошта праќајте го во пликови за тој ешалон на публика; овде сите ве читаат. Што се однесува на згрозените медиуми тоа е факт, но одговорноста да ја гледате само кај власта значи барате оценка колку сте смешен, а реално, најрелно така ако ви изгледа значи вие само провладините ги читате, оти за другите може и вие сте уредникот.Г-не Ерол „па ти си прво дете на Тито“, тогаш медиумите добри Ви беа, сега кога се што ќе Ви текне на памет можете го пишувате сега не Ви чинат. А прифаќањето на географска одредница за да се одблокираме, една од најсветлите твои изуми, би го запалило цел Балкан. Македонја ако веќе е самостојна држава нема никогаш повеќе да згасне во секоја смисла
Zemja na mizerija i sram, 18.05.2012 10:16:11
Najprvo do onaj od USA sto treska zeleni i ete bila svetska kriza.Pa svetska krize e i za Crna Gora, Bugarija, Romanija BiH, Srbija,Albanija , pa kako go objasnuvas faktot sto tie zemji pred 10-15 godini bea zad nas a sega vo site oblasti i kvalitet na ziveenje daleku ne nadminaa.Nie sme zemja so najlosi uslovi za ziveenje vo Evropa,los obrazoven sistem, naloso zdravstvo, najvisoka smtrnost na doencinja,najkratok zivoten vek , najgolema siromasitioja i mizerija, najvisoka stapka na nevrabotenost( 37%),so visoka korupcija partizirano sudstvo,nazaduvanje na demokratrijata, zagrozena sloboda na mediumite i vrz seto toa i vloseni medjuetnicki i medjureligiski odnosi.Za seto toa golemi zalsugi imaat site vladeecki nomenklaturi,no najmnogu od site ima diktatorot Grujo I-vi,koj za vreme na svoeto vladeenje najmnogu ja unazanid Makedonija.No mislam deka za ova golema vina ima i narodot,makedonski ,koj so neviden mazohizam go trpi seto toa bez otpor.Sekoj narod dobiva vlast kakva sto zasluzil.
Marioec od Azija, 18.05.2012 10:48:58
Ajde Erole ti se molam,dosta ne osloboduva Branko od strav i drugi gluposti sto toj gi trese.Narodot se oslobodi od strav odamna i toa treba da go znaete so Brankota,ne e povece 94-ta da odite po stanovi i kuci i da gi prisiluvate da glasaat za vas ako ne brkanje od rabota.Sega nikoj ne se plasi ni od Grujo pa ni od Branko.Nemoj samo Branko da ne spasuva posledicite od negovo spasuvanje ce se cuvstvuvaat uste 5 godini,a od Gruevski ce se vidat za slednite 5 godini kolkavi ce bidat posledicite.SDS ima kvaliteten kadar koj go izbrka Papata i okolu sebe sobra marginalci kako Makrduli,Georgiev,Sema i druga boranija koi samo velat da bez nivno mislenje.
baltazar, 18.05.2012 10:57:52
Еve i jas mu cestitam na hrabrosta na K.Stoimenovski na toa sto vo ovoj totalitaren sistem objavue tekstoi pod puno ime i prezime.Verovatno go iskontroliral stravot na nekoj nacin.Inace citam da i toj ja satanizira vlasta kako sto taa satanizira oponenti.Mnogu satanizacije na mal prostor.
До Балтазар, 18.05.2012 11:08:06
Професоре јас знам дека вие не се плашите, ама не се преставувате оти сите знаат за кого сте. Ама и тоа се вика кукавичлук. Така да Стоименовски навистина е храбар, а ти си кукавица.
Стојко, 18.05.2012 12:15:31
Владата Груевски/Ахмети мора да падне, без разлика какви се алтернативите. Веќе шест години ја цицаат крвта на народот и ја уништија државата. Секој чесен Македонец мора да стори сé за да се отстранат овие крвопии.
od ostrijot, 18.05.2012 12:38:40
ako mediumite 80% se vo racete na vladata togas branko drugi opciji nema osven dasobira narodni mitinzi i natoj nacin da go bude narodot.
od citatel, 18.05.2012 13:20:16
pocityvani kriticari ne plasetese od branko plasetese od nikola koi na tacna se my podari na alija ni gi smenva ylicite ni gi menyva iminata na skolite postavyva imina na teroristi pystos niz sela makedonia ybiva nevini deca a viee samo so bankko se zanimavate neznam kakvi patrioti sve vie dali negledate ili neslysate nemie jasno nie prodadoa drzavckata tie zboryva za golema albanija a nie se zanimavame so branko steta nevidena sme
mimi, 18.05.2012 14:06:39
Vo pravo si deka Branko Crvenkovski e edinstvenata nadez za makedonija i edinstven koj moze da go porazi gruevski.A mitinzite se najdemokratsko i najpopularno, najblisku do narodot sredstvo za na narodot da mu se doblizat pogresnite vladini politiki i da se ponudi resenie.
giDra, 18.05.2012 15:04:25
mnogu ednostavno a tolku slozeno, vlasta treba da padni a najednostavno ako sdsm sobere hrabrost i go trgne b.c. koj ocevidno e precka za uspeh

„УТРИНСКИ ВЕСНИК��
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |