Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
18.05.2012, 18:20

Смени го каналот

Бурни времиња

Јасминка Павловска

Гледањето телевизија веќе одамна не е лесна работа. Залажувајќи се дека со „истегнување“ пред телевизорот ќе се олабавиме од менталниот и физичкиот напор во денот, повторно се вплеткуваме во мрежата на стресот. Дури ни гледањето сапунски серии, и покрај сите предрасуди за нив, воопшто не е „пасење мозок“. Навистина, никогаш нема да недостасуваат некои „умни глави“ што ви ги „отвораат очите“ дека таму ( во сериите) се' е „евтина наивна измислица“, дека тоа е „опиум за народот“, ама не можете да си помогнете, па се внесувате, на пример, во животната приказна за малиот Осман, што и самите верувате дека живеете во „бурни времиња“. Толку се соживувате што дури ќе поверувате и на секој „Фејсбук“–мајтап, дека детето–актер во турската серија само што не ви заѕвонило дома на врата.

Друг, пак, не прифаќа никаква квалификација за времето додека не ја слушне временската прогноза од Глигор или Наташа. За таквите скептици кон реалноста, кои не прифаќаат за вистина она што го гледаат со свои очи и го чувствуваат на своја кожа (на пример, дали е сончево или истура дожд), се' додека тоа не им го потврди телевизорот, МТВ од неодамна им ги исполни желбите. Така сега својата „временско-прогностичка мисија“ од А1, Глигор и Наташа, ја извршуваат на фреквенцијата на јавната телевизија. Но, колку и да им е точна прогнозата, ТВ-скептиците и понатаму се резигнирани. Наводно, Глигор и Наташа на МТВ не биле толку точни како некогаш на А1! Времињата сега биле помалку бурни! Којзнае? На народот не може да му се угоди дури ни со временската ТВ-прогноза.

Најинтересно е што прогнозерите на иднината, па макар и за временските прилики, дури и кога се погрешни, барем се горе-долу усогласени на сите телевизии. Така сите оние што ја прифаќаат само телевизијата како реалност можат да имаат „усогласен став за иднината“. Но, збунувачкиот момент доаѓа кога на сцената, т.е. на ТВ-екраните ќе настапат „пророците на сегашноста“, толкувачите на она што го гледаме со свои очи, го слушаме со свои уши, не' удира по глава и буквално и метафорички... Гледачкото чувство на „луд, збунет, (не)нормален“ редовно се јавува по одгледувањето на дневната доза на дневниците од достапните домашни телевизии, кога за ист настан има различни верзии. Ако истраете на амбицијата да ви се разјаснат работите (обично во четврток) со некоја дебатна емисија од типот на „Ако е... со Чом“ (МТВ) или „Вин, вин“ (Алфа), ќе се сторите пишман што не сте останале во „бурните времиња“ на Осман, или со интригите на Хурем султана. Таму барем знаете кој во ситуацијата е негативецот, кој е жртвата, а кој ја заплеткува работата, кој ќе доведе заврши среќно, кому му е запишан трагичен крај. По последното издание од четвртокот на „Ако е... со Чом“, чија намера веројатно беше да се пронајде логиката на мотивот за двата петочни протеста поради уапсените за велигденското злосторство кај Смилковско Езеро, човек мораше да се посомнева во својот здрав разум. Од искажувањата на гостите и нивните аргументи, па и шаблонизираните прилози со прилично наивни поенти, вистината за понижените, навредените и унесреќените во петкратното злосторство кај Смилковско Езеро доби проекција на искривено огледало. Иако сите дискутанти изразија жалење и сочувство со семејствата на жртвите, агресивноста (пасивна или активна) и инсистирањето само на сопствената перспектива, во останатиот дел од дискусијата оставија простор за сомневање во искреноста. Ако емисијата потраеше уште малку, реален беше стравот дека жртвите ќе беа прогласени за виновни. Навистина живееме во бурни времиња - и реално и фикт��вно, било реалноста да не' удира по глава или да ни доаѓа како ТВ-„пророштво на сегашноста“. Какви се времињава, временската прогноза уште е и добра!


Статијата е прочитана 1640 пати.

Испрати коментар



Кејт - фаталната девојка за Вилијам
Музиката ги лечи сите мои болки
Секоја втора жена има целулит
Ненадминливата Мерилин Монро
Нема повеќе солзи за диско-кралицата
Анимал Македоникус



dobro utro :-), 19.05.2012 07:39:07
Ne gledam debati na TV, sigurno najmalku 10 godini. I - nema problem, ne gubam vreme, dobro mi e i bez niv... Pozdrav - i prijaten vikend..
Istocna Makedonija, 19.05.2012 09:08:33
Vo vakvi,turbolentni vreminja,bezobrazno e da se citira,sto ludiot mu pravi na zbunetiot!No,zzalos- no e sto zbunet-i se graganite na R.Makedonija i sto nekoi,ne mnogu pametni(daleku od ova)de- belo profitiraat.I toa,dovcerasni mediokriteti,semi idioti,nepismeni,poltroni!A,korifei na ova se,ne- kolku apologeti na apokalipsata-propagandisti na nekoi elektronski i pecateni mediumi(Latas,Mi- lenko,Mirka,Burek...)I tie imaat svoe alibi,sto crnoto go pravat belo i obratno,bidejki rabotat od,,ljubov(pod debeli navodnici)!
mona liza, 20.05.2012 10:35:27
Vcera go gledav Chomovski i nikako ne mi izgledase deka obicnite islamski vernici nekako socustvuvaat so zrtvite. Niv im e samo da ne im se rasipe milosta kaj Amerikancite, pa zatoa urlaat deka ne bile teroristi ili vehabisti. A gledacite patem mozea da naucat kako se molele vehabistite, a kako tradicionalnite islamski vernici. E pa i toa e nesto! Cinicno, mnogu cinicno!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 7°C

Среда
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |