Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
18.05.2012, 18:18

Саботни муабети

Анимал Македоникус

Огнен Јанески

Не ми се верува дека Македонецот дочека да биде споредуван со животно. И дека тоа воопшто не му пречи. Прва беше кампањата на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија за "Владеењето на правото", каде што имавме можност споредбено да се погледнеме себеси како свинчиња, мравки, папагали и слично и притоа никого не го заболе "увото лево" за оваа кампања, освен што неколкумина ја критикуваа. И дали некој излезе со резултати од тоа како оваа кампања влијаела врз нас? Дали сме сфатиле дека не сме прасиња? Дали почнавме да работиме како мравките?

Втора ваква кампања, која најсуптилно го окарактеризира Македонецот како ендемски вид, во форма на неколку уникатни животни, е кампањата што наиде на остри критики во социјалните мрежи, каде луѓето реагираат на два различни начина. Едни се навредени од споредбите, а останатите велат: "Е така ни треба! Заслужено!".

Најпогодени се охриѓани, за кои најчесто скопјаните со останатите градови ги напаѓаат, дека за ваквото јавно мислење за Македонците се виновни токму охриѓани. Значи, останатиот дел од Македонија, сите карактеристики на некултурата и негостопримството ги препозна во граѓаните на нашето најголемо туристичко место. Ваквата генерализација не ни носи добро и треба сите да се прашаме, каде тоа Владата на Република Македонија ги препознава карактеристиките на животните во нас?

Прво, кампањата најмногу удира по женската популација, што е страшна стереотипизација, а и дискриминација. Најозлогласените ликови (и професии), кои се некултурни со туристите и кои ги крадат, се токму "Македонската пансионска газдарица" и "Македонската продавачка на пазарот" на кои со крупни кадри врз лицата на крајот од рекламата им се додаваат тапети. Додуша овие професии кај нас и се "ставаат на тапет" за коментирање, а се раководени од жените, кои и во двата клипа зборуваат и му "беснеат" на пренагласената копија на починатиот Стив Ирвин, за кој не можам да сфатам каде му е местото во македонскиот туризам.

За разлика од женските лица, мажите во останатите три спотови - "Македонски езерски келнер", "Македонски градски таксист" и "Македонски алфа мажјак" воопшто не зборуваат, лицата (освен на таксистот) речиси не им се гледаат, така што, машката популација во Македонија излегува дека е доста покултурна и потивка, за разлика од женската. Но јас би прашал: зошто а пример не му ја гледаме фацата на "сељакот" што тепа по дискотеки, а на тапет е фацата на пазарџиката?

Понатаму, која е целта на оваа кампања? Дали можеби е иста како онаа со пиктограмските сликички кои ги гледаме на кутиите цигари, на кои едноставно веќе не даваме внимание? Дали перверзијата со навредување на нашите граѓани ќе донесе поквалитетен туризам кај нас? Дали тоа што не' споредуваат со животни ќе не' освести да станеме подобри граѓани, па ќе ги засакаме туристите? Всушност - што толку ни згрешиле животните, за да ги споредуваме со луѓето?

Оваа кампања, освен на ЈуТјуб, се' уште нема видено бел ден по телевизиите. А и да ја емитуваат во етер, тоа нема ништо да промени. Треба да се инвестира во можноста да станеме подобри и да се обучиме, а не да плукаме по своите граѓани. Зошто не се создаде Министерство за туризам, како што има скоро секоја држава, па ова министерство преку свои ресурси да го подобри туризмот кај нас? Очигледно дека е најлесно да се "линчуваат" луѓето јавно, отколку да се потрошат пари за нивна едукација и подобрување. И да, полесно е да се потрошат парите кои им требаат на граѓаните на еден куп непотребни споменици, ангели, коњи, факели...

Дури сега почнувам да сфаќам зошто имаме повеќе коњи-споменици, отколку вистински коњи во ергела или на слобода - зашто нас не' гледаат како животни, како коњи, кои си имаат ограничувачи околу очите и толку многу не' затрупуваат во обврски и давачки, проследени со тривијалности, што гледањето лево и десно не ни е опција, туку само право.

Немаме време да ги прошириме видиците. И нема ни потреба, зашто се' што ни' треба за преживување ни се фрла пред нос. Дали има гозба на лево и на десно - тоа никогаш нема да дознаеме, се' додека има кој да ни го удира камшикот.


Статијата е прочитана 2224 пати.

Испрати коментар



Кејт - фаталната девојка за Вилијам
Музиката ги лечи сите мои болки
Секоја втора жена има целулит
Ненадминливата Мерилин Монро
Нема повеќе солзи за диско-кралицата
Бурни времиња



Smisol??, 19.05.2012 07:23:12
Gi pogledav tri spotovi na You Tube, dovolno mi e. Stranski turist e ednostavno super, drugoto... Vo ovie spotovi ne gledam nikakov smisol, parite za snimanje se dadeni, moralna dobivka, po moe mislenje, e minimalna.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 7°C

Среда
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |