20.05.2012, 18:54 Судир во државниот врв за Чикаго?!
Премиерот Никола Груевски не отишол на Самитот на НАТО поради тоа што Македонија нема да добие покана за членство
Наум Котевски
„Не заминав во Чикаго затоа што Македонија нема да добие прием“, изјави во интервју за МИА, премиерот Никола Груевски, пред да им забележи на претседателот Ѓорге Иванов и на министерот за надворешни работи Никола Поповски што воопшто решиле да бидат дел од Самитот на НАТО. „Јас лично да бев на местото на претседателот немаше да отидам, а не сум сигурен дали и министерот за надворешни работи требаше да биде таму во услови на едно игнорирање од НАТО во овој изминат период“, рече Груевски, оставајќи сомнеж за раскол во државниот врв во врска со нашето присуство на Самитот во Чикаго.
Премиерот, чија изјава може да биде разбрана од јавноста како нарушување на досегашните прекоректни односи со претседателот, смета дека НАТО во оваа ситуација заслужува само присуство на заменик-министерот за надворешни работи.
„Тоа ќе беше реалното наше присуство наспроти очигледната незаинтересираност на најмоќните земји на НАТО кон Македонија, и очигледната нивна заинтересираност по секоја цена да и' бидат на услуга на Грција“, смета премиерот.
Тие, вели Груевски, преземаат товар, ако воопшто го чувствуваат како товар крајно некоректното однесување кон земја за чие членство „ја малтретираат со години, а секогаш ја канат кога им треба“.
Дали тоа е во моменти кога им треба за логистичка база како што беше при интервенцијата во 1999 година кон Србија или кога требаше да бидеме во Авганистан, во Ирак и други настани каде што им требаа сојузници, им треба нашата војска. Нашето присуство, нашето знаме, нашата одлучност“, жестоко го нападна Груевски НАТО за непринципиелност.
Премиерот понатаму со жестока реторика се прашува: „Не знам со кое лице ни се обраќаат одредени претставници на некои водечки членки на НАТО, или, пак, со кое лице не' озборуваат по кулоарите дека сме пропуштиле некаква шанса со Папандреу и слични дипломатски фрази, од кои верувајте ми, поради тоа што се крајно непринципиелни, ми доаѓа мачнина кога ги слушам“.
За Груевски, таква дволичност, таква политика на двојни стандарди, одамна како преседан се нема забележано.
„Капак на се' дојде и пресудата на меѓународниот суд во Хаг во недвосмислена наша корист. Знам дека некои политичари и дипломати не ги засега што непринципиелно дејствуваат, бидејќи сметаат дека се доволно силни за да го прават тоа и никој ништо да не им може, но има едно правило што секогаш кога некој во континуитет непринципиелно се однесува, со тек на време сите негови пријатели и соработници ќе ја загубат довербата во него“, порачува Груевски, кој кажа дека, сепак, треба да направиме дистинкција. „Кога го велам ова не сакам да се сфати дека важи за сите, бидејќи во НАТО има многу земји, политичари, дипломати кои отворено, искрено и недвосмислено, па дури и јавно не' поддржуваат и говарат искрено и принципиелно. Кога навистина има потреба и сме заслужиле знаат да не' критикуваат, но секогаш се држат до принципите наспроти голиот интерес“, вели Груевски, кој предупредува дека ваквата негова теза може да биде извадена од контекст.
„Можеби некој ќе проба да манипулира со неа заради тесни интереси, но ова го говорам чесно и со крената глава“, ќе поентира премиерот за кого само покана за членство претставува напредок. Евентуалните подобри заклучоци на Самитот во Чикаго, како што вели Груевски, се фрлање прав во очи.
„Ние ќе треба сега со денови да се радуваме на некои заклучоци и на крај да заклучиме дека Америка, Германија, Франција и други ни се големи пријатели, и да сме многу среќни, и да се чувствуваме должници за тоа. Ако Грција не извршеше исполнување на одлука на меѓународен суд кон Америка, Германија или Франција ќе се соочеше со санкции од Советот за безбедност. Истото и нам ќе ни се случеше ако не извршевме одлука во корист на Грција“, посочува Груевски.
Ѓорге Иванов
Македонија очекува јасен пат за членство
Македонија очекува дека лидерите на НАТО собрани на самитот во Чикаго ќе обезбедат јасен пат за македонското членство во НАТО. Притоа сите земји-кандидатки за членство, како и сите членки на НАТО, ќе загубат доколку Алијансата реши да ја затвори својата врата за Македонија, пишува во својата колумна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, објавена во "Чикаго Трибјун", еден од најчитаните американски днев��и весници.
"Одолговлекувањето на македонскиот прием практично ја затвори вратата на НАТО за нас и, на долг рок, ја поткопува тешко стекнатата стабилност во југоисточна Европа", пишува во колумната, што ја пренесе МИА.
Во неа се потсетува дека на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година земјите-членки на НАТО едногласно потврдиле дека Македонија ги исполнува сите услови за членство во НАТО, и дека единствената пречка е ветото на Грција. Претседателот Иванов ја истакнува пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг, која покажа дека Грција го прекршила меѓународното право со попречувањето на македонскиот прием на самитот во Букурешт.
"Македонија може да го земе своето заслужено место во НАТО доколку Грција ја испочитува Времената спогодба од 1995 година, склучена со поддршка на американските власти и помогната од Ричард Холбрук, со која Грција се обврза да не го попречува македонското членство во меѓународни организации под времената референца. Македонија останува силно посветена на изнаоѓање трајно, заемно прифатливо решение за спорот за името, и ќе продолжи да работи кон постигнување договор кој во исто време ќе ги зачува нашиот национален идентитет и достоинство, и ќе обрне внимание на грчките интереси. Но, состојбата на статус кво во врска со нашата апликација за членство во НАТО е неодржлива, како за нашата земја, така и за регионот и за Алијансата", пишува претседателот Иванов.
Тој додава дека сегашната состојба на блокирани интеграции е спротивна на националните интереси и на Соединетите Американски Држави, кои вложија многу во постигнување на стабилноста на југоисточна Европа.
|
|
Статијата е прочитана 8211 пати.
|
Испрати коментар
|
|
srebre, 20.05.2012 20:28:05 | ne mi se veruvam sto citam napad na nato,eu,sad,grujo vo ocaj...zakon na eu i nato e ako edna zemja clenka se protiv nema vlez a i razbirlivo maked ja provocira grcija duri go prisvojuva aco veliki i antika stoe apsurd i teritorijalen atak jasno grcjia mora da se brani...samo e znak na prasanje na vreme koga grujo ce si dade ostavka posto eu,nato,medjunarodna politka nee maked kade moze da vodis narod za nas do 101...po ova maked gubi grb kaj nato i eu,sad,ce go ignorirat so nego nemoze da se sorabotuva i sam ce si zamine sto poskoro podobro nemoze da resi ne samo nato,eu,ekonomija no nitu da razresi so albancite se dava sto ce pobara dui pa toa go nemase nit kaj branko nit kaj ljupco. |
| satanco, 20.05.2012 20:52:48 | more utrinski, nemoj da preminete vo HIHIRIHU. pocnavte da me zasmejuvate sekoj den. koj sudar, koi bakraci. kaj smeee horhe da zucni. sega koga ce se vrati grujo ce go izbici. tuku me bendisa grujo kako im go slepna v lice na NATO. more, more diplomatija. mora da go ucela mirka i milenko. |
| Ne taka premieru!, 20.05.2012 21:26:47 | A dali prema Slobo bea korektni? Pa istoto i toj go zboreshe, samo mnogu popatritski, bidejki beshe roden orator. A dobi shto dobi. Zatoa pretpazlivo premieru. Ne ljutite go onoj shto treba da go molite, kazuvajki ni ja nam vistinata. Nie znaeme deka so svetot vledeat fashisti, a ne demokrati ili omrazenite komunisti, i nema potreba nam da ni go kazuvate toa. Iskren i chovechki nastap kon niv e opasna rabota, vnimavajte! Vie ste sepak politichar i treba taka da nastapuvate, odnosno, da se pravite da ne ste od ovde. Toa ni e , nema drugo. Zatoa bataleto go NATO, dajte proverete kaj go Koce kocka miloncheto od ogradata, pa da dobiete poeni, a ne so prazni patriotski frazi i frlanje prashina vo ochi na narodot. |
| RM treba da primeni strategija na Janev, 20.05.2012 21:44:03 | Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategija na Igor Janev.Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za. |
| Si go barame svoeto od Grcite!, 20.05.2012 23:45:30 | Nema tuka trte-mrte, NI EMAKEDONCITE i MAKEDONIJA si go bara svoeto od Grcija: Da ja otvorat granicata na teritorijata sto ja okupiraat veke 100 godini!
G-din Pretsedatel Obama, rusi ja ovaa granica! |
| evro-makedonec, 21.05.2012 00:19:37 | Na supelka svirel i ovci pasel,10 godini ista pesna, Nato!!!!!!!!!!! EU!!!!!!!!!!!!, sega ne saka da odi na Cikago-Song. Ne saka da se bruka, zatoa sto nema da go osvoi ni poslednoto mesto. |
| jovan, 21.05.2012 00:25:33 | *За Груевски, таква дволичност, таква политика на двојни стандарди, одамна како преседан се нема забележано.*Mozebi toj nema zabelezano takva dvolicnost, no graganite ovde i te kako imaat zabelezano dvolicnost i dvojni standardi, i toa tokmu od nego i negovata Vlada, koja za edni e majka za drugi makea. Ne e loso sega da oseti sto znaci dvolicnost i dvojni standardi. Sto se odnesuva do EU, NATO, pa i celiot zapaden svet, toj e takov od pamtivek, takov e i so nas od samoto osamostojuvanje, takov i ke ostane. Zosto bas sega e isklucivo *dvolicen* kon nas, odgovorot treba da si go barame ovde vnatre kade sto vladee i caruvaat lagata, nevidena dvolicnost i dvojni standardi, kade sto prostaci i nepismenarija se prikazuvaat kako uspesni, kade sto kriminalot i kradenjeto se prikazuvaat kako uspeh, kade sto zadolzuvanjeto na idnite generacii se prikazuva kako sposobnost, i da ne nabrojuvam uste ,milion lagi, dvolicnosti i manipulacii. So takvi, retko koj normalen saka da sorabotuva. |
| Bez nas Samitot ne pocnuvase, 21.05.2012 00:30:08 | Kutri Djole da ne sum ti vo kozata koga ce se vratis!Sto te ceka koga ce te vikne na raport tvojot gazda igospodar i kako ce se opravdas? A da ti kazam pravo i jas ne znam sto barase vo Cikago,koga jasno bese deka prosiruvanjeto i Makedonija voopsto nema da bide predmet nitu paspomnata na toj sobir!?A vie tamu se istrcavte so cela najvisoka delegacija, kako da sme vazni clenovi vo NATO i kako da bez nas samitot ne ce mozese da pocne!? Trebase da se prati delegacija na mnogu ponisko nivo i jasno da mu se kaze na zemjite na NATO deka vakvi omaluvazuvanje . dvojni arsini i nepravdi ne moze da se prifatat od nasa strana.Medjutoa na Djoleta tolku mu delilee vizionerski pogledi, a plus kakvi senelini sovetnici ima , nisto da ne ne cudi seto ova sto se slucuva. |
| Goce, 21.05.2012 00:50:32 | Toa sto premierot,ne otisol na Nato-samitot,navsitina ,e odlicna odluka.Neka vidat svetskite drzavnici,deka i Makedonija ima svoe jas,i deka,ne moze postojano da bide indiferentna, na politikata od Nato.
Premierot,donesol vistinska odluka,vo vistinsko vreme. |
| dime, 21.05.2012 01:07:14 | Bravo Grujo ova ti e najdobrata izjava |
| Ajde, 21.05.2012 01:21:53 | Vo koj film si vlezen ti? Nato nit mu trebaat nit zavisi makedonakite simbolicni 200 vojnici. Vo avganistan i irak imase rasporedeno 150 000 do 250 000 amerikaski vojnici kakva razlika pravat 200 vojnici objasni?
Makedonija zavisi od nato a ne nato od nas, zato ne rasipuvaj gi diplomatskite odnosi koj sto se gradeni 15 godini. |
| seirdzija, 21.05.2012 01:26:50 | Dobro si ja vrsi rabotata premierot,sega bi trebalo uste malku da popluka po najmocnite ,pa i dokraj da ja izgubime podrskata koja ja dobivme od istite koi ne podrzaa vo nasata Nezavisnost i Drzavnost. |
| makedonec/bitola, 21.05.2012 01:37:22 | Па гос. Премиер време е да ги повлечете нашите деца од Нато мисите и да почнете друга политика. |
| sara, 21.05.2012 01:56:39 | Ovoj kako na pazar da si pravi muabet. Shokantno intervju od politicar, da ne pravam muabet za premier. Kako Mugabe da go slusam - Iako privatno nie site go mislime ova, ne moze kako malo dete koga ke mu ja zemat igrackata da se luti. Kako zitel na zapadna zemja, imam iskustvo kako se gleda na vakvi izjavi i ova e pogubno za Mk. Vensuvanje emocii vo politika i diplomatija e tolku laicki, samo ke mu se smeat i ke go izignoriraat. Ne sum sigurna so koja cel e dadeno ova intervju, koga veke znae deka odlukata e odamna donesena. - Samo dodatni negativni poeni za Mk. |
| zoran, 21.05.2012 02:24:13 | eu e edna banda na neranimajkovci i nisto poveke.Bravo Grujoski taka treba,nema ponizuvanje poveke...a za Makedonija ne se sekirajte taa ima sinovi koi ke ja cuvaat i branat. |
| Разумен, 21.05.2012 02:27:55 | Не сум сигурен колку е ова дипломатски издржано и коректно, но реално не е далеку од вистината.
Сепак е храбро и без ракаваци и тоа е за почит. |
| od cesen Makedonski Patriot, 21.05.2012 03:20:33 | Nikogas i nikoj da ne i go spomnuva ïmetona taa fasisticka drzava grcija (namerno so mala bukva g) se dodeka tie ne ni go spomnuvaat naseto Ustavno ime R Makedonija. p.s do koga ke pregovara R Makedonija za svoeto Ustavno ime i za sto pregovara .p.s.s. zapiranje na sekakov vid na pregovori vo vrska so naseto Ustavno ime |
| Marioec od Azija, 21.05.2012 03:29:03 | Gluposti od komentatorive nevideni,za inzjavata.Pa sto izjavija grcite se i sesto za Germanija i Merkel pa nisto,ako se znae deka istite ziveat na racun na germanskite poreznici.Demokratsko pravo e da se kaze svoeto mislenje za odredeni raboti,koi ne se vo principot na dmokratijata.Nekoi ne napadjaat nas demek nie sme krivi itn,toa se isprani partiski mozoci bez troska oset za drzva i drzavni interesi.Nikade dosega vo nieden stranski vesnik nemam procitano nekoj da ja okrivuva i napadja maticnata drzava,osven kaj nas.Zaslepeni partiski i jugo nostalgicari kolku sakas,i komentatori i eksperti za se i sesto pa i novinari. |
| Македонец во САД, 21.05.2012 03:29:53 | Нека не се фрустрира Грујо, подобро е Титаник да замине без Македонија на него. |
| USA, 21.05.2012 03:32:04 | Ni se dopadjalo ili ne, site go znaeme stavot na Gruevski. Mene bi me interesiralo sto Rent A Car opozicijata ke izjavi. Za potsetuvanje: go znaeme imeto na VETOnosecot, a toa ne e Gruevski. |
| umoren od NATO, 21.05.2012 04:58:44 | Dobar potez na premierot!!!
Treba nekogas da se pokazat i zabite,a ne samo YES, YES!!!.(iako ne ne ne racunaat za zivi).Udri malku kontra NATOVCI,pa mozebi ke reagiraat poinaku.Odsekogas imalo i ke ima drug block. |
| afganistan, 21.05.2012 06:15:37 | jas mislam deka nasiot Nikos Grujos se isplasi deka mozebi i ke ne spomnat na ovoj samit so sto moze i da se priblizime do NATO sto toj uporno go minira bidejki takov mu e dilot so negovite sonarodnici Grci pa zatoa ne otide tamu a odovde pravi se da gi naluti clenkite na alijansata kako negovite grcki sponzori bi bile zadovolni.Eden den Grcite ke mu podignat spomenik na centar vo Atina bidejki e eden od najzestokite borci za Grckata kauza. Koga toa ke go svatat negovite poslusnici veke ke bide docna. |
| olimp, 21.05.2012 07:36:30 | e SARA,SARA prava makedonka od zapadna zemja hahahahha bravo dobar ti e komentarot abe ubavo ti e tebe ti si vo nato ,more vo pravo e covekot |
| sime, 21.05.2012 07:46:26 | Na isto mislenje sum so predsedateelot Grueski so edna zabeleska deka toj e politicar i negoviot stav e i za gragjanite na RM,a na liderite na NATO tesko da ke povliae.Vo sekoj slucaj taa e realnosta i za Makedonija i za Srbija so Kosovo. |
| Hrabri, 21.05.2012 08:06:28 | Очигледно има сили во Македонија кои сакаат да отстапат народот од патот кон Европската заедница и НАТО. Тоа се инфилтрирани од УТБА белградски агенти чија цел е да забават европската интеграција на Македонија по онаа на Србија. Преку провокации кон соседните земји членки на ЕЗ - Грција и Бугарија и кон провокации кон целиот цивилизиран европски свет Груевски се стреми токму кон тоа. Присвојување на туѓа историја и фалсификати не се толерираат од Европа и светската научна заедница. Двоен стандард нема! |
| Silvester, Sidnej, 21.05.2012 08:19:45 | Blagodaram mnogu Premieru za vasata doblest. Se nadevam deka najposle ja svativte situacijata sto ja igraat natovcite i ostanatite itri kumalisi. Mozebi vreme e da se promeni kusrot sprema onie koi ne ignoriraat veke so godini. A Gjore neka se proseta kutriot. Neka vidi visoki zgradi. Vo Valandovo nema. |
| Istocna Makedonija, 21.05.2012 08:38:32 | Suicidna,samoubistvena reakcija,verojatno vo
afekt i nabedena sueta.Nikoj nema pravo vo ime
na ovaa drzava,narod da se konfrontira so mokni
ve,kolku da se ovie nepravedni,nehumani.Najmal
ku da ostava posledici po nekoi idni generacii.Za
zal David go pobedil Golijat samo vo legendite.Ka
de e diplomatijata,patriotstvoto koe se ceni po
toa,kolku se saka,no i pravi za drzavata.So kon-
frontacii i navredeni sueti,odis na marginite,vo izolacija.Oti i daleku pomokni drzavi go ,,jadele
stapot.Ili,mislime svetoto pocnuva od nas!!! |
| perro, 21.05.2012 08:38:50 | DOLU VLADA BRE!!!! |
| Kapak, 21.05.2012 08:59:02 | Ova e kako kec na desetka za Vladata. Sega slobodno mozat da disat. Nema NATO i kje si bidat spokojni.Ostvaruvame!!!!! |
| лицемер, 21.05.2012 09:03:31 | Кој е премиер во оваа држава? Кој ја сноси одговорноста за оваа држава? Ако Груевски смета дека неговите министри не треба да бидат во Чикаго тогаш нека им нареди веднаш да се вратат назад и нека ги отпушти. |
| do srebre, 21.05.2012 09:13:51 | Грешка си,не си оди тој од функцијата,на пастирот му одговара изолација за да може да прави што сака без никој да може да го контролира.Создадовме еден куп непријатели,сега дури и претседателот му е крив,и секогаш е некој друг виновен само тој е еден,вечен и секогаш во право.До кога? |
| Miki, 21.05.2012 09:25:18 | Bez nervoza - Gruevski si ja odrabotuva Srpsko-Grckata agenda i tuka nema sto da se debatira..Oddalecuvanje na Makedonija od Evroatlanskite strukturi, osiromasuvanje do ocaj na naselenieto i razbivanje na i onaka krevkite megjuetnicki sostojbi! Nema nikakva dilema komu toa mu odgovara...!!! |
| ФЕЛИКС, 21.05.2012 09:33:29 | Очекувани реакции за и против од кој некој се на штета на државата и нацијата.Токму таков е резонот на Сребренко,кој никако да свати да кога неговите беа на власт немаше ни Ацика величенствениот,ниту име на автопат,ниту име на аеродром,сменивме име,сменивме устав,сменивме знамно пак и покрај сета понизност не ја примија РМ во НАТО и ЕУ,Проблемот е многу подлабок и оди да едноставно ја нема РМ.Додека Jovan треба да свати (ако не сваќа нека праша)да политичарите се менлива работа и дека дволичноста кој тој ја осознал на домашна почва сега му ја прават надворешните фактори, во далеку пострашна форма на понижување.За да се избегне тоа понижување треба и Јovan и сите ние да се самоопонижиме со менување на името по терк на соседот.И на крај може многу да научи од однесувањето на соседот.Удавени во ...... од економски карактер сложно се договорија како за недај боже испорачаат вето.Е тука внатрешно разединети од политикантските шмеќари на некој им е благопријатна самопонижувачката улога. |
| do koga vaka duri se mozi, 21.05.2012 09:39:20 | Bravo Grujo ako bese nato demokratska organizacija i Svedska ke bese vo nato tova veke go slusam vo Svetska 40god........... |
| mene, 21.05.2012 09:49:40 | Do Sara:
Ova intervju e dadeno za domasna upotreba t.e.paga rejtingot,SDSM e se poblizu i normalno sleduva ova.Gruevski sekogas go vadi patriotizmot koga ne odi rabotata,zarem do sega ne go naucivte toa. |
| bitola troa skolovan, 21.05.2012 09:59:42 | Sedat dvajca drugari i razgovaraat.Edniot mu veli na drugiot:Tolku si neuspesen,nesposoben sto koga bi se birale najnesposobni vo drzavava bi go osvoil vtoroto mest.Ovaj prasuva koga sum tolku beznadezen slucaj i nesposoben zosto na takov natprevar ne bi go osvoil prvoto mesto?
Odgovorot e :Zatoa sto si nesposoben. |
| НИКОЈ, 21.05.2012 10:12:43 | Ако овој „човек“ се дрзнал пред македонската јавност овака одважно да го критикува НАТО, на еден крајно популистички начин, тогаш не гледам зошто, ние како граѓани не би се осмелиле, исто така одважно и со иста реторика, во моменти кога „Владата“ ги организира своите „отворени денови“, да му се обратиме со зборовите - „Господине премиере, Вие сте лицемер и кретен!
А, патем речено, Г-дине Премиере, едно прашање, со што се занимававте од 2006 година па навака, за Македонија да не добие покана за членство?“
Каков лицемер цццц.. да го потсети некој што дрндаше последниве 5-6 години, и сеа му текнало, ко на мало дете, „Е не идам за Чикаго!“ |
| Blerim, 21.05.2012 10:14:54 | Bravo premieru.Taka prodolzi i ke si go dobies zasluzenoto mesto.Samo autodestrukcija ni e spas, posto narodot e tolku katastrofa sto moze pak da te izbere. |
| А бре македонче !!!!, 21.05.2012 10:18:25 | А бре македонче,навистина ич не те бидува!! Се палиш ко млад петел на стара кокошка !! Па кај смее Грујо да гукне вакво нешто ако Обама не му намигнал !!! А македончето веднаш му нарипа кој од спреда кој од зада!! Па зар мислите дека Грујо би писнал вакво нешто ако тоа не е дел од стратегијата полека ,полека де се делува на збудалените грчишта оти тие со нивниот византизам или ор��ентализам ги напрчија Европјаните па тие сега незнаат каде им е г..т а каде главата !!! |
| realen, 21.05.2012 10:25:53 | Ti licno, Premieru Gruevski, najdobro da si kutis, dades ostavka otkako si go stavi za Pretsedatel Ivanov, a ovoj ima nesto poveke pamet od tebe, pa i da gubi, ako voopsto gubi, go gleda toa so oci sirum otvoreni i ima tri cisti da kaze sto misli. Ostavka!!!!! |
| ODNADVOR, 21.05.2012 10:58:09 | Vakvo intervju od eden Premier, e nedozvolivo i sosema negativno, pogotovo za zemja kako nasava koja moli ,se poveke pagja vo siromastija,a saka da mu*udira kontra* na celiot svet, demak ne se predavame. Zosto ovoa go stori Premierot, ima poveke objasnuvanja. Deka mu se luti na Pretsedatelt koj *si dozvolil* po svoe mislenje da prisastvuva vo Cikago e jasno i ke imaat *kratok razgovor* koga ke se sretnat. Ivanov dobro napravi sto prisstvuva na samitot iako nema da se bavat so nas, no ne trebe da ostaneme nezabelezani i nerisatni. Toa e ponormalno, odosto onoa skapo shetanje po Azija koe ke zavrsi so *veca dara nego maslo*. A na Gjole, eve mu prilika da pokaze deka mu e dosta da bide potcenuvan i neka sega gi pokaze svoite kvaliteti i moznosti, za da go zapoznaat site, takov kako sto go znaeme od nekogas!A sto sakal da *pokrie * so ovoa Grujo i kolku poeni ke speceli kaj eden del od narodot koj sé uste e dobar za strizenje brgu ke se pokaze na makedonskata cirkuska arena! |
| Трпе, 21.05.2012 11:00:30 | Миле (Грујо) сам сака стадото да си го пасе па нормално да си го молзе и стриже.Но што ке прави Миле кога стадото ке му го нападнат волците.Сигурно нема сила и моќ да го одбране и овчарот ке побегне.А за овие 200 војници во нато(авганистан) одат по сопствена желба за да заработат некој денар повеќе за разлика од овдешната плата. |
| od ostrijot, 21.05.2012 11:05:46 | uste koga predsedatelot otide za cikago na site ni
bese jasno oti nema da dobijeme pokana za pregovori zatoa i izjavata na grujevski e nepotrebna. |
| evropa, 21.05.2012 11:23:02 | so ovie izjavi grujo go poaza svoeto vistinsko lice,i na zapad ima politicari koi se nezadovolni ama upotrebuvat retorika kade indirektno nes esoglasuvat samo videte izjavata na olande do merkel kade e protiv politkata na eu za europagtot ama nikade ne vika nese soglasuvam tuku ima prostor za pogradba na europagtot....na zapad mora da sorabotivas so site ako nemozes nemozes da si ni shef na oddelenija vednas ce te smenat so obrazlozenie neznaes da sorabotuvas bez obzir kolku da si sposoben po tvoja profesija...zatoa ocekuvam po ova izjava mnogu diplomati vo maked a i od eu da go pocuknat po grb grujo i da mu kazat da si zamine posto zemjata ja vodi vo bezdna,bez nato,eu pazarat nema idnina... |
| MakeDonalds, 21.05.2012 11:52:04 | Ej bre Grujo - CRNI GRUJO. Ti ces da ocrnis i zakopas Makedonija. Neka ti je sudjeno... |
| Ева, 21.05.2012 11:55:15 | Македонски народе ви се чудам на коментарите , не требало премиерот јавно да изјави туку во обланда па дури и поскромно да може овие натовциве ништо да не слушнат.Со тие сервилни изјави на некои политичари стигнавме до ова дереџе да можат и некои апарати да им вградат во мозокот и со далечинско да ги управуваат, најдобро ќе биде за да ги задоволиме потребите на големите браќа. Ние сме луѓе и треба да си ја одбраниме самопочитта, за да се дистанцираме од другиот животински свет. |
| Goce USA, 21.05.2012 12:28:32 | Od edna strana toa sto Grujo go kazuva e vistinata i na site ni e poznata. Od druga strana, ne se pravi toa taka... Ne znam sto li ke dobie so toa |
| veles, 21.05.2012 14:11:30 | Hmm. za zal g-dine gruevski Nato i svetskata javnost ne mozes da gi lazes so svoite iskreni idei za dobrososedstvo a srede Skopje 30 metri visok Ace veliki i istoriskite knigi ispolneti so lazna istorija i netrpenie kon sosedite.Makedonija nikogas nema da stane clenka na Nato i Eu so politikata na dorososedstvo sto Gruevski ja ima zamisleno ,se razbira deka ima mnogu podrzuvaci vo Nato za Mkd idei i napori sto gi pravi ucestvuvajki vo voeni misii niz svetot kako da e del od NAto no dali ima podrzuvaci vo istite tie za toa deka denesna Mkd e naslednik na anticka Makedonija , odgovorot e deka nema nitu ke ima nitu eden ni o minatoto nitu vo idnina. |
| Zuti, 21.05.2012 14:25:42 | Abe premiere so se zamaras tolku ne mi e jasno kazi koga treba da se p..... pa da se resi se so nas oti vremeto kratko e, posle vakvi izjavi (ne letaj so avion)koj visoko leta nisko paga,taka rekle starite,cuvajsigi za sebe barem jas taka mislam |
| Mакедоналдс, 21.05.2012 14:45:43 | г.Груевски, кому е потребно веќе речиси 70 години да се краде туѓа историја и македонското општество да биде зомбирано со неодржливи лаги од 1001 ноќ, наместо да се каже вистината, реалноста, таква каква што е дека македонскиот јазик, нација и држава се политички производ од четириесетте години на 20 век и да се оди напред и само напред кон иднината. Секогаш сум мислел, дека само Албанците ќе ви го донесат разумот во главата премиере, но за огромен жал не само на вас а и на нас обичните граѓани. |
| Normalen, 21.05.2012 14:45:49 | I mene mi e smaceno og Gruevski, od dvolicnosta na VMRO, od antikvizacijata. Imali covekot malku pamet, od Kina go kritikuva NATO i cel zapad. Sto ke recat sega za nas. |
| eli, 21.05.2012 15:00:53 | da se razocaras koga ovaa ke go procitas pa za ovoj samit slusame pre 5-6m.se se znaese koga ke se odrzi i zosto ne se dogovorile koj ke odi koj ne ane sega da dava premierot vakvi izjavi za predsedatelot sra.mota nevidena.koga ima nekoj problem vnatre BRANKO E KRIV koga e nesto nadvor za drzavata a ne biva GRCIJA E KRIVA pa do koga vece ovaa ke se slusa narodot e umoren ako ne moze da se nosi so problemot ima resenie -otavka i kraj |
| mkd, 21.05.2012 16:28:26 | Vo pravo e Gruevski !!!! |
| pile, 21.05.2012 16:55:02 | Uste edno smisleno scenario od strana na najpatriotskiot Premier za zamajuvanje na javnosta i svesno pokrivanje za velepredavstvoto napraveno od negova strana do Samitot na NATO vo Bukurest 2008 godina.Zamina so predlog Republika Makedonija (Skopje) i dade izjava,;lenstvo ne dobivne ama ime ne smenivne,i sega zjali sto ne sme primeni kako PJRM-ovci,Masala umna glava.Republika Makedonija ke bide clenka na NATO Alijansata, i toa po predlog na R.Grcija, pod ime koe Makedonskite gragjani ke go odberat, i toa prva sreda posle padot na Gruevski od Vlast.Ali Ahmeti e na poteg,i nema potreba od strav ke ima Fer Sudenje i vladeenjeto na pravoto ke bide sustinski temel na Ustavnoto ureduvanje na R.Makedonija.OSTAVKI |
| cobe, 21.05.2012 18:02:36 | Значи, не се води држава со лопатата во раце............ сепак треба памет во глава, без она излитено Бранко е крив???????????? |
| tomce, 21.05.2012 19:57:05 | ja promoviras grckata istorija nasekade (kaj nas i vo svetot) a tie(grcite) te ignoriraat |
| македонец од Чикаго, 21.05.2012 20:18:29 | Одлична одлука на Груевски да не присуствува на НАТО Самитот во Чикаго во овие услови, но од друга страна неразбирливо е топ присуството на Иванов во Чикаго и на еден куп луге, а пред се на амбасадорите Треневски и Јолевски со носењето на Самитот на нивните жени како да одат таму да прослават покана за членство во НАТО ... тие беа тамо да слават и триумфално да парадираат на самитот, а македонија ни ја посрамотија повторно на главна сцена....срамота како можат некоординирано да бидат таму и да не срамат со таквото однесуванје со кое покажуваат дека сето тоа и го заслужуваме... |
| Od Albanec Diaspora NJ USA, 21.05.2012 22:54:03 | Pocituvan premieru,cest i cast na vashata sposobnost i makotrpna rabota vie ne mozete da,postignete,povece od vashite volci okolu vas |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Претежно облачно
|
Петок
Грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 12°C
|
Сабота
Грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 10°C
|
|
|
|
|
|