Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.05.2012, 18:45

За граѓаните се многу 250 денари за здравствена картичка

На високата цена на здравствената картичка реагираат и вработените, но и невработените и пензионерите, иако за нив има попуст

Јасмина Јовановска

Издавањето на здравствената картичка, која за почеток треба да ги замени сините картони, а за која Министерството за здравство предлага цена од 250 денари или 100 денари за одредени категории лица, за поголемиот дел од граѓаните е праскапо. На високата цена на здравствената картичка реагираат и вработените, но и невработените и пензионерите, иако тие картичката ќе ја добијат со попуст, односно само за 100 денари.

И покрај тоа што засега не се знае кога ќе почне издавањето на новиот електронски здравствен документ за секој осигуреник, откако Министерството за здравство ја дефинира цената на картичката, се претпоставува дека тоа ќе се случи многу брзо. Посебно што во Фондот за здравствено осигурување стојат заглавени 700.000 апликации за електронската пропусница за потребите на здравството, а закочен е и целиот проект за здравствена картичка, кој се најавува веќе три години.

Пресметките покажуваат дека парите што ќе се соберат од здравствена картичка и тоа како ќе бидат добредојдени. Според првичните математики, со наплаќање на здравствените картички државата планира да инкасира најмалку пет милиони евра. Овие средства, како што велат неофицијални извори, ќе бидат доволни барем да продолжи таму каде што заглави изработката на информатичкиот систем кој е неопходен за да може ИТ- картичка да се применува во здравството. Посебно што никој од надлежните не се изјасни каде се потрошија парите наманети за овој проект за кој се најавуваа околу 10 милиони евра.

„Во семејството само јас работам, а имам сопруга и две мали деца. Не ми е јасно како може државата да измислува само нови давачки. Здравствените книшки чинат 80 денари, но нив не ги вадевме одеднаш, туку за секого посебно. Сега, за да имаме сите здравствени картички треба да издвојам 1.000 денари. Ме прашал ли некој мене како ќе ги најдам тие пари кога живееме со плата од 13.000 денари. Па 1.000 денари трошам само за мелко за децата, а сега ќе треба да и ги дадам на државата зошто решила да го менува системот. Зошто и картичката да нема симболична цена како и здравствената книшка или да биде бесплатна“, прашува еден 35-годишен вработен од Скопје.

На цената на здравствената картичка се жалат и невработените. „И двајцата сме невработени, со две деца. Живееме на грбот на родителите, а сопругот работи одвреме-навреме за дневница. Како ќе најдеме 400 денари, не знам“, вели невработена од Прилеп.

За здравствената картичка по 100 денари ќе плаќаат и самохраните родители и децата без родители. И тие се револтирани, зошто и за нив како и за социјалните случаи картичката треба да биде бесплатна. „Јас сум самохрана мајка на две деца. Платата ми е 10.000 денари. Сопругот ми е починат и никаде не работеше. Како јас ќе издвојам 300 денари само за да имаме здравствени картички. Па нема да ја подигнам се' додека не ми треба. Како може државата и од нас да зема пари. Јас не знам како да се прехраниме до крајот на месецот и да им купам на децата тоа што им треба за на школо, а не да мислам и на здравствени картички. Што им фали на здравствените книшки“, прашува една 33-годишна мајка од Кавадарци.

Во Сојузот на пензионери се изненадени од предлог-цената што Министерството за здравство ја одреди за издавање на електронската здравствена картичка. „Пред половина година се зборуваше едно, а сега излезе сосема нешто друго. Ќе се плаќа по 250 денари, а за оние со пензија до 15.000 денари, картичката ќе има повластена цена од 100 денари. Не може државата да прави дискриминација на пензионерите и да ги дели. Треба да има една цена на здравствената картичка која не треба да биде повисока од 50 до 100 денари. Посебно што има пензионери кои земаат пензија од 4.000, па и 5.000 денари. За нив и 100 денари се многу, зошто со пензијата не можат да ги покријат ни основните потреби, а секој дополнителен трошок е многу за нив“, објаснува Драги Аргировски, претседател на Сојузот на пензионерите. Од ова здружение најавуваат дека ќе реагираат до надлежните за да се најде некоја пристојна цена на овој нов здравствен документ.

Од Сојузот на синдикатите не сакаат да дадат каков било коментар, дали за нив е висока или не цената на здравствената картичка. „Официјално ќе го побараме правилникот за цената на здравствената картичка и тоа прашање ќе го изнесам пред 18-те гранкови синдикати, по што ќе се изјасниме дали цената одговара или не“, ни изјави претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски.


Статијата е прочитана 2983 пати.

Испрати коментар



Капа долу за Челзи
Атина прогнозира неуспех за Македонија во Чикаго
Јанкулоска
Во Македонија нема радикален ислам
ВМРО-Народна
„Бранот“ ги промаши термините
Судир во државниот врв за Чикаго?!
Опозицијата нишани кон врвот на ВМРО-ДПМНЕ



jimmy1, 21.05.2012 04:18:59
Eve uste eden nacin na derenje na graganite. Nikade vo zapadot ne se naplaka za dobivanje na zdravstvena karticka, sekade se izdava besplatno. Vo Avstralija se vika Medicare, se dobiva besplatni i vo drzavnite kliniki i bolnici se lecat besplatno a dobivaat i besplatni lekovi. Kaj nas so probaganjeto na Jugoslavija propadna i zdravstvoto, propadna obrazovanieto, no ne samo zdravstvoto, tuku propadna sve, sve ona od sto graganite imaja korist otide vo nepovrat, propadna cela Makedonija.
jeton, 21.05.2012 04:42:49
od kade be najdovte 250 den da koshta edna obicna karticka so chip, magnetna kartica koshta isto pari? aloo nnekoj tuka saka da zaraboti?
prolet, 21.05.2012 05:33:41
Neznam kako toa mnogu skapa, pa nie za na rabota i toa vo konfekcija pred 4 god, dadovme po 10 evra, i ni se kaza deka tolku cini i ako ja izgubime ke si ja platime poftorno 10 evra, i toa so koji plati nie sme,
попај, 21.05.2012 08:46:20
колку сто разбирам оваа картичак е замена за сините картончиња. ако е така таа треба да се купува секој месец што значи уште еден арач кој го спроведува власта за да покрива дупки направени со криминали. . уште колку картички ќе се измислат и за што. оваа работа преминува во неконтролирано пљачкање на народот ама народот гласаше и доби. нека ни е наздравје.
toni, 21.05.2012 09:13:47
malku e za ovoj narod,treba 2500 denari da bide,se dodeka ovoj narod ja trpi ova nenarodna vlast malku e ova.
сузе, 21.05.2012 09:22:58
Преродбата во 100 чекори граби напред и дере се што може!
коментар, 21.05.2012 09:59:03
Не знам зошто народов или нивниот портпарол новинари,вработени во здравството и сл.троши време во вакви тврдења.Малку ли многу ли во оваја или друга форма народот ќе си наплати.Можеби и така и треба.Не е тоа проблем во однос на секојдневнот наше екстра плаќање за најбанални работи
Chainsaw, 21.05.2012 10:37:04
Samo da se kenkalo i toa vo period koga site drzavi probuvaat da zashtedat kako znaat i umeat....nie nekoj iskluchok da ne sme? Ednostavna e matematikata, ako ne gi platime od dzeb ke treba od budzetot da se izdvojat, znachi nekoja druga budzetska programa, obrazovanie naprimer, treba da bide pokratka za 5 mil EUR. Vo prevod, pak nekoj ke strada i pak toa ke bidat nashi pari (plateni danoci) ako se plati od budzetot samo so taa razlika shto ke bide indirektna i pomalku vidliva cena. 250 denari se 3 kafinja vo kafich vo centarot na Skopje, koi da bideme realni, i vraboteni i nevraboteni gi ispivaat za najmalku edna nedela. Mozeme valjda da pozrtvuvame 3 kafinja za zdravstvena kartichka, ne? :)
do Chainsaw, 21.05.2012 13:10:17
Kako toa plakanjeto 250 denari bilo stedenje na budzetot ako od istiot toj budzet se potrosija i se trosat stotina milioni evra za nekakvi figurini koi se rasfrlaat niz Skopje. Ili kako vo budjetot ima pari za plati na luge koi ne ni doagaat na rabota i cija edinstvena aktivnost e vodenje predizborni kampanji, a nema za zdravstvo. Licno jas i soprugat iako i dvajcata imame redovni mesecni prihodi najmalku 5 godini ne sme se napile kafe vo kafule. Ovie 1000 denari taka ke moram da gi odzemam od stavkata prehrana. Najdobro e trosokot da go platat luge kako tebe koi ocigledno imaat poveke i dobrovolno neka platat po nekolku storini evra za izgradba na spomenici a parite od spomenicite da se prenamenat vo zdravstvoto.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Претежно облачно

Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |