Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.05.2012, 12:29
Уапсен „мозокот“ на трговијата со органи во Косово



ПРИШТИНА – Осомничениот за организирање трговија со органи, кого властите на Косово со години го бараат, е уапсен во Израел, изјави специјалниот обвинител на ЕУ, Џонатан Рател. „Добивме информација дека Моше Харел е уапсен во Израел поради трговија со органи и други кривични дела поврзани со тоа и сега чекаме потврда од израелските власти“, изјави Рател за агенцијата Франс прес.

Ако информацијата биде потврдена, ова апсење би можело да биде пресвртница на судењето на седум лица, обвинети за трговија со органи и нелегална трансплантација во клиниката „Медикус“ во 2008 година во Приштина, наведува АФП.

Харел е уапсен во Приштија истата година, но побегна од Косово штом беше пуштен од притвор. Косовските власти после тоа издадоа меѓународен налог за негово апсење. Според обвинението, во приштинската клиника во 2008 година се изведени најмалку 30 нелегални вадења и пресадувања на бубрези. Дарителите биле од сиромашни источноевропски и централноазиски земји, на кои за органите им биле ветувани 15.000 евра.

Во обвинителниот акт израелскиот државјанин Харел се посочува како „мозок“ на мрежата која пронаоѓала дарители и оние што ги примале органите. Меѓу седумте осомничени лица против кои се води судска постапка се наоѓаат поранешн функционер во косовското министерство за здравство Илир Реџај, и истакнатиот приштински уролог Љутфи Дервиши, наведува АФП. Третиот осомничен е турскиот лекар Јусуф Сонмез кој е обвинет за вршење на нелегални операции на вадење на органи. Против него е подигнато обвинение и во Турција.

Во косовската клиника во 2008 година полицијата направи претрес, откако еден труски државјанин колабираше на приштинскиот аеродром додека чекаше да се качи во авионот за Истанбул откако му бил изваден бубрегот.

Судскиот процес го води Еулекс кој е формиран со цел да им помогне на локалните правосудни органи во чувствителни случаи, откако таа територија во 2008 година еднострано прогласи независност од Србија, потсетува АФП.

Статијата е прочитана 3044 пати.

Испрати коментар



Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк
Државата дава под закуп 8.703 хектари земјоделско земјиште
Борис Тадиќ подготвен да стане премиер
Европско решение на спорот за името
Собранието ќе расправа за интерпелација на Ставрески
Уапсен член на АНА кој планирал атентати во Македонија и Косово
На Прометеј му облекоа гаќи
Пусиќ - Поради стабилноста на регионот мора да се разговара за проширување на НАТО
Гостиварец загинал по удар во ѕид со автомобил
Осум цивили загинале во воздушен напад на НАТО во Авганистан
Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Македонија се' уште има проблем со човековите права
Црвенковски го внесе идентитетот во разговорите со Грција
За Груевски критиките од Стејт Департментот се стандардни
Три бизнис-посети на Италија, една инвестиција
Викендов нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Нов правилник за дополнителната работа на лекарите
Малолетна струмичанка грабната и силувана
Оланд ги посети француските војници во Авганистан
Во Охрид се самоуби жена скокајќи од четврти кат
Двајца загинати во две тешки сообраќајки
Бесими - Ќе бараме интензивен дијалог со Грција
НАТО - Влез во Алијансата откако ќе се реши името
Иванов-Прамер - Потврдени заложбите на Австрија за интеграција во ЕУ
Брејвик бара да го прогласат за здрав
Македонија четврта во регионот по квалитет на услугите
Тепачка во украинскиот Парламент поради рускиот јазик
Меѓународна безбедносна конференција во Охрид
Претседателот Иванов ќе се сретне со Барбара Прамер
Македонска делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим
Црвенковски - Спорот со името најважен проблем
Затвор за тепачите од Дебар Маало
Мотоциклист удри во паркиран автомобил и загина
Нов земјотрес во близина на Софија
„Оне" со нов најевтин производ „Џабест"
Македонска делегација во Рим и Ватикан во чест на Свети Кирил
Оланд и Меркел се судрија за еврообврзниците
Чувари под суспензија, се утврдува дали тепале притворени од „Монструм“
Нечас - Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција
Ден на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј
Прамер - Спорот за името да се разграничи од пристапните преговори со ЕУ
ОМД побара прекинување на разговорите за името
Следниот самит на НАТО отвора обврска за Грцијa
Потврдена австриската поддршка за македонската евроинтеграција
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Nekoj, 25.05.2012 17:57:20
Kade e sega onoj Fracuzot sto ne pravese site nenormalni, onoj koj velese deka toa bilo fantazija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |