24.05.2012, 16:12 Црвенковски: Спорот со името најважен проблем
„Спорот ни ја блокира евроатлантската иднина, но и предизвикува други тешкотии внатре во земјата“, вели претседателот на СДСМ
Спорот со Грција за името е премногу важен, можеби најважен проблем што го имаме бидејќи ни ја блокира евроатланската иднина, но и предизвикува други тешкотии внатре во земјата. Тој спор не може да се реши со импровизации, изјави претседателот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски кој денеска присуствуваше на предавањето во употреба на новите партиски простории, како и на ставањето во употреба на новата спортска сала за основното училиште во селото Пештани, чија изградба е реализирана со средства обезбедени од локалната самоуправа во Охрид.
Во врска со предлогот на Љубчо Георгиевски за решавање на спорот со името со Грција, Црвенковски рече дека не е првпат Георгиевски да излегува со такви предлози. "Тој спор не може да се реши со импровизации и со лицитирања на прес-конференции од кого било. Тој процес единствено може да се води организирано од оние што го имаат легитимитет да ја водат државата, а тие доколку имаат потреба да побараат поддршка од опозицијата, ние сме тука", изјави Црвенковски.
Црвенковски рече дека СДСМ ќе поддржи секое решение што нема да задира или да го повреди нашиот национален идентитет, а истовремено е прифатливо за Владата на Груевски.
За шпекулациите за формирање некаква експертска влада, лидерот на СДСМ рече дека партијата нема да поддржи таква влада затоа што ситуацијата во која се наоѓа Македонија и проблемите со кои се соочува не може да ги решава експертска, туку влада во политички легитимитет.
Коментарот на Црвенковски за поставувањето на споменикот на плоштадот во Скопје, е дека "во најмала рака е контроверзно на празникот на сесловенските просветители да се поставува споменик посветен на личност од античкиот период". "Во центарот на Скопје на километар квадратен во период на најголема криза се истурија стотици милиони евра", рече Црвенковски
|
|
Статијата е прочитана 1694 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Skopje, 24.05.2012 17:20:48 | Da vidovme kako Crvenkovski go resi sporot so imeto dodeka imase sansa.Ne prekrsti vo BJRM a VMRO DPNE od druga strana ne pravi uporno anticki makedonci po sekoja cena so anticki figuri ispraveni na visina od 30 metri i uorno se ubeduva narodot kako Grija bila tvrdoglava i kako golemite sili ne ne sakale. |
| Vujadin, 24.05.2012 18:01:32 | Pa normalno deka SDSM ne sakat ekspertska vlada. Koj sakat da se doznajt deka nepismeni politicari ni ja vodat drzavava? Za promena na imeto, moe licno mislenje e deka edinstveno mozit samo Makedonskiot narod da odlucit. Dajte go prasanjeto na referendum pa ke se izjasnime. So e do mene mojt drzavava kako sakat da se vikat, ama za mene ke si e stalno Republika Makedonija! Sto znacit deka nemat nekoja golema uloga kako ke ni se obrakaat, tuku kako nie ke se pretstavuvame a toa nikoj ne mozit da ni go osporit. |
| pile, 24.05.2012 18:10:50 | Vo daden istoriski moment sekoj politicki subjekt ima mozjnost da pokazje sto, za niv e povazjno, drzjavnite i nacionalni interesi ili politickite a vo nekoi mnogu cesti slucai i licnite interesi.Nekogas sostojbite i prilikite baraat stavanje na drzjavnite interesi pred interesite na partijata, so identifikacija na pricinite za zastojot na evroatlanskite integracii na R.Makedonija i nudenje na izlezni resenija i nadminuvanje na problemot.Ako SDSM gi ima detektirano pricinite za zastojot na drzjavata vo integraciite kako prioritet, a toa e vladeenjeto na Nikola Gruevski,i ako drzjavnite interesi im se povazjni od partiskite, ne samo podrska na ekspertska Vlada tuku i treba da pobara formiranje na krizen menagjment za nadminuvanje na sostojbite i deblokada na procesite.Vaka vladeenjeto na Gruevski dobiva svoja komocija pa i utre koga bi dal OSTAVKA SDSM nema ideja kako da gi menagjira uspesno sostojbite i da obezbedi prosperitetna idnina na zemjata.GOSPOD neka ni e na pomos. |
| Jimmy1, 24.05.2012 18:25:18 | Najmalku e podrzuvam politikata na VMRO, no polna podrska im davam za nemenuvanje na imeto. Nie nemame problem nitu pak spor so naseto ustavno ime, ako Grcite imaat nekakov problem toa e nivni a ne nas. Ne ni trebaat EU i NATO so ime so dodavka, nikoj nema pravo da ni go menuva imeto pa nitu ti go imas toa pravo. Mozes da si menuvas iminja na clenovite na tvojata familija a ime na drzavava nema pravo nikoj da cepka. Ako si so namera vo slucaj da dobie SDSM da go menuvas naseto ustavno ime poarno odisi od politikata. Samo narodot mozi da odluci kako ke se vikame i dali ke go promenime imeto, a nekoj kako edinka. Vo evropa ne cveta cveke, ne politicarite tuku prasajtegi zitelite na onie drzavi sto se clenki, pod EU zivejat mnogu posiromasko i mnogu potesko od porano. Namerata na evropskite birokrati e nas da ne nema kako narod i da e snema nasata drzava, da bideme narod bez drzava i bez nacija. Toa li vie go sakate??? Da ne znaete koj ste i sto ste????? |
| Potrebna ni e idnina, ne proshlost, 24.05.2012 19:36:12 | Chovekot e apsolutno vo pravo. I dosta so toa shto toj rabotel, bitno e shto tie sega rabotat. Na niv da se fokusirame. |
| evro-makedonec, 24.05.2012 20:11:32 | Brane, ako ti ne go resis problemot, ovie Anticki duduci nikogas.Ovcarot go naluti cel svet, so negovata nova anticka istorija. |
| do koga vaka duri se mozi, 24.05.2012 20:14:41 | Tisi najgolemiot problem vo
akedonija........... |
| ФЕЛИКС, 24.05.2012 21:29:09 | Сето ова може да се сведе по мене на две прашања на кој треба одговор.Првото прашање е од евулутен карактер.Како тоа лидерот илузионист кога знае каков е проблемот со името лицитираше со ,,нема маж кој ќе го смени името,,кога беше премиер.На ова убеден сум неговите подржувачи имаат бистар одговор со матни објаснувања.Второто прашање е околу лицитирањето на благонадежниот со Р.Северна Македонија,кое лицитирање тој го осудува,што по мене е добро од една страна.Но од друга страна благонадежниот барем има став,независно што на многумина нема да им се бендиса.Што правиме со овој лидер илузионист што никако од него да чуеме прецизно што тој заговара како решение.Имаме флоскула,,да се зачува идентитетот,и како ќе реши владата,,Дајте еднаш јасен став како да се реши проблемот,па да одобриме или негираме таков став.Тука има став да се нема став,разбира се. |
| DOLNO VODNO, 25.05.2012 00:35:34 | Kako i sekogas, sekoj zbor na Crvenkovski e na mesto. Samo, kolku NEKOI sakaat i mozat toa da go razberat, iako kazanoto e sosema jasno; i vo vrska so predlogot za imeto, onak po ideja so povrsno resenie, verglano sekogas od istiot zvucnik kako i za mislenjeto okulu brojnite spomenici vo gradot, veke postaveni ili na brza raka isplanirani, so somnitelna umetnicka vrednost! Vsusnost kako i onie smesni idei, za shminka na fasadite okulu ploishtadot. * Ima li pilot vo avionov* koj umno ke go vodi *odlepuvanjeto* od ovaa losha pista kade e prizemnet avionot, a narodot zakopan?! Podrska za ideite na Crvenkovski, od celata opozicija i od celiot izmacen makedonski narod, bez razlika na etnickata i partiskata pripadnost. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Претежно облачно
|
Недела
Грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 8°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|