Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.05.2012, 18:44

Опозицијата нишани кон врвот на ВМРО-ДПМНЕ

За четири години, социјалдемократите поднеле 11 интерпелации во парламентот, последната е за вицепремиерот Ставрески

Светлана Унковска

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, близок соработник на премиерот Никола Груевски и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, наскоро ќе се соочи со втора интерпелација, откако на 2 мај пратеничката група на СДСМ поднесе барање за негова политичка одговорност. Се' уште не е познато кога чуварот на државната каса ќе одговара пред пратениците, бидејќи претседателот на Собранието Трајко Вељаноски до крајот на месецот не предвидел нова седница на која би се расправало за интерпелацијата на Ставрески.

Во барањето одговорност од вицепремиерот и министер за финансии опозиционерите тогаш наведоа дека тој треба да понесе одговорност за погрешната економска политика со која Македонија е прогласена за една од најмизерните земји која има највисока стапка на сиромаштија во регионот. Социјалдемократите интерпелацијата за Ставрески ја поднесоа набргу по последното задолжување на земјава со кредит од 250 милиони евра, што значи дека тој ќе биде прозван и за тоа што Македонија со негово одобрување влегува во големи долгови кон странски банки.

Ставрески имаше можност во рок од 15 дена по поднесувањето на интерпелацијата да достави писмен одговор до Собранието. Рокот истече во четвртокот. Од Собранието не добивме одговор дали Ставрески го искористил правото да поднесе писмена одбрана или само усно ќе одговара пред пратениците. Ставрески во една изјава рече дека со задоволство ќе присуствува на седницата на која ќе се дебатира за економските состојби и за начинот на кој власта се справува со предизвиците. Тој рече и дека е подготвен да одговори на прашањата што опозицијата ќе ги отвори и дека очекува конструктивна и остра дебата.

На Ставрески ова му е втора интерпелација. Пред две години од него одговорност побара пратеничката група на ЛДП, обвинувајќи го дека ја води економијата во колапс, дека има нереализирани капитални расходи како и дека скапо ја задолжува земјава.

Меѓу министрите, рекордерка по бројот на интерпелации, засега, е шефицата на полицијата Гордана Јанкулоска, која пред неколку месеци го преживеа третото барање за одговорност. Само пратеничката група на СДСМ во периодот од 2008 досега, значи за четири години владеење на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ, има поднесено 11 интерпелации, но ниту една не резултираше со разрешување на функционерот.

Освен од Ставрески и Јанкулоска, отчет се бараше и од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, по несреќата со потопувањето на бродот „Илинден“. Пред две години интерпелација доби и вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумоски, поради, како што беше истакнато, недораснатост кон обврските што ги има во реализацијата на клучната стратегиска цел - европската интеграција на државата. Истовремено, СДСМ му поднесе интерпелација и на претходниот министер за правда, Михајло Маневски, од кого се бараше да понесе одговорност поради, како што беше речено, партизација на судството, влијание врз судиите и обвинителите и заштита на криминалот и корупцијата на власта. Пред година и пол и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска се најде на отчет пред пратениците по аферата „Патриотска метла“. Од поранешните министри, пред пратениците беа повикани и Трајко Славевски и Перо Стојановски, кои ги водеа ресорите финансии и образование. На отчет пред колегите беше и шефот на парламентот, Трајко Вељаноски. Тој и министерката Јанкулоска беа повикани на политичка одговорност поради инцидентот во Собранието кога се расправаше за стечајните работници. Вељаноски тогаш го одби барањето на опозицијата да се формира Анкетна комисија. СДСМ поднесе интерпелација и за поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Мирјана Димовска. Интересен е фактот дека досега ниту еден министер од ДУИ не е повикан на одговорност.


Статијата е прочитана 1459 пати.

Испрати коментар



Капа долу за Челзи
Атина прогнозира неуспех за Македонија во Чикаго
Јанкулоска
Во Македонија нема радикален ислам
ВМРО-Народна
„Бранот“ ги промаши термините
Судир во државниот врв за Чикаго?!
За граѓаните се многу 250 денари за здравствена картичка



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Претежно облачно

Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |