Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.05.2012, 18:56

„Бранот“ ги промаши термините

Распишани се конкурси за пополнување на функциите што беа зафатени со промените, кои однесоа и кадри кои во минатото успеаја да преживеат скандали

Наум Котевски
Веле Митаноски

Институциите зафатени од „Новиот бран“ почнаа да распишуваат јавни огласи за пополнување на испразнетите функционерски места. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски, рече дека се инсистира овој процес да се одвива во соработка со граѓаните - отворено и транспарентно. Тој потенцира дека првата фаза од бранот, со кој се опфатени 150 позиции на разни нивоа, во најголем дел е остварен.

„Ги повикуваме сите оние што сметаат дека се квалитетни и може да ни помогнат, кои имаат енергија, свежина, капацитет, да се приклучат и да аплицираат по институциите за раководните места на огласите“, додаде Спасеновски.

„Бранот“ на ВМРО-ДПМНЕ на крајот од минатата недела го заплиска и Охридско Езеро каде што од позицијата прв човек на Капетанијата го сруши Љупчо Настоски. Тој е првата покрупна охридска риба која заплива грбно. Засега нема најави дека „Новиот бран“ ќе удри и на други раководни места во Охрид. Последните смени беа направени во Агенцијата за вработување и Центарот за социјални работи, институции што се под ингеренции на Министерството за труд и социјална политика, но во Охрид директорите куртулија. Можно е некој да биде сменет со најавените промени за следните денови.

Смената на Настоски го отвора прашањето кога владејачката политичка гарнитура ќе изгради чувство за моментот, за вистинскиот тајминг на оставката како личен морален чин, или, пак смената како партиска наредба, сеедно. За функцијата како одговорност, а не само привилегија. Дури сега некому му текна да ги тргне луѓето кои одамна требаше да бидат заборавени од јавноста.

Конкретно, Настоски ја раководеше Капетанијата кога се случи големата трагедија со потонувањето на бродот „Илинден“ на 5 септември 2009 година, при што загинаа 15 луѓе. Тој беше и во улога на сведок во судската постапка за трагичниот настан и си остана уште неполни три години на раководната функција. Некој може да праша зошто тој да си замине кога министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески тогаш мудро понуди, а не поднесе неотповиклива оставка!

Неодамна бранот го поклопи и здравствениот сектор. Од раководната фотелја на Клиниката за гинекологија си замина Саша Јовчевски. Свежи се сеќавањата кога Јовчевски во април минатата година, непосредно пред изборите, сакаше да ја отвори Клиниката без технички прием. Дојдоа и новинари и камермани и фоторепортери да го овековечат тој настан, но „клучот го немаше“ - за време на циркусот го голтна Јовчевски.

Еден месец потоа гинекологијата беше отворена полупразна и неопремена, и тоа само за сликање, а директорот не знаеше колку е вкупната вредност на новата зграда. И во тоа време не беше потребна смена, или не дај боже оставка. Секако, индивидуалните смени ја немаат моќта на пакет промените.

Како што поминаа Настоски и Јовчевски, така помина и директорката на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“, Марина Милевска. Во февруари педесетгодишниот покрив на училиштето ја загуби битката со снегот. Се урна, но за среќа не повреди никого. И тогаш немаше смени и оставки за лицата, за кои од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега заминуваат од позиции откако го дале својот максимум во реализација на програмата.

И многу е јасно зошто. Доколку си заминеа на време, како што се случува во секоја цивилизирана земја, тогаш тоа ќе значеше признавање на вината.

Директорот на Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, не сакаше да ги коментира наведените случаи поединечно, сугерирајќи ни да им се јавиме ним лично. „Не можам да коментирам, затоа што не ги ни познавам луѓето. Може да побарате коментар и од општините“, рече Димовски, пред да додаде дека ваков модел на промени прв пат се случува во земјава.

„Тој е поздравен од голем број граѓани. Се одвива во стабилна атмосфера, по длабока анализа и политичка процена во сите општини. Тоа ни дава гаранција дека не правиме грешки“, потенцираше Димовски.


Статијата е прочитана 1272 пати.

Испрати коментар



Капа долу за Челзи
Атина прогнозира неуспех за Македонија во Чикаго
Јанкулоска
Во Македонија нема радикален ислам
ВМРО-Народна
Судир во државниот врв за Чикаго?!
За граѓаните се многу 250 денари за здравствена картичка
Опозицијата нишани кон врвот на ВМРО-ДПМНЕ



sime, 21.05.2012 08:36:21
Kasno stigna Janko!
Sakam da apliciram za premier, 21.05.2012 09:01:55
Ke ima li konkurs za premier na vladata na RM ili ke chekame izbori? Predlagam da go toa storime vo forma na nagradna igra, kako loto ili bingo. Znachi sekoj zainteresiran ke si kupi livche po odredena cena, a glavnata nagrada/premija ke bide Premier na RM !!! Ke ima pari i za vrbi i za ogradi, a bogami i za sekakvi drugi gluposti shto ke ni padnat na pamet.
КИРО, 21.05.2012 10:26:19
Комедии се овие од ВМРО ДПМНЕ, 2010 год.јануари месец во едно ООУ во Општина Гевгелија на криминален начин беше сменета директорката *Види извештај за човекови права на Хелсиншки комитет во РМ, Извештај 2010 год. Август месец страна 127, „Кога директорот не е по ќеф на градоначалникот“, за да биде назначена нова директорка (Поранешен уживател и дилер на опојни дроги М.Д.), Срам и арам за премиерот.
Istocna Makedonija, 21.05.2012 11:03:48
Za Ilija ke ima li brance.Denovive za nekolku procenti so,fantasticnitesrceparatelni-daleku od Gebelsovi nastapi za nekolku procenti go namali rejtingot na partijata.Pazete,cuden fe- nomen,vo sekoe gradce veke ima kredibilitetni (ama i kvazi)fakulteti,a spicovite Ilija,Vlatko, seuste bez zaokruzeno obrazovanie.A uste delat i lekcii naucni traktati(tiradi)i na profe- sori vo nivna struka,Koj apsurd,na slivar slivi prodavaat.Vlasta lesno se osvojuva,uziva vo nea,ama tesko se zacuvuva!Osobeno,ne so vakvi ,,univerzalnistrucnaci i eksperti!!!
Emil Doncev, 21.05.2012 13:46:31
Kako ne go zafati toj bran i direktorot na Vinickoto komunalno prav lopav vetuva a nisto ne pravi.Imeno samo i macka oci deka nesto raboti stava dva reda kocki po ulicite...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Претежно облачно

Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |