Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Свет
24.05.2012, 18:42

Русите го пробија антиракетниот штит

Русија лансираше нов модел на интерконтинентална ракета која може да го пробие антиракетниот систем на НАТО и успешно да погоди цел, соопшти руското Министерство за одбрана. Станува збор за усовршена верзија на ракетата „јарс РС-24“, која се наоѓа во вооружувањето на руските ракетни сили која до својата цел стигнува за помалку од еден час лет. „Тестираниот проектил стигна до целната зона на полигонот Кура на Камчатка, полуостров на рускиот Далечен Исток“, соопшти претставникот за печат на руското Министерство за одбрана, Вадим Ковал.

Анонимен воен извор изјави за Интерфакс дека тој бил втор тест за таа ракета, како и тоа дека првиот, на 27 септември 2011 година, бил неуспешен. Ракетата може да носи четири боеви глави со јачина од по 500.000 тони експлозив, лета со брзина од мах 13+ и има дострел од 11.000 км. Се лансира од подземен силос или специјално возило транспортер.

Тестираната ракета е направена да може да го избегне антиракетниот штит кој НАТО го планира да го постави во Европа и чија прва фаза е прогласена за оперативна во неделата на Самитот на НАТО во Чикаго. „Тоа е една од воено-техничките мерки на руските власти, како одговор на разместувањето на глобалниот систем на антиракетна одбрана на Американците“, изјави рускиот генерал Виктор Есин. „Ракетата користи нов тип гориво што и' овозможува да го намали времето потребно за работа на моторот во активна фаза на патот“, објаснува анонимниот воен извор. Резултат на тоа, како што додава тој, е дека капацитетот на таквата ракета да го елиминира системот на антиракетна одбрана ќе биде поголем.

Русија одамна го критикува проектот за разместување на антиракетниот штит на НАТО во Источна Европа, кој Запад го претставува како одговор на закана од земји каква што е Иран. Почнат во 2010 година тој проект стана еден од главните извори на несогласување меѓу НАТО и Русија, која го смета за закана врз сопствената безбедност. (РТС)

Во Русија 200 пати поголеми казни з�� протестирање

Москва - Рускиот претседател Владимир Путин го поддржа спорниот нацрт-закон, кој предвидува 200-кратно зголемување на казните за учество во протестите, за кои не е издадена дозвола.

„Текстот ја зацврстува демократијата“, коментираше Путин на средбата на неговата партија Единствена Русија. Тој нагласи дека е неопходно државата да ги заштити граѓаните од радикални дејствувања.„Општеството и државата имаат право да се заштитат од такви дејства“, додаде рускиот претседател.

Нацрт-законот беше одобрен завчера на првото читање во Долниот дом на рускиот парламент, контролиран од Кремљ.


Статијата е прочитана 3567 пати.

Испрати коментар



ЕУ-лидерите се разотидоа со празни раце
Алармантна злоупотреба на деца в Чешка
Четири евра казна за клевета
ЕУ стана беззабен тигар
Ромни води во однос на Обама во Флорида
Буш ќе сведочи за Гвантанамо
Аунг Сан Су Чи првпат во странство
Египќаните сакаат претседател супермен



evro-makedonec, 24.05.2012 20:02:55
Sto mi e milo em drago(ne na Struga............) na Nato fasistite da im se kaze STOP, njet!
tulko drdeski,tetovo, 25.05.2012 09:37:40
Odlicen naslov i samo toa.Se prasuvam dali vi celta da gi informirate vasite citateli ili obratnoto.
ако, 25.05.2012 18:10:55
Ако влеземе во нАТО ова и нас ке не гаѓа.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Облачно

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 12°C

Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |