24.05.2012, 18:51 Мислења
Траен влог во македонската државност
Петар Карајанов
Наспроти ретуширање и негирање на Tитовата епоха, историските факти зборуваат за трајната вграденост на неговиот придонес за Македонија
На 25 мај оваа година, се навршуваат 120 години од раѓањето на Јосип Броз Тито, стратег и водач на заедничката Народноослободителна и антифашистичка војна на народите на некогашна Југославија, во која се избори првата слободна македонска држава, долгогодишен претседател на заедничката федерација во која Македонија, како рамноправен државотворен субјект, оствари високи општествени и национални дострели, кои станаа темелници на денешната самостојна и суверена Република Македонија.
Наспроти безочните бришења, ретуширање и негирање на таа епоха и на Титовото дело и придонес во неа, што повеќе од две децении го прават одделни политички сили во земјата, кои се носители на актуелната власт, тврдокорните историски факти и неизбришливата народна меморија зборуваат за трајната вграденост на Титовиот придонес во остварувањето на вековните стремежи на народот во Македонија да си биде свој на своето.
Од Титовото прво сознание за крвавиот терор на србијанскта хегемонистичка буржоазија во Македонија во далечната 1928 година, судбината на непризнатиот македонски народ, му станува негова парадигма и метафора, во определбата на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) за поврзување на борбата за социјална слобода со националната борба на обесправените народи.
Па така, во Платформата на народниот фронт од 1936 година, ќе се залага за самоопределување на сите народи, не само на Србите, Хрватите и Словенците, туку и на Македонците и Црногорците.
Во судбинското предвечерие на налетот на фашизмот и на пожарот на Втората светска војна, во неколку негови статии од крајот на 1940 и почетокот на 1941 година, упатени како критика на балканските воени провокатори, Тито ��е изрече повеќе антологиски пораки во одбрана на македонскиот национален идентитет и на неговото право, низ својата борба за самоопределување:
„Македонија, таа угнетена земја во која со години пати слободољубивиот македонски народ, изложен на најсуров терор, глад, однародување и експлоатација, таа со крв натопена земја, не е тука за да служи како украс на кралската круна на некого, ниту да биде мираз на српската, бугарската или грчката буржоазија. Македонците не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци. Тие се Македонци.
Комунистичките партии на Југославија (КПЈ), Бугарија и Грција треба да застанат чело на Народноослободителното движење на македонскиот народ за негово ослободително движење на македонскиот народ за негово ослободување“, запишал Тито пред 73 години.
Камо таква доблест, таква одбрана и определување да чуе македонскиот народ од било кој балкански или европски политичар во оваа наша осамена битка за одбрана на својот изборен државен и национален идентитет! Очигледно денеска нема Тито ни на Балканот, ниту во Европа!
Голем е придонесот на централниот комитет на КПЈ и Тито во оспособувањето на партиската организација во Македонија, кога таа по забраната од Врховистичкото ВМРО и папсувањето на ВМРО (обединета), остана како единствена водечка сила на македонското народноослободително движење. А уште позначајни и историски пресвртни се Титовите реакции, ангажирање и придонес за враќањето на оваа организациа во нејзиното борбено јадро -КПЈ , по неразумното нејзино поврзување, по диктат на Коминтерната, со БРП(К).За да сето тоа се круниса со прифаќањето на оружениот курс на борбата, со изборот на вистинската страна и оружениот курс на борбатата, со изборот на вистинската страна и вистинските сојузници, во востаничкиот поход кон македонската слобода.
А по однос на Македонија, ќе ја забрза реализација на формирањето на Комунистичката Партија на Македонија, (19 ма��т 1943), како прва и автентична политичка партија на народот во Македонија, што ќе биде нов поттик за разговор на востанието кон врвните национални цели.
Вкупната националноослободителна платформа на оружената борба на востанатите народи на Југославија, добива суштинска материјализација со храбрата Титова иницијатива за свикување на Второто заседание на АВНОЈ (29 ноември 1943 година во Јајце), пред закажаните прекројувања на мапите на Светот од големите сили, во кои е предвиден кралскит статус-кво на Југославија и историската Одлука на ова заседание за создавање на нова Југославија врз федерални принципи. Во оваа Одлука, што е клучна претходница на АСНОМ, за првпат на еден повеќенационален државен и политички собир, автентично е призната македонскта национална борба, потврден е македонскиот идентитет (како Македонци и Македонија), подоцна и официјалноста на македонскиот јазик (15.01.1944 година), како и правото на самоопределување, со прифаќање на асоцирање во заедничка држава - да се избори и опстои првата слободна македонска држава.
И како што се вели во Манифестот на генералштабот на НОВ и ПОМ (октомври, 1943 година) и во одговорот на неговите приговарачи во таа Титова Југославија се согледува најпогодната шанса за обединување на Македонија.
За жал, денешните „нови прочитувачи и разместувачи“ на историјата, најжестоко го напаѓаат овој чин и оваа одлука како и определбата на македонското државно политичко и воено водство Македонската народна војска да се вклучи во конечното истерување на фашистите одејќи на Срем за обезбедување на победата на Титова, а не на враќањето на кралска Југославија, наместо авантурата на Солун, што би била погубна, сметајќи ги за „почеток на фаталниот крај на македонскиот сон за самостојна и обединета Македонија“.
А токму сегашните сложени лавиринти околу спорот со името, ни го потврдуваат фактот дека и покрај некои напори за поставување на македонското прашање на Мировната коференција во Париз и низа комбинации за разни балкански федерации, конституирањето на првата слободна македонска држава на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944 год. ) во еден дел на неговата географска и етничка целина, како федерална единка на ДФЈ е историскиот максимум што можел да се оствари во тие воени и политички услови.
(Авторот е публицист и новинар во пензија)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 979 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 25.05.2012 01:03:03 | Samiot podatok deka na pogrebot na TITO se sobraa najgolem broj na stranski drzavnici na edno mesto, i toj broj do den denes ne e nadminat, dovolno zboruva koj bil Tito i koe e negovoto znacenje vo Istorijata. Toa sto gubitnicite toa sakaat da go omalovazat i da ja preoblikuvaat istorijata, e nivni problem so koj nema nikogas da se pomirat. Vecito ke ostanat gubitnici, a istorijata nema nikogas Tito da go izbrise od listata na pobednicite. Denesniot den e den na koj mozeme samo da se potsetime na taa drzava koja bese izuzetno ceneta vo celiot svet, i barem malku da zaboravime na ovaa denesna kalakurnica koja najmalku lici na drzava.Cisto kako sporedba ke dadam eden retoricki primer. Ako vo SFRJ, Pol Volers izlezese na TV i se osudese da ni soli pamet, za 24 casa ke go snemase od ovde, a Barak Obama ke morase da se javuva i izvinuva za nastapot na svojot ambasador. Denes e poinaku. No denes ne se Tito i SFRJ.Ne mislev so ovoj primer da go navredam Ambasadorot Volers. Toj ne e kriv. |
| Titov pionir, 25.05.2012 01:08:10 | Bravo! Iako e toa samo kapka vo moreto od site titovi zaslugi za Makedonija i makedoncite. Postarata generacija seto toa mnogu dobro go znae i lichni svedoci sme, no Gruevski ja izopachi istorijata i gi povede mladite kon Pela i Solun, da ja ispravi *titovata greshka*. ??? Kakva budalashtina, glupost i ludost !!! Pa shto ochekuvashe, tie shto Tito go soprea za Solun, da go pushtat Grujo, ushte i vo EU i NATO. Dali e so site? More da molime boga da ja drzat Grcija za uzdi da ne ni krene, vo sprotivno, duri togaj ke vidime shto e poraz i toa voen! A uporno *chachka mechku ...*. Abe pamet v glava i da se vratime na nashiot si slovenski identitet i perspektiven zivot. I drugo, neka si premierot bide antikomunist, ama komunistichkite dela mora da gi pochituva, posebno ona na chie chelo e - Republika Makedonija, Titova Makedonija! Acetova da ja zaboravi. bidejki toa e samo fiksija. PS: Dali gi vratija bukvite (porakata) na starata zeleznichka stanica vo Skopje? |
| melbourne, 25.05.2012 01:20:08 | Interesen e stavoy na utrinski.Samo kazete sto izvrtuva avtorot!? |
| цане, 25.05.2012 01:50:52 | Слава му! |
| Современик, 25.05.2012 07:58:31 | Средно добар текст. Но од каде (цитат) И како што се вели во Манифестот на генералштабот на НОВ и ПОМ (октомври, 1943 година)... ? Треба сосема реално. Таков Генералшт��б нема, има Главен Штаб со командант кој е генералштабен мајор, а од 1944 генерал, прв Македонски генерал. |
| Istocna Makedonija, 25.05.2012 08:10:44 | Bez potenciranje na pozitivnostite i nepopularnite
potezi kako Goli Otok,Titot e e edna od najgolemi-
te istoriski licnosti na 20-ot vek!Irelevantno,go
sakle,ili ne,go slavele,glorificirale,ili negirale!Ova
go kazala istorijata,svetskite drzavnici,kompeten
tni svetski analiticari,komentatori... |
| sime, 25.05.2012 09:13:02 | Najzalni za nasata drzava po osamostojuvanjeto od SFRJ e sto ne gi prodolzivme ili politicarite ne prodolzija da gi iskoristat dobrite strani na bivsata drzava.Greskite bea nesoodveytna privatizacija no dali mozese poinakuj?
Vo sekoj slucaj nasata generacija vo taa Jugoslavija uzivase se sto se vika sloboda i demokratija. |
| ФЕЛИКС, 25.05.2012 09:41:27 | Точно да на погребот беа застапени сите кој нешто вредат во светот.Па така представник на САД беше бабата по жена на председателот. Вероватно во САД тештата игра голема улога во представувањето на земјата во свечени или траорни моменти. |
| koka-kola, 25.05.2012 11:02:22 | Da,taka e, zatoa denes Makedonija e bezimena drzava odnosno so iskrivokolceno ime - FYROM!!Pa duri ni toa ime nekoi kako na primer Grcija ne go priznavaat i zatoa pregovarame celi dve decenii za promena i na ova ime.Mene ne mi e poznat drug primer edna suverena u nezavisna drzava da pregoovara za promena na sopstvenoto ustavnoto ime.Osven ako RM vsusnost ne e suverena i nezavisna drzava a toa e ocigledno i na vnatresen i na nadvoresen plan.Izgleda deka Tito mislel na nezavina drzava vo ramkite na SFRJ!! |
| Велешанин, 25.05.2012 11:03:35 | Вештачка, комунистичка, коминтерновска и србоманска државност во Вардарска Македониja од 1945 година до ден днешен.До 1944 година сме били бугари но србите и србоманите насила со крв го насадиа македонизмот и сега сме врли македонци.Досто со србоманштината во Македониja.Иднината на Македониja e начело со ВМРО - НП и Лjубчо Георгиевски оти иначе нема влез во НАТО и во ЕУ. |
| Економист, 25.05.2012 11:28:20 | Бројките зборат сами за себе: Македонија во периодот 1945-1990 доживува највисок животен стандард во историјата на овие предели. Според статистиките на Обединетите нации од 1980 година Македонците имале просечен приход по глава од 10.000 Долари. Во 2012 година, триесет години подоцна, просечниот приход по глава е 4.000 Евра. Во 1980 година животниот стандард во Македонија бил повисок од тој во Албанија, Бугарија, Грција, Румунија, Унгарија, Турција, Чешка, Полска. Денес Македонија е најсиромашна земја во Европа. Погледајте го прирастот на наталитетот, здравствената состојба на народот, бројот на дипломирани и вработени кадри. По сите показатели денешна Македонија не може да се спореди со таа Македонија од времето на Југословенската федерација. А за личните слободи говори и фактот дека во периодот 1960-1980 Југословените (а со тоа и Македонците) патувале почесто во странство од сите соседни земји заедно (Албанија, Грција, Бугарија, Румунија, Унгарија). |
| Uchbnikot po Meg. pravo, 25.05.2012 12:13:22 | Mnogu pati e objasneto i kaj nas i vo svetskata nauchna literatura deka samo preku Megunarodniot sud mozhe da se reshi problem so Imeto. Toj se reshava so baranje stav od MSP za legalitet na referencata i pregovorite za imeto. Potoa, deluva G.Sobranie na ON i menuva referencata PJRM vo ustavnoto ime! Samo za nashive nee jasno deka nepostoi politichko reshenie preku pregovori. |
| sovetodavec, 25.05.2012 12:56:40 | A malku da istrazuvate sto i kako se slucuvalo vo Makedonija od 1941-1945 do koga imalo zaednicki partizanski odredi so Makedoncite od Egejot i Pirinot,
da ispitate zosto najgolemiote Makedonski patrioti se ubieni od 1943 do 1945 od koj se predavani na okupatorot ili strazarot ne slusal ubien e Kosta Solev Racin ... ne nabrojuvam ponatamu, da napisete malku na Solun na Solun ne nema Solun ima SREM prvi borbeni redovi Makedonskite brigadi a pred toa da napisete sto se se slucuvalo na Skopskoto kale i dali e tocno deka mnogu luge bile strelani vo toj period greskata sakale da odat na Solun...po koja deriktiva i zosto bile ubieni...Cento i pak da ne brojam ponatamu... |
| canberra, 25.05.2012 14:59:54 | Do Felix: Tolku ste poln so zloba , malodusnost... Ke ve potsetam zosto testata na Karter bese tamu.Bidejki Breznev dojde, site znaeme kakvi bea odnosite togas pomegu SAD i SSSR. Prasenje do tebe pametnakovicu. Na koj drug drzavnik imalo takva elita kako sto bese na Tito pogrebot? |
| snezana omerovic, 25.05.2012 16:28:27 |
Sega da ja vodat politikata sto ja vodese Tito neznam kade ce ni bese krajot, denesnive gledaat samo kako da ukradat i da zadrzat sto povece za sebe. Bidejci jas ziveev vo Titova Makedonija bi sakala pak da ziveam vo toj mrak i nedemokratija. So cela pocit kon drugarot Tito. |
| za dosadniot feliks, 25.05.2012 16:31:17 | Feliks, veke preterano tropas i nevkusen si! Vo pocetokot nekako odese*Gjene-Gjene* tropanjeto, mzevme makar na shega da te podnesuvame,ama sega mnogu si dosaden i se edno i isto povtoruvas; onoa za sto si platen. Sto se odesuva na pogrebot na TITO( bez cie postoenje i onoa stoToj ni ovozmozi na nas Makedoncite, ti ne ke znaese da pisuvas na ovoj svet jazik koj sto go berbatis), a na pogrebot na Tito, prisastvuvase LICNO majkata na Prtetsedatelot na SAD a ne na zena mu!!(sic) A ako ti si ja pocitucvas majka ti( samo ako e VMROvka) ke znaes delka e toa poveke odosto toj samiot da prisastvuvashe .Se sekjavam na taa trogatelna slika koga majka mu se odmara na edni skali vo Belgrad... |
| risto nikovski, 25.05.2012 23:43:19 | Тито недвосмислено има заслуги за создавањето на современата македонска држава. После 20-тина години ќе треба да му изградиме голем споменик. Не сега бидејки сеуште си играат со нашата судбина тврдејки дека тој или Сталин не „измислиле„.
Треба да се нагласи дека коренот на оваа држава е во Второто заседание на АВНОЈ, 1943 година кога за прв пат во документите, официјално се заклучи дека новата федерација ќе има шест република. И македонска.
Ристо Никовски |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Облачно
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 12°C
|
Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
|