24.05.2012, 18:54 Едиторијал
За Хаг како слеп за стап
Слободанка Јовановска
Во Чикаго немаше фијаско бидејќи немаше ни расправа за Македонија.
Со овие зборови американскиот амбасадор Пол Волерс одговори на зовриените страсти во државниот врв по четвртиот заклучок на НАТО самитот во кој се бара да го решиме спорот, за да станеме членка на Алијансата. Иако ниту еден светски медиум не извести дека имало маратонска расправа за нашата покана, како што се тврди кај нас, ниту дека имало ново вето од Грција, тоа не беше причина нам да ни се расипе „забавата“. Повторно се креира пост-Букурештанска атмосфера со силна анти-НАТО реторика и се постави споменикот на Филип Македонски за да му се парира на успехот на Грција со нова провокација.
На крај се слушна и најавата дека, исто како по Букурешт, Македонија може да ја бара правдата и низ судска постапка, односно дека се размислува за нова тужба во Хаг против Грција, или барем да ја информира оваа институција за однесувањето на Атина на самитот на алијансата.
Хаг е најсилниот аргумент во овој момент за Македонија, покрај силниот ангажман во мисиите и затоа со нова тужба може само да се издевалвира пресудата од декември и од неа да направи серијал кој ќе изгуби на тежина и на значење. Верува ли некој во Македонија дека со две пресуди од Хаг ќе се смени ставот на меѓународната заедница кон поканата, или пак само сака да се спречи дебатата за тоа колкав беше дострелот на првата и вредеа ли толку пари, време и енергија за во Чикаго стигнеме таму каде што бевме во Букурешт во 2008 година?
Фактот колку се трудеа земјите членки на НАТО да не ја изложат Грција на гласање околу Македонија и колку македонската позиција беше коментирана како неодржлива во јавноста во САД и Европа, покажаа сепак дека Хашката пресуда се' уште е актуелна и не е за фрлање. Но, обидот таа да се повтори ќе биде осуден на сигурен неуспех, пред се' поради бројните провокации од наша страна по грчкото вето во Букурешт, но и поради фактот дека ни аналитичарите блиски до ВМРО-ДПМНЕ во заклучокот на НАТО во Чикаго и во начинот како тој беше изгласан, не гледаат основа за нова тужба. Општ впечаток е дека на самитот немаше ни точка на дневен ред ни гласање за Македонија, па ни шанса Грција или НАТО повторно да ја прекршат Времената спогодба, што значи дека активирање на тужба во време кога аргументите се вртат полека во прилог на Македонија, само ќе и наштети на нашата позиција. Тоа пред се' ќе ги засили впечатоците дека место преку компромиси, нашиот државен врв сака да ги решава проблемите со креирање постојани конфликти, и место надвор упорно се обидува билатералниот спор да го внесе внатре во алијансата, наспроти земјите членки кои сметаат дека таму не му е место.
НАТО функционира врз основа на договори и компромиси, а не судски одлуки и притисоци, па таквиот политички манир на Македонија ќе биде најсилниот аргумент против неа самата како идна земја членка на Алијансата. Ако се најде притеснет до зид НАТО може и да не прескокне во заклучоците, а во прилог на тоа би биле оценките дека вратата на алијансата не е толку отворена колку што се декларира за нови членки. Настрана фактот што Македонија изгуби неколку години во нерешавање на спорот додека ја чекаше пресудата за тужбата против Грција, па отворање нов процес ќе биде сигнал дека не ни се брза којзнае колку да добиеме покана. |
|
Статијата е прочитана 1125 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 25.05.2012 00:47:29 | Pol Volers kratko i jasno objasnil sto e sto. Slicno bese i vo Bukurest.Grcija ne stavi veto, nego samoto NATO odluci da ne ja primi Makedonija dodeka ne go smeni imeto(demek resi sporot so imeto).Vo takva situacija najdobro e da si gi sobereme partalite, da go povleceme baranjeto za clenstvo vo NATO, i zbogum dovidjenja. Vardar ke prodolzi da si teci kako i dosega i so NATO i bez NATO.No problemot e sto sme slabi,(sto bi rekol Taci fiktivna drzava)sto sosedite kako hieni cekaat da padneme i da ne rascerupaat. Ova so NATO samo ke go iskoristat za zaplasuvanje, pritiskanje, stvaranje destabilizacii, a nie za zal sme preslabi da odgovorime na takvite scenarija.Od tie pricini potreben ni e NATO ili nekoj kako NATO i toa pod hitno.Od tie pricini i ne smeeme tuku taka da se zajaduvame i inatime so NATO(osven ako veke ne sme nasle zamena za niv).Da ne ni bese situacijata komplicirana, togas slobodno mozevme NATO da go oterame u tri lepe, no vaka...tesko.Zatoa mora so NATO da sme vo dobri odn |
| Shlem, 25.05.2012 01:27:17 | Ne mozam da im se nachudam na aklot, a drzava vodat. Vo vojskata velea deka shlemot se nosi za neshto pametno da ne ti padne na glava. Pa na Grujo i site okolu nego da im podelime po eden shlem, za da ne im padjaat ovakvi biseri. A da ni tekneshe porano, so nekolku shlema ke ushtedevme 200-300 milioni evra shto gi potroshija na onie glupi plashila narecheni spomenici. Abe Grujo, drzi se podaleku od grcite da ne te nokautirat, a i nas so tebe. Kakov Hag, kakvi pravdini i bakrachi. Ako imash sila kurchi se, ako ne (shto i e), pokri se i cuti. Eventualno promrmljaj da si za miroljubiva koegsistencija, i toa ako te prashat. |
| Istocna Makedonija, 25.05.2012 08:17:21 | 1966 godina,na togasniot Brionski plenum na KPJ
koga Rankovik bil detroniziran od najsilna pozici-
ja posle Tito,edvaj da bil spomnat so ime i grubo
napadnat.Samo ne bil povikan vo salata da se
brani!Vo Cikago,bevme,ama naseto clenstvo vo
NATO ne bese na dneven red!Vasa ekselencijo
g-dine Ambasadore,vo Republika Makedonija ima
izvonredno pametni,educirani,elokventni i pred
se,dostoinstveni luge i narod!Ne se ova(i tie neka
izvinat)amazonskite prasumi!A Haskata presuda
samo moralna satisfa,\kcija,ne e obligatorna. |
| ФЕЛИКС, 25.05.2012 09:38:06 | Во целава работа пречи кога некој како од насловот не уверува да домашново судство да ти било под влијание на политичко интерес,а во исто време одобрува политичко влијание и интерес за непримена на меѓународното право.По се изгледа слепилото да ти било селективно и се базира како на покажување мускули,а не покажување владеење на правото. Од друга страна се трудат некои тука тоа да ни го потенцираат и представат како доблест или нормално однесување.Иако токму ваквото однесување длабоко национално не повредува,барем повеќемината од нас.Понизноста испадна посакувана категорија за некого,иако и тој како и ние е обезвреднет како субјект кој добил судски процес а не може да го користи оти светските мускулатори така решиле. |
| Vo Hag povtorno, 25.05.2012 10:46:12 | Dobro me sto patriotski se zafativme so Hag , kako slep za stap. Mislam deka treba povtorno da pokreneme proces vo Hag i uste 2-3 godini ce go zamajuvame narodecot so toa, a posle koga ce dobieme povtorno pozitivna odluka ce se raduvame 2-3 nedeli, i ce si ja vramime za spomen vo ramka, i ce ja stavime vo onaj slaven novoizgraden muzej. taka istoto ce svedoci niz vreminata za nasata naivnost i plitkoumnost. |
| Vineam Makedonski, 25.05.2012 12:40:55 | Ha ha ha kolku ste smesni zarem toa sto pravime spomenici e provokacija za vas gospogo novinarke razmislete malku napisavte deka presudata od Den hag e nisto da ve potsetam deka imeto na sudot e MEGUNARODEN SUD NA PRAVDATA i deka so taa odluka e doneseno sudsko resenie sto vie kako novinarka i samite Grci go negirate inaku e priznato vo celiot svet toa go kazaa i vo Cikago ke dojde den koga Grcite ke si go dobijat toa sto go zasluzuvaat so falsifikati i lazi nemozat da prosperiraat zatoa vo cela Evropa ima edna duma dolzen kako grk i lazgo kako grk, nie Makedoncite sme bile i ke ostaneme iskerni i cisti dali toa mu odgovara na nekoj ili ne vo srceto i dusata sme cisti dali toa mozete vie kako novinarka da si go kazete sama na sebe e drugo prasanje... |
| НАТО и ЕУ за грција како слеп за стап, 25.05.2012 13:20:46 | За жал, Чикаго се случи во време кога прво на власт во САД е пријателот на грците Обама и второ земјите од Еу им се умилкуваат на грците пред избори. |
| do jovan, 25.05.2012 16:57:40 | Pa skoro site nasi sosedi se vo NATO.Znaci opkruzeni sme od NATO i nema nikakva nadvoresna opasnost za nas.Belki ne mislis deka NATO bi ne napadnal so sosedite?Samo nacisticka Germanija gi napagjala onie sto ne sakale sojuz so nea,a NATO ne e takva,neli?Samo od nadvoresna opasnost NATO stiti,ne od vnatresna.Dobri odnosi so NATO da,no samo ako prestane da bara od nas promena na imeto. |
| Kire, 25.05.2012 18:16:33 | Za zal, precedniko e eden od promasenite pravnici od anticka makedonija, koi napravija lakrdija od presudata vo Hag. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
|
Вторник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
|