Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
24.05.2012, 18:53

Си велам

Кој кого нервира

Ерол Ризаов

Македонската античка сапуница најголема грешка на премиерот Груевски

Во веќе историското интервју за државната агенција МИА премиерот Никола Груевски, покрај веќе познатите фајтерски напади врз големите сили, Америка, Франција и Германија кои застанаа и на Самитот на НАТО во Чикаго зад Грција, отвори и едно друго прашање, при што ја направи најголемата грешка со македонската античка сапуница. Премиерот Груевски се обиде да даде одговор и за тоа кој кого нервира во грчко-македонските односи во врска со домашните критики упатени на адреса на Владата за поставување споменици во македонските градови на антички јунаци и преименувањата стадиони, патишта и аеродроми во Македонија. Суштината на неговиот одговор се состои: „ако ние ги иритираме, тогаш кој збор да го употребам јас за она што тие ни го прават....И не знам дали некој очекува да се смееме, да се радуваме и да ги поздравиме нивните чекори? Воопшто не размислувам дали ги иритирам се' додека тие ни го прават ова што ни го прават...“ Со тоа Груевски во лутина и бес со голема доза на инает ја призна политичката интервенција во науката.

Иако и досега беше јасно видлива улогата на политиката во потрагата по пославно минато и за нашето античко потекло, личното коментирање на овие прашања од страна на премиерот, прв пат на овој начин, ја покажува површноста и незнаењето во што, всушност, се впушти владината преродбеничка политика со антикоманијата во Македонија и задоцнетата ренесанса во архитектурата на главниот град. И во што се впушти самиот премиер кога со кафеански речник им се закани и на домашните и на светските критичари на новомакедонската античка преродба: „Се' додека врз нас се прави тоа, нека не очекуваат ние да размислуваме дали нешто ќе ги нервира на дневна основа...“

И сега кој кого нервира, а кој страда. Со овие ��мотивни и инаетчиски искажувања и особено со поставувањето на големиот споменик на Филип Втори во Скопје еден ден по чикашкиот Самит на НАТО, Груевски не можеше да им даде поголем подарок на грчката ултимативна политика, на грчките шовинисти и националисти. И обратно, не можеше да им испрати поголема нервоза, разочарување и врзување на рацете на македонските пријатели и поддржувачи во светот, но и во Грција и, се разбира, кај нас дома. Ако за човечките емоции и огорченост кон големите сили јавно искажани на премиерот по одлуката во Чикаго, кои целосно се совпаѓаат со чувствата на мнозинството македонски граѓани, може да се има симпатии, разбирање, па и оправдување за срамниот однос на големите сили кон мирољубива Македонија, која не претставува опасност за никого, тогаш токму ваквиот став кон потврдени историски вистини на еден политичар ги оправдуваат резервираноста на светот и стравувањата на Грција за кои еден дел од светската, научна и политичка јавност немаа разбирање и беа условно кажано на наша страна. Груевски со ваквите свои популстички и политички арбитражи на чувствителни научни и историски теми само ги ослабува позициите на Македонија не само во светот на политиката и интересите, туку и во научниот свет.

Не може да се очекува полтроните околу Никола Груевски кои чекаат национални пензии и амбасадорски места да го предупредат премиерот да не се залетува по научни прашања кои малку ги познава. Секогаш имало „дворски“ научници, писатели и уметници, некои од нив и многу славни, ама никако нема оправдување за нашите академици и универзитетски професори со високи научни звања и титули кои држат катедри на факултетите, а немо и кукавички со свиткан ’рбет ја гледаат сета оваа будалштина на која до вчера ни се смееше светот, а веќе и не' сожалува.

Има ли некој во оваа држава кој најдобронамерно, без јавност, без камери и микрофони ќе му каже на нашиот премиер Никола, синко, грешиш. Европа и светот цели пет века ја верглаат антиквизацијата на Грција. Најголемите научни имиња, не само во историјата, туку во културата, образованието, книжевноста, уметноста, архитектурата, медицината и политиката ја воспеваат Византија како среден век на Грција и колепка на европската цивилизација. Тој стремеж кон грчката античка култура се разбуди на Запад во времето на ренесансата и се' уште трае. Западните хуманисти отворија класични студии за Византија кои траат со векови. Темелите на грчката филологија, палеографија и историја се удрени на Запад. За историјата на Византија први сериозно се заинтересирале германските хуманисти кои повеќе векови работеле на расветлување на античката историја на Грција и, воопшто, на целата византиска култура и филозофија. Потоа следуваат цели корпуси научници од Франција, Холандија, Италија, Англија и, воопшто, од целиот Запад кој практично е задоен со еленизмот и Византија, со грчката антика која станува фундамент на целата европска култура. Проучувањето на целокупната историја на Византија и фасцинацијата со грчката антика, како што забележува еден од најголемите светски византолози Георги Острогорски, станува големо покритие на тогашните политички настани и конфесионални интереси како што се војните со Турците, унионистичките стремежи кај католичките поглавари и симпатиите во протестантските кругови на Европа кон антипапска и антимуслиманска и антиосманлиска Византија. Во тој океан на повеќевековно образовно, културно, политичко, национално и верско обликување на свеста на еден Европеец смешно, глупаво и тажно е да се спротивставуваме со балкански инает и со искомплексирана потрага по пославно минато од она што навистина го имаме и од кое не треба да се срамиме, туку можеме да се гордееме и пред Европа и пред целиот свет.

Големо покритие и поддршка имаме кај голем дел од научниот свет кој успешно докажува дека ниту Грција ниту која било држава настаната од поранешни империи има ексклузивно право на единствен наследник на целата античка историја и култура. Сосема друга приказна е формирањето современи национални држави во 18, 19 и 20 век меѓу кои е и македонската, која ништо што е научно и правно не може да ја оспори, ниту нејзиното име, ниту македонскиот јазик, ниту македонскиот национален идентитет. Еве ова треба да му се каже на Груевски од смел македонски научен авторитет, бидејќи тој не верува на добронамерните критики и согледби. И еднаш, конечно, да престанеме со скапите антички авантури и да се свртиме кон иднината. Со тоа никого умен не нервираме. Самите се закопуваме во античка прав наместо да тргнеме кон европската цивилизација каде што и припаѓаме отсекогаш.


Статијата е прочитана 4623 пати.

Испрати коментар



За Хаг како слеп за стап
Траен влог во македонската државност
Николиќ претседател, кој ќе биде премиер?



Nekogash bevme ludje, sega sme *patrioti*, 25.05.2012 00:01:47
Pochituvan Erole! Ochekuvav predhodnata kolumna da ja posvetite na seslovenskite prosvetiteli Kiril i Metodij, a deneshnata na tvorecot na SFRJ i drzavata Makedonija - Joshka Broz! Dlaboko sum ubeden deka se toa ludjeto koi go zasluzuvaat nasheto vnimanie i pochit, a ne Gruevski i negovite voini na konji i bez konji. Mislam deka treba na pomladite da im se objasni koj e koj i shto e shto. A vie, so svoeto znaenje, avtoritet i pochit, toa mozevte odlichno da go storite. Se nadevam deka slednata godina, da sme zivi izdravi, ke go storite toa onaka kako shto samo vie znaete, so silen efekt vrz svesta na mladite i za dobroto na site nas. Da bideme ludje, da se sakame i pochituvame, bez ogled na vera i nacija, onaka kako shto beshe nekogash, a ne *patrioti*- da se mrazime, tepame i ubivame, samo zatoa shto sme razlichni, dokazuvajki ja svojata tobozna superiornost. Vi blagodaram. Pozdrav!
jovan, 25.05.2012 00:34:29
Antikata mozeme da im ja prepiseme na Grcite (Aristotel, Homer....),no Vizantija se uste e *neispitana*. Samoto ime Vizantija e izmisleno mnogu pokasno i go oznacuva Istocnoto Rimsko Carstvo, koe mnozinski mozebi bile Grci, no imalo i drugi, kako na primer, denes i Srbite tvrdat deka se del od taa Vizantija i imale golema uloga vo toa carstvo, sto e i tocno. Isto taka Makedonskite dinastii imale ogromno vlijanie vo toa carstvo...itn. Vizantija vo denesnata istorija se vodi kako Grcka, no se poglasni se tezite deka Vizantija ne e samo Grkcka. Vizantija bila sostavena od poveke narodi,pred se Slovenite, i site dale svoj pridones vo toa Istocno Rimsko carstvo. Pogresno e Vizantija da im se prepise samo na Grcite.
читател, 25.05.2012 00:46:23
Јас сум се поубеден дека Груевски е инструмент за уништување на Македонија. Ме разочарува со ниската интелигенција (што ја продава како сплетки и итрини- модерно наречени маркетинг), но ме натажува тоа што нема никаков осет за се помасовните осиромашувања, стресови, болести кај народот - за што и те како е одговорен.
Potrebna e NACRT REZOLUCIJA na GS na ON za IMETO, 25.05.2012 00:47:16
Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategija na Igor Janev.Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za.
Mapkoc, 25.05.2012 01:45:50
Чуму повеќегодишно непродуктивно фокусирање на Груевски, со повторување на исти греови на овој, за жал, ефикасен макијавелист. Има ли и малку писмен човек во државата кој не знае дека неговиот „успех„ лежи во „пацифицирање„ на безмалку целокупниот државен апарат и другите сфери од животот на земјата. Ново ли е да е земјата до гуша во корупција, вклучувајки и „смели научни авторитети„ небаре без нив не се гледа да е царот гол. А што се однесува до светот кој поради „будалаштината„ (читај Скопје 2014) сега „не сожалува„, чинам дека токму од тој свет доаѓаат стотици клети милиони евра - за овој „проект„ и други нечесни цели. Ако тој свет и` сака добро на Македонија, нека ги затвори славините, нека ја стави нејзината номенклатура на мраз. Крајот на сатрапијата бргу би се насетил.
cane sokolovski, 25.05.2012 01:47:38
А јас веќе неколку пати реков-Комбинација на високи емоции и ниска мозочна моќ може да биде катастрофална по државата!
pameten, 25.05.2012 05:18:01
По прогласувањето на независноста Македонија преживеа, она што не преживеа ниту една друга земја во Источна Европа. Покрај тешката транзиција кон демократија беше оспорен и националниот идентитет, таков каков што тој беше дефиниран за време на СФРJ. Да разбереш вистината за себе, не значи да станеш некој друг. Но ако откажеш да ја прифатиш стануваш смешен. Формирањето на посебен македонски народ врз основа на дел од бугарскиот народ по многу притисoци во 20 век не е нешто од што треба да се срамиме. Но ово се окажа неприфатливо за мнозинството Македонци. И единствениот начин да ja отфрлиме реалната историја беше антиквизација. Груевски не е нејзин автор. Тој самиот е производ на очајното барање на некој божем длабок Македонски темел. И сега што? Не очекува или отрезвуваwe или катастрофа.
sime, 25.05.2012 06:28:16
So zadovolstvo gi citam kolumnite na Erol.,i tocno e deka ser raboti za balkanski inaetinaku vizantija kako imperija tocno e deka e vodena od helenisticka kultura no ne znaci deka e grcka posto nacii togas ne postoele. Seedno nasevo prisvojuvanje na antikata nema nikakva podloga sem imeto makedonski(Filip,Aleksandar...)a nie sme do usi sloveni.
B. Betinski, 25.05.2012 06:31:25
Me veruvam, g. Rizaov, deka ne ti e jasno deka majka na sekoja arogancija (calamenje po naski) e debelata inferiornost po site linii. A nasive na vlast se pluknati inferiorcin i ottamu nivnata nepodnoslivo prostacka retorika koja, vidi cudo, se lepi mosne dobro vo svesta na obicniotoi svet (glasacite). Zosto e taka? Ima dobar odgovor i za toa. Pravilo e, vo psiholgijata na masite, ogorcenosta i gadostite da izleguvaat od nekogo na visoka funkcija so koj se identifikuva taa masa, za da izbegne bilo kakva posledica od toa sto go tropa. Se raboti za kukaviclak? Da, no ne moze da se ocekuva od lugje koi odvak prezivuvaat da se nafrlat na herojski podvizi kako, na primer, da gi nabrkaat so kloci svoite zabegani vozdovi.
koki, 25.05.2012 07:09:40
А јас прашувам што направи за овие 6 години Премиерот и да е на место??????? Кажите ми само еден пример??????? Што значат последните циркуси кај Папата???? Па сега веќе не прекрсти во Мајка Тереза.........
nato-jato, 25.05.2012 08:10:14
Zaklucivme deka nerviranjeto megju Grcija i Makedonija e obostrano, samo naseto nam ne cini tolu mnogu i pari i se sto se granici so mazohizam...
Историчар, 25.05.2012 08:17:31
Ероле ти си историчар и добар новинар. Но треба да знаеш дека терминот Византија непостои (подоцна е наметнат), тоа е Источно римско царство (од 395 г.). А за името Грк во друга прилика. А за Грција која непостои долги години да се каже дека е лулка на демократијата е најблаго речено глупо. Таму каде што има робови од една и робовладетели од друга страна, неможе да стане збор за демократија. Велиш поткрепа од големи научници: па зар англичаните ли се пример за демократија? Одеа со три брода и носеа робови, Црнци како стока за сопствени потреби? Зар Америка која некако 70-тите години го амортизираше апархејдот (посебни кина за белци, самопослуги, автобуси и сл.)За нив ли говориш. Не е едноставн��, ни историјата на Острогорски. А за името Грк во друга прилика.
Veselin, 25.05.2012 09:11:36
Erole.Dosta so antikvizacija.Stalno te prasuvam da kazes ,dali vo komunizmot bese dozvoleno baranje bliskost so ant.makedonci?Jovan,od 92 atinski filozofi,dali 10 bea grci.Nekoi ne go znaeja dobro grckiot.Kako negrci plakaa danok,a i bea ubivani,kako i Aristotel(toj e makedonec).A Erol dali nekogas go postavil prasanjeto za nevideniot genocid i etnicko cistenje po grckata okupacija vo 1912-3.I od 90% starosederlci negrci,denes nema ni eden Makedonec,Evrein.Turcin,Vlav,nieden negrk!!!A nie sme gi iritirale so iminja i spomenici!Sramota od tebe.Sto covek si ti.
Stipjanec, 25.05.2012 09:11:58
Erole, toa sto go kazuvas toa e Vistinata, toa e Naukata, toa e Istorijata, takva kakva sto e, ni se dopagala nam ili ne. Za ova imaat pisuvano mnogu strucni luge, ama toa ne dopira do usite na patriotite-Makedonci. Ni mene ne mi e jasno zosto (naj)ucenite-akademici, profesori, istoricari, novinari, intelektualci ne go dignat svojot GLAS, i da se sozdade kriticna masa, koja ke stavi ednash kraj na ovie BUDALASTINI! Nikoj ne ni e kriv, Trpe i Trajce, makedoncinja poznati otsekogas po nasiot genetski kod-da ne se zamerish so Vlasta, a so toa ke si imas miren son i mozebi nacionalna penzija, dodatok na Akademijata, drzavna nagrada itn. Pa dobro, koga sme trgnale po toj pat, ajde togash nasite t.n Akademici, neka ja valoriziraat NAUCNO naukata na Milenko, Mirka, Bumbarkata, Dr. Latas, Markus, Iljov, Belcev i dr. So toa ke mu dokazeme na SVETOT deka sme kreativci i originalni vo naucnata metodologija!
ФЕЛИКС, 25.05.2012 09:28:17
Тоа што премиерот со паралели се обидува да му најде алиби за непродуктивното споменичарство во овие ,,волнени ,, економски времиња може да се подведе под ,,премиерот е во многу криво,,кон она што е во право кога ни го кажа тоа што ние сите го знаеме и неодобруваме околу лецемерното сваќање и практикување меѓинародни правни норми.Нервирањата ги има доста,па така се ,,нервираме,, постојано кога ќошевидно аналитички се нема став како тоа да се реши проблемот со името а се критикува друг од познати причини.Па се ,,нервираме,, тоа да се криткуваат партиски ставови а политичкиот критичар постојано одбегнува да ги пласира своите ставови (лидерот-илузионист)Нервира кога професионалниот едукативен бекграунд е подреден на политиканство и понизност кон меѓународниот фактор(професори по правни науки)Има други нервирања со пласирање двојни и тројни аршини кон една те иста работа но нема простор за опсервација.
Mark, 25.05.2012 09:38:13
Niedna vlada, nieden lider do sega ne ja nickosal olku Makedonija! Vakva beznadeznost, apatija, masovna opstestvena i licna nesrekja makedonskoto opstestvo nema doziveano, ni vo Jugoslavija ni ovie 20 godini samostojnost..Go izgubive pravecot, gi izgubivme prijatelite, se izgubivme megjusebe! Gruevski od nadezen mlad lider se pretvori vo grobar na nasata i idninata na nasite deca..Eden tesen krug ukrade, sobra se sto imase da se sobere, a nam sto ni ostanuva - da zivurkame, da se mrazime i da gi mrazime sosedite, NATO, Evropa, Amerika..i da, da primenime strategija na Igor Janev i David Coperfild :-)))
Богомил(ец), 25.05.2012 09:41:35
Лесно е да се мудрува и се добива впечаток дека сите се поразумни од премиерот и од претседателот па и сите други кои согледале дека Грција, откако го почна овој апсурден спор со Македонија, си ги стави двете боси нозе во една чизма, па сега нема друг избор освен да оди докрај со роговите во ѕид. Светските моќници од чисто стратегиски побуди стојат зад Атина, а не поради некакви правни или принципиелни аргументи. А Филип, Александар и именувањата на аеродроми и патишта дојде потоа. Сите дробите зборови, а самите знаете дека нашата минорна бројност, економска ништожност и воена маригиналност е единствениот мотив поради ирационалните игри, закани и притисоци кон нашата земја. Грк, господо, не е нација, Грк е професија. Главно-трговска.
Razumen toa ce go svati no b... nikogas., 25.05.2012 10:40:53
Erole ! Pisuvas razumno i pametno,no za kogo?Nekoi ednostavno ne mozat ili ne sakaat da ja svatat vistinata.Sovremena Evropa lezi na tri fundamenti:Grckata kultura, rimskoto pravo i hristijanskata religija.Dovolno e da se pogledaat svetskite enciklopediii i priznatite svetski istoricari sto pisuvale,pa da svatime deka sme vo edna sizifovska rabota na menuvanje prifateni istoriski soznanija vece Vizanticite se narekuvele Romei i se smatrale sebesi za eden vid nasledenici i prodolzuvaci na starite anticki Elini.Duri i mocniot Rim ja prifatil hellenskata kultura i imal izvesen kompleks vo odnos na nea.Site obrazovani rimjani go zboruvale grckiot jazik.Da se vratieme vo vremeto na Bajron, a pokasno Jejts ,Eliot koi pisuvale tvorbi za Vizantija kako lulka na evropskata kultura i tradicxija.Pa site znaeme deka pod pritisok na Evropa, Grcija bila oslobodena. No sto da se pravi koga nekoi uporno sakaat da menuvaat nesto sto ne e mozno.Istorijata za nacionalistite e kako afionot za heroinot.
девер, 25.05.2012 10:54:50
После шест години катастрофална политика, теоријата дека премиерот има погрешни советници е неодржлива. Овде се работи за свесно разнебитување на земјата. Со уништување на досегашниот македонски идентитет и дестабилизација на земјата, премиерот и тие околу него сакаат да ги сокријат трагите на еден досега невиден криминал, кој еден ден ќе излезе на виделина. Македонија е економски на колена, надворешно-политички изолирана и без долгорочна алтернатива како ќе преживее. Трагично е што и тие малкумина интелектуалци што останаа овде, се заплашени или корумпирани од власта а со тоа не постои сериозен отпор на ова безумие за кое сите еден ден скапо ќе платиме.
Коста Стоименовски, 25.05.2012 11:03:37
Веднаш по осамостојувањето на Македонија, внимателните аналитичари на состојбите во државата, можеа да забележат дека некои мак. медиуми најавија дека ќе се случи она што се случува сега. Тогаш јавно реагирав со апел до МАНУ да излезе со став дали сме Словени или потомци на античките Македонци. МАНУ не реагираше на мојот апел. Само човек со државнички, политички, но, и интелектуален дефицит може да се занесува дека ќе може да внесе корекции во светската историја, без оглед на грешките, недослед��остите, па и глупостите во неа! Во повеќе наврати предупредував дека Македонија со антиката си забива трн во здрава нога и дека не може да се однесува како да има најмалку 10 атомски бомби! Но, за жал,инаетот е поголем од паметот!
МИЛАн, 25.05.2012 11:21:26
Оваа расипничка влада дозволи еден болен т.н.археолог Паско да заведе цела држава и цел народ, да промени историја, да не скара со цел цивилизиран свет и да покуша да промени се . Можеби е намерно со цел да се исперат од поединци милиони народни евра ?
Mudrec, 25.05.2012 11:25:16
Erol see magla kako i sekogash. Zaednicko za Aniticka Makedonija i Vizantija e dominantnata grcka kultura vo tie imperii. Toa e normalno znaejki deka grckiot jazik so vekovi bil kako denes angliskiot. Sepak, dominantna kultura ne e ednakvo na dominanten etnos. Da zememe primer od pobliskata istorija - SSSR go prosiril ruskiot jazik niz centralna Azija i gi asimiliral tie narodi do stepen da i denes tie ne go znaat svojot originalen jazik, tuku zborat ruski. Dali se site narodi Rusi? Asimilacijata ja izvrsil Stalin, no i toj ne bil Rusin. Osven ova, kako nemame vrska so anticka Makedonija koga arheoloskite pronajdoci go pokazuvaat sprotivnoto?
Vineam Makedonski, 25.05.2012 12:29:52
Erole samo so edno se slozuvam so vas a toa e , ,temelite na grckata istorija se udreni na zapad onaa so verglanje 5 veka ne e tocno zatoa preispitajte go toa sto go imate napisano i ke dojdete do mnogu interesni podatoci kade i vo koja kafane se sobrale zapadnjacite i pocnale da pravat falsifikati...informiraj se i napisi nekoj dobar tekst za toa ....
Внимателен читател, 25.05.2012 12:43:48
Авторот пишува како Европа со векови ја тертира Византија како грчки среден век. Тоа го вика европска антиквизација на Грција. Ерол укажува дека таа повекевековна создадена свест кај европеецеот тешко кожеме да ја смениме со инат и со политички стимулации во потрага по пославно минато. Инаку авторот повеќе пати досега како и во овој текст укажува дека голем број научници не ја прифакаат тезата дека Грција е единствен наследник на античката историја и култура. Ерол во многу текстови укажува на тоа дека Источното римско царство е културно наследство на голем број држави, Империја која подоцна историчарите ја нарекле Византија. Феликс има партиска задача да го навредува и омаловажува авторот. Ставот на Ризаов околу името досега е објавен најмалку стотина пати. Последен пат во среда „Грција на чистина“, ама Феликс од реакциите на сите текстови со критика на ВМРО ДПМНЕ заборавил дека и на тој текст реагирал така е кога работи по партиски нарачки.
Ероле, грешиш, 25.05.2012 13:13:56
За жал Ероле. изгледа не можеш да ги разбереш потезите на Груевски.
feliks pak treba da crvenee od sram, 25.05.2012 13:35:05
feliks pak treba da crvenee od sram
respekt, 25.05.2012 14:27:10
Кој кого нервира и на кој повеке му се гади? На Груевски од големите сили или на народот Македонски кој катедневно поминува со празен стомак и без иднина, покрај куп споменици,жални врби и триумфални глупости Процените сами. П;С. Ова не важи за ДПМНЕ-вските ,,труби,, тие одамна немаат ни осет ни чувства.
canberra, 25.05.2012 14:47:28
Pred nekoja godina napisav i gi povikav akademcive da progovorat na temava, ne mi e jasno zosto se uste kutat . Dozvolija Pasko da se igra so cela nacija...
Vangel, 25.05.2012 15:33:16
Koj smel makedonski naucen avtoritet da mu kaze na premierot, Pasko, Risteski ili arhitektot Bozinovski. Cesnite i smelite se daleku od negu.
do neinformiranite, 25.05.2012 16:33:25
Se pokaza dokumentot od 17 vek od arhivata od Vatikan kade sto pisuva deka i togas imalo Makedonija i Makedonci koi bile razlicni od drugite narodi.Se pokaza i dokumentot od 19 vek od arhivata od ruskata prestolnina Moskva kade sto jasno pisuva deka togas Makedoncite se izjasnuvale deka se Makedonci i deka zboruvaat makedonski jazik.Toj dokument vo Makedonija go donese ruskiot minister za nadvoresni raboti Lavrov.Zatoa ne e tocno deka vo 20 vek se sozdale Makedoncite.Dokazite pokazuvaat deka makedonskiot narod e star so vekovi.Istocniot sosed mora da priznae deka Makedoncite sekogas bile samo Makedonci inaku katastrofata moze da bide tamu kaj niv.Znaci tamu vo istocnata sosedna drzava treba osvestuvanje i prifakjanje na realnosta.
tihi, 25.05.2012 18:07:35
Dali jas kako sloven ,smeam da se narecham Makedonec ,koe patem ima antichki koreni ,i moeto ime da bide Aleksandar.Ili spored avtorot ne smeam da go pravam toa ,zatoa shto komshijata se iritiral.Ako odgovorot e deka nikoj nemozhe toa da mi go zabranuva ,stvarno ne mi e jasna vashata opsednatost so antikata.I vo chii edra vie duvate.
do tie, 25.05.2012 18:14:18
Site tie koi veruvaat vo suludata aktikvizacija na mk se vsusnst zafateni od istoto ludilo koe go upropasti germanskiot narod so sizfreniot hitler na celo.
M, 25.05.2012 19:07:35
Do Mudrec, Erol see magla kako i sekogas?!?!?!?! Da ne see magla nekoj drug a Erol se obiduva da ja rascisti? Dali arheoloskite pronajdoci i narodot koj denes zivee na taa pocva mora da ja potvrdat teorijata za vrskata na denesnite ziteli so antickite. Zarem se Turcite anticki Grci zatoa sto na nivna teritorija ima ogromen fond na arheoloski pronajdoci od antickoto vreme? Zarem se Peruancite Inki zatoa sto tamu se pronajdeni ostatocite na gradbite od toj isceznat narod? Mudrecu,obidi se i drug pat da ne ubedis vo svojot stav ,no pomudro!
Mike-London, 25.05.2012 19:35:14
Prativ prethodno komentar,ama ne go objavivte,i ovaj pat nema da go objavite,ama jas da si go iskoristam moeto pravo na sloboden glas i mislenje od ovde od UK,znaci pak,urivanje na ovaa tiranija na DPMNE e samo preku gragjanska vojna so niv,ne postoi nikakva sansa za demokratsko urivanje na istite,ili pak nezamislivo za niv e deka ke dadat ostavki,tie se infiltrirani sekade,vladeat so strav i tiranija,toa zapad go gleda i zatoa ne drzat nastrana od site organizacii,se dodeka ne padnat DPMNE.A vakvi gnidi kako FELIKS,DEVICANECOT i mnogu drugi koi se plateni so narodni pari i kisnat pred kompjuteri i sirat dezinformacii i propaganda,takvite GNIDI treba da se zgazat. Znam dka komentarov e malku otpoveke vulgaren i deka nema da go objavite ama pak,jas sakam da si go iskoristam moeto slobodno pravo na glas i mislenje,znaci MKD narode vreme da se svestite i da se dignime na vojna protiv ovaa diktatura i tiranija,pozdrav do Utrinski,seuste ve citam i seuste ve pocituvam!!!
wd40, 25.05.2012 20:34:47
Gi citam kometarive i si mislam ova komunizmot napravi idiot od nekoi luge....Da postojat luge koj mislat deka Tito ni dade drzava i potpagaat pod prikaznite deka grcite go sozdale antickiot svet e smesno...Pa do 1821 ne postoele Grcka drzava pola od nivnotot segasno naselenie e od Mala Azija (MADJIRI) i tie da se smetaat da naslednici na nekoe pleme od Sparta e interesna
Зевзекмен, 25.05.2012 21:48:49
ај видете колку споменици и преименувања направија во Грција на Александар во последните 20 години ?? Едино што барем досега не прават споменици на најголемиот непријател на Елада, Филип...мислам дека поставување на таков споменик во Солунскиот регион би довело да внатрешна нетрпеливост помеѓу Атина и Солун (.. барем уште 10-на години, додека не го исперат мозокот на младите грци) ... а има 101 причина, Солун има земјоделие и ндустрија, Атина само бирократија и креира долгови
evro-makedonec, 25.05.2012 22:38:21
Bravo Erol, ja kazuvas vistinata, no kako ke te razberat glupacite kako MUDREC.
goran, 25.05.2012 23:06:05
Erole, mesto da mlatish prazna slama protiv premierot kako i obicno, sekoe sabajle razbudi se i prasaj se: a sto jas, Erol, napraviv vcera i ke napravam deneska za Makedonija?? Mislam deka mnogu poubavo ke se cuvstvuvash vo dushata, otkolku vaka celiot ispolnet so jadovi i gorchina
Горан, 26.05.2012 08:36:57
Ероле, ми се чини дека ти си поопседнат со антиката отколку Груевски, Паско и сите други заедно... И дај смени ја веќе темата, оти како фељтон да пишуваш! Стануваш досаден...
Лукав, 26.05.2012 08:43:36
Мудрецу , можеби ти , како Словен , имаш антички , но поголемиот дел од народот веќе нема ни обични корења за јадење! Прејди на лук , поздрав е!
baram moe mesto pod sonceto, 26.05.2012 09:29:50
e jas sum postar covek i veke 50 godini me ubeduvale deka sum star Sloven..sto i ne mi precelo ama ima li nekoj istoricar ili nekoja umna glava da mi odgovori na krucijalno prasanje pocituvan gospodine Rizov ..nasite prosvetiteli Kiril i Metodi osven sto se zanimavale da ja opismenat togasnata balakanska orda sto bile tie ..Sloveni Stari Makedonci Grci Heleni Denesni Makedonci ili Marsovci koga ke dobieme odgovor na toa ke vidime i samite kaj ni e mestoto..a i na Vas Erole so nas....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Обла��но

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 12°C

Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |