24.05.2012, 19:46 Во Чикаго со погрешна стратегија
Во меѓународната политика, аргументот на интересот е посилен од аргументот на правото, вели поранешниот прeмиер Владо Бучковски
Горан Адамовски
Господине Бучковски, зошто Македонија и премиерот Груевски, беа затечени од одлуката на Самитот во Чикаго, кога беше јасно дека нема да бидеме на дневен ред?
Според моја проценка, очигледно е дека во последните неколку месеци, државниот врв, далеку од очите на јавноста, се обидуваше да издејствува поповолен заклучок од овој што го имаме. Мислам дека затеченоста не е од тоа што не добивме покана, туку од тоа што НАТО го игнорираше нашиот најсилен адут. Никаде во завршниот документ не стои Хашката пресуда, која би отворила потенцијална можност за Македонија да се бара излезно решение во условно речено безизлезната ситуација во која се наоѓаме. Мислам дека сигналите, кои сега јавно ги испраќа ДУИ, а кои говорат дека не ни помислува за евентуално напуштање на Владата, се дека со дополнителни напори ќе се обиде да го промовира принципот на фазно решавање на спорот. Да добиеме можност додека трае ратификацијата за евентуално членство, да го најдеме спасоносното решение, односно компромисната формула. Тоа, пак, говори дека онаа силна активност и лобирање, бројните посети, кои ги направија министерот за надворешни работи и за одбрана, одеа во правец да најдеме спас од она што изгледаше дека е цврста и непоколеблива позиција на НАТО, така што тука ја барам затеченоста.
Сметате ли дека по Чикаго уште повеќе е нарушена меѓународната положба на Македонија?
Мислам дека премиерот Груевски многу вешто се обидува овој неуспех на меѓународен план да го претвори во успех дома. Убеден сум дека интервјуто кое го даде, треба да му создаде предност, за која верувам дека е подготвен да ја валоризира дури и на евентуални предвремени избори. Лоцирањето од негова страна дека има легимитет кажува дека Груевски ќе биде непоколеблив во неговиот став да продолжи и натаму да игра тврдо во поглед на евентуалниот компромис. Во моите анализи, би отишол и чекор понатаму, сметам дека не случајно и во вторникот беше поставен споменикот на Филип Втори. Тоа е една стратегија, која тој ќе ја користи во ситуација кога очигледно кај просечниот Македонец постои горчина од начинот на кој НАТО се однесува кон Македонија и мислам дека намерно стимулира да проработат повторно емоциите, а не да бидеме рационални. И наместо ова што ни се случи во Чикаго да биде отрезнувачки, и да значи подавање рака кон опозицијата и воопшто кон македонската јавност за преиспитување на нашите позиции, тој се решава да игра офанзивно. Сметам дека неговиот офанзивен пристап е насочен, не само кон СДСМ, туку има и употребна вредност и внатре во коалицијата.
Има ли судир во државниот врв или станува збор за вешто одбрана тактика?
Мислам дека секој вешто игра за да го подобри својот имиџ. Договорено е секој да собере поени поени. ДУИ со тоа што повторно ќе говори дека има решение од оваа безизлезна ситуација, веројатно ќе се обиде повторно да биде рационалниот елемент во Владата. Од друга страна, прозивката на Иванов, сметам дека однапред е дел од стратегијата, затоа што е очигледно дека и начинот на кој во изминативе три години функционира релацијата Претседател на Влада - Претседател на држава, секогаш го става претседателот да биде во функција на остварување подобар рејтинг, пред се' на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.
Очекувате ли сега поместување на внатрешно-политички план, веќе има барање за формирање техничка влада?
Според мене, евентуалното заговарање на техничка влада е нереалност. Формирање на ново парламентарно мнозинство е исто така еден проект, кој наместо да ја води Македонија кон решение, дополнително би ја дестабилизирала. На секој објективен набљудувач на актуелната политичка ситуација, му е јасно дека Влада, во која не би партиципирала најголемата партија според бројот на пратениците во парламентот, не е патот до евентуалното решение. Повеќе верувам во варијантата дека евентуални предвремени избори може да бидат актуелни само во случај ако СДСМ и опозицијата имаат поголем број освоени гласови од ВМРО-ДПМНЕ и неговата коалиција на идните локални избори. Се' друго што се заговара да се прави во пресрет на локалните избори, сметам дека оди во прилог, повторно на стратегијата која ја има изградено ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека повторно го навлекува и СДСМ на теренот каде што смета дека е посилен, а тоа е пак да пребројуваме кои се патриоти, а кои предавници, и кој по секоја цена сака да влезе во НАТО, а кој пред да се влезе во НАТО се бори за идентитетот и за достоинство.
Какво е Вашето мислење во однос на перспективите за влез во НАТО, дали тие се долгорочно блокирани?
Мислам дека многу ќе биде битно во Македонија да почнат сериозни разговори меѓу власта и опозицијата за градење на нашата позиција во пресрет на формирањето на новата грчка Влада. Ценам дека сето ова што се случува кај нас не ни оди во прилог. Ние мора прво да постигнеме компромис овде, па преку посредникот Нимиц и најмоќниот наш сојузник САД да го наметнеме ова прашање меѓу приоритетите на новата грчка Влада, која, независно кој ќе победи, ќе биде преокупирана со економската криза. Се согласувам со некои аналитичари, кои велат дека ако очекуваме ние со Грција да најдеме заедничко прифатливо решение, тоа никогаш нема да го направиме освен ако тие немаат пристисок, пред се' од Американците. Ние мора на нашиот најверен сојузик да му понудиме стратегија, со која дефинитивно ќе ги исцртаме црвените линии.
Но, денешната слика не оди во прилог на ваквите очекувања...
Јас имам впечаток како да не сме подготвени да излеземе со наша формула, што е она што за нас би било прифатливо и каде се македонските црвени линии. Очигледно дека ние не можеме да го промениме системот кој функционира во ЕУ и во НАТО, тоа е принципот на меѓусебна солидарност и носењето конзенсус за вакви стратешки решенија.
Треба ли некој да понесе одговорност за оваа блокада на патот кон евро-атланските структури?
Адутот на кој што игравме дека со Хашката пресуда ќе го анулираме заклучокот од Букурешт, и во НАТО ќе влеземе со привремената референца, очигледно беше погрешна стратегија. За тоа треба да има преиспитување на евентуалната одговорност, како што тврдам дека во 2008 година, имаше сериозна одговорнос�� на власта и на сите оние кои што ги имаа информациите, но не ги анализираа соодветно. Не сфаќаме дека иако Хашката пресуда оди во наш прилог, за жал, во меѓународните односи и во меѓународната политика, владее правило, кое што нашите не сакаат да го прифатат, а кое вели дека аргументот кој почива на интерес е посилен од правните аргументи. |
|
Статијата е прочитана 3738 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Prvo treba da sredime rabotata vo New York, 25.05.2012 00:49:43 | NACRT REZOLUCIJA
Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g,
Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON,
Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat,
Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, ,
i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina,
Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON,
Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS, nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
|
| pile, 25.05.2012 01:18:07 | .. за жал, во меѓународните односи и во меѓународната политика, владее правило, кое што нашите не сакаат да го прифатат, а кое вели дека аргументот кој почива на интерес е посилен од правните аргументи.(V.B.) Skoro sekoj poranesen diplomat ja zastapuva ovaa teza, a koj veli deka ne e, i toa od znacaen interes na NATO Alijansata R.Makedonija da bide polnopravna clenka, a vo konkretniot slucaj pravniot argument se poklopuva so argumentot na interesot,kako za Alijansata taka i za regionot vo celina.Inaku narusuvanjeto na megjunarodnata pozicija na R.Makedonija kako rezultat na takticki pristap za dnevno politicki poeni vo minatiot period a posebno so javnata blamazja na Makedonskiot Premier od sodrzjinata vo intervjuto,neposredno pred Samitot vo Cikago,nabrgu ke bide evidentno i nema da mozje nikakva aktivnost na vnatresen plan kreiran od Vladata da go prikrie i toa od tradicionalnite prijateli na R.Makedonija.A ocenkite za nivoto na demokratskite vrednosti na vnatresen plan veke gi s
|
| B. Betinski, 25.05.2012 06:19:27 | Sto ima bre, Bucko, da zalis zatoa sto, vo megjunarodnite odnosi, argumentot na interesot bili sekogas posilen od argumentot na pravoto? Pa se zna mnogu dobro deka sekoja edinka (naciite se slika na edinka!) e napravena od dve raboti: sovest i interesi. Megjtoa, vo krizni situacii, koga doagja do konflikt megju sovesta i interesot, sekogas pobeduva interesot. Ne mora Grujo da go znae toa, ama ako go znae, togas igra na kartata viktimizacija. Imeno, edinkata, a i narodite, cesto uzivaat vo toa da bidat zrtvi na drugi, so sto seta odgovornosta za svojata mizerija im ja prefrlaat na tie - drugi! Taka stojat tie raboti i tuka nema sto dase zali. |
| ФЕЛИКС, 25.05.2012 08:05:38 | Тоа што го говори г-дин Бучковски да ,,аргументот на интересот е пред аргуменотот на правдата,, не е ништо ново ни непознато.Но пречи не реагирањето со критички осврт на сето ова изместено а утврдено однесување. Пречи исто така кога професионалниот-едукативен бекграунд се подведува на политичко гледање на работите.Недозволиво вакво однесување на едукатор по право и примена на правото.Како ќе веруваат оние кој се едуцираат во наученото ако правото е во ластк форма, оти мускулите го креираат а не правилната применливост.Можеби и од тука произлегува нашиот однос кон домашното правосудство.Политички интереси креираат судски одлуки плус непочитување на правото,исто како и непочитување на меѓународното право на политичките светски снагатори.Разликата е во критикувањето, дома може да се критикува политиката во судството а никако истото тоа во меѓународното политичко влијание врз правото и неговата примена. |
| Gargamel, 25.05.2012 10:06:12 | Argumentot na imteresot e pred argumentot na pravdata,da gospodine Buckovski,vi veruvam,zatoa sto so licen primer toa i i go pokazavte i potvrdivte na makedonskata javnost,drzava i narod.Blagodarejki na takviot profesionalen priod vo resavanjeto na drzavnite problemi i raboti,koga bevte vo pozicija na premier i minister dozvolivte segasnava garnitura na tender-biznis-kriminalci da javodi drzava,pozestoko,bez skrupuli vo bezdnata na siromastijata i izolacija.Vasite resenija za opkruzuvanje so maalski drugarcinja,skolski,svalerski strucni garnituri vi ovozmozija da se spomenuvate vo konteks so Isnifaris,tenkovski delovi,prodazbi na kasarni ....Argumentot na interesot ja odnese Makedonija vo propast za sto ne mozam vam i na SDSM da vi prostam.Vie gi donesovte ovie na vlast,da. |
| Bucko, toa go znaat i tvoite brucosi, vo prasanje e nesto sosem drugo, 25.05.2012 11:57:30 | Buckovski kako profesor na PF ni kazuva nesto sto sekoj tret sekretar vo nasite ambasadi, a i sekoj brucos na tehnickite fakultet a kamoli na PF, go znaat. E, e Bucko, izgleda zivees uste vo svetot na rimskoto pravo, no Bucko, po 199o godina se slucija raboti kade sto e narusena svetskata ramnoteza na silite, i Amerite stanuvaat svetski policaec za koj OON se edna institucija koja ja pocituvaat koga im treba samo nim. Nego za drugo se raboti, SAD imaat dolgorocni geostrateski interesi na Balkanot, vo cie ostvaruvanje za niv se edinstveno lojalni partneri albanskata nacija i zatoa se e podredeno na albanskata kauza, a za taa da bide do kraj realizirana, Makedonija mora da bide obezlicena so Makedonci ne kako nacija tuku kako etnicak zaednica ramnoptavna so romskata, vlaskata, srpskata a da ne zboruvame za albanskata. Za 20 godini SAD imaat bamera da sozdadat federacija Kosovo makedonija, ete toa e sustinata. |
| Interes i nishto drugo, 25.05.2012 12:00:02 | Bule, ke ti se nalutat patriotite, a shtotuku te zedoa vo zashtita. No bez ogled na toa, dobro e da im objasnish deka nashiot glas i glasot na USA, GB,D,F i nim slichni, apsolutno nema i ne moze da ima ista tezina. Toa shto proklamiraat ednakvost i formiraat razni sudovi za tobozni (ne)pravdi e samo machkanje ochi i nishto drugo. Realnosta e onaa shto ni se sluchuva vo Bukuresht, Chikago ili Brisel, a ne Hag. Mladi se, namesto znaenje i odgovornost, poseduvaat brzopletost,inaet i prkos, pa tvojata pomosh dobro ke im dojde. Vo taa namera ke te podrzi i SDSM. |
| maks, 25.05.2012 13:37:21 | za zal site sme svesni deka na ovaj problem nema reshenie , samo sekoj sekogo napaga bez razlog. a shto sme nie ako nesme makedonci i ziveeme vo makedonija ...... |
| Ljupco, 25.05.2012 14:44:14 | Bravo za Bucko-Otkri topla voda. Pa uste i intervju dava za toa..... |
| Zarko, 25.05.2012 15:00:55 | ....за жал, во меѓународните односи и во меѓународната политика, владее правило, кое што нашите не сакаат да го прифатат, а кое вели дека аргументот кој почива на интерес е посилен од правните аргументи.
E pa ti togas zosto si se uste profesor na praven fakultet? Kako li im e na studentite na praven fakultet sega posle ovaa tvoja izjava? Zosto se napraveni togas site zakoni, domasni i megjunarodni? Spored ova izleguva deka se napraveni samo za nemokjnite i siromasnite, neli? Bravo, Buckovski, sampion si! I vo analizata na prvoto prasanje vo ova mini intervju strasen si. Cista petka! |
| девичанецот, 25.05.2012 16:19:21 | Бучко целиот живот си го протера со погрешна стратегија. Но најголема грешка е што извесно време беше премиер со погрешна стратегија за целата Македонија. |
| do novinarkata i Buckovski, 25.05.2012 16:47:58 | Zosto treba nekoj vo Makedonija da podnese odgovornost?Zatoa sto ne go dava imeto i ne saka obezlicuvanje i zatoa spored vas treba necija odgovornost?Sekoja vlast od normalna drzava ne bi go prifatila ona sto se bara od Makedonija.Opozicijata so nejzinite antimakedonski stavovi samata si steti. |
| Od daleku: Bravo Feliks..., 25.05.2012 16:50:55 | Mnogu trezven i dobar komentar na Feliks. Iako cesto pati negovite komentari ne im se dopagjaat, ovoj pat moze samo da go pozdravam- Rem accu tetigisti! |
| Ivan, 25.05.2012 18:09:45 | A dali sme se zaprashale so vashata strategija do koe nivo dojde makedonija ?! |
| e, 25.05.2012 20:42:19 | Znaci kolku sto jas razbiram vie Gospodine Buckovski predavate lagi na Praven Fakultet ... Ako argumentot na silata e toj sto preovladuva togas sto ke se sluci ako jas vlezam kaj vas na ispit i vi vrzam dva shamara i vi recam tuka vladee zakonot na pojakiot pisi 10 ....E moj profesore na krajot sekogas pravoto pobeduva .... |
| Кадавер, 25.05.2012 21:40:21 | има само едно критериум по кој НАТО прима членки :
-стратешки важна геоположба
-користенје на жива сила ѕа операциите на НАТО... по однос на првата клаузула сме на дното на интересот бидејќи сме опкружени со НАТО а немаме ни излез на море. Треба евентуално Русија да направи база во Ниш и да ни понуди воена соработка па НАТО да се заинтересира.
По однос на другото како мала држава сепак сме минорни, па и да се повлечеме од НАТО операциите нема да осетат...
Но и овој статус не е лош, надворешни проблеми нема, постојат само внатрешни борби ѕа власт и внатрешни проблеми а се тоа не е ингеренција на НАТО |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Облачно
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 12°C
|
Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
|