Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.05.2012, 10:50
Реакции на Германија, Шведска, ЕУ и Русија за победата на Николиќ



Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле, по повод претседателските избори во Србија и победата на Томислав Николиќ изјави синоќа дека е одлучувачки земјата да остане на европскиот пат

- Одлучувачки е Србија да остане на проевропскиот курс, истакна Вестервеле и додаде дека победникот на изборите ќе има голема одговорност во таа насока.

Шефот на германската дипломатија му се заблагодари на досегашниот претседател Борис Тадиќ за „неуморното дејствување за српскиот пат кон Европа“.

Министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билт оцени дека Белград со Томислав Николиќ на чело треба да покаже јасна подготвеност да ги продолжи европските инте��рации и помирувањето во регионот.

- Србија на чело со Николиќ мора да изгради доверба во својата подготвеност да се движи кон Европа и партнерството во регионот, оцени Билт во својата порака, објавена на Твитер.

Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија Венсан Дежер му честиташе на лидерот на Српската напредна партија за победата и порача дека пред новиот претседател стојат одредени предизвици, но оти Унијата е подготвена да соработува со него.

- Му честитам на Николиќ за изборот за претседател на Србија. Им честитам на граѓаните на демократските и конкурентните избори на 6 и 20 мај. Ова е добра вест за демократијата и стабилноста на Србија, рече Дежер.

Според него ЕУ е свесна дека граѓаните имаат многу очекувања посебно на економски план и оти постојат одредени предизвици.

- Но од големото значење е што е можно поскоро да се формира стабилна влада, како и Парламент, односно институции, кои ќе се соочуваат со тие предизвици, рече Џезер.
Според него едно од клучните прашања на кои мора да се работи е продолжување на помирувањето во регионот.

- Србија неодамна доби статус на кандидат за членство во ЕУ и би сакале да продолжиме да се движиме по тој пат, заедно со Србија, Николиќ и новата влада, додаде тој.

Амбасадорот на Русија во Србија Александар Конузин изјави дека официјална Москва со почитување се однесува кон изборот на српскиот народ и порача дека руско-српската соработка има сигурна иднина.

Конзун истакна дека во Русија внимателно го следела развојот на изборната кампања.

- Со почитување се однесуваме кон изборите на српскиот народ. Подготвени сме да продолжиме постепено да ги развиваме билатералните односи независно од внатрешнополитичките случувања во нашите земји. Тоа целосно се вклопува во традицијата на врските меѓу двете словенски држави, истакна рускиот амбасадор.

Тој додаде дека Русија го очекува завршувањето на неопходните уставни и други процедури поврзани со формирањето и почетокот на работењето на новите законодавни и извршни органи на власта.



Статијата е прочитана 5058 пати.

Испрати коментар



Следниот самит на НАТО отвора обврска за Грцијa
Македонија опција за италијанските компании за надминување на кризата
Вељановски-Прамер - Потврдена австриската поддршка за македонската евроинтеграција
(ФОТО) Слатководните ракови се враќаат во Охридското Езеро
Претседателот на Австрискиот национален совет во посета на Македонија
Котески и Волерс ќе ја посетат меѓународната воена вежба на Криволак
Анкета - Обама и Ромни со речиси еднаква поддршка
На Беласица пронајдена печурка тешка 6 килограми
Лидерите на ЕУ ќе разговараат за стабилизација на еврото
Владин тим ќе ги промовира бизнис можностите во Италија
Опозицијата бара итна собраниска седница со државниот врв
Се зголемува невработеноста кај младите во светот
Лустрацијата помина без опозицијата
Вранишковски и 18 следбеници „испрале“ 15 милиони денари
Говорот на омраза создава конфликти
Банкарскиот систем стабилен, депозитите сигурни
Светозар Цветковиќ во филмот „Соба со пијано“
Клинички центар стана Комплекс „Мајка Тереза“
Бројот на загинати во несреќата во Албанија се искачи на 14
Кругман - Еврото треба да се одржи по секоја цена
Пет илјади лица надвор од домовите по земјотресот во северна Итал��ја
Преживеал пад од Нијагарините Водопади
(ФОТО) Филип Втори се исправи на Карпошово востание
Европските очекувања од Томислав Николиќ
Клаус - Не е виновна Грција, Европа се соочува со систематска криза
Најмалку 12 загинати кога автобус излета од амбис во Албанија
Орбан во Чикаго побарал прием на Македонија во најкус можен рок
(ОБНОВЕНО) Серија земјотреси почувствувани во Македонија
Робертсон - Срамно е што Македонија не доби покана
Силен земјотрес покрај Софија во Бугарија
Груевски - Остануваме на патот кон Алијансата
Иванов - Во Чикаго требаше да се исправи неправдата од Букурешт
Премиерот да дојде во парламентот
ДПА бара предвремени избори
Уапсени десетина следбеници на Вранишковски
Сервер - Грција ги намали шансите Македонија да го смени името
Над 60 лица убиени на воена парада во Јемен
Опозицијата бара премиерот да се обрати во Собранието
Кај „Велешка петља“ пронајден мртов скопјанец
Томислав Николиќ - новиот претседател на Србија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест
САД ја предупредија Северна Кореја да престане со нуклеарните проби
Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за половина денар
Рамсфелд, Коен и Бергер побараа од Обама прием на Македонија во НАТО
Најмалку 96 жртви во самоубиствен напад во Сана
Иванов ќе се обрати на состанокот на Северно-атланскиот совет за Авганистан
Уапсени 45 демонстранти во Чикаго
Во Чикаго повторен заклучокот од Букурешт
Николиќ објави победа, Тадиќ го призна поразот
Јанкулоска - Граѓаните не треба да живеат во страв
Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Иванов



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 9°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |