Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
22.05.2012, 18:55

Едиторијал

И што сега

Соња Крамарска

И овој неуспешен за Македонија НАТО самит предизвика домашни дебати за тоа колку сме успешни како земја и колку актуелното државно раководство се потруди навистина да направиме чекор напред кон модерниот свет. Безброј аналитичари, политичари и експерти даваат примери за да ги потврдат своите тврдења во една или во друга насока. Но една мала агенциска вест, што стигна вчера на македонските новински тикери најдобро ја отслика моменталната меѓународна позиција на Македонија и внатрешните достигнувања на земјата, и тоа на секој план.

Веста вели вака: „Бугарија планира да изгради гасовод за транспорт на норвешки гас од Романија, најави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во изјава по Самитот на НАТО во Чикаго. Тој рече дека за оваа тема станало збор на неговата средба со норвешкиот премиер Јенс Столтенберг на маргините на Самитот“.

Норвешкиот природен гас сега преку гасоводен систем доаѓа до Романија, па затоа на средбата со Стотенберг станало збор за прашањето за изградба на систем за дистрибуција на енергенсот и во Бугарија. Плевнелиев додал и дека можностите за делење на енергетските извори биле тема на разговор и на неговите средби со претседателите на Турција и Грузија, Абдула Ѓул и Михаил Саакашвили. И толку.

Но, треба ли нешто друго да се додаде како поткрепа на анализите колку Македонија заостана во изминатите седум години обидувајќи се да му докаже на светот кои сме и што сме. Додека други држави ги користат собирите на највисоко ниво за да го подобрат животот на своите граѓани, ние праќаме од Скопје воинствени пораки и психолошки оцени за карактерите на лидерите на Франција, Германија, Велика Британија, САД. Апсурдно и тажно.

Еве, помина уште еден самит на НАТО, уште една неповторлива временска отсечка, а ние сме се' уште таму каде што не' оставија во 2008 на самитот во Букур��шт. Збогатени само со неколку гротескни споменици кои не сега, ама во иднина, ќе сведочат за еден целосно промашен не само политички туку и цивилизациски концепт. Боли недостигот на чувство за тоа што е вистинско лидерство и злоупотребата на широките народни маси на политички највулгарен можен начин.

Наместо да пука по другите држави членки на НАТО , Груевски му должи на македонскиот народ патоказ по кој во иднина ќе се движи Македонија. Не е мала работа четири пати да удриш во ѕид, и да чекаш да се случи петтиот пат. Чекавме да се „опаметат“ другите држави и да гласаат за Македонија во НАТО, тоа не се случи. Чекавме пресуда од Хаг за да не' внесе, но таа дојде а ние останавме повторно надвор. Чекавме Грција да пропадне па меѓународните инвеститори да ја уценат со финансиска помош во замена за попустливост кон Македонија, но Грција пропадна, а помошта кон нив не е условена. Чекавме Грција целосно да падне на колена и да не' почести со добрососедски гест, но таа е на колена а Македонија за жал се' уште не и' е ни до колена – во меѓународното лобирање.

Што уште чекаме? Планот за привлекување на странски инвестиции е добар, но како што се шири владиното економско лоби низ светот, така станува јасно дека Македонија додека не се зачлени во меѓународните организации е само невидлива земја со добри инвестициски предуслови но не и реална стабилност која може да гарантира безбедност на странски вложувања. Невозможно е тоа да не го знаат Груевски, Ставрески и Пешевски. Ако не беше така, многу држави ќе одбереа сопствен пат, наместо да стапуваат во сојузи како НАТО и ЕУ.


Статијата е прочитана 23059 пати.

Испрати коментар



Писма - Кокошарниците на „Савана“
Во Чикаго полошо отколку во Букурешт



jovan, 23.05.2012 01:12:19
Za zal, site znaeme do kade stignavme, i site znaeme deka tek sega veke nema kade da odime. Sto e najvazno a i najtragicno, i obicnite laici ova go znae godina-dve unazad, a ne go svatija samo onie koj trebaa da go znaat toa, i se plateni da go znaat toa. Cisto sumljam deka i sega svakaat nesto. Siguren sum deka vo momentov smisluvaat novi lagarii i manipulacii za narodot. Sto se odnesuva do naslovot koj prasuva *sto sega*, mi padna na misla edna scena od onoj legendaren Yugoslovenski film*ko to tamo peva*, koga eden od patnicite padna od most vo rekata i potona, pa drugite go prasuvaat Pavle Vuisic, *sta cemo sad*, a ovoj mrtov laden im odgovara *Nista, idemo dalje, ulazite u autobus*. Drzavava i nalikuva na toj avtobus, a i soferot ni e ist kako onoj Misko, sto gi vozi, vezanih ociju. Kako zavrsija, ne sakam da spomenam. Onie koj go gledale toj film, znaat.
Marioec od Azija, 23.05.2012 03:59:54
I sto uste cekame?Juris drugovi!Menjanje na imeto mu e majkata,ako sakame da se dobereme do medot i mlekoto koe tamu tece.Sakam da ja prasam gl.urednicka koi se kriteriumite da ne bides cenzuriran.Dali nesmee da se kritikuva SDS,Maleski,Ruzin,Jovanovska Utrinski i slicni zastiteni beli mecki.Ako e taka treba da go stavite i toa vo upatstvoto za komentari posto go nemate tamu.Inaku e cudna da se objavuvaat samo komentarite na odredeni eksperti za se i sesto,samo koga se kon vlasta,kako Jovan slicnite a nikako so kontra sodrzina.Vi blagodaram za cenzurata odnapred.
pameten, 23.05.2012 04:27:32
Plevneliev e Makedonec. Roden e vo Pirinska Makedonija vo familija begalci od Egejska. Takvi kako nego vo Bugarija se povekje od milion. Sigurno ne i mislat zlo na Makedonija. No toj e isto taka i Bugarin. Ne poshto bil otroden, toku poshto vo minatoto takva bila svesta na golemoto mnozinstvo Makedonci. Vo normalni uslovi toj, (kako i site Bugari) kje lobirashe za Makedonija. No po 20 godini navredi deka bile Tatari i okupatori i podrzhka za marginalci kako Omo Ilinden, koi shto mu kazhuvat na Plavneliev deka e del od malcinstvo, tie si ja gradat svojata drzhava i bash im e gajle za Makedonija. A sega shto?
Sejdo, 23.05.2012 06:33:51
Sega,ke ja povikuvame smrtta da ni pomogne,oti seedno e dali si ziv ili mrtov.Rajot vlasta ni go donese ovde na zemjata,pa mozeme da birame dali sakame ovde ili gore,kade i da poglednes segde bozja ubavina. Ovde so srce kaval da sviram,s,nce da zajdvit ja da umiram!. O,KAKO JE LEPO BITI GLUP !...
pero, 23.05.2012 07:30:50
Ништо !!? Ќе го чекаме новото РОУД ШОУ на Грујо на Антарктик?????????????
B.Betinski, 23.05.2012 07:38:51
Ne ste vo pravo koga velite deka onie „groteskni spomenici“ na nasata monumentalno-memorijalna vlada se za nisto. So ogled na kolosalnata velicina na Filip i Ace Makedonski treba da se napravi gasovodna mreza koja ke se povrze so nivnite duodenalni zoni so sto, nivnite izduvni gasovi, ke se stavat vo funkcija na gragjanite na RM. Priznavam deka idejata e dosta naludnicava, ama zatoa pak e vo polna soglasnost so ogromniot broj ludi idei i politiki na nasata odlepena vlast.
Сите се умни, а никој не знае ништо, 23.05.2012 07:56:52
Сите се правите многу умни, а никој не кажува што треба да се прави, ако нешто треба да се прави.
Iv-Skopje, 23.05.2012 08:10:10
Se obiduva kutra Kramarska da bide neutralna i povtorno gi pokazuva svoite vistinski boi - a tie se glavno ednonasocni. Primerot so Bugarija e tolku promasen sto e zalno da se komentira ... demek se borat za investicii, a Makedonija ceka. Ne e tocno. A ne e ni tocno deka edinstvenata opcija za Kramarska (NATO i EU) ke ni donese investicii (gledam Albanija e poplavena od investicii a Grcija e prosperitetna zemja tokmu zatoa sto e clenka i na NATO i na EU. Duri i toa sto sme go cekale go promasila. Samo edno, nikoj ne cekal da se opametat drugite clenki na NATO tuku da go pocituvaat megjunarodnoto pravo i odlukite na sopstveniot sud. Za (ne)domakinlukot moze da zboruvame, za namestenite tenderi isto taka, no deka treba da vitkame rbet i da se preimenuvame (a toa se bara od nas) ... toa Kramarska i nejziniot SDSM mozat vo svojot dvor i samo tamu!
ivan, 23.05.2012 08:40:34
I sto sega??? Nema sto poveke da se ocekuva.Isto beda i monotonija i placenje po nepravdata. No koj najvise strada od ovaa status kvo situacija - NARODOT. Nema napredok vo nieden sektor osven javnata administracija. Premierot trca tamu vamu rezultati nema demek samo sto ne trgnalo. Sest godini go slusame istoto do koga narode.Standardot samo ni paga,se pomalku mozeme da svrzeme kraj so kraj. Se sitime na drugi drzavi koi se vo teski sostojbi a ne si ja gledame nasava sostojba. Mora da se priznae deka vo politikata mnougu se laze ama ovie se SAMPIONI i koga iskreno placat iskreno lazat.
Ile, 23.05.2012 09:12:17
Хунзи, Антички Македонци, Македоноиди, Кинези, Катарци, Индијци и што ли уште не. Се само она што треба и што мора. Ќе има ли крај ова лудило?
mnogu prosto, 23.05.2012 09:22:46
Sto sega? Novi izbori, pa narodot da glasa za promena na sopstvenoto ime za da tece med i mleko i Albqncite i Grcite da ne se bunat, a medzzunarodnata da bide srekna i nenavredena.
Јован АН, 23.05.2012 09:28:33
Госпоѓо Крамарска,зарем не гледате дека ни го бараат името,а со тоа и нашиот идентитет?!?Не ли самите констатираат дека Македонија ги исполнила сите услови за член?Останува само името.
„Сите се умни, а никој не знае ништо“, 23.05.2012 09:34:02
Не ти кажал никој дека плаќаме луѓе за да знаат нешто?Имаме Претседател , Премиер , Влада... За што примаат плата тие?
Istocna Makedonija, 23.05.2012 09:54:01
G-go Kramarska,istovo prasanje bez odgovor,si ja postavuvala i tolpata narod vo satirite na Ra- doe Domanovik!Nevideni Tantalovi maki,Sizifova rabota,muki Pavlesenski(sto ke rece narodot od Kumanovskiot kraj).No,optimizam mora da ima,pa makar i nadez,oti taa nikogas ne umira!Covek ja ima,duri,i koga isousta dusa!
goran, 23.05.2012 10:03:58
sega nisto.......ke cekame da dojde sdsm od fyrom ( privremeno za 2 meseci ) i ke go SMENAT VTORPAT IMETO NA DRZAVATA REPUBLIKA MAKEDONIJA !!!
ФЕЛИКС, 23.05.2012 10:10:19
Драга г-ѓо Крамарска што се стеснувате во описот на случувањата,едноставно предложете промена на името по терк на соседот и ете и гас,ете и пари колку што сакаме,инвестиции веднаш,едноставно рајска градина но без име и се она што и вакви како што не опишувате како заведена широка народна маса не прави тоа што сме.Има една интересна работа во сето ова,своето мислење и право на избор е приоритет,додека другото мислење и право на избор се сведува на манипулирање народни маси.Овој народ сега засега ја одбрал опцијата да не менува име за влез во НАТО и ЕУ.Ја одбрал и политичката опција која им одговара во овој момент.Оние кој манипулираат и одработуваат за туѓи интереси ги казни демократско изборно.Е сега кој е тука манипулатор и заведувач за среќа на тесни народни маси.Одговорот е ептен познат.
Pamet v glava, 23.05.2012 10:30:22
I shto sega? Epa sega e konechno vreme da vodime pametna politika, a ne glup inaet i prkos. No zatoa se potrebni umni ludje, ne ,,patriotite,, i nim slichni. Videte ja nivnata reakcija, na chelo so premierot. Ne mora da se menuva imeto, ke se razgovara i razgovara, ako e potrebno i vo nedogled -,,silno posveteni,,. Na kraj kraevi, promenata na imeto ima shirok dijapazon, od fusnota do totalna promena i upotreba. Treba da se nadmudruvame so grcite, a ne da se karame i tepame, nemame sila za toa. Nazalost, dokazavme da nemame ni pamet. Eve pak digame spomenik, verovatno so ograda od milionche i kusur. Gospode, pomagaj!
Nesoodvetna tuzba!, 23.05.2012 11:09:56
Makedonija ja povtori greskata sto Srbija ja napravi so prasanjeto dali Kosovo ima pravo na Deklaracija za osamostojuvanje. I MSP potvrdi deka Kosovarite imaat pravo na vakva deklaracija. A, trebase da prasat dali Kosovo ima pravo na otcepuvanje. Makedonija barase da se odudi Grcija poradi sprecuvanjeto da stane clenka na NATO. MSP potvrdi deka Grcija ja prekrsila VS i deka PJRM treba da bide primena vo NATO. Ako odese so tuzba pri MSP trebase da go postavi prasanjeto za (ne)opravdanosta za postavuvanje na dopolnitelni uslovi za priem na RM vo OON. So odlukata na MSP prasanjeto na imeto ostanuva i natamu otvoreno!
site sto se pravat pametni, 23.05.2012 11:16:41
Ne, druze naprotiv, site so godini, a najcesto Ljubco kazuvaat najotvoreno deka treba da se dogovori so Grcija ime so geografska odrednica za megjunarodna upotreba, koe nema da vlijae na nacionalniot identitet koj ne si go poznavame (Severna/Gorna Makedonija)!
pile, 23.05.2012 12:41:28
Timot sto gubi go menuva trenerot i kupuva drug dokazjan menagjer, koj formira ekipa so jasna oprdelba za realizacija na prioritetite na drzjavata, , dava zakletva za ostvaruvanje na strateskite celi i razrabotuva doktrini koi ke go dovedat do realizacija.Realizacija do celite bez manipulacija na sopstvenite gragjani zaradi podolgorocno opstojuvanje na vlast.A, sto sega draga Sonja,Gruevski treba da si podnese OSTAVKA, da se formira Vlada na nacionalno edinstvo so preoden rok od 2 godini, od cetirite najbrojni partii vo Drzjavata, da se iskoristat postoecki kapaciteti kako vo diplomatijata za deblokada na evrointegraciite na zemjata, taka i na sekoj profesionalen plan, za da kvalitetno se sprovedat reformite za departizacija na instituciite i neselektivnata borba protiv organiziraniot kriminal i korupcija, i vladeenjeto na pravoto, i da se organiziraat fer i demokratski parlamentarni izbori so vidno izmenet IZ.Ako Gruevski ne saka da dade OSTAVKA,interpelacijata za negovata rabota.
Трпе, 23.05.2012 13:00:37
Тоа е вака кога имаме петле на кого и пердувите не му се добро формирани а сака да биде главен на туги буништа.А проблемите што ги прави на сопствената фарма се непроценливи.За инвест��тори со ваква безбедност ке се изначекаме.На нашиот пастир му препорачувам следното туристичко патување ца го направи во Куба.Ние произведуваме квалитетен тутун па може да ни донесе пријатели инвеститори за производство на пури и тоа рачно.За информација во Куба лекар зема плата од 20 долари,разбира се месечно.А на нашиот пастир огладнети овци му одговарат,немат сила да блеат.
До: Сите сега се умни, а никоj не знае ништо, 23.05.2012 15:26:44
Сите се умни, а никој не знае ништо, 23.05.2012 07:56:52 Сите се правите многу умни, а никој не кажува што треба да се прави, ако нешто треба да се прави. Најважно што сега треба да се направи е меѓу Војнот на коњ и Татко му на војнот на коњ да се изгради споменик на Никола Груевски Великиот качен на грбот на сиромашниот македонски народ! Мислам дека тоа е најважно сега бидејќи тоа е иднината на Македонија веке 7 г.според ДПМНЕ
Tamam, 23.05.2012 17:32:40
Odlicno kazano, pa nema potreba od komentar.Cestitki za G-gja Kramarska za plasticnoto i argumentirano pisuvanje.
do neznajkoto, 23.05.2012 17:52:59
Nie si go znaeme nasiot identitet,kako sto go znaele i nasite predci.Makedonci.Makedonski identitet.Ti stom ne si go znaes,imas golem problem.
ah feliks feliks, 23.05.2012 20:13:48
velat se posmealo grneto na kapaceto gledaj mu reklo kolku si valkano a ako se racuna na toa deka celoto jadenje e vo grneto togas glupo zvuci... koj toa raboti za tugi interesi ?? izgleda si pomesal opozicija so gjujo tvoj koj za site raboti osven za tie koi go izbraa da vladee so drzavata, ako gjujo tvoj ne raboti za grcite preku katastrofata so okta potoa preku stavanje bugarski spomenici ( da i toa ke ni se slucese za malku da ne se pobunese se zivo vo drzavava) preku televiziite za srbija i uste li da se nabrojuva?? nema potreba ke ispadne da ne stiga prostorov za komentar
do koga vaka duri se mozi, 23.05.2012 22:01:39
E sto sega ovie pametnite od sds treba dani pomognat, jovan trpe ajvan dr iter pejo i site okolu niv oti mnogu se pametni i sigo sredile zivotot od koj jas se mnogu gordejam bi sakal da bidam prijatel dase naucam nesto pametno opasni se im se divam kakvi genii se ,jas nebi mugo smenal imeto na mojot pes ni za nato ni eu koj raboti i ima..........................
Зевзекмен, 24.05.2012 11:08:18
не тресите зелени, сите по ред. 1. НАТО прима такви кој му се стратешки битни ( експресно ги прими екс членките на Варшавски пакт). Зошто молчи за Србија која е стратешки важна и за НАТО и за регионот ? Р.Македонија е мала држава, слепо црево, а блокадата на Грција има освен внатрешнополитичкиот маркетинг кај нив и друга цел. Да се врши притисок врѕ НАТО во врска со проблемот на Косово. Грција е не само српски пријател, туку и тројански коњ на оската Москва-Атина -Белград. Но интересно е дека иако тоа е познато, ни НАТО ни ЕУ ништо не превзема. Грција е една голема пералница на пари, место каде се продава оружје ( н.пр. Франција и Германија). Има чаре само тогаш кога многуте мали ЕУ и НАТО членки кој НЕ извезуваат оружје во Грција ке го кренат гласот, а тоа ќе се случи по економскиот крах на ЕУ. ЕУ се уште игра Блеферски Покер и печати (г)евра, но прашање е до кога ќе може така да се прави ??
scenario1, 24.05.2012 20:17:25
pod itno menuvane na imeto , i sellska buna so moznost za urivane na se sto e makedonsko , potoa opcija koja jugonostalgicari ke pravat novi sloveni od neimenuvani gragani , i potoa sekoj vikend bombasi samoubiici. se dodeka makedoncite ne se izbrisat od biblijata. a taa e postara i od slovenite koj se doselile vo titova jugoslavija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Сабота
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 12°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |