Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
21.05.2012, 18:53

Мое ќоше

Мачнината на Груевски

Ерол Ризаов

Од што ни е толку убаво на сите ни е смачено

Кога го фаќа мачнина премиерот Никола Груевски, на Македонија не и' се повраќа, што би било логична последица со оглед колку е омилен. Тој научи како да ја утеши нацијата уште пред да стаса лошата вест. Груевски не ги пресретнува црните абери неподготвен и со разочараност како порано. Туку, храбро и со лутина ја кажа вистината пред својот народ покажувајќи со прст и со име и презиме на сите виновници за големите несреќи и зла што ни ги нанесуваат Америка, Германија и Франција... Нашиот мудар премиер в лице им плесна на големите и моќните дека се дволични, а се преправаат како да ни се пријатели, за што уште треба да им бидеме благодарни. Нашиот сосед Грција по втор пат фрла врз Mакедонија атомска политичка бомба, нанесувајќи им тешко злосторство на два милиона луѓе на очиглед на бесчувствителните и лицемерни големи сили во овој лажен овоземен свет во кој нема пријателства, туку само интереси. Изгледа правдата остана само на небото кај дедо Господ.

Во своето најново историско интервју премиерот Груевски уште пред почетокот на Самитот на НАТО во Чикаго, иако сите го знаевме однапред заклучокот бидејќи стопати беше јавно најавен, испрати многу пораки до светот на моќните, до соседите, до домашните политички противници и, се разбира, најмногу како што тој често вели „мојот“ народ. Од што му се смачило толку на Груевски освен од дволичноста на големите сили и од нивната срамна заштита на Грција. Прво, на Груевски малку му се згадило од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и од целата таа свита што заминала во Чикаго небаре на прослава за прием во редовно членство. Отишле таму да слават пораз наместо да оди еден заменик-министер колку да се рече. Па, дури и неговиот министер за надворешни работи требало да си седи дома, или да работи нешто попаметно, бидејќи, како што вели премиерот, само покана за членство е добар заклучок, се' друго е фрлање прав в очи. Понатаму што ни приопштува Груевски за неговото збоктисување од заклучоци што не значат ништо, туку дипломатски игри без граници. Видлива е огорченоста на Груевски од селективното спроведување на меѓународното право.Груевски е сигурен дека хашката пресуда, доколку беше во корист на големите сили или на Грција, ќе имаше ултимативна примена на одлуката. Пораката до опозицијата, односно до сите што биле на власт пред Груевски да стане премиер е дека нема потреба да се расправа со сите нив за стратегиски прашања, бидејќи тие 15 години се обидуваа да најдат решение за спорот со Грција и не успеаја. Тврдеа дека времето работи за нас, обидувајќи се со тоа да ја тргнат одговорноста од себе, па видовме дека времето воопшто не работело за нас.

И на крајот премиерот Никола Груевски испраќа две значајни пораки до јавноста домашна и светска дека и натаму е апсолутно подготвен за компромис со Грција за името на државата и ќе продолжи да работи на тоа со сите сили. Груевски првпат ја соопштува и алтернативата за Македонија по Чикаго во врска со НАТО. Тоа се реформи и само реформи, вели тој. Со сета сила напред во реформи, без колебања. Ете тоа се клучните моменти зошто на Груевски му е смачено и каде го гледа излезот за Македонија.

Не проблематизирам ниту една дијагноза и оцена на Груевски. Почнувајќи од тоа дека најголем виновник е Грција за блокираните евроатлантски интеграции на Македонија и дека улогата на светот и на големите сили е срамна, бидејќи станаа соучесници во спречувањето на развојот на една мирољубива мала земја и два милиона луѓе. Ја прифаќам и оцената за непотребната парада на нашата висока делегација во Чикаго, па и тоа дека сите претходници на Никола Груевски ништо не сработиле цели 15 години да го решат проблемот со името на државата и евроатлантските интеграции. Сепак, останува неодговорено, всушност, и непоставено едно суштествено прашање. Дали премиерот Груевски вчера научи што е светската политика на сила, моќ и правда. Или со тоа го крие одговорот на вистинското прашање кое гласи: ако сите досега згрешиле, и Грција и големите сили и претходниците на Груевски, што тогаш тој и неговата влада сработија за овие шест години. Кој голем пријател го најдоа во светот за да тресне за Македонија со раката на масата на НАТО оти очигледно дека Груевски е убеден оти така може да се реши проблемот. Груевски и сите негови министри, сите овие години не најдоа ниту еден голем пријател. А, и тие малкумина што ги имавме ги загубиме. Зошто, треба да знае самиот . Што се однесува дека алтернативата за НАТО се реформите и само реформите, што да ви кажам, сите овие шест години имавме многу успешни реформи, па видовме до каде стасавме и на политички и на економски план. Од што ни е толку убаво на сите ни е смачено, а не само на премиерот.


Статијата е прочитана 5388 пати.

Испрати коментар



Раката на судот
Груевски и' сврти грб на реалноста
Остануваме на патот кон Алијансата
Премиерот да дојде во парламентот
Бучковски
Постбукурешка атмосфера по Чикаго! Зошто?
Новинари со полиција на суд
И САД на страната на Грција на Самитот
Поради Атина не спиеме под шаторот на НАТО
ДПА бара предвремени избори



Sila boga ne moli, bog silu ne voli!, 21.05.2012 22:38:08
Dali premierot konechno svati zoshto ne sme go osvoile Solun 1944 gdina ili i ponatamu ke go tvrdi sprotivnoto. Site znaeme kade shto vladee sila, nema pravdina, a tolkava sila ne e imal ni Tito, a kamoli sega Grujo. Ednostavno, problemi od takov obem nie ne mozeme da gi reshavame, odnosno, reshebieto ne zavisi od nas, nego od golemite sili rakovodeni od sopstvenite interesi. Ne mozeme da vlijaeme ni na nivnata neprincipielnost i dvojnite arshini, iako premierot e posleden koj treba da se zali na toa. Tie sme-shto sme, i treba da se ponashame vo soglasnost so nashata sila i (ne)moc, a ne da im pleskame vo ochi. So ogled na iskustvoto so Slobo i negovoto slichno pleskanie na istite tie NATO-vci, se plasham da ne ne i nas plesne nekoj ,,nemilosrden angel,, ta siot ponos i seta hrabrost pred kompjuterite ke nestanat za mig.
Caki, 22.05.2012 00:41:31
Ne mozhe bez spinovi....premierot ne spomna iminja na drzhavi,a kamoli USA koja ne prizna pod ustavno ime!A ogovaranja po kuloari....hm...Merkel i co.?
jovan, 22.05.2012 00:50:18
Mnogu vreme i sredstva potrosivme poslednive 5-6 godini, pa poleka no sigurno vleguvame vo eden vrtlog vo koj doprva ke ni se losi na site. Doaga momentot koga vistinata i realnosta ke ne tresnat po glava i veke ne ke moze da se sonuva i laze. Nitu sebe a uste pomalku pa drugite. Tek sega sme vo situacija*snaogaj se kako znaes i umees*, i ke ni bide poveke od potrebno nekoj da ni pomogne i ne izvlece. Ova sto Premierot placi po mediumite, a slepci pa uste go podrzuvaat, e samo edna opsta frustracija koja ke ne vodi vo uste porazi.Ke pocnat uste malku i gulabite na pokrivite na toa da se smeat.
Sara, 22.05.2012 00:50:29
Nema ostanati golemi prijateli za Gocevata rasa, Erole. Za rasata za koja site ne cinat - site komsii ne cinat, zitelite na Mk so druga vera ne cinat. Site na Zapad ne cinat, site muslimani vo svetot ne cinat, za drugite rasi i da ne diskutiram. Samo taa nad-rasata sto vika od tarasa, samo oni se nad site nas ostanatite. Na zapad ne gledaat kako zanimlivost, ni se cudat kako gi birame ovie dunsteri sto ne vodat - i od ednata i od drugata vladejacka partija. I, kako glanc nova drzava vredna i prosperitetna kako Svajcarija za 20 godni ja butnaa na nivo na Swaziland. Ne im e jasno sto narod ke bese sto trpi da go manipuliraat i lebot od usta da mu go kradat, bez ednas da se pobuni.
respekt, 22.05.2012 00:59:16
Тоа што го кажа Груевски за правдата и светската политика го знаеме сите. Тоа е реалност, тоа е вистината. Но, не сме го избрале да го повторува тоа што сите го знаеме, туку во такви околности да ја води земјата во прогрес и подобар живот на сите грагани. Во нормална држава, кога еден премиер ке излезе со овакво обракање до јавноста, ОБАВЕЗНО последната реченица гласи: ,,си поднесувам неоповиклива ОСТАВКА,, .Но, бидејки ние не сме нормална држава, не само што нема да си поднесе оставка,туку уште ке биде и херој!
seirdzija, 22.05.2012 01:13:35
Nemu mu e ubavo,prodava patriotizam i demagogija 6 godini,site mu se vinovni za katastrofalnoto vladeenje na DPMNE vece sesta godina,ne preroduva,manifestira,sega ne branuva,a od seto toa narodot e se posiromasen ...Bitna e izgleda samo negovata licna smetka i smetkata na familijata koja verojatno e prilicno debela....
zapnal grujo, 22.05.2012 02:30:36
zapnal grujo so msp sto ne napravila nisto poveke okolu odlukata sto ja donese od sudenjeto izgleda nikoj ne mu ima kazano na gjujo deka toa sto ke go odluci sudot e vazno no deka ne e pravosilno i deka e samo vo vid na upastva kako da postapi onoj sto ke go izgubi sporot
Bitolcanec od Kanada, 22.05.2012 04:20:18
Premierot e preokupiran so minatoto ,i ja propusti idninata na Makedonija.
nato -jato, 22.05.2012 07:07:33
Mozebi nekoj ne saka da bide negov narod ,i zatoa pastirot da prestane da go upotrebuva toj zbor! Vtoro vekje i negoviot narod svati koj e najgolemiot neprijatel na Makedonija, ne e nitu Grcija nitu SAD nitu NATO nitu EU tiku samo Gruevski so familijata.Ako mu se smaci neka si dade ostavka bidejki nas ni se stemni od nego sto e mnogu mnogu e ...
Кире, 22.05.2012 07:34:51
Не знам дали разбираш Ероле, ама мачнината не е само кај Груевски, туку кај секој Македонец. Нека сега некој направи анкета колку ги сакаме НАТО и ЕУ и ќе се види. Ова што ни го прават со години е навистина срамота. Најдобро ќе биде да си се завртиме кон Русија и Кина. Господ гледа, тие нека си ги чуваат грците и нека пропаднат со нив.
ФЕЛИКС, 22.05.2012 07:59:56
Не зачудува иронично-сатиричниот пристап за мачнината на премиерот,од познати причини.Инаку и авторот на ќошевидниот коментар исто така имаше мачнина кога го напишана отвореното писмото до оној од НАТО.Некој велат да мачнина е мачнина но пречи кога некој не верува да кога на друг ќе му е смачено и затоа треба да се иронизира, место осуда на предизвикувачот на мачнината.Инаку да го прашам авторот,дали пред оваа влада имавме пријатели кој безрезервно не подржуваа против соседот,едноставно ги немаше.Имавме само владини потрчковци кој добија стробизам гледајќи кон САД и ЕУ како се одразува нивната одработка на штета на државата.Тогаш немаше ни антика ниту други критикувани работи а резултатот ист,барањата исти.Значи сме немале пријатели ни тогаш ни сега.
Istocna Makedonija, 22.05.2012 08:45:15
Na oganot,ogan,na nepravda so nepravda,na neuspeh so baranje alibi?!Losi politicki nastapi i solucii!
melbourne, 22.05.2012 08:58:24
Potpolno se slozuvam so respekt,i site vo Makedonija treba da pobaraat odgovornost od premierot,odnosno ostavka dokolku toj samiot ne si dade ostavka.
До Фаликс, 22.05.2012 10:03:46
Фаликс најубаво ја разбира мачнината , но верувам дека успешно ја пребродил и донел на свет нов живот!До 2006 ем немавме пријатели , ем никој не не спречуваше да влеземе во меѓународни организации како ФИРОМ. Работите ги поремети Солунското Поле и Војо на којнот!Сега читам нов Војо поставувале!Среќа наша , во Туркменистан се најде ново племе на Антици.Со нив и со Хунзите ќе станеме светска сила!
театар, 22.05.2012 10:16:36
Дека животот не е праведен и дека насекаде владее силата, тоа го знае секое дете. Зошто и покрај тоа Груевски знаејќи ја доведе Македонија до вториот пораз? Барем да не ги потрошеше силните пари за Меѓународ��иот суд, за безбројните патувања на неговите министри и на претседателот Иванов. Одговорот е дека тој не сака Македонија да влезе ниту во НАТО, ниту во ЕУ. Сегашното лутење против неправдината на НАТО е само прашина за внатрешна употреба. Груевски знаеше дека поразот е неминовен, но цело време играше театар пр��вејќи се дека се обидува да ги задоволи условите за членство.
Васко, 22.05.2012 10:32:47
Фактурата наскоро ќе се испостави, останува кратко време да се плати, а кој ќе плати, сигурно нема Фамилијата. Останува, како и многу пати досега народот да си го подмири долгот!
tihi, 22.05.2012 11:00:23
Treba da zakluchime deka najubavo za site nas kje beshe ,bezuslovno da ja prifativme deklaracijata od lisabon ,od nashite prijateli vo 90setite i vo imeto na drzjavata da nema Makedonija.Pa potoa nemashe potreba da chekame 2-3 meseca za kao da se sredat rabotite.A tie 2-3 meseca stanaa 20 godini.
Кераунос, 22.05.2012 11:09:05
Ерол,ја разобличуваш власта со посебен усет и во право си за се што пишуваш.Во последно вре ме написите контра владата зачестија но,какво фајде од сето тоа кога бомбардировките од сите оружја од страна на власта го преплавија сето медиумско неба над Македонија.Иако води сосе ма лоша политика Владата сеуште,за жал,добро котира кај народот.Се прашувам што уште треб е да закашка Груевски за да му пукне пердето на народот.А опозицијата можеби ќе се разбуди од хипнолепсијата во која е западната прдолго време.Има ли нешто што ќе ја разбуди?
baba mara, 22.05.2012 11:17:08
Мислам дека почитуваниот премиер се спрема и за претседателски избори, ова многу потстетува на изјавите на пок.Борис Трајковски со бегалците од Косово, кога ги собра сите поени во МК.
blgarin, 22.05.2012 11:35:36
e pa makednoncinja neli Gruevski zatoa go izbravte - da vi brani toa shto gradite momentno. Sega se bunite. Sakate i nato, i da ste anticki. Mora da izberete ednoto. Vidno e.
Миле - Охрид, 22.05.2012 11:46:33
„...Сепак, останува неодговорено, всушност, и непоставено едно суштествено прашање...“ Дали Ерол умее јасно и недвосмислено да каже дека неговата долгогодишна новинарска борба е во правец на ПРОМЕНА на името на Македонија со самоукинување на македонскиот народ? Дали тоа тој и неговите истомисленици се ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ШОВИНИСТИЧКИТЕ УЦЕНИ како сеопфатно решение за сите проблеми во државава. Или сеуште ќе ја крие својата МИСИЈА под превезот на легитимноста на критиката на власта? За отворено да ги соопштиш сопствените заложби треба ХРАБРОСТ. Биди маж и кажи го тоа.
Оливер, 22.05.2012 11:50:58
Конечно, јасно, концизно и достоинствено Премиерот излезе пред јавнота да Ви го дообјасни на одредена група (несвесници), она што не ви беше јасно г-не Ерол, но не било проблемот во тоа дека Вие не разбирате, проблемот е во немоќта да ја оспорите оваа изјава, можеби не очекувавте ваква отворенот кон народот како и изкажувањето дека лицемерството е во одредени големи сили, а не да се појавува сомнеж дека нешто не е направено во изполнувањето на стандардите кои се потребни за НАТО. Макдеонија има достоинство и тоа мора да се покаже на сите, вклучувајќи ја опозицијата и нејзините трубадури.
pameten, 22.05.2012 12:51:19
Кој голем пријател го најдоа во светот за да тресне за Македонија со раката на масата ??? Ne samo sho takov ne najdoa, no za 20 godini go izgubivme ednistveniot mozhen osjuznik - Bugarija. Pred 20 godini taa reskira svojata ushte nesigurna idnina i soproti Grchkata blkada ne samo shto ja prizna Makedonija pod ustavnoto ime, no i ja udebi i Rusija da go napravi istoto, koga Elcin beshe vo Sofija. Baugarite naivno veruvaa deka Makedonija brgu kje se oslobodi od mitovite od vreme na SFRJ i kje si gi pobara korenite. Namesto toa, begajki od Bugarskite koreni se fatifme za antichnite Makedonci. Mora da e jasno deka nama nikoj na svetot koj da zastane zad ovie fantazii...
bitolchanec za Makedonija, 22.05.2012 13:42:26
Kristalno jasno e deka na ovaj Premier Minister ne mu se potrebni a i ne mu se vleguva ni vo NATO ni vo EU, i situacijata kako takva ne nalaga od ova vlada vistinska volja za vleguvanje vo istite. Za ostvaruvanje na sekoja cel nuzni i osnovni se dve raboti, imeno, (1) dobra volja i (2) sretstva. Ovaj Premier Minister gi nema i dvete, voljata nikako da nadvladee nad lichnite i samo lichnite interesi, a sretstva nema oti site gi troshi po chisti gluposti. Eve sega od denes ni dojde skoro desetmetarskiot Filip II, kralot na Makedonia, pobedonosecot. Sho da se kazi ponatamu. Nema nishto poveke za kazuvanje, osven deka grozjeto e kiselo i ne e za jadenje.
Исток, 22.05.2012 14:33:41
Дали ја разбираш ситуацијата или пак пишуваш колку само да е напишано?!?Ероле, ова не треба да е писмена работа за да и се дополниш на “наставничката“. Од ова произлегува дека ако ти беше ќе ја средеше работата многу лесно и безболно. Браво !!! Не оставаш без текст!
@KIRE, 22.05.2012 14:38:52
Kire, sostojbata e slicna kako vo filmot Srekna Nova 1949, samo ovojpat vo obratna nasoka: Zapadot ne otpisa, istokot ne ne zapisuva. I sega sto ke pravime ? Ke se molime dvata voini (edniot na konj, a drugiot bez) da ja cuvaat Makedonija ...
acko, 22.05.2012 14:44:23
Ne ni mozime da imame vistinski prijateli zaradi faktot sto pastirite i feliksite ,poltronite i site drugi alatki na prerodbata ne se zasnivaat na vistinska zelba za dobivanje prijateli.Toa e edna licemerna propaganda na sitni profitercinja zasnovana na zelbata da se vladee pa makar i na steta na dva milioni gragani.Za nasa zal evropejcite ne se slepi i go gledaat toa.Se dodeka ne go iscistime makedonskiot duh od ovie zla site ke ne gledaat so potcenuvanje.............I so pravo go pravat toa........
Трпе, 22.05.2012 17:34:52
Како големите моќни сили се однесуват спрема Македонија,вака се однесува пастирот спрема сопствениот народ.Незнам што не му е јасно на Грујо.Но секој треба да знае дека афектна личност за водач не се поставува.
Ајван Доктор®, 22.05.2012 17:51:06
Ниту е во прашање некакво вето,одбивање,ниту спречување на нашата интеграција со светот!Основното прашање кое мора да се испочитува,а тоа е и предуслов за нашиот натамошен развој,е почитувањето на резолуцијата на ОН за признавање на државата под привремено име БЈРМ,сè додека не се донесе прифатливо решение,кое нема да значи територијални претензии кон соседот и ширење на (квази)историски заблуди заради наводна наша супремација врз другите народи!Дури и ако се исполни предусловот на меѓународната заедница за наша интеграција со светот,останува да тлее несреденоста во основните државни темели,образованието,администрацијата, судството, здравство...што може само да предизвика несогледиви последици по опстанокот на државата,дури и ако тие се согласат за нејзин прием во овие асоцијации!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 9°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |