Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
21.05.2012, 18:57

И САД на страната на Грција на Самитот

Теле��изијата Скај тврди дека премиерот Никола Груевски до последен момент планирал да отпатува во Чикаго и таму да прави „комуникациско шоу“

Од нашиот дописник Миркица Поповиќ


Атина – Грција e задоволна од исходот за Македонија во Чикаго. Шефот на дипломатијата, Петрос Моливијатис, порача дека не успеале индивидуалните обиди за измена на одлуката од Букурешт и за да се издејствува покана за Македонија на овој Самит. Задржување на заклучокот од Букурешт беше очекувана работа во Грција, а ако се суди според изјавите на поранешниот шеф на дипломатијата, Ставрос Димас, тоа и била главната цел на грчката дипломатија изминатите месеци.

„Навистина имаше одредени заткулисни, би рекол и индивидуални обиди да се измени одлуката од Букурешт. Тие не успеаја. На Самитот беа повторно потврдени одлуките од Букурешт со кои се повтори дека соседната држава ќе добие покана за да му се приклучи и НАТО само откако ќе се реши спорот за името“, истакна Моливијатис по Самитот. Тој потенцираше дека Грција била во центарот на интересот и загриженоста на сите европски лидери со кои остварил средба во Чикаго. Грчките медиуми, пак, коментираат дека во обидите на држави членки на НАТО за измена на одлуката од Букурешт јасно се препознале Туција, но и Канада, Холандија и Словенија.

Медиумите во Грција уште рано изутрината ја пренесоа веста потенцирајќи дека Грција успеала да избегне нов проблем и нова меѓународна шлаканица, со тоа што прашањето за нашето членство не успеало да стигне до агендата на НАТО. Одлуката на НАТО ја оценија како позитивна за земјата, коментирајќи дека доколку ненадејно било покренато прашањето за покана за Македонија, Грција ќе се нашла во многу тешка ситуација поради моменталната политичка ситуација и фактот што има само преодна чиновничка влада. Весникот „То вима“ забележува дека, и покрај овој исход од Чикаго, Грција треба веднаш да се подготви за брзо решавање на спорот за името зашто иако голем број држави се одлучиле во Чикаго да ја поддржат и да не ја притискаат за членство на Македонија, испратиле јасни пораки до Атина дека нивното трпение нема да трае уште долго. Важна улога во поддршката на Грција на овој Самит, особено за избегнувањето да се вметне хашката пресуда, според весникот, одиграле САД кои се одлучиле да не го отворат прашањето за Македонија во период кога Атина е соочена со политичка криза, нови избори и се' уште се бори да се справи од планината економски проблеми.

Весникот притоа шпекулира за некакви разговори зад завеса на кои се дискутирало за можно поставување временска рамка за решавање на спорот за името и за членство на Македонија. „Вакво нешто сепак не се случи во Чикаго, но во коминикето јасно пишува дека треба да има интензивирање на обидите за наоѓање заеднички прифатливо решение. На ниво на НАТО, придонесот на ФИРОМ во воените акции се смета не само за доволен, туку и за прекумерен и поради тоа многу држави членки сакаат да ја наградат државата“, се заклучува во анализата. Весникот посочува дека токму поради ова, како и поради некои индиректни пораки од големите сили како Германија и САД, Грција треба интензивно да работи на решавање на спорот со името.

Грчката телевизија Скај, пак, повикувајќи се на свои извори, пренесе дека премиерот Никола Груевски се' до изминатиот четврток планирал да присуствува на НАТО-самитот во Чикаго. „Иако очигледно бил предупреден дека на НАТО-самитот нема да се дискутира за прашањето за членство на БЈРМ, премиерот Груевски сепак планирал до последен момент да присуствува во Чикаго со цел да се креира едно ’шоу на комуникациски контранапад’ преку разговори со странски медиуми“, се вели во извештајот на ТВ Скај. Од телевизијата тврдат дека имале договорено интервју со Груевски, кое било откажано во петокот наутро.

Прв од политичарите кој реагираше за исходот од НАТО-самитот беше лидерот на десничарската Независни Грци, Панос Каменос. Според него, иако резултатот е позитивен, очигледно е дека има притисок кон Грција на кој мора да се одговори со обединет и силен глас. Забележа дека кон Грција имало провокативни изјави од македонскиот државен врв, но и од турска страна со изјавата на турскиот шеф на дипломатијата Ахмет Давутоглу дека се чувствува како Македонец. Во целиот период пред Самитот грчките медиуми ги пренесуваа изјавите на турските политичари и ја критикуваа турската поддршка за македонското членство во НАТО, оценувајќи ја како обид за провоцирање на Грција.


Статијата е прочитана 840 пати.

Испрати коментар



Раката на судот
Груевски и' сврти грб на реалноста
Остануваме на патот кон Алијансата
Премиерот да дојде во парламентот
Бучковски
Постбукурешка атмосфера по Чикаго! Зошто?
Новинари со полиција на суд
Поради Атина не спиеме под шаторот на НАТО
ДПА бара предвремени избори
Мачнината на Груевски



bitola, 22.05.2012 07:02:26
nato=fasisti
Istocna Makedonija, 22.05.2012 08:46:18
Neli najgolemata svetska velesila bese nas stra- teski partner???!!!
fani, 22.05.2012 13:39:49
Znaci grcite nikoj ne smee da gi provocira,treba mnogu da se vnimava so niv oti tie se eden mosne gordeliv narod,taka tie samite izjavuvaat kade ke stignat.Si igraat so EU i Nato kako im odgovara.Drzava vo haos,a i samite tie velat deka ziveele preubavo,si pokacuvale plati so evropski pari,a sega koga treba da se stedi site im se krivi.I sega sto so takov narod i takva vlada koja go potrese finansiskiot svet???!!!Kako moze edna krhka Makedonija da se spravi so niv???Da ne se zanesuvame,patot ke bide mosne trnliv osobeno so ovaa vlada koja nezapirlivo go prodolzuva kicot vo Skopje a gradovite i selata se zanemareni,poglednete gi samo ulicite,patistata.Narodot si trpi beda a so negovi pari se kiti Skopje...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Претежно облачно

Петок
Грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 12°C

Сабота
Грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |