Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
21.05.2012, 19:11

Поглед

Раката на судот

Горан Адамовски

Кривичниот суд покажува заби. Веројатно му здодеа од постојаните критики дека судството ни е бавно и корумпирано, па реши да ги земе работите в раце. Почна од новинарите. Со полиција им доаѓа во канцелариите за да се донесат на суд. Рочиштата мора да се одржуваат, процесот да заврши во нормален рок, а пресудата да биде објективна. Што е за секаква почит. Новинарите не се посебна категорија, напротив, еднакви се како и сите граѓани.

При еднаквоста, судот изгледа има само малку поинакво мислење кога им ги одредува глобите што треба да ги платат и кога станува збор за политичарите. Нив тешко може да ги најде за да ги викне во судница. Нема шанси да се дознае куќната адреса на овие моќници, а да се утврди каде работат е невозможна мисија.

Кружи муабетот дека некои од функционерите умешно избегнуваат прием на судски покани, кои, најверојатно завршуваат далеку од нивните дворишта, бидејќи никој од вработените не сака да ги прими тужбите што се однесуваат на нивните претпоставени. Се случува и портпароли кои речиси секој ден (по потреба и по двапати) држат прес-конференции, судот да не може да ги најде. Од друга страна, пак, судот некогаш не знае дека тужениот, додека траела постапката, станал амбасадор во странство, па продолжува да му испраќа покани на домашна адреса. И нормално, процесите заглавуваат.

Такви примери има милион. Не држат тврдењата на надлежните дека судот е независен и оти правдата била достижна за сите. Со свои очи гледаме што се случува. За ажурноста на судот ќе зборуваме кога кај сите исто ќе биде почувствувана. Во спротивно, во ред е, не Ви е лесно, работите под притисок, ама барем престанете да не' замајувате со излитени реплики и фрази.


Статијата е прочитана 771 пати.

Испрати коментар



Груевски и' сврти грб на реалноста
Остануваме на патот кон Алијансата
Премиерот да дојде во парламентот
Бучковски
Постбукурешка атмосфера по Чикаго! Зошто?
Новинари со полиција на суд
И САД на страната на Грција на Самитот
Поради Атина не спиеме под шаторот на НАТО
ДПА бара предвремени избори
Мачнината на Груевски



Marjanco, 22.05.2012 10:43:01
Podrska do site novinari kako i od Dnevnik da ostanat na patot na profesionalnoto informiranje i da izdrzjat na pritisocite od Vlasta, za koi ne se strani i vakvite metodi.OTPORnosta kon neselektivna primena na pravoto vo R.Makedonija za vreme na vladeenjeto na DPMNE stana nase sekojdnevie, a ne isklucok od praviloto.Ja povikuvam Ministerkata za vnatresni raboti da odgovori zosto eks nacalnikot na SVR Kumanovo Zoran Velickovski ne e prisilno priveden na 13-toto rociste zakazjano za 15.05.2012 godina, pred OS Kumanovo, vo postapka za zloupotreba na SPO.A sudska naredba za priveduvanje e izdadena,istiot ne e suspendiran, nitu se vodi disciplinska postapka protiv nego kako D-r Nospal.A za postapkata za negoviot naslednik ne ja prasuvam Ministerkata, da ne ja zagrozam istragata koja e kvalitetna, pa se penzionira veke mozjebi i ne e clen na DPMNE,slusam smenil boja, kako Ustavot i Zakonite vo Vasite oci.OSTAVKI

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Претежно облачно

Петок
Грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 12°C

Сабота
Грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |