Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
21.05.2012, 19:07

Остануваме на патот кон Алијансата

Премиерот Никола Груевски одговори на отвореното писмо од опозицијата, посочувајќи дека епилогот од Чикаго е непосакуван, неправеден и неправичен, но не е неочекуван или, пак, изненадувачки. „Сите ние заедно сме свесни и добро знаеме дека единствена причина за нашето попречување за остварување легитимни и легални аспирации е противењето на нашиот јужен сосед. Во овие мигови на голема неправда, која силно ги погодува чувствата на сите нас, на сите граѓани на Македонија, и покрај вашите реакции, кои според мене се крајно непотребни и бесцелни и не придонесуваат за интересот на нашата земја, апелирам до сите граѓани да останат спокојни и да не потклекнат на наметнатата отворена девалвација од Грција и на фрустрација која не создадена по наша вина“, пишува Груевски.

Ние, вели премиерот, не ги носиме одлуките за членство во НАТО, тоа го прават земјите-членки на Алијансата. „Наше беше да работиме, да спроведуваме реформи и да модернизираме и да придонесуваме кон реализација на заедничките интереси. НАТО јавно призна дека тоа сме го правеле“, вели Груевски.

Тој и' одговори на опозицијата дека Македонија останува посветена на реализацијата на стратегиската определба за членство во НАТО.

„Ако некој ја каже вистината, не значи дека некој се кара со стратегиските партнери. Тоа е класично извртување на тезите. Ќе продолжиме со поддршката на мировните мисии на Алијансата за обезбедување на светскиот мир и демократијата, затоа што тоа е она што сме го определиле и во што веруваме. Ќе продолжиме и понатаму одговорно да се однесуваме и да постапуваме, нешто што не' карактеризира сиве овие години откога ни е наметнат овој бесмислен и невиден спор на друго место“, наведува премиерот.

Тој и' забележува на опозицијата дека го доведува во прашање легитимитетот на неговите позиции. Во тој контекст наведува: „Би сакал да потсетам дека пред нецели десет месеци имавме избори и мнозинството граѓани јасно и недвосмислено и' доделија мандат на оваа Влада и ја изразија својата доверба во нашите политики, вклучително и во позицијата која ја имаме во однос на ова прашање и која за разлика од вашето постојано менување ставови за ова прашање е јасна и прецизна“.

„Политиката која досега ја промовираа некои од лидерите на опозицијата, како политика на свиткан ’рбет и криење на реалноста, не ја прифаќам како метод во политиката и однос кон сопствениот народ“, вели Груевски.




Статијата е прочитана 200 пати.

Испрати коментар



Раката на судот
Груевски и' сврти грб на реалноста
Премиерот да дојде во парламентот
Бучковски
Постбукурешка атмосфера по Чикаго! Зошто?
Новинари со полиција на суд
И САД на страната на Грција на Самитот
Поради Атина не спиеме под шаторот на НАТО
ДПА бара предвремени избори
Мачнината на Груевски

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Претежно облачно

Петок
Грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 12°C

Сабота
Грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |