22.05.2012, 19:43 Каде отидоа пријателите на Македонија?
Бивши функционери бараат прием на Македонија во НАТО, актуелните одбиваат да не' стават на агендата
Слободанка Јовановска
Има ли Македонија пријатели меѓу странските држави и дали е навистина несакано дете на Европа, како што изјави еднаш премиерот Никола Груевски? Каква е користа за државата ако јавно и грубо се прави листа на земји што ја сакаат повеќе Грција? Точна ли е констатацијата дека САД ја смениле страната, па сега се поблиску до позицијата на Атина? Кој застана зад Македонија во Чикаго и зошто тие пријателства немаа тежина да го сменат исходот?
Вакви и слични прашања се намножија по интервјуто на премиерот и по информациите дека на самитот само Турција, Унгарија, Канада, Холандија и Словенија од 28 земји членки застанале зад барањето да се отвори прашањето за приемот на Македонија. Колку и да се ценат поддршките што во лавина дојдоа пред самитот, не може да не се забележи дека поканата за Македонија ја фаворизираа главно бивши функционери и аналитичари поблиску до терминот лобисти, а од актуелните функционери стигаа само пораки дека ќе не' нема на агендата.
Според Стево Пендаровски, Чикаго покажал дека единствен пријател на Македонија сега е Турција, и дека билатералните односи со САД се на историски минимум, односно не биле полоши никогаш досега. Тој смета дека власта изгубила пристап до коридорите на моќта во Вашингтон, па и нашата дијаспора, која нема контакт со администрацијата на Барак Обама.
„Ние со клучните играчи во САД и во Европа немаме односи. И германската канцеларка Ангела Меркел е поблиску до грчката отколку до македонската позиција околу спорот, а во оваа земја Социјалдемократската партија има помакедонски став околу демохристијаните, кои се сродна партија на ВМРО-ДПМНЕ. Немаме никакви контакти и со Франција, а сакаме да го решиме спорот“, комент��ра Пендаровски со оценка дека премиерот бара пријатели главно меѓу оние кои во своите држави владеат на сличен начин како во Македонија и не го критикуваат“. Премиерот ја навреди ЕУ по заклучокот на самитот, сега го откачи НАТО. По вакви изјави најлогично е да ги повлече војниците од Авганистан, коментира тој, заклучувајќи дека сепак пораките не се за надвор, туку за домашниот аудиториум. Потсети дека за Македонија и во минатото се носеле тешки и неправедни одлуки, но не се сеќава дека претседателот Киро Глигоров по Лисабонската декларација или некој друг по друг повод излегол со вакви навреди и емоции. На тоа каде ќе оди Македонија по самитот, тој нема дилема и вели „никаде“.
„Нема да оди никаде. Ќе стои на место. Владата нема алтернативен план, ни за Русија, ни за Кина... Само ќе глуми дека оди во различни насоки, дека соработува со светот“, вели Пендаровски.
Суад Месини, пак, се согласува со изјавата на премиерот дека САД и' се пријатели за Грција, но тоа според него не исклучува дека се пријатели и на Македонија. „Клучната неспособност на премиерот е да сфати дека работите не се црно-бел�� како што ги преставува и дека не може да очекува САД да фатат страна во спорот и да ги нарушат принципите. Ние храниме нереална слика за нас самите, како да сме ангели. Дека сите сме убави, по манекенски писти одиме, секаде злато копаме... нешта што немаат врска со реалноста. Не гледам зошто САД би си направиле проблем во Алијансата со тоа што нас би ни одработиле нешто кога ние малку се трудиме, колку и да е Грција лош сојузник“, прашува Месини. Според него, големата нервоза што се појави пред Чикаго ќе остане и натаму и може да се зголеми, без оглед што сите беа свесни каков ќе биде резултатот.
Впечатокот дека САД ни се непријатели, според Денко Малески, произлегува од убедувањето дека тие се семоќни, но ете не сакаат да го решат проблемот во наша корист. „Се разбира, доведена до апсурд, оваа теза е исправна. Зашто САД можат, во крајна линија, да ја нападнат Грција и да ја принудат да не' признае под уставното име. Меѓутоа, само некој кој не ја знае азбуката на меѓународната политика може вака да размислува“, вели тој. Според него, интересот на големата сила не е да се заплетка во проблемите на една мала држава и поради тоа да завојува со трета држава. Максимум што може да се очекува е да ги земе предвид и нашите позиции, но ако се притисне да избира „или-или“, ќе ја одбере земјата со која ја врзуваат посилни интереси. „Впечатокот дека Америка ни е непријател произлегува од отсуство на знаење за опасните мориња на светската политика во која пливаат и китови и сардини. Малку повеќе знаење и малку повеќе паметење ни кажува дека токму со поддршката на Америка станавме самостојна држава“, вели Малески. И тој очекува насоката во која ќе се движи Македонија по Чикаго да остане иста, барем до мандатот на оваа влада и претседател.
„Перцепцијата кај граѓаните дека во Чикаго на Македонија и' е направена уште една историска неправда од страна на големите сили го активира чипот всаден одамна во историјата во свеста на Македонецот. Врз оваа доминантна, а денес веќе искривена свест, ќе продолжи да опстојува политиката на сегашната влада. Всушност, според универзалното правило дека што поголем отпорот кон надвор, посилен аплаузот дома, отпорот не само што ќе продолжи, туку ќе мора да се зголемува во наредните години. Меѓутоа, резултат од ваквата политика ќе биде создавање нови конфликтни ситуации кои можат да ја дестабилизираат земјата“, порача Малески. |
|
Статијата е прочитана 5001 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 23.05.2012 00:11:03 | Kako prvo, Grcija e mnogu vazna za Evropa/Zapadot, i ne im ni paga na pamet da ja zagubat poradi Makedonija. Posle vtor.sv.vojna vo Grcija kmunistite bea pred pobeda, no znaeme sto se sluci. Zapadot na Tito mu ponudi nevidena pomos i povolnosti za da ne gi pomaga komunistite(a so toa i Makedoncite)pomos od koja 50 godini ziveevme bogato. Zatoa i Stalin se naluti i mu kaza*dosta e*(a ne deka Tito mu kazal NE).Ako togas padnese Grcija vo Sovetski race, kako domino ke ispopagaa Italija, Spanija, Francija, i toa ke bese kraj za Evropa.Denes potpolno istoto se slucuva(preku navodnata kriza) i zapadot nema namera da ja izgubi Grcija.Najmalku pa poradi nas. Zatoa, pamet vo glava,nekoj raboti se iskristaliziraa i se znae veke na sto sme, pa potrebna e pogolema mudrost za ponataka.NATO-EU i te kako ni e potrebno. Nemora clenstvo, no sorabotka/sojuz i te kako. |
| resenburg, 23.05.2012 00:25:14 | prijatelite ni zaminaja vo A-SAMA-TI ili potocno kazano naseto letuvaliste asamati |
| NACRT REZOLUCIJA UNGA, 23.05.2012 00:41:50 | NACRT REZOLUCIJA
Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g,
Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON,
Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat,
Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, ,
i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina,
Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON,
Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
|
| goran, 23.05.2012 00:57:31 | do malevski: ako toj e tolku dobar poznavac i iskusen diplomat, zosto namerno izostava da kaze deka garant i potpisnik na privremenata spogodba so grcija e tokmu USA! tamu ubavo stoi deka grcija nema da se protivi na naseto integriranje vo EU i NATO pod privmemenata referenca. SE SOGLASILA GRCIJA NA TOA, A GARANT I POTPISNIK E USA!!! alo, go razbira li malevski ova ili treba da se zaprasame za kogo odrabotuvaat on i slicnite od sdsm kako nego? |
| Berlin, 23.05.2012 01:48:08 | Maka me faca od ovija-kvazi experti.Si kazuvaat kafanski muabeti, Gruevski gi nalutil pa sega ne ne primaat.Rabotata e bas kako sto ja kaza Premierot.
Makedonija nema Drzavi prijateli.A pak Germanskiot pecat e isto takvo gubre i so super
jaka cenzura sto vo Makedonija ne moze ni da si zamisli covek. |
| zoran, 23.05.2012 01:52:53 | Mestoto na Makedonija e prema Rusija i Kina a ne eu,jasno vi eili ste glupi. |
| pile, 23.05.2012 02:47:17 | „Нема да оди никаде. Ќе стои на место. Владата нема алтернативен план, ни за Русија, ни за Кина... Само ќе глуми дека оди во различни насоки, дека соработува со светот“, вели Пендаровски.Ne e tocno G-dine Pendarovski, Vladata nikoj od megjunarodnata zaednica nema da ja ceka da stoi na mesto, sto se gleda i od del od sodrzjinata na Zaklucokot od Samitot vo Cikago, a i Drzjavniot sekretar na SAD go istakna,sproveduvanje na zapocnatite reformi izgradba na multietnicko opsestvo,a posebno posle smislenoto intervju na najpatriotskiot Premier, i pokraj toa sto brzo se obide da reterira.Vo idnina Vladata a so toa i R.Makedonija uste poveke ke go gubi ugledot na megjunaroden plan,a poedinci kako nekogas G-din Vlatko Gjorcev ocekuvam da se svrtat protiv drugi megjunarodni pretstavnici i diplomati OBSE EU i sl.A podocna za neuspesite vinovna e DUI, da da G-din Ahmeti togas ke vidite koj pisuva X a koj 0.Sepak i vo svetot ima slicni izreki kelnerski ama nekoj ne gi naucil,ako ti e ubavo kazji na |
| pameten, 23.05.2012 05:19:22 | Merkel e poblizku do Grchkata pozicija!!! Ako ovo ne e katastrofa za Makedonskata diplomatija, ne znam shto e! No kolku i da e luta Merkel na Grcite, nema shansi da prifati deneshna Makedonija za reinkarnacija na antichkoto Makedonsko carstvo, poshto kje stane za prismev na svetot. Sekako nema potreba od NATO. Vojnot i Vojnot na konj kje ja garantirat bezbednosta. |
| ФЕЛИКС, 23.05.2012 06:39:52 | Kako прво Пендаровски по се изгледа и не му верува на амбасадорот на САД и неговиот шеф Клинтон да САД ни се пријатели ептен големи,но на дистанца кога се работи за соседот.Тоа е богами голем заокрет во неговото однесување аналитичко.Како второ ексфункционерите како на САД така и другите кога не подржуваат не оставаат збунети.Па се прашуваме збунето,,каде бевте кога вашите влади исто така ни го запираа патот кон НАТО,,Како трето како тоа сега Малевски САД ја перцепирада ,,таа не е семоќна,,а во исто време не убедуваше и не убедува да е добро да се има моќен пријател.Вероватно до она ,,се,, да ти било, не сме ја разбрале градацијата на ,,моќен,, и ,,семоќен,,.И на крај ептен добро избрани експерти познати по еднонасочната ,,љубов,,кон САД.Еднонасочноста е во тоа што и нив како и нас не набутаа во чекалницата,но нив тоа по се изгледа им годи. |
| Nikola, 23.05.2012 07:14:56 | Турциjа ке се бори за Голема Албаниjа - http://balkanstory.wordpress.com/2012/05/07/erdogan-turkish-soldiers-will-help-albanians-liberate-their-lands/
|
| sando novoselec Ljubljana, 23.05.2012 08:03:14 | koja zapadna država pomognala na Makedonija Francija i Anglija so pomoš na Germanija ja delile Makedonija a sega sakat da ja izbršat od Evropskata Geogravska Karta Stevo si novinar dvoličen ve poznavam lično i tvoite stavovi se grčki ima vas dosta što se zalagate so ona vaša pridevka FALA |
| Miki, 23.05.2012 08:44:27 | Do Berlin - a be prijatelce, ako ti nemas nieden prijatel, koj ne cini - site okolu tebe ili ti samiot? |
| Pavle od Lerin..., 23.05.2012 08:58:54 | Pogreshan asocijacija na slikata Tsipras vo naslovnata strana predstavuvajki deka si e prijatel na Makedonija. Samiot Tsipras ne priznava Makedonska nacija, tuku samo Slaviani dojdeni 6-i vek vo Grchka Makedonija.... Greshka napravi avtorot na kolazhot vo naslovnata stranica...Pozdrav od Lerin ;-) |
| Енеркон, 23.05.2012 09:34:58 | Првиот коментар од jovan е м��огу точен. Грција на запад ја сметаат за лулка на западната цивилизација и стратешко место, врска со ориентот, и затоа вечно ќе ја штитат. Николиќ рече ќе ја подржи Грција, како што вечно се подржуваат за поделбата на Македонија. Турција не подржува на инат на Грција и поради големото муслиманско население во М��, берете ум. Нашиот најверен пријател, кој знае историја е десно од нас , обоен во зелено. |
| do jovam, 23.05.2012 10:10:10 | ти бе пријателе со ова што го пишуваш најмалку си пријател на македонија а и толку малку знаеш историја господо да те чува.
Поделбата на европа беше решена во Јалта 43-тата така да тие своеволни заклучоци немаат врска. Брее ако паднела Грција, та Сталин се налутил. Абе сталин на ливче хартија прифати поделба на Југославија 50% - 50%. Оди малку прочитај историја па после треси глупости. Какви се недоквакани пишуваат |
| od ostrijot, 23.05.2012 10:45:19 | politicko prijatelstvo se gradi so obostrano postovanje i so cvrsti no realni argumenti a ne so
trci-lazi politika. |
| andrejko, 23.05.2012 12:43:43 | samo bugari nui se prijateli i ne sakat se drugo e luk i voda. |
| Трпе, 23.05.2012 12:43:51 | Ние имаме пријатели.За џабе не фрлат пари по нас.Парите им ги сакаме ама од нив совети не сакаме.Тие неможат да дозволат некој кој неможе и не знае да го игра најлесното Еленино оро,да се прави петел тој да го води орото. |
| slartibartfast, 23.05.2012 13:35:05 | Poglednete ja slikata na Kameron. Taka mu se obraka na Grujo i go prasuva dali si batka ti vo red. |
| JASNO KAKO BEL DEN, 23.05.2012 14:23:18 | Nema mesto za nas vo NATO grupata.Ednostavno ne ne sakaat,ne denes ne utre,NIKOGAS!Tuku dodeka ne im se ODMILIME na Rusija i Kina treba da se priblizime do Rusija i Kina.Kako sto velat NEPRIJATEL na MOJOT NEPRIJATEL e moj PRIJATEL. |
| dalibor, 23.05.2012 15:54:09 | За проблемот Македонија - Грција може да се каже само една работа, а тоа е - Македонија е во подредена позиција и ќе мора да ги трпи последиците од оваа бесмислена ситуација. Македонија како територија, не се состои само од планини, реки и езера. Во неа живеат луѓе, луѓе кои што не се поинакви од останатите луѓе на Европа или светот и според сите можни критериуми и правно пишани и непишани норми, луѓето од ова поднебје имаат право на свое име и на своја земја. Таа земја историски и на секаков друг начин отсекогаш се викала и ќе се вика Македонија и никогаш тоа нема да се смени.
За сегашната власт можам да кажам неколку збора исто така! Само продолжете по патот кои што одите затоа што тоа е правилниот пат. Никола Груевски можеби не е во можност да ја однесе Македонија во Европа, но ќе ја донесе Европа во Македонија сигурно.
|
| bb, 23.05.2012 16:03:27 | nikogash ne ni bile niti pak ke ni bidat prijateli a izlishno e prepukuvanjeto megju vlasta i opozicijata ,koj i da e na vlast so priznavanjeto i NATO ke e isto. |
| slave, 23.05.2012 17:06:07 | Prijatelite na Makedonija ukazuvaa, molea, i predupreduvaa deka so istitucionalnoto prekrojuvanje na svetskata istorija Makedonija ke ja izgubi podrskata. Vo isto vreme niknuvaa anticki spomenici, zgradi vo jonski stil, srednoskolcite se doktriniraa vo posvojuvanje na helenska istorija, na stranski sportisti im se davaa pasosi na eden den. I mislime deka toa nikoj ne go gleda i deka podrskata e nesto sto ne moze da se izgubi. |
| iskustvo, 23.05.2012 17:59:25 | Vo ovie sferi nepostoi tnr. prijatelstvo. Postojat samo interesi. Imam interes za tebe - nemam interes za tebe. Tolku. |
| do Maleski, 23.05.2012 18:09:21 | Ti povtorno se zakanuvas so vojna.Tie zakani vekje ne palat i ne plasat. |
| cobe, 23.05.2012 20:45:30 | Благодарејки на овие недоквакани, пријателите ни отидоа во неповрат............... Наздравје Македонијо, сама си ги гласаше....... |
| Toni, 23.05.2012 21:24:59 | Ako sakame da ostaneme principielni i posle ovaa rapsodija vo Cikago, najmudar poteg e da se povlecat deckite od Avganistan i da se povlece baranjeto za clenstvo vo NATO...Reakciite potoa ke pokazat najubavo kolku vistinski im znacime nesto ili ne... |
| Svetot ne se vrti okolu nas, 24.05.2012 00:07:20 | A shto e reshenieto spored patriotite? Da im udrime kloca na USA, EU i NATO. Abe tie go rasturija SSSR so se VU, ja rasturija YU vo koja clenuvashe i RM, se majtapiraat so arapite i muslimanskiot svet, pa sega ke im e problem RM. Dajte patrioti, bidete pri chista pamet koga neshto kazuvate. Sekoja chest na Rusija, Kina i ostanatite ,,principielni,, zemji na Grujo, no nie sme vo Evropa. Ako ne sakame vo EU kako samostojna drzava (normalno pod nivni, a ne nashi uslovi), togaj ke bideme pak vo EU, ama kako del od druga drzava ili drzavi. Ta ni severna ni juzna, ni nova ni stara, ni gorna ni dolna, ni bilo kakva ni bilo koga povece. Ne igrajte se so djavolot i ne sonuvajte da mu bidete prechka na patot. Ke ne snema! Tuka ne pomaga ni hashka ni prashka presuda, ni bilo kakva samostojnost i nezavisnost, a ponajmalku chovekovi prava. Silata e edinstveniot argument i merilo. Zarem toa ne mozat da go uvidat i procenat Feliks, Jordan, Oliver, USA, ..., na chelo so nivniot omilen premier. |
| Ohrid, 24.05.2012 00:12:07 | Nee vazno kako e kazano dali pred ili zad narodot,No toa sto e kazano od Grujo vo krajna linija e tocno,i toa nee samo negovo mislenje tuku i nase od obicniot Makedonski narod koj starada i pati poradi odlukite na golemite sili a vo interes na Grcija.
No kako vernici vo Boga Hristijani ili Muslimani site imame edna misla i ne nosi edna nadez deka sepak ce bideme vo drustvoto kade sto pretendirame a toa e EU i NATO a se nadevam so Turcija bez Grcija. |
| marija, 24.05.2012 10:25:50 | @jovan
Komunistite ne pobedija vo Grcija posle 2svetska vojna ne zoshto zapadot mu ponudil nevidena pomosh, tuku zatoashto posle vojnata i dvata bloka se potrosheni pa se dogovaraat da gi podelat sverite na vlijanie. Tragichno no vistinito sudbinata na Egejska Makedonija se reshava vo nekolku minuti na malo parche hartija. Chrchil na malo livche hartija napishuva: Romania (rusija90, drugite10; Grcija (britanija i USA 90, rusija 10); Jugoslavija i Ungarija (50-50), Bugarija (75 rusija, 25). Stalin zemal molivche i go shtikliraj seto ova. Spored zborovite na Chrchil, rabotata bila reshena vo poratko vreme od shto e potrebno da se sedne! Podocna vo konretnoto dogovaranje za da se dobijat tie 90% vo grcija, Zapadot se otkazhuva od istochna i centralna evropa koja Stalin saka da bide prosovetska. Ete kolku e potrebno za da se reshat sudbinite na malite narodi.
|
| VP, 24.05.2012 10:30:20 | И во антиката и денес нема пријатели и пријателство има интереси - просто и јасно ...; Тешкото е да се идентификува сопствениот интерес. Тоа никогаш не било силата на било која балканска држава.
|
| deko, 24.05.2012 23:17:06 | Ponekogas komentarite vi se detski.Od ova sto go stori vladata za priem vo NATO poveke i ne mozese da se stori-dzabe si ja kritikuvate sopstvenata vlada i vinata si ja barame samo kaj nas.Da ne zaboravime deka nasite prijateli SAD,Germanija itn.toest golemite vele sili i na grcija i se prijateli i clenuvaat vo isto drustvo i normalno e poveke da bidat za clenovite na klubot vo NATO otkolku novite clenovi-ne znam sto e tuka cudno.Treba da sme istrajni,ovaa bitka so GR. ke bide dolgotrajna,cenata e golema DA NE BIDE ILI NE,Grcite malku gubat no nie vo ovie pregovori moze da zavrsime vo istorijata,da ne snema kako narod-od nas se bara golema cena da vlezeme vo NATO kako drug narod novo oformen,zatoa ne tresete zeleni,ili ke vlezeme vo NATO kako Makedonci ili ne treba da vlezeme voopsto.I ve molam veke ne se pravete nedovetni,dobro znaete veke kade e problemot,Grcite ne sakaat da postoime kako narod-makedonski.A vie uporno go barate problemot doma. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Облачно
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 12°C
|
Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
|