Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
22.05.2012, 19:18

СДСМ ги кани Иванов и Груевски на итна седница

Опозиционерите сакаат да слушнат план за иднината на државата, по неуспехот во Чикаго

Наум Котевски

Опозицискиот фронт одлучи и официјално да поднесе барање за итна собраниска седница на која задолжително треба да присуствуваат претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски.

Седницата, велат од опозицискиот блок, ќе има една единствена точка на дневниот ред - дефинирање на идниот план и активностите на државниот врв за исполнување на стратегиските приоритети и интереси на граѓаните за интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО по самитот на Алијансата во Чикаго.

Завчера 42 пратеници од опозицискиот фронт, што го предводи СДСМ, со отворено писмо до премиерот Груевски побараа тој и претседателот да соберат, како што велат, храброст и да покажат почит кон граѓаните и во Собранието да го соопштат официјалниот став на државниот врв.

Заблагодарувајќи му се на премиерот за брзиот и долг одговор на отвореното писмо што му го испратија, потенцираат дека не добиле одговор на клучното прашање - што понатаму?

„Сметаме дека граѓаните заслужуваат разумен, рационален и неемотивен одговор на тоа што ни се случи во Чикаго. Бараат одговор кои се нашите стратегиски пријатели и најмногу од се' бараат конкретен план и конкретни чекори како понатаму“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски.

Тој додаде дека членството во НАТО и во ЕУ не е само членство во два политички сојуза. Тоа, вели тој, претставува стабилност, економски просперитет, можност за странски инвестиции, нови работни места, подобар живот за граѓаните и, конечно, тоа претставува иднина за која постои консензус во општеството. Ивановски го повика Груевски да не прави притисок врз претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, да не закаже итна седница.

На прашањето кој е правецот на опозицијата според кој треба да се движи државата, Ивановски вели дека насоките не ги определуваат ниту СДСМ ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште пред 20 години нив ги одредија граѓаните на Македонија. Со огромен консензус, меѓуетнички, социјален, економски, културен, каков сакате друг, одлучија дека Македонија треба и мора да стане членка на ЕУ и на НАТО. И тоа не е само политички проект, тоа е, пред се', економски, безбедносен, социјален проект. Оттаму не смее да разговараме за правците, тие се поставени. Освен ако државниот врв има нешто друго да ни каже. Затоа бараме итна седница“, посочи Ивановски.

За ВМРО-ДПМНЕ предлогот за вонредна седница нема никаква смисла ниту цел. Посебно поради тоа што, како што велат, пораките што беа упатени од премиерот Груевски, но и поддршката од целокупната јавност се јасни, прецизни и недвосмислени.

„Вам како опозиција ви останува можноста следната недела на седницата за пратенички прашања да поставите директни прашања до претседателот на Владата на оваа или на која било друга тема“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Руфи Османи предлага техничка влада

Лидерот на НДП, Руфи Османи, ја афирмираше идејата за формирање техничка влада за излегување, како што вели, од овој интеграциски и егзистенцијален ќорсокак. Во лошата ситуација во која се наоѓа земјата, според него, наспроти конкретната одговорност која паѓа врз грбот на актуелната власт ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ, треба да се формира широк консензус. „Новата влада ќе има обврска да постигне историски компромис со грчката влада за спорот околу името за потоа заедно со локалните да организира и парламентарни избори во март-април 2013 година“, велат од НДП.

Според нив, исходот од Самитот во Чикаго бил познат уште од првичната агенда и тој им бил јасен на сите учесници, освен на политичките актери во Македонија.

„Со дрскост не ги прифаќаа постојаните пораки дека компромисот околу спорот со името со Грција е неизбежен како предуслов за зачленување на државата во НАТО. Некооперативните ставови на премиерот Груевски не ги зедоа предвид навремено трендовите и последиците од големата финансиска и економска криза која ги погоди главните земји-членки на НАТО и на ЕУ“, додаваат од НДП, порачувајќи и' на ДУИ дека доколку е сериозна во своите евроатлантски интеграциски политики, „сега е моментот да демонстрира реална институционална посветеност и на тој начин да даде свој придонес за надминување на овој историски предизвик за иднината на земјата“.


Статијата е прочитана 399 пати.

Испрати коментар



Робертсон
Филип Втори се исправи на Карпошово востание
Каде отидоа пријателите на Македонија?
Третиот човек
Неизвесноста во Грција сопка за Македонија
Иванов се враќа со празни раце
Грција на чистина
Тешка битка за градоначалничката фотелја во Охрид
Лустрацијата помина без опозицијата
Говорот на омраза создава конфликти



jovan, 23.05.2012 00:29:48
Sto ponataka, i nema bogznae kolku opcii. Vsusnost nema ni edna. Ostanuva samo so otvoreni karti da sedneme pred NATO-EU i im kazeme. Ime ne menuvame, poradi toa znaeme deka nema da ne primite kako clenovi, no dali bi sorabotuvale i bi bile so nas prijateli i partneri. Nie sme ZA, kazete vie. Ako recat, NE, ne ne interesirate(a malku verojatno e), togas ke se svrtime prema Rusija, Kina, Uganda, Bocvana... i ke pravime sto ke pravime, mada nisto nema da napravime, no toa e toa.Moze nekoe cudo ke se sluci. Do kade ke stigneme, ke vidime. Ili pa, ke sedneme, ke promenime ime, i uste utre ke vlezeme vo NATO(licno ne sum za toa). Drugo, barem jas kako laik veke ne gledam sto bi mozele da pravime. Ako nekoj znae, neka poveli neka kaze.Za kraj ke go citiram Nikola Pasic:*Ni nema spas, no nema ni da propadneme*
sando makedonac, 23.05.2012 08:13:10
ne e potrebno sednica za udlukite vo Čikago toa e odluka na Nato i EU so podrška na domašnite predavniški Grčki slugi toa se poranešnite ministri i primieri se e jasno FALA

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Недела
Грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 9°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |