Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
22.05.2012, 19:38

Поглед

Третиот човек

Димитар Чулев

Насловот нема врска со култниот филм на Орсон Велс, но одговара на драмата што се случуваше вчера во Србија околу комбинаториките за нова влада кога од опозициската ДС на Борис Тадиќ пуштија вест дека тој нема намера „да олади“ и дека многу е извесно досегашниот претседател на државата да ја прифати улогата на иден премиер. Иако, Тадиќ, речиси се заколна, по објавувувањето на резултатите дека нема намера по 13 години функционер, да се зафати со неблагодарната улога на српски премиер. Но, во политиката е се' релативно....

Таа изјава требаше да биде „сигнална сијаличка“ дека статичката енергија на гласачкото тело на Николиќ и не е гарант дека победата на претседателот значи вистинска победа и извршна власт на теренот. Дека и по трет пат морален победник на паралментарни, самопретседател без да успее да формира и своја влада, ќе наликува на „англиска кралица“ на која од опозицијата ќе и диктираат и дневно мени.

Извесно е дека кој ќе биде извршен орган односно влада, а кој „англиска кралица“ или претседател за „покажување“- сега е во рацете на Ивица Дачиќ, кој истраја на континуитетот на партијата на некогашниот Слободан Милошевиќ и со над 30 освоени пратениччки места е „ јазиче на вагата“ кое ќе натежне лево или десно. Дачиќ игра со Де-ес паралелно со преговорите кои ги води со Српските напредњаци.

Прашање е од кого , као трет човек, ќе добие подобра понуда да влезе во влада, шанса која вистински политичар не би ја пропуштил ако тоа му го понуди Николиќ кој овој пат има дуппла победа.

Победничката партија на новиот српски претседател Николиќ, пак, прв пат во историјата има шанса да формира влада, или да одигра „тег“ во уште едно формирање на „тадиќевска“ и проевропска влада.


Статијата е прочитана 1193 пати.

Испрати коментар



Робертсон
Филип Втори се исправи на Карпошово востание
Каде отидоа пријателите на Македонија?
Неизвесноста во Грција сопка за Македонија
Иванов се враќа со празни раце
Грција на чистина
Тешка битка за градоначалничката фотелја во Охрид
Лустрацијата помина без опозицијата
Говорот на омраза создава конфликти
СДСМ ги кани Иванов и Груевски на итна седница



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Недела
Грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 9°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |