22.05.2012, 19:44 Филип Втори се исправи на Карпошово востание
Во центарот на Скопје се исправи и споменикот на Филип Втори. За десетина минути тој вчера претпладне беше положен во централниот дел на плоштадот Карпошово востание, пред црквата „Свети Димитрија“. Со помош на дигалка се постави на столбот, кој практично ќе биде средишен дел од фонтаната, која е во градба, а т.н. воин ќе биде нејзин декор. Споменикот достигнува вкупна висина од 29 метри, од кои само воинот излеан во бронза е висок 13 метри и практично е повисок од споменикот на Александар Македонски. Споменикот на Филип е излеан во италијанската леарница „Гуастини“, а негов автор е Валентина Стефановска. Тој ќе биде дел од фонтаната во која ќе се постават и три бронзени скулптури на војници, два лава и други придружни елементи.
|