22.05.2012, 19:24 Мое ќоше
Грција на чистина
Ерол Ризаов
Што се прави кога резултатот е нула и кога нема идеја што понатамуѓ
Премиерот Никола Груевски со своето интервју во пресрет на НАТО-самитот во Чикаго си ја заврши својата домашна работа. Знаејќи го резултатот како и сите ние, настапи пред јавноста со силни емоции, огорчен од неправдата што и' се прави на Македонија. Гневен, не поразлично од најголемиот број граѓани, истури чемер и јад врз сите виновници за ова што ни се случува, што ни го прават со години, ни криви ни должни. Веста дека и Чикаго 2012 за Македонците е ист како и Букурешт 2008, не дај боже да заличи на Букурешт 1913, ја примивме подготвени со убава доза на сочни пцовки. Останаа експертите и разните мудросерковци да анализираат колку премиерот бил храбар што им влепнал по една шлаканица на Америка, Франција и Германија и, се разбира, на најголемиот виновник Грција, како и на домашните непријатели и предавници. Или, пак, колку премиерот згрешил што настапил со речник на простосмртник и колку е тоа недолично за еден претседател на влада итн., дрн, дрн јариња.
На овој начин, всушност, за кратко време, Груевски го одбегна одговорот на суштинското прашање каде и што понатаму. Ако сите други се виновни, тогаш дали тој и Владата направија нешто што ја доближи Македонија до НАТО и до ЕУ во изминатите шест години. Премиерот вели совеста ни е чиста, нема врата кај не тропнавме, нема адреса на која не се обративме. Направивме се' што беше во наша моќ, дадовме максимум во изминатите седум-осум месеци. Резултатот на таа голема работа е нула. Како што признава и самиот премиер, освен покана за членство во НАТО се' друго е фрлање прав в очи. Што се прави кога резултатот е нула и кога нема идеја што понатаму? Е, тогаш се вика, само другите се виновни, ние продолжуваме со реформи и само со реформи.
Најдобро во ова човечки емотивно интервју, со јасно осмислена препорака на Груевски, кој во светот и во државата е за пцуење поради најновиот дебакл на патот до НАТО, е што нашиот премиер не ги затвора сите врати кон Европа. На прашањето: „Дали се' уште сте спремни за компромис за да се реши проблемот со името“? Следува лаконскиот одговор покус и од прашањето: „Апсолутно. И ќе продолжам да работам на тоа со сите сили“. Аман, премиере само немојте како и досега. Ете го повторно на јавна сцена овој чудесен збор компромис, на кој претседателот на државата Ѓорге Иванов му даде легендарна димензија, толкувајќи го како „компромис си е компромис“. И овој пат нема објаснување што значи за Груевски компромис, што наводно го бараат сите страни инволвирани во спорот што го наметна Грција, а никој нејќе да го најде. За Грција тоа од позиција на сила е нејзиниот ултиматум ерга омнес, сменето име со географска додавка, за сите употреби. За Македонија тоа е уставното име за сите употреби. За големите сили тоа е: нема членство во ЕУ и во НАТО додека не се најде заеднички прифатливо решение што е апсолутна поддршка на Грција. За ОН тоа се преговори во недоглед, а за Меѓународниот суд на правдата во Хаг тоа е непречено членство на Македонија во неколку светски асоцијации со привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Премиерот Груевски бара големите сили да ја изнесат Грција на чистина со тоа што како точка на дневен ред на НАТО ќе го стават приемот на Македонија со привремената референца. Таа, тогаш, ќе мора по втор пат и покрај пресудата во Хаг да го прекрши меѓународното право, фрлајќи втора политичка атомска бомба врз Р. Македонија на очиглед на светот. Е, таа работа треба да ја одработи Груевски, со широк политички консензус да понуди компромис за заеднички прифатливо решение. Ако компромис е тоа да се најдеме на половина пат со Грција, тогаш нема друго чаре отколку таа да се откаже од ултиматумот ерга омнес, а ние само во ОН, ЕУ и во НАТО да добиеме географска додавка наместо БЈРМ. Тогаш има шанси Грција да излезе на чистина и да добиеме праведна арбитража од големите сили. Без кои нема решение, бидејќи Грција нема ни политички ни лидерски капацитет да прифати ваков компромис за кој успешно го лаже светот. Ако, пак, наместо тоа во Скопје карши „незнајниот воин“, преку Вардар, поставиме уште поголем споменик на татко му Филип Втори, тогаш ќе излеземе ние на чистина. Налудничава е идејата да ја промениме европската антикоманија и антиквизација на Грција која трае цели пет века. Се фрлаат огромни пари на најсиромашен народ во Европа за да ги нервираме Грците за неправдата што ни се прави. Тоа го правиме мошне успешно. Останавме сами во балканската крчма. |
|
Статијата е прочитана 3752 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Dechko, ajde oladi i prekini so tie spomenici!, 22.05.2012 22:07:11 | Komunjarite/predavnicite ne vnosoa vo niza svetski institucii i dobro go bea trasirale patot kon EU i NATO, a da pri toa ne go smenija imeto (FIROM ne e ime). Nazalost, patriotite se upropastija, i po onaa narodnta ,,od shto se pameten srami, so toa se budala ponosi,, tie se navistina ponosat - im go plesnale vo ochi. Bog da chuva! Abe politikata e umeshnost i znaenje, tokmu ona shto grcite nam ni go pravat. Go ubedija svetot da im preti opasnost od nas, iako nikoj normalen ne moze toa da go razbere. Znachi da se vodi politika treba da se igra igrata, a ne da se ljutime i vredjame. Dragi patrioti, eve Erol vi dade ideja kako da igrate, rizikuvajte, izvedete ja Grcija na chistina. Vanizelos reche mora da bideme pametni, istoto vazi i za nas, duri i popametni od niv, za da gi nadmudrime. Nazalost, povtorno digame spomenici i troshime pozajmeni pari, za nekoj da zadovoluva niski strasti i ,,pleska vo ochi,, ne svacajci da ja drzavata vodi vo ambis. Vazno e da se oni ponosat. Aman! |
| jovan, 23.05.2012 00:43:56 | Kompromis okolu ime nema i nemoze da se postigni. Toa e najgolemata glupost. Ile se vikas Makedonija ili NE. Sredina nema. Toa ti e kako da se nategas i baras kompromis dali e trudna ili ne. Kompromis nema, ili e trudna ili ne e. Zatoa kompromisot, a pogotovo onoj raumniot kompromis na Ivanov, najdobro e da go zaboravime. Ostanuva, ili cvrsto da zastaneme na imeto Makedonija, ili da go promenime. Sredina i kompromisi, nema. Dokolku pobarame pod FYROM da ne primat sekade(sto znaci potajno ja prifakame referencata kako ime), togas toa povtorno e promena na ime. Edino ostanuva da go isfrlime ona Bivsa, pa da ostaneme Yugoslovenska Rep. Makedonija. I onaka veke 20 godini se naviknavme na FYROM, pa ke go istrpime i slednite 20-30-50godini. Sto se za nas 50 godini vo sporedba so 500godini Otomansko ropstvo. Ke pominat i tie. |
| CANE, 23.05.2012 03:46:06 | Со оваа влада, НИКОГАШ, дури и да го промениме името. Не сакаат националисти, па тоа ти е! |
| Ljubotan Trade Name, 23.05.2012 04:25:30 | Ova e tekst na mnogu pocituvanoot novinar Rizov.,,И овој пат нема објаснување што значи за Груевски компромис, што наводно го бараат сите страни инволвирани во спорот што го наметна Грција,а никој нејќе да го најде.За Грција тоа од позиција на сила е нејзиниот ултиматум ерга омнес,сменето име со географска додавка, за сите употреби.За Македонија тоа е уставното име за сите употреби.За големите сили тоа е:нема членство воЕУ и воНАТО додека не се најде заеднички прифатливо решение што е апсолутна поддршка на Грција, PS Pa sporot so imeto na nacinalna identifikacija, ne e nesto novo ni za;Grcija ,Bugarija i Srbija,a deneska i za Albanija uste od 1945 godina.Site,malku sto znaat Geografski identifikacii i odrednici- kriteriumi,Albanskata populacia ne zivee vo geogravska Makedonija,a i Skopje po site geografski nauki i kriteriumi ne e vo Geogravska Makedonija.Denesnite granici na Makedonija se politicki Drzavno-Drzis granica,a ne Nacionalni i geogravski ! |
| Mакедоналдс, 23.05.2012 04:40:08 | До Чикаго и назад - а сега на каде премиерe? Полн неуспех на политиката, која нема аналог не само во Европа, туку и во целиот свет. Во периодот од Букурешт до Чикаго основното соочување на Груевски беше да гради споменици, бароци и да води агресивна политика кон Грција и Бугарија. Kojа влада и кој премиер во светот во услови на криза непозната од Големата депресија наваму, би потрошил милиони евра на ветерот за Букефали, Хунзи-мунзи итн наместо да бидат вложени превентивно во економијата. Овие тинтири-минтири, кои ги рековте за МИА, поминуваат само за внатрешна употреба - овој филм веќе сме го гледале веднаш по Букурешт - повторувате се. Пропагандни центри на ДПМНЕ користат евтини трикови за да отстапат вниманието на обичниот граѓанин од празниот џеб и празниот ладилник и го тераат да блее како овца по опашката на Букефал. Сето тоа се тарикатлци на ситно - жално, жално ако на тоа му викате политика ... |
| nato-jato, 23.05.2012 06:25:48 | Jasno e vekje kako bel den deka Gruevski raboti na unistuvanje na Makedonija so site sili i sredstva- Voin na konj, tatko mu na voin , site na konji , site bez konji, angel, vrba ,ograda, barok, crkva, dzamija, ikona samoprocistena, smizla, fontana i mnogu drugi kapitalni investicii... |
| После географска следи идентитетот. Филип добре дојде., 23.05.2012 06:50:46 | Филип не е Грк туку Македонец како мене. А во неговата Македонија на Македонците на Гоце Даме Мисирков на Солун Кукуш Костур Драма Кавала Битола Скопје Пирин Грци немало се до 1913 год. После ставање на географска на нашео вековно име следи грчка офанзива дека не сме Македонци оти во Грција имало Македонци ама Грци. А лаже Грција. Тоа се Македонци асимилирани присилно во Грци после 1913 а антички МАкедонци ама Грци непостојат такви луге во Грција. Поделен е македонскиот народ во 1913 во три држави а не да се зборува за територии биле делени. Оваа неправда и грчките лаги треба да ги потпишеме. Не. Име бирам наместо интеграции. |
| Сите сега се умни, 23.05.2012 07:55:06 | Што се прави кога резултатот е нула и кога нема идеја што понатаму? Се прашува Ерол и он се знае. |
| Marioec od Azija, 23.05.2012 08:36:24 | Grcite se na cistina odamna Erole uste koga ja potpisavte referencata firom tie se slozija i so ovakov glup i naiven podarok ni samite ne ocekuva.Seto e kristalno jasno,tie barat da ne postoi nisto makedonsko,ni ime ni prezime ni proizvod ni nisto drugo.Seto verglanje so spomenicite e samo mackanje oci i alibi za gluposta referenca narecena firom.Pa taka aj oladete so spomenicite decki i priznaete deka supata vie ja zamesavte koja mora site da ja srkame ama najzeska e za narodot.Mora da se prasa narodot dalie za promena na imeto,a ne kako so referenvata se potpisa bez da se prasa istiot.Drzavata i narodot nese ni na Branko ni na Gruevski. |
| Уко, 23.05.2012 08:47:13 | Преговарањето за изнаоѓање на заедничко прифатливо -компромисно решение, подразбира преговарање под исти услови. Се додека едната страна е поставена во позиција на сила, неможе да се добие доброволно, компромисно решение, туку изнудено.
Никако неможам да разберам, зошто нашата дипломатија не го поставува прво тој услов?! |
| antierol, 23.05.2012 10:43:31 | Bravo Erol! Aferim! Ako se smeni imeto samo vo UN,EU, i NATO sto kje ostane nadvor od toa? Samiti na Nevrzani vekje nema? Pa neli vide deka Srbija koja ne ima priznaeeno kako RM na evropskoto rakometno prvenstvo kaj niv, doma, ne oslovuvase so BJRM a nie na dresovite imavme Vitaminka namesto RM? Koj ovde se (ne) pravi naludnicav(i)? |
| pameten, 23.05.2012 10:48:47 | антички МАкедонци ама Грци непостојат такви луге во Грција... Postojat - celoto naselenie na Halkidiki i Severen Olimp - srceto na antichka Makedonija. A do 1913 Grci vo severniot del na Egejska rechisi nemalo. Golemoto mnozinstvo se izjasnuvale kako Bugari (Gece Delchev , pa i Misirkov). Povekje od nivnite potomci se denes Bugari vo Bugarija kako predsedatelot Plevneliev i poranshniot premier Stanishev. Grchkite Makedonci i Bugarskite Makedonci se realnost, so koja shto Republika Makedonija kje mora da se soochi! Inato doagja katastrofa! |
| ФЕЛИКС, 23.05.2012 11:06:40 | Пречи многу кога некој како да не е информиран а експертски ги гледа ќошевидно работите,па испаѓа ,,округло па на ќоше,,.Авторот предобро знае што условот за влез во НАТО,за ЕУ уште плус еден милон други работи.Но да се вратиме на НАТО,авторот знае да се е исполнето,тоа ни го признаваат сите,сем так нормално промена името.Сега го прашувам авторот дали е спремен да го подржи она што го бара соседот.Тоа е едно,второ зошто никогаш авторот не се осмелува да понуди решение за проблемот,да го прочитаме веќе еднаш како тој аналитички мисли и резонира преку понудата.Еве јас му давам идеа,нека ја промовира идеата за двојна формула.Оти кога ќе се собере промената на уставот, заставата ,употребата на ФИРОМ и сега двојната формула тоа се одстапки скоро 2/3 од патот кон компромис.Или некоја друга идеа,важно е да се има идеа а не аналитичко опсервирање одстрана. |
| Резолуциите 817 СБ и 47-225 на ГС ОН претставуваат ULTRA VIRES акт, 23.05.2012 11:08:58 | Резолуциите 817 СБ и 47-225 на ГС ОН претставуваат ULTRA VIRES акт направен од ООН. Врз база на овој факт РМ треба да покрене Резолуцијата на Генералното собрание со која со простото мнозинство нелегалната деноминацијата БЈРМ ке биде во ОН сменета со уставното име Република Македонија. Ние немаме проблем со Грција, туку со неспособна власт која нема муда да иницира таква резолуција во ГС на ОН! Имаме 130 држави од који 99 се на наша страна. На потег е Груевски и Иванов! |
| pile, 23.05.2012 11:55:03 | Vladata na DPMNE posle samitot vo Bukurest 2008 godina dobi period za dopolnitelna nastava za da ja popravi togasnata neproodna ocenka.Namesto da ja iskoristi posebnata naklonetost na Pretsedatelot na prijatelska SAD i grmenjeto od Zagreb (nekoj nesakase nitu da oddi vo Zagreb,glumese pred makedonskata javnost),Vladata namesto da go resi sporot so imeto raspisa predvremeni izbori za da osigura nov cetirigodisen mandat,a idniot period od dopolnitelnata nastava Premierot go iskoristi za pokazjuvanje zabi kon megjunarodniot faktor, dali so beganje od sredbi so Visoki diplomati pred se od SAD, ili so izjavi vo koi se ignoriraat aktite koi go definiraat nacinot na resavanje na sporot kako sto e VS od 1995 godina.Taka da dopolnitelniot period Vladata na Gruevski go koristese za celosna partizacija na instituciite a deklarativno vodese nadvoresna politika za vnatresni poeni.Za R.Makedonija i nejzinite evroatlanski integracii problemot ne se vika R.Grcija tuku Nikola Gruevski. |
| До: Сите сега се умни, 23.05.2012 15:08:39 | Најважно што сега треба да се направи е меѓу Војнот на коњ и Татко му на војнот на коњ да се изгради споменик на Никола Груевски Великиот качен на грбот на бедниот македонски народ! Мислам дека тоа е најважно сега бидејќи тоа е иднината на Македонија веке 7 г.според ДПМНЕ. |
| do neinformiranite, 23.05.2012 16:59:14 | Ne moze samo vo ON,EU,NATO da se upotrebuva edno,a za drugi organizacii i drzavi drugo ime.Taka moze samo referenca da se koristi,vo edni osganizacii da vo drugi ne,a ne moze taka da se upotrebuva ime so geografska dodavka.Zatoa ne moze i nema da prifatime nikakov kompromis.Granicite na site drzavi vo svetot se politicki,a ne nacionalni i geografski.Zatoa za granicite na drzavite vo svetot se veli deka se so politicki odluki.Ne postojat grcki Makedonci,ne postojat bugarski Makedonci.Postojat samo makedonski Makedonci.Pred 1990 g.vo juzniot sosed zabraneto bese imeto Makedonija i Makedonci,a tamu samo etnickite Makedonci se Makedonci.I vo istocniot sosed Makedonci se tamu samo onie sto se Makedonci po etnicki rod.Samo nie go imame imeto Makedonci i nikoj drug narod.Za sporedba,na primer ima bugarski Turci sto ziveat vo istocniot sosed,a i grcki Turci sto ziveat vo juzniot sosed.No tie se samo Turci po rod. |
| Goran, 23.05.2012 18:19:45 | КОМПРОМИС??!!!! Јас, Ерол, сакам да ти ги скршам двете раце??. Но ,затоа што сметам дека ти си нормален човек, очекувам дека ќе ми речеш дека нема шанси тоа да го дозволиш. Ете , јас како улав, сум запнал да си ја остварам замислата, и така ние двајцата, неможеме да се усогласиме. Ти тогаш барај посредник, кој ќе успее да ни ја реши кавгата,а се разбира по пат на КОМПРОМИС!!!!????? Ниту по мое ( двете раце да ти ги скршам ??) ниту пак по твое ( се разбира, да не ти скршам нити една рака).Овој посредников, нашол средина (КОМПРОМИС ???!!!) ДА ТИ СКРШАМ САМО ЕДНА РАКА!!!!! И така нема да има победени и поразаени???????? Е мој Ерол, и СУОМИ дома си се викаат така, ама ЦЕЛ СВЕТ ги знае како ФИНСКА И ФИНЦИ. На страна од сето дека НЕ САКАМЕ да ни го менуваат ИМЕТО и точка. |
| pameten знаеме за тебе, 23.05.2012 23:34:31 | Дека гркоблгарски лаги тресеш. Вистината е како јас велам а ти лажеш односно лажни пропаганди препишуваш. Не е така. Барем по двеста илјади во грц и Буг се свесни дека се Македонци. А асимилирани во Бугарија се три милиони македонци. А во Грција се 800.000 заради егзодусот. Ајде јави се во дебатна емисија или закажуваме средба да ти ги соборам лагите. |
| dobro eeee.., 24.05.2012 09:57:34 | E a mene me raduva sto TRADE Made veke pola komentar go napisa gramaticki poprifatliv znaci rabotava odi na podobro vo drzavata i pokraj toa sto site ucilista vo Cair stanaa preku nok so albanski iminja... |
| Ицо, 24.05.2012 11:58:10 | Факт е дека, германски историчари му ја подметнаа на светот лагата за грчкиот карактер на Македонија од антиката до денес. Еве веќе два века лагата се вградува како вистина во сите белосветски историски книги и енциклопедии. Сите грчки номенклатури овој фалсификат и лага го прифатија како национална и стратешка опсесија! Впрочем, да не е егејскиот дел на Македонија, на Грција ќе и остане камењарот во Тесалија и Пелопонез. Заради тоа еве бескрајно се соочуваме со грчкоти дивеење заради загрозите од македонското постоење. опстојување. Во очај тврдат дека, Македонија и Макеонците ги измислил ТИТО! Имено, мора понатаму да се промен нашата филозофија на дејствување! Ако не вроди со плод фолозофијата за изнаоѓање компромис, тогаш да се обидеме со филозофијата надминување на грчкото дивеење ! |
| od dana xristova, 24.05.2012 13:02:32 | mnogy mi se dopadna za vie sto barate spomenik za nikola odlicna ideja samo sega ni treba ime voing na koin ima mnogy sega e na red voing na magare ili na tocak nemise veryva deka ke objavite pozdrav |
| macen, 24.05.2012 13:28:19 | Nikola se pokaza kako vistinski makedonec,koga nie ke se pokazeme kako vistinski makedonci,da ne ja obvinuvame vladata,tuku samite sebe i svetot.Razmislete,koja e vistinskata precka za neuspehot,samo ako sme slepi ne mozeme da videme.Utrinski treba da se zanimava so drugi pokorisni raboti za makedonija,So vakvi slepi kjosinja ne se odi napred.Vreme da im se kaze na Natovcite i evrozoncite koja e vistinskata Makedonija.Koj ke se osmeli da go smeni imeto Makedonija,ili da pomisli na toa,koga e proleana ogromna kolicina na krv za da se odbrani toa sveto ima Makedonija.Da se sramime so vakvi izjavi. |
| bitola troa skolovan, 24.05.2012 15:00:07 | Pa citajki gi vaka komentarite na nasite veruvam anticki makedonci ostana uste da predlozat da im objavime vojna na NATO oti tie ete se kori i slepi za nas da im gi otvorime ocite,da progledaat vistinata na Grujo.Koga ovaa zemja ke e od tatkomu a ne e togas po vakvi debakli ke kazuva deka ke prodolze so reformi ako veke nema druga rabota.Pa neli vo sekoe obrakanje kazuva kako e se reformirano sto ostana uste da se reformira ili samo da izmisli uste nekoja davacka za graganite kako bi sobral nekoja para vo licniot mu budzet.Krajot ti dovadja od daleku se gleda. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 24°C
Делумно облачно
|
Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|