24.07.2012, 19:26 СДСМ не го менува тимот што победува
Од првата „четворка“ на СДСМ, засега во лов на трет мандат, јавно не е промовиран само актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски
Гордана Дувњак
Тимот што победува не се менува. Вака некако може да се разбере изборот на кандидати за градоначалници, што досега ги промовираше опозициската СДСМ, во рамките на жешкото „работно лето“. Осум месеци пред изборите, тимот најблиски соработници на лидерот Бранко Црвенковски ја крстосува земјата и се обидува да го анимира населението со директни средби со граѓаните. По веќе востановена партиска шема, секој викенд се посетува по еден регион, кој завршува со митинг и промовирање на кандидат, кој ќе биде партискиот адут на социјалдемократите во трката за градоначалнички места.
Сезоната за лов на градоначалнички мандати, се отвори со актуелниот струмички градоначалник Зоран Заев кој по трет пат ќе бара поддршка од своите сограѓани. И не случајно, бидејќи потпретседателот на СДСМ и Струмица се претставуваат како „најдоброто во Македонија“ и пример за најуспешна општина со уредениот плоштад и воведената гасификација.
Од левичарскиот „дрим тим“, за уште еден, трет по ред мандат ќе се бори и кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски, чија кандидатура се случи во време на партиски раскол, кој резултираше со исклучување од партијата на претседателот на Советот на општината, Виктор Цветановски.
На големо изненадување на многумина, нова шанса му се дава и на охридскиот градоначалник Александар Петревски, кој по трет пат ќе се обиде да ги убеди охриѓани дека е успешен и оти незавршените проекти се должат на кочниците што му ги прави централната власт.
Од првата „четворка“ на социјалдемократите, од кои се очекува да освојат „хет-трик“, засега не е промовиран единствено Стевче Јакимовски. Фронтменот на скопската општина Карпош, кој неодамна се закити и со меѓународната награда „најуспешен градоначалник во Југоисточна и средна Европа“ во конкуренција на 2000 негови колеги, несомнено останува голем фаворит на СДСМ. Но, тоа што се' уште се одложува неговото кандидирање, се должи на партиските анализи. Дали популарниот Стевче треба да истрча со кандидатура за скопски татко и да му се спротивстави на актуелниот градоначалник Коце Трајановски, или пак, да си остане таму каде што неговата фотелја е сигурна - во Општина Карпош.
Од партиските проценки и проверката на рејтинзите, веројанто ќе зависи и дали најголемата опозициска партија ќе оди со свој кандидат, или ќе поддржи некоја друга партија од опозицискиот фронт. За волја на вистината, социјалдемократите не можат да се пофалат со успех во метрополата, а нивниот последен фаворит, неврохирургот Јовица Угриновски заврши неславно. Поранешниот лидер на либералдемократите, Ристо Пенов, два пати извојува победа во опозиција,еднаш поддржан од ВМРО-ДПМНЕ , а вториот пат, со гласовите од СДСМ.
Од старо-новите ликови на политичката сцена, не е никакво изненадување кандидатурата на Аце Коцевски во Велес. Тој беше прв татко на велешани цели осум и пол годин и важеше како успешен градоначалник. Поранешниот пратеник на ЛДП, кој помина четири години во пратеничките клупи (1994-1998) и беше забележан по своите дискусии за децентрализацијата, на минатите избори за малку не стана градоначалник. Иако, во првиот круг му недостигаа неколку стотини гласови за победа, неочекувано изгуби во вториот, наводно заради изборни неправилности.
Од поранешните кадри, нова шанса му се дава на штипјанецот Здравко Коцев, кој на минатите избори изгуби од актуелниот градоначалник Зоран Алексов. Веќе е извесно, дека лутите противници по втор пат ќе се соочат, а битката за Штип СДСМ ја нарече дека тоа ќе биде за ВМРО-ДПМНЕ „источен фронт“.
Од новите имиња што ги нудат социјалдемократите за локалните избори е забележливо дека се определиле за „луѓе во бело“. Веројатно, главниот мотив бил дека кадрите од лекарската фела се ценети во своите средини и имаат многу контакти со локалното население. За Крива Паланка се предлага д-р Горан Младеновски, дефектологот Силвана Филипова за Неготино, а Зоран Прочков за кандидат за градоначалник за Богданци. Исклучок од ова правило е економистот и бизнисмен, Хари Локвенец, кој треба да биде партискиот адут на СДСМ за градот под Марковите Кули.
Минатиот викенд, СДСМ ја стави на тест владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нудејќи им „семакедонска коалација“ за Струга, со цел да се сруши бастионот што го воспостави градоналникот Рамиз Мерко и да се избере Македонец. Но, ова може да биде меч со две сечила за партијата на Никола Груевски, бидејќи може сериозно да ја наруши коалициската идила со ДУИ.
Ако до ова не дојде (што е многу веројатно, тогаш на сила стапува договорот меѓу СДСМ и ДПА, договорен меѓу Црвенковски и Тачи. А, тоа значи значи дека „во општините каде што не ќе може да победи кандидат Македонец, СДСМ ќе го поддржи кандидатот на ДПА и обратно, во оние средини каде што не ќе може да победи Албанец, ДПА ќе го поддржи кандидатот на СДСМ. На тој начин, ДПА да дојде до посакуваната фотелја на ДУИ во Струга, а Кичево да добие градоначалник Македонец.
СДСМ игра на картата на проверени кадри!
„Кога се работи за кандидатите на СДСМ за овие локални избори мислам дека тука Црвенковски игра на картата на партиска лојалност и на проверени кадри“, оценува аналитичарот, Јове Кекеновски.
Анализирајќи ги досега промовираните кандидати во јавноста,тој вели дека јасно може да се воочи дека се работи за кадри кои и досега биле на истата функција (што значи СДСМ нив ги смета за успешни) и неколкумина кои ги изгубиле претходните избори и сега им се дава нова шанса. Исклучок во овој момент се новите лица во Неготино, Крива Паланка и Богданци.
Заклучокот на професорот Кекеновски е дека СДСМ игра на картата на провереност и строга партиска припадност, со многу малку нови и непознати лица.
„Во една таква ситуација е можно да се случи и одредено незадоволство во редовите на партијата посебно од оние кои се помлади по стаж членови во партијата, кое партиското раководство ќе се обиде брзо и енергично да го реши, како со примерот во Куманово. На овој начин јасно им се става на знаење на останатите членови кој е кој во партијата“, оценува тој.
Сепак, Кекеновски гледа и одреден ризик во кандидирањето на градоначалници по втор или трет пат.
„Според мене секој оној кој поминал на една функција повеќе од два мандата колку и да е успешен, не треба да се кандидира и по трет пат. Не попусто и во одредени држави во уставите (некаде и во законите) имате ограничен мандат (додуша се работи за претседателска функција) на најмногу два пати последователно“, потенцира Кекеновски.
Тоа го објаснува со различниот ентузијазам, кој што го има еден новоизбран градоначалник или човек на која било висока позиција, кој не е ист на почетокот и на крајот на првиот мандат, а уште е помалку на крајот на вториот мандат.
„Со истекот на времето опаѓа и ентузијазмот. На некој начин доаѓа до соживување со функцијата и до немање нови мотиви и иницијативи за акција како на почетокот на мандатот“, подвлекува Кекеновски и додава дека на граѓаните им се смачува да гледаат на иста функција една иста личност повеќе од 8 години, без разлика колку и да била успешна. |
|
Статијата е прочитана 3238 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 25.07.2012 00:15:12 | Stevce Jakimovski ima ogromni sansi vo trkata za Gradonacalnik na Skopje, no Vlasta ke dade *maximum* Stevce da ne se pojavi na listata na kandidati za Skopje, ili bilo koj drug koj moze Skopje da im go *zeme*.Tuka ke bidat beskompromisni i surovi. Nesmeat da si dozvolat Skopje da go izgubat, a Stevce i te kako moze da im gi poremeti planovite. Sto misli i planira SDSM, neznam, no od iskustvo mislam deka nikogas ne bile borci spremni na rizici i opasnosti (a ovaa Vlast e opasna i surova), pa najverojatno Skopje ke mu go prepustat na Koce, nudejki nekoj kandidat radi reda. Toa e moe mislenje, koe ne bi sakal da ispadne vistina. |
| Марко, 25.07.2012 00:57:10 | Анализата ви е добра, ама има ли побогу друг политиколог во Македонија, освен Јове Кекеновски. Јас навистина не можам да разберам зошто толку се форсира во медиумите во последно време. |
| ФЕЛИКС, 25.07.2012 06:53:27 | Тимот што добива не се менува,нормална политика во секој поглед.Но да се запрашаме зошто е ,,нормално,, да тимот што губи последователно не се менува.Ако ова го подведеме под фудбалски жаргон,тренерот губитник не може со години да го води клубот на ист начин кој резултира со порази.Треба газдите на клубот(членовите на партијата) што побргу да се ослободи од овој непродуктивен и тренер кој реди порази.Но тука ја имаме обратната ситуација, тренерот-губитник се ослободува од дел на газдите и понатака непречено го води тимот.Се сервира да ,,поразот е успешен,,оти не било како порано да речеме 5:0 сега да ти било 5:2.Па потоа да публиката премногу свирела и викала ,,уаааа,,оти ,,публиката и кога греши е во право,,.Како и да е ентузијазмот на губитниците е фрапантен,вероватно потекнува од она,,абе кога тогаш ќе победиме еднаш,не може вака вечно,, |
| trpana, 25.07.2012 08:05:44 | Vi se molam prestanete so demagogijata za semakedonska koalicija vo Kicevo i testot na koj SDSM go stavila VMRO. SDSM vodese kampanja deka nekoj Prasanja ne zasluzuvaat odgovor koga togasnata opozicija se borese so Referendum protiv nivniot zakon za decentralizacij i novata teritorijalna podelbaa. Zaboravivte sto se napravija Referendumot da propadne i kako togas Bucko pomina vo Struga. Nagradata bese priznavanjeto pod Ustavnoyto ime od strana na Amerika i kandidatskiot status. Sega uslovuvanjata se novi i na site poznati.Naviknavme od medzzunarodnata : Plukni, izlizi. |
| Александар М., 25.07.2012 08:53:06 | Јоване, уште да кажеш во кој град живееш, коментаров ќе ти биде на место. |
| od ostrijot, 25.07.2012 09:45:04 | da taka e timot koj pobeduva nemora dase menuva pa zato zajev za strumica zajev za makedonija. |
| stojko, 25.07.2012 09:55:20 | Jovane: ako SDSM pravi takvi matematiki so Skopje togas zosto mu e pobeda da recime vo Krivogastani ili nekoja druga selska opstina! |
| DOLNO VODNO, 25.07.2012 12:16:06 | Ne se soglasuvamso JOVAN deka SDSM *nikogas ne bile borci spremni na rizici i opasnosti*naprotiv.No, niti oni, niti sovesniot narod, nemozea da si zamislat deka tolku bezskrupulozno odnesuvanje ke imaat ovie denesni* patrioti* kon se sto ne e vo soglasnos so nitomno mislenje,a mislenjeto na narodot ke nema nikakvi vrednosti za nim. Nepodgotveni za vakva arogancija,svojot odnos kon zbivanjata go dirigiraa so docnenje . Sto milat vo SDSM ne ni e sé uste poznato, no sekako se nadevaat na razumot i kurazot na ovoj nas izmacen narod, komu sakaat da mu pomogna! Tuka trebe da sme i nie site koi ne samo ke placeme vo komentrite, tuku i da dejstvuvame iako ne sme plateni kako FELIKS. Inaku, sto se odnesuva do zabeleskata na STOJKO, da mu napomnam deka NUZNA e pobedata i vo Kruvogashtani, za toa sto, i tamu lugjeto se gladni i tamu se terorizirani i za toa stoi i tamu zivee makedonski narod i zemjata se vika Makedonija. A na Skopje,mu posakuvam za Gradonacalnik, eden Stevce JAKIMOVSKI !
|
| za neukiot Kekenovski, 25.07.2012 12:20:10 | G-ot Kekenovski e bozhem profesor ama NE PRAVI RAZLIKA i zatoa ne znae nekoi osnovni raboti, deka ne e isto da se bide gradonachalnik i politichar vo vlada. Ako nekoj e dobar kako gradonachalnik toj ne se menuva! Toa go pokazhuvaat brojni primeri vo svetot (kuriozitet e gradonacalnichkata na eden grad vo Kanada koja e 40 godini na funkcija!). |
| Билјана Јанкоска, 25.07.2012 14:04:35 | Имате грешка во текстот.Кандидатот за градоначалник на Прилеп,г-динот Хари Локвенец по професија е dipl.ing.po elektrotehnika,а не економист како што е наведено во текстот. |
| Neverni, 25.07.2012 16:44:55 | Ako porazite se pobedi za SDSM, togas i ne e cudno sto zastanaa na stranata na grcija , mislat deka nekoj drug kje gi donese na vlast, ne !Samo Makedonskiot narod moze nekomu da dade ili zeme vlast o Makedonija, ama toa SDSM ne go razbirale nikogas, a doseka B.C. gi vodi i nema da razberat! |
| prljo, 25.07.2012 21:03:02 | iskreno koga gledam kako sdsm se drzi za branko kako pijan za plot me obzema nekoe narocno blagovolnenie.ama koga gi gledam ovie nedopirlivive i nepobedlivive mi se grci zeludnikov i mi se povraka,blujam.odvreme na vreme sleguvam dolu i gledam dolu e temno mesto,tamu i gospod krenal race i go naogam sedi odfrlen i osamen i dreme kako buf. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 35°C
Делумно облачно
|
Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 18°C
|
Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|