24.07.2012, 19:47 Трендовска политика: Ручек за испитување на пулс
Скопјани вчера првпат присуствуваа на директни разговори со медијаторот на ОН, кој со премиерот имаше средба во кафе-ресторанот „Тренд“
Медијаторот на ОН за спорот околу името, Метју Нимиц, вчера ги почна официјалните разговори во неофицијален амбиент, односно во скопскиот кафе-ресторан „Тренд“ каде што имаше работен ручек со премиерот Никола Груевски, придружуван од нашиот преговарач и амбасадор во САД Зоран Јолевски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер. Ова е вторпат Нимиц да разговара за спорот во антиквизациско опкружување, откако минатиот пат со премиерот разговараше и повеќе вечераше во ресторанот „Пелистер“, на пет чекори од Воинот на коњ. Веднаш по средбата тој замина за Охрид, каде што требаше да му се придружи на генералниот секретар Бан Ки-мун, кој се очекуваше да долета доцна попладнето, и да ја почне од таму својата дводневна посета на Македонија.
Во Охрид попладнето Нимиц имаше закажани тет-а-тет разговори и со шефот на државата Ѓорге Иванов, но нема информации дали беше изнесена некоја иницијатива и со какви позиции настапуваше државниот врв на одвоените средби. И од кабинетот на претседателот на државата и тој на премиерот соопштија дека овојпат немало ни координативна средба за разговорите со Нимиц, што може да биде сигнал дека ништо ново нема да има од наша страна или, пак, дека очекувањата од разговорите не биле спектакуларни. Уште повеќе владееше атмосфера на некоординираност околу средбата, иако се најавуваше како многу битна за заживување на преговорите, а посетата на генералниот секретар како исклучителна шанса - бидејќи е втора на функционер од ваков ранг на ОН откако Македонија стана членка под проблематично име во организацијата.
На средбата Груевски го уверувал Нимиц дека е посветен на процесот, дека македонската страна има конструктивен пристап во преговорите и е подготвена да ги продолжи со динамичен дијалог, во интерес на изнаоѓање решение. Таков конструктивен пристап тој посакал и од грчка страна, односно и Атина да му даде приоритет на ова прашање зошто е значајно за перспективите на Македонија и регионот.
Премиерот искажал силна поддршка и за мандатот на медијаторот и неговите досегашни напори, а изразил и подготвеност за директни средби на највисоко ниво со грчката страна, во интерес на градење позитивна атмосфера и добар амбиент од значење за процесот.
Денес рано наутро Бан Ки-мун ќе ги изнесе своите ставови на прес- конференција со шефот на државата, но изминатата деценија и повеќе не се памети генерален секретар на ОН да излегол со предлог за спорот освен со пораката дека треба да се решава, така што тој дел од задачата останува во рацете на Нимиц. Посредникот од Скопје утре ќе замине за Солун каде што ќе се сретне со „другата страна“ од Привремената спогодба, т.е. со грчкиот претставник во разговорите за името, Адамантиос Василакис. Иако Атина ја оцени посетата како многу важна, и овојпат не најде за потребно да обезбеди повисоко политичко ниво за медијаторот, што е знак како гледа на моменталните преговори и колку е фокусирана.
Иако од разговорите во „Тренд“ не произлегоа детали, скопјани првпат присуствуваа на нив на дистанца, а меѓу сведоците двајца беа бивши министри, еден бивш амбасадор и други лица од јавниот живот. (С.Ј.) |
|
Статијата е прочитана 2025 пати.
|
Испрати коментар
|
|
toni, 25.07.2012 00:40:35 | Niz godinive na ovaa vlada, stotici sredbi vidovme na najrazlicni lokacii koj ostanaa bez plod. Zosto da veruvame deka bas sega nesto ke se sluci? Smaceno mi e da slusam deka se zalagame za resenie na sporot. Nie ednostavno, samo lazeme. |
| Весна.С. од Прилеп, 25.07.2012 01:14:44 | Со празен стомак не можат да размислуваат како да ја прекстат Македонија.
П.С.Кооперативноста на Грујо и Преседателот во изнаоѓање на компромис -читај промена на името - почнува многу да ме нервира и затоа вестите за посетава на Нимиц и Бан Ки-мун имам намерада ја игнорирам,бидејќи се гледа од Месечина дека нема да се смират додека конечно не ни го сменат името т.е.не натераат самите да си го смениме името затоа што тие како големи демократи и почитувачи на декларацијата за човекови права не можат да си дозволат некому со сила да им го сменат идентитетот. |
| cvete, 25.07.2012 07:52:06 | Ovaa vlast nikoga nema da go resi problemot i nema da go smeni imeto na svojata zemja i narod. Koj vo toa gleda spas neka si glasa za drugata opcija na slednite izbori. Jasno kako bel den. Toni ne se nerviraj, imas izbor. |
| Mirko, 25.07.2012 09:06:10 | Nikoj ne bara da se promeni indetitet. Baraat samo promena na imeto na drzavata. Kosovo ima ime, a se znae deka tuka ziveat albanci i vo sto e sega probemot? Makedonija, kako drzava, e poznata vo svet od 92 godina. Ostavete na strana antika i nekoj si koreni od Aceta. Zosto sami na sebesi si vadime oci? Sigurno znaeme koji sme - makedonci, oti sme smesteni i rodeni na ova pocva koja se vika Makedonija. Za zal, taa pocva delum pripaga i na Grcija. E, tuka e glavni problem okolu imeto. |
| jovan, vlada @, 25.07.2012 10:03:29 | Ако до сега не ни стана јасно што треба да направиме за да влеземе во НАТО и ЕУ тогаш, не заслужуваме да имаме држава.Зар не е очигледно дека овој спор може да се реши само со промена на името и промена на идентитетот на Македонецот во некоја си варијанта на СЕВЕРНОМАКЕДОНЕЦ,ГОРНОМАКЕДОНЕЦ,СЛАВОМАКЕДОНЕЦ,СКОПСКИМАКЕДОНЕЦ и како ли уште не, зар ова не станало јасно браќа и сестри Македонци???Што мислите дека ние нафта пиеме кога ќе ни дојдат на гости сите овие како Бан Ки Мун ни прават дрско лице со тоа што ќе не нараче Македонија и Македонци и ние како млади напалени мајмуни одма се палиме и тоа е вест на ден��т со тенденција да доживееме органзам ама лажен, бидејќи многу добро знаеме дека тоа важи само додека е туак и пие и јаде на наша сметка а кога ќе ја напушти Македонија си почнува по старот пу пу не важи. Се додека овој народ не се освести и не седне на маса да се договори што понатаму се до тогаш светските моќници ќе си играат со нас игри за мали ем дебилни деца ...Поздрав |
| Гоце Македонски--Ресен, 25.07.2012 11:50:21 | Еве не посети и генералниот секретар на ООН.
Наместо мојата татковина да влезе во ООН како основач и како република на заедничката држава СФРЈ која беше една од земјите основачи на оон,денес претставниците на оваа организација бараат да најдеме ,,КОМПРОМИСНО,,( ви се молам) решение.
Да сме го сменеле името за белите очи на грција.
Поминаа 99 години од букурепкиот договор кога е поделена Македонија .После 99 години Македонската ОДИСЕЈА продолжува .
Денес новокомпонираните белосветски посреници( мешетари ) ќе ни кажеле кој сме и што сме ,како ние да сме марсовци,како да не знаеме дека сме МАКЕДОНЦИ и нипто друго.
Во спогодбата убаво стои ,,Име за билаерална употреба помегу двата соседи а не за целокупна употреба како што сакаат тие.
Господ и душманите да ги чува од васкви соседи! |
| miki, 25.07.2012 15:06:28 | По составов и амбиентов ѕаклучувам дека ова не се раѕговори туку МЛАТЕЊЕ ПРАЅНА СЛАМА ............... |
| do Mirko, 25.07.2012 16:44:52 | Ti ne si gi slusnal izjavite od politicari vo juzniot sosed koi baraat promena i na identitetot.Glup ti e primerot so Kosovo,bidejki zitelite od Kosovo se identifikuvaat so imeto na zapadniot sosed koj go nosi imeto sto go koristat i mnozinstvoto vo Kosovo.Nie Makedoncite nemame druga drzava osven ovaa.Za tebe nisto ne znaci imeto,no imeto na nasata drzava e isto taka vazno kako i nasiot identitet.Poradi makedonskiot identitet drzavata se vika Makedonija i Makedoncite mnogu,mnogu odamna i go dadoa imeto Makedonija na ovaa teritorija.Juzniot sosed ima del od Makedonija, no toj del go okupira juzniot sosed vo 1913 g.I toj del istoriski ne e na juzniot sosed. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 31°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|