Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.07.2012, 20:45

Кој седи во скутот на ВМРО-ДПМНЕ

Опозицијата повторно реагира на доцнењето на премиерот, Никола Груевски

Гордана Дувњак

Неинтересен собраниски ден беше вчерашниот кој беше посветен на пратенички прашања. Едвај присуствуваа триесетина народни избраници до паузата за ручек, а од нив повеќето се занимаваа со читање весници и со сурфање на Интернет, а згора на тоа требаше да поминат цели три часа до поставувањето на првото ново прашање.

Опозицијата повторно реагираше на доцнењето на премиерот, Никола Груевски кое овој пат изнесуваше скоро 50 минути. Социјалдмократите побараа од спикерот Трајко Вељаноски да реагира до премиерот да не го потценува институтот пратенички прашања.

„Груевски не си ја заработува дневницата за која е платен. Секаде доцнењето на работа се казнува“, коментираше пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска. Вељаноски одговори дека токму Бендевска влегла во салата дури откако седницата почнала, на што таа кажа дека дошла половина час предвреме.

Покрај доцнењето на премиерот, почетокот на пратеничките прашања го одложи занимавањето на пратениците со добиените одговори на прашања поставени на претходните седници. Ѕвезда на денот беше пратеникот Изет Зекири од партијата на Руфи Османи, кој десетина пати излезе на говорница, незадоволен од добиените одговори од првите луѓе на ресорите за министрите за образование, здравство, земјоделство.

Неговите дискусии предизвикаа бурна реакција кај пратениците од ДПА.

„Денешната седница е невидена маскарада, пратеникот Изет Зекири на оваа шовинистичка и националистичка влада, на оваа антиалбанска влада и' овозможи да промовира непостоечи проекти во албанските места и да се фали со тоа. Овој пратеник ја зема улога на ДУИ. Ова не се случило до сег�� во Парламентот. Овој пратеник и оваа партија прават кворум за мнозинството, и ги помагаат сите чекори на власта“, рече Имер Алиу од ДПА.

На Зеќири, кој доаѓа од партијата на Руфи Османи му порача да се насочи кон ДУИ. Но, рече, додека е Невзат Бејта таму, не можат, па затоа, рече, нека се наредат кај ВМРО-ДПМНЕ.

Најмногу време на седницата беше потрошено околу земјоделските субвенции. Пратеникот Зекири го обвини министерот за земјоделство за етничка и регионална селективност.

„Земјоделските субвенции имаат развојна компонента и не се даваат по етничка, партиска или каква било друга основа. Секој заинтересиран може да биде нивен корисник доколку ги исполнува условите“, рече ресорниот министер Љупчо Димовски.

Според Димовски, особено се внимава при распределбата на државната поддршка, а тоа, меѓу другото, го потврдува и фактот дека онаму каде што доминантното население не го зборува македонскиот јазик, се отпечатени обрасци на албански, ромски, турски,..., за да можат земјоделците да конкурираат.

„Изнесувате груби невистини, сакате да измислите дека поддршката се дели по некаква етничка основа што е сосема погрешно. Бидете сигурен дека и вие како и останатите 171.000 земјоделци, ако се пријавите и ги исполнувате критериумите ќе добиете субвенции“, му рече министерот на пратеникот Изет Зеќири од НДП кој претходно обвини дека субвенциите немаат развоен карактер, ниту се распределуваат како што треба.

Со субвенциите, како што оцени Зеќири, се купуваат гласови и се поттикнува развој само на одредени региони. Како пример ги посочи вардарскиот и полошкиот, едниот, рече, добивал повеќе, а другиот помалку.

Министерот, пак, се обиде да го демантира пратеникот со бројки, па информираше дека во Гевгелија лани се исплатени 110 милиони денари, во Гостивар 92 милиона, во Дебар 45 милиони, во Демир Хисар 25, во Куманово 268,5 милиони денари, во Струга 57,6 милиони денари, а во Тетово 224,6 милиони денари. Дали овде гледате каква било селективност и по која било основа? Апсолутно нема, не постои, рече Димовски.

Горан Сугаревски од СДСМ е незадоволен од одговорот на министерот за образование, на прашањето зошто градоначалникот на Долнени не им ги исплаќал патни трошоци на наставниците.

„За каурите нема патни трошоци кажува градоначалникот, а вие не реагирате и не му ги одземате надлежностите“, обвини Сугаревски.


Статијата е прочитана 5366 пати.

Испрати коментар



Скопје пулсира фудбалски
Грција остро возврати
СДСМ
Ламбринидис стана главен за човекови права во ЕУ
Греењето на струја и парно стана луксуз
Посакувам Александар Николовски да ми биде противкандидат
Црната листа на САД со стари имиња
Претседателот Иванов помилува 54 осуденици
Да не се политизира „Семакедонската средба“ во Трново



vlado, 27.07.2012 08:13:00
Mislam deka severnokoreecot kje bese mnogu podobar izbor ama dobro znae i EU *ponekad* da zgresi. Toa ti e koga ne se postuva sistem ami parickata vrti kaj so burgijata ne, a toa vo ubavoto EU ne da funkcionira.
ФЕЛИКС, 27.07.2012 08:18:03
По мене во скутот на власта седат Шатевци.Оти како на мало палаво дете досега пет пати изборно му ги истегнаа ушите.И покрај се палавштините продолжуваат а по се изгледа и тегнењето уши ќе продолжи со несмалена жестина.
Баба Ката од Секулицу, 27.07.2012 09:54:32
Синко ФЕЛИКСЕ ќе ти рече нешто баба Ката што досега од никого не си го слушнал ниту ќе го слушнеш па и да доживееш и 200 години:ТИ СИ ПАМЕТЕН ЧОВЕК!
jovan, vlada @, 27.07.2012 10:21:38
После вчерашниот ден посветен на пратенички прашања многу работи на мене но и на македонската јавност им станаа јасни како бел ден. Опозицијата е во таква фрустрација дел лична а најголемиот дел насочена спрема Македонецот кој никако да му даде подршка на СДСМ и покрај големата светска екомоска криза која владее а посебно во нашето опркужување каде два наши соседи се пред банркот (Грција и Србија)!Занчи другари ем другарице од СДСМ посебно овој сега што ќе го цитирам со другарица Бендевска -„За каурите нема патни трошоци кажува градоначалникот, а вие не реагирате и не му ги одземате надлежностите“, обвини Сугаревски се отидени скорз со тоа паметот. Ајде да сфатам Б.Ц да отишол (разбриливо после толку виски и стимуланси) ама вие бре мизерии едни пратенички на што сте или уште полошо ако не сте на ништи тогаш имате голем проблем сами са собом. Бидете малку покултурни оти со вакви фрустрации и вулгарности кој ни ги приредувате во собранието самите себе си давате авто гол.....
mitre, 27.07.2012 11:44:12
Каснењето на Премиерот е непочитување на Институцијата Парламент...........каснат луѓе без одговорност како разгалени дечиња........а Феликс нека ги тегли за уши......
anti-patriot, 27.07.2012 12:30:45
do feliks; dosaden si i neinventiven a i go zagaduvas mediumskiot prostor,odi prosetaj
Feliks 3, 27.07.2012 13:19:20
Feliks, seushte li ne si na odmor?
Perica, 27.07.2012 19:22:09
Каснење: Еден човек бил во Јапонија на семинар . Семинарот се одржувал во неговиот хотел. Првиот ден на семинарот, кога човекот влегол во предавалната, Професорот веќе предавал. Координаторот му пришол на човекот, и го прашал: Како си, да не си болен, да не имаш некаков проблем, и дали ти е потребна некаква помош? На сите прашања човекот одговорил дека е се во ред. Тогаш, Ве молам, дали можете да ни кажете зошто закаснивте 20 секунди??? Ова не е прикаска. Ова е разлика на цивилизациите.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 35°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 18°C

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Британците сo интересна и пред се' музички илустративна церемонија...
Денот на отворањето почна со ѕвонење на илјадници ѕвона
Први се огласија големите ѕвона на кулата часовник Биг Бен, покрај зградата на британскиот Парламент и брегот на Темза, ...
Усеин Болт посакува четири олимписки злата
Свеченото отворање ќе ги засени големите пропусти!
Камерон: Олимпијадата е најголемата безбедносна операција во мирно време
Торп во Лондон како коментатор
Грчка олимпијка расно навредувала на „Твитер“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |