Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.07.2012, 21:02

Поглед

Скопје пулсира фудбалски

Сашко Ѓ. Димовски

Ќе дојдеме пак? Сакам пак да не' донесеш“, слушнав мил детски глас како му се обраќа на својот дедо при излегување од национлната арена „Филип Втори“ по мечот меѓу Вардар и БАТЕ Борисов.

„Ќе ве донесам, но жалам што не може често да доаѓаме на стадион. Нема што да гледаме. На времето јас доаѓав тука секоја недела, имаше квалитетен фудбал, имаше ривалство, беше празник кога доаѓаа Црвена звезда, Партизан, Динамо Загреб, Хајдук. Се надевам дека нема да мине долго време за пак да дојдеме“, возврати дедото.

Скопје во средата пулсираше фудбалски. Главна тема беше фудбалот, се' друго беше ставено во втор план. По завршување на работното време следуваше загревање во кафулињата и кафеанчињата во Дебар Маало пред инвазија на фудбалскиот храм. Беше прекрасно да се почувствува интерес за најважната споредна работа на светот и во нашата земја. Тренерот Ѓорѓиоски имаше право кога рече дека еуфоријата и трагањето по билет повеќе покажува колку на Скопје и на Македонија воопшто им е потребен моќен и силен Вардар, тим со амбиции, а не тим што ќе игра само епизодна улога во меѓународни рамки.

Возбудата на лицата што можеше да забележат во средата попладне и вечерта потсети на гостувањата на Шпанија при отворањето на Северната трибина и на Ливерпул во квалификациите за Лига Европа против Работнички.

Гостувањето на Белорусите покажа колку сме гладни за квалитетен меч и колку малку ни' треба за адреналинот да го достигне максимумот.

Јавноста сигурно се придружува кон надежите на дедото дека нема да треба многу време за повторно да го поведе својот внук на стадион и искрено се надева дека наскоро одново ќе ја наполни арената „Филип Втори“ и по можност да поздрави пои��аков епилог од оној во средата.


Статијата е прочитана 530 пати.

Испрати коментар



Грција остро возврати
СДСМ
Ламбринидис стана главен за човекови права во ЕУ
Греењето на струја и парно стана луксуз
Црната листа на САД со стари имиња
Посакувам Александар Николовски да ми биде противкандидат
Претседателот Иванов помилува 54 осуденици
Да не се политизира „Семакедонската средба“ во Трново
Кој седи во скутот на ВМРО-ДПМНЕ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |