Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.07.2012, 20:57

Ламбринидис стана главен за човекови права во ЕУ

Грчкиот ексминистер е прв што е именуван од Брисел на оваа функција

Атина - Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Ставрос Ламбринидис е именуван за прв специјален претставник на ЕУ за човековите права. На оваа функција тој доаѓа од септември како предлог на еврокомесарката за надворешни работи Кетрин Ештон. Неговиот мандат како специјален претставник за човекови права ќе трае до 30 јуни 2014 година, а негова функција ќе биде да ја подобри ефективноста на политиката на ЕУ во оваа сфера. Ештон истакна дека е многу задоволна што Ламбринидис ќе биде на оваа функција затоа што човековите права се еден од нејзините топ-приоритети и една од главните работи поврзани со се' што прави директоратот за надворешна политика.

„Ова е клучен сектор за мене и ЕУ. Со неговиот талент и големо искуство Ламбринидис ќе биде од големо значење за нас“, изјави Ештон. Одлуката изненади многу во ЕУ, а звучи шокантно за Македонија, особено што оваа земја е од тие што не ја ратификуваат Конвенцијата за малцински права, а таквите се бројат на прсти во Европа. Практично именувањето на Ламбринидис отвора уште една врата за грчка блокада на Македонија, која место да ги слуша нашите поплаки во оваа сфера, може да ни испорача барања, без оглед што Ламбринидис ќе го претставува Брисел а не Атина.

Ламбринидис беше министер за надворешни во владата на Јоргос Папандреу по Димитрис Друцас, а ја напушти функцијата откако беше формирана преодната влада на Лукас Пападимос кога во грчкото МНР дојде Ставрос Димас од Нова демократија. Ламбринидис претходно беше европратеник и човек од доверба на Папандреу. За потсетување, во периодот 1994-2004 Ламбринидис бил специјален советник и генерален секретар на Министерс��вото за надворешни работи, советник на Папандреу како министер за образование и заменик-министер за надворешни, како и шеф на кабинетот на Пангалос како министер за надворешни работи. Ја вршеше и улогата на потпретседател на ЕП, одговорен за меѓународни организации како ОН и ја водел групата за визи и имиграција во ЕП. За време на неговиот мандат Атина ја посети шефицата на дипломатијата на САД, Хилари Клинтон. (М.П.)


Статијата е прочитана 528 пати.

Испрати коментар



Скопје пулсира фудбалски
Грција остро возврати
СДСМ
Греењето на струја и парно стана луксуз
Црната листа на САД со стари имиња
Посакувам Александар Николовски да ми биде противкандидат
Претседателот Иванов помилува 54 осуденици
Да не се политизира „Семакедонската средба“ во Трново
Кој седи во скутот на ВМРО-ДПМНЕ



jon, 27.07.2012 03:10:19
Ova znaci deka nasata diplomatija bila stramezliva pred megjunarodnite faktori vo odnost na krsenjetona pravata na Malcinstvata vo Grcija a za nasite novinari i da ne zboruvame tie pobrzo pred megjunarodnite faktori ke e pretstaveja kako nasata drzava gi krsi pravata i slobodite nego grcija.E ova e prav paradoks.Evropa postavuva Volk za cuvar na stadoto ovci
Makedonche, 27.07.2012 13:11:55
Of mori majko!
Tina, 27.07.2012 15:04:57
Mi toj ni dava znak da ke ne gleda kroz dupka. Ili nesto drugo oznachuva toj potek na rakata? Politichka anomalija?
pile, 27.07.2012 15:19:19
Ako ne se lazjam svetski poznatiot borec za covekovi prava Martin Luter King ja ima kazjano nadaleku poznatata izreka ,,ne me ceni spored bojata na kozjata tuku spored karakterot.A opsto poznato e deka sekoja seriozna institucija spored projavenite problemi prevzema aktivnosti za kadrovsko ekipiranje, pa vo taa nasoka ja gledam i novata vrednost vo ekipiranjeto i naimenuvanje na specijalen pretstavnik za covekovi prava vo EU.Mu posakuvam uspeh vo rabotata i postignuvanje na evidentni rezultati za vreme na negoviot mandat na G-dinot Lambrinidis, na planot na podobruvanje covekovite prava i slobodi, pravoto na izjasnuvanje za etnickata, verska kulturna i druga pripadnost so sto ke doprinese za nadgraduvanje na Evropskite vrednosti i standardi.Po logikata na prethodnite razocaruvacki gledanja na naimenuvanjeto na ovaa funkcija na diplomat od sosedna Grcija imam edno prasanje, dali znaci deka za uspesna borba protiv organiziraniot kriminal treba Javniot obvinitel da e stranec.
bezanec, 27.07.2012 19:08:09
Волкот го ставиле овчар-чувар на овците. Каква ароганција,цинизам,дефитизам има во човечкиот ум. Има ли крај на морничавите изјави од човечкиот ум или пак поговорката„„ човек на човек е поголем волк„„

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |