Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.07.2012, 20:09

Секој што има можност заминува од земјава

Бројките велат дека 447.000 луѓе се иселиле од земјава, заклучно со 2010 година, и според Светска банка Македонија е во групата со најмногу емигранти

Загубата на одделни видови на професии во форма на одлив на умови е особено изразена во Македонија. Според последниот извештај на Светска банка од земјава има висок степен на одлив на мозоци и практично секој кој има шанси да замине во странство го прави тоа.

Бројките велат дека 447.000 луѓе се иселиле од земјава заклучно со 2010 година, според што Македонија влегува во групата со најмногу емигранти. Земјава е рангирана на 23 место во групата од 25 земји со најмногу емигранти. Со 21,9 отсто емигранти од вкупното население земјава е во друштво со Западен Брег и Газа, Гранада, Самоа, Сао Томе и Принципе.

Од регионот, друштво ни прават Албанија со 45,4 отсто од населението во емиграција и Босна и Херцеговина со 38,9 отсто.

Македонците најмногу се иселуваат во Италија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Франција и во Канада.

Светска банка со години наназад го мери степенот на меѓународната емиграција. Од анализата на сооодносот на емиграни во Македонија според видот на образование најголем процент отпаѓа на високо образованите кадри. Ако се споредат овие податоци со домашната статистика ќе се види дека од 1995 година наваму овој вид на кадар заминуваат од земјата повлекувајќи ги со себе своите семејства без да продолжат да инвестираат назад во својата матична земја.

Но, она што е уште попоразителено е фактот што емиграцијата на оваа категорија млади луѓе од 1995 година е зголемена речиси двојно или од 14,3 отсто на 27,3 проценти.

Аналитичарите сметаат дека високата стапка на емиграција предизвикува потреси на пазарот на високо квалификуавната р��ботна сила, бидејќи тоа се кадри, особено во техничките области, кои продуцираат иновативност и развој во домашните компании. Иако, во периодот од 2006 до 2009 година во земјава има пораст на запишани студенти од 35 отсто, податоците покажуваат дека бројот на дипломирани студенти се намалува, освен во секторот општествени науки, каде што има раст.

„Зголемениот број на дипломирани во општествените науки и растот на емиграцијата и недостигот на технички и стручни професии во Македонија,

укажува дека голем број на дипломирани од техничките и другите стручни професии, секогаш кога имаат можност ја напуштаат државата“, велат домашните аналитичари. Тие порачуваат дека само подинамичен економски раст од над 6 проценти ќе создаде нови работни места и повисок животен стандард во земајва, што е клучен фактор на подолг рок барем да се стопира процесот на иселување од Македонија.

До високи проценти на раст земјава тешко доаѓа. Од 5 и 6 проценти економски раст земјава имаше пред светската криза, последниве години тој достигнува најмногу до 3 отсто, годинава главното прашање е дали воопшто ќе успее��е да оствариме раст.

Експертите бараат и да се зголемат инвестициите во образованието, за тоа да се насочи не само на формата туку и на содржината, односно квалитетот.

Но, покрај високо образованите кадри голем процент зазема и иселувањето на оние со ниско образование, над 12 отсто, а емиграцијата на оние со средно овразование е најмала, или околу 8 проценти, покажува извштајот на Светска банка.

Што се однесува до имиграцијата, оние што се доселиле во земјава бројката изнесува 129 илјади, или 6,3 отсто од целокупната популација, заклучно со 2010 година. Најголем процент кај доселениците отпаѓа на жените, или 58,3 отсто. Земји од каде што имигрираат во Македонија се Албанија, Турција, стбија, Босна и Херцеговина. (С.М.)


Статијата е прочитана 3560 пати.

Испрати коментар



Скопје без камиони
До работно место само со многу среќа и трпение
Бегство од Македонија
Ќе коалицираме само со албанскиот народ
Најтешка година за Албанците
Банкарска измама од 200 илјади евра
Кумановци чувале зољи закопани во двор
Пожарот во Струмица ја зеде и третата жртва
Македонските политичари да се обединат во одбрана на името



jovan, 30.07.2012 00:24:08
Od ovde se iseluva se zivo i divo, pocnuvajki od nepismeni Romi, pa do doktori, luge vo zreli godimni. Onie sto se doseluvaat ste gi nabroile koj se , a namesto ona *Srbija*, podobro da ste napisale Kosovo i Presevo, ili najednostavno, se doseluvaat isklucivo Albanci, koj veke imaat drugo drzavjanstvo ovde na Balkanov, zemaat i Makedonsko, pa setaat od drzava vo drzava prikazuvajki se deka se nad 7 milioni.
Itar Pejo, 30.07.2012 00:25:50
Normalno e deka na mladite luge koi sto se sposobni da se snajdat vo svetot idealot ne im e kongresot na VMRO vo Solun. Ne ce sedat ovde raznorazni FELIXi da im solat pamet.
makedonoid, 30.07.2012 00:45:46
Ako se prodolzi ovoj trend I potreba za iseluvanje od drzavava, za brzo vreme vo r.makedonija ke ostat samo drzavnata administracija,penzionerite I partiskite vojnici so nivnite vlastodrsci-politicki profiteri I oligarsi I nivnite slugi I izmekjari (ekonomski robovi)
gastarbajter, 30.07.2012 02:44:34
Ma komu voopsto mu se potrebni VSS kadri ? Tie razmisluvaat, nepozelni se. Od druga strana, i toa kako e pozelna prostata masa. Tie glasaat.
zik, 30.07.2012 03:15:49
саморекламиранје на владата,книшки од вмро, новокомпонирана историја..тоа не пали кај младите интелектуалци.
Igor, 30.07.2012 07:39:02
Dva teksta vo eden broj za toa kako mladite visokoobrazovani kadri se selele nadvor od Makedonija poradi edna ili druga pricina. Samo vo svet so volku granici toa e tolku cudno, a sekako toa e sekogas dobredojdeno i na edna troska opozicija, vo uste pomala zemja na planetava. Sto ima cudno vo toa ako nekoj saka da zivee i raboti vo Amsterdam ili London ili Havai ili Sibir. Zosto mora sekoj koj se rodil vo nekoe selo ili grad ovde, da ostane do krajot na svojot zivot - ovde? Kako taa negova zelba moze da ja kontrolira bilo koj sto e na vlast ili pak kako moze voopsto nekoj drug da e kriv ako jas sakam da go vidam svetot? Retko koj Amerikanec ostanuva da zivee i raboti vo svoeto rodno mesto, Britancite se poznati po izrazot ex pat za luge koi ziveat i rabotat vo druga drzava, a ima mnogu takvi itn itn...
Alter, 30.07.2012 07:47:12
Ako se prodolzi so ovaa dinamika na isseluvanje (i jas sum nadvor od drzavata, od ovaa godina so moeto semejstvoto) ke nemame potreba od drzava, nesto koe ne znaevme da go izgradime, cenime i zadrzime. Tender koalcijata ja peplosa Makedonija, onie bezidejnite od SDS ne znaat nitu sto sakaat, samo Albancite imaat se: dukani bez fiskalni, rabota bez obrazovanie, struja i voda bez davacki, besplatno skolstvo, zdravstvo i seto toa vo drzava vo koja sto ne mora ni jazikot da go zboruvaat. Makedonecot za fotelja i 5% od tenderche i roditelite ke si gi prodade a kamoli drzavata.
kole, 30.07.2012 08:44:23
Ете тоа ти е ѕемјата на ПРЕРОДБЕНИЦИТЕ, наѕдравје да ни е, си ја прокоцкавме Македонија...............
skopje, 30.07.2012 09:05:49
Jas pripagam na lugeto opisani vo ovaa kolumna. Veke 3 god ziveam i rabotam nadvor od MK i da imam namera da go donesam i moeto semejstvo tuka. MK ne nudi nisto, ama bas nisto, sto bi mozelo da me vrati nazad. Nitu rabotno mesto, nitu dobra plata, nitu soliden standard i kvaliteten nacin na zivot, nitu kvalitetno zadravsto, nitu pak sigurna penzija vo idnina. Samo kako primer: mojata mesecna plata e kolku godisnite primanja na edniot moj roditel. Zosto bi se vratil nazad?
Chainsaw, 30.07.2012 09:57:00
Ne znam shto e tolku zaprepastuvachki vo artiklov. Site zemji vo Evropa koi imaat povisoka stapka na nevrabotenost patat od istiot problem, portugalija, irska, shpanija, itn. Isto taka pogolemiot procent od taa nevrabotenost e na mladi i kvalifikuvani lica i koi ne se vrazani za svoite zemji na nikakov nachin (nemaat rabota, imot, krediti itn.)
Трпе, 30.07.2012 10:15:59
Има и такви кои се враќат од странство,кога ќе им ветат дека ке ги постават за министри.Без разлика што школо завршиле таму и каде работеле,нашата влада многу ги цени нив.Тие се најпаметните и затоа сме до ова дереџе до кое сме.А на власта им е најпотребно понеукото гласачко тело.Кое за патриотизам паѓа во транс.
Sekoj chetvrti, 30.07.2012 10:19:24
Blagodarenie na ovie ludje i na EU i USA (od onie shto ni se machi), Makedonija uspeva nekako da prezivee. Da ne se devizite od tamu, teshko nam! A Grujo i Feliks ni pripovedaat ze nevideni uspesi. Navistina se ne vidlivi.
zapad, 30.07.2012 10:31:05
stotuku se vrativ od mak tocno mnogu pokrsija noze posebno starite gi terat decata da zemat bug pasos da se selat za zapad mislat ima rabota na zapad i pari ce im pracat?ama im velam na zapad nikoj ne ne saka,sako omraza kon nas, nit ima arabota,sekoj sto odi na zapad sega si ja unistuva svojata idnina ce stanit gradjanin od vtor ako voopsto najde rabota 80% ce odi za kirija i smetki,drugi bea vreminjata pred 30-40god koga imase fabrika tuka i rabota i prwekuvremeni i vikend,da odis sega na zapad e isto kako da si go frlis zivotot na djubre,znaat albancite od makedonija nema podobro zatoa i se i doseluvat od presevo,kosovo vo skopje a mena lani koga sakat da se vratam vo skopje mi odbija vo skopje da mi dadat zitelstvo i pokraj toa sto imama svoj stan tamu 30godini.
Do ALTER, 30.07.2012 11:24:39
Ne znam zosto tropas gluposti tolku i zosto sakas da se opravduvas za toa sto si kukavica i sto si izbegal od Makedonija! I Albancite imaat fiskalni, plakaat danoci, plakaat za skoluvanje i plakaat za se.Za ova mozam da ti dokazam ako sakas, posto ziveam tuka i ne begam.A ako ti si kukavica ili bugarin ili ciganin, pravi sto sakas no ne gi obrukaj Albancite bez argumenti.
tomce, 30.07.2012 12:18:28
se doselile 129 000 od albanija , bosna...... se iselile 500 000 makedonci----alal da vi e anticki patrioti
Крт, 30.07.2012 13:10:14
Решението е едноставно, потребно е само ЕДЕН да замине (да ја напушти власта) и ќе се смали ,,извозот,, на секаква работна сила. Ако не ви е јасно за која личност се работи, прашајте го Феликс. Тој е секојдновно со него.
Oslo, 30.07.2012 13:30:30
Neje moguce sega grujo opinokot keizleze na pres kofrencija odam keve demantirat dekaje kriv branko Zasa sobirat politicki pojeni tok branko na grujo muje nocna mora
Penelope Pitstop, 30.07.2012 13:41:53
Alter e tipicen Makedonski gasterbajter. Od stranstvo pluka kon Makedonija i Makedoncite, a koga mozel toj da napravi nesto za svojata zemja, ne napravil nisto. Treba sekoj da se pogledne vo ogledalo i da si priznae dali napravil se za da uspee doma ili ednostavno e polesno da bides prodavac ili cistach vo stranstvo. Jas uspeav vo Makedonija bez partiski kniski i bez vrski i tvrdam deka sekoj pameten, rabotliv i ambiciozen Makedonec moze da uspee vo Makedonija.
РНД, 30.07.2012 15:29:54
Или одиш на митинг или одиш во пм. А пошто многу нејќат во пм - бегаат во странство... Интелектуалец со Магистерски и Докторат бара азил на основа на вреѓање на интелект !!!! Преродбата продолжува...
Mene, 30.07.2012 15:57:34
Neznam zosto pisuvate za Makedonija, bas e prekrasno mesto za ziveenje. Eve jas sum vo makedonija i uspeav bez partiska knizka , deka imam fakultet sto se ceni. Preporacuvam na mladite makedonci da ne se selat od Makedonija , sekoj najdobro se oseka doma, nikade crven tepih ne ne ceka.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |