29.07.2012, 10:56 Двe лица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Охрид
Две лица државјани на Република Србија рано изутринава се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи на влезот во туристичката населба Пештани во Охрид.
Според првичните информации, врз нив додека пеш се движеле покрај регионалниот пат Охрид–Свети Наум налетало патничко возило со италијански регистерски таблички, управувано од лице од Охрид.
Несреќата се случила во 6:40 часот, на влезот во Пештани, од страната што води кон Охрид. Според фактичката ситуација, возачот целосно изгубил контрола врз возилото, бидејќи откако удрил во пешаците потоа удрил такси-возило на охридска компанија што било во движење, како и во паркирано возило покрај патот.
Се уште трае полицискиот увид на лице место, по што ќе бидат познати околностите и причината за несреќата.
Инаку, двајцата српски државјани се хоспистализирани и според последните информации иако се здобиле со сериозни повради, се надвор од животна опасност.
|