28.07.2012, 16:39 Седум нови индустриски зони во следните месеци
До почетокот на ноември ќе почне изградбата на економските зони во Кичево, Прилеп, Гевгелија и Струга, а најдоцна до април следната година и во Радовиш, Струмица и Ранковце
Планираме изградба на уште седум слободни економски индустриски зони и тоа ни е зацртано во Програмата. Подоготовките за дел од нив се при крај и до почетокот на ноември ќе почне изградбата на економските зони во Кичево, Прилеп, Гевгелија и Струга, а најдоцна до април следната година и во Радовиш, Струмица и Ранковце.
Ова го најави премиерот Никола Груевски во одговор на прашањето дали по последниот бран на странски инвестиции Владата планира отворање на нови зони и дали се размислува за дисперзија на зоните на целата територија на Македонија, на промоцијата на нови 20 наслови на книги од различни области од проектот „Превод на 1.000 стручни.
- Нема да останеме само на зоните во Скопје, Штип и Тетово. Се обидуваме да ги дисперзираме слободните економски индустриски зони колку што е во наша моќ, но се разбира дека конечниот збор го имаат инвеститорите, компаниите и сопствениците кои инвестираат пари, рече премиерот Груевски.
Веќе, нагласи, почна да се гради огромна фабрика во Пелагонискиот регион близу Битола, огромна фабрика во Тиквешкиот регион, во Тетово, Штип.
- Тоа покажува дека во Македонија веќе се прави дисперзија на зоните што е добро. Не само што се прават дисперзии сега кога не постојат слободни економски зони во сите овие места, туку планираме и со изградба на нови економски зони да се направи дополнителна дисперзија на инвеститорите и тие да изнестираат во различни места во Македонија. Ние ги охрабруваме странските инвеститори кога ќе слушнеме дека размислуваат надовор од Скопје да направат нешто, рече премиерот Груевски. |