Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
29.07.2012, 06:48

Сервер го поздрави македонскиот предлог за соработка со Грција

Сервер во својот текст потсетува дека името Македонија долго време се употребува oд страна на Република Македонија

Добро е што Македонија на Грција и понуди широк договор за соработка, и со тоа и даде можност да одбере што од понуденото и е прифатливо, смета американскиот аналитичар Даниел Сервер, за македонскиот предлог кој меѓу другото предвидува да се потпише декларација за пријателство со Грција, да се формира комитет за соработка меѓу ресорите за внатрешни работи, за економска соработка и отворање на гранични премини.

- Скопје мудро и понуди на Атина широк договор за соработка, и Грција може да избира меѓу повеќето предложени проекти. Секогаш е добро, кога сме соочени со преговори во кои некој мора нешто да добие, а другиот нешто да загуби, да се прошири просторот за преговарање. Сепак, Македонија не може на Грција да и го понуди тоа што навистина и е потребно, многу милијарди евра за да се спаси од својот долг, пишува аналитичарот Сервер, по неговатa посета на Македонија.

Сервер во својот текст потсетува дека името Македонија долго време се употребува oд страна на Република Македонија.

- Политичкиот субјект со центар во Скопје го користел ова име во една или во друга форма уште од крајот на Втората светска војна. Грчките противења се исто како кога Соединетите Американски Држави би се спротиставиле на правото Мексико да се нарекува Соединети Мексикански Држави, што е формалното име на оваа земја преведено на англиски, вели Сервер.

Во својот коментар, Сервер го разгледува и односот на етничките Албанци во Македонија кон спорот за името, велејќи дека и Албанците се повикуваат на своето античко минато, но во исто време не се големи поддржувачи на оддавањето почит на историските личности од овој период со споменици во центарот на Скопје, туку се повеќе заинтересирани за одбележувањето на споменот на Мајка Тереза.


Статијата е прочитана 931 пати.

Испрати коментар



Сончево со слаб до умерен ветер
Нема опасност пожарот да ги зафати куќите во село Долно Дупени
Од идната година помала основицата за пензија
Обид за убиство во Сенокос
Зајакната безбедноста во бугарската нуклеарка „Козлодуј“
„Галуп интернешенел“ - Македонците најрелигиозни во Европа
За мнозинството македонски граѓани интеграцијата во ЕУ и НАТО нема алтернатива
Бензините поскапуваат за два, а дизелот за три денари по литар
Кривична пријава против едно лице за предизвикување шумски пожар во Струмичко
Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Тетовско
Тројца загинати во две сообраќајни несреќи
Двајца турски војници загинаа во судир со курдските бунтовници
Брејвик порано или подоцна ќе биде ослободен
Прием на Македонија во НАТО како дел од поширок план за регионот
Басеску останува претседател
ОН бараат безбеден пристап до Алепо
(ОБНОВЕНО) Активни пожарите во Струмичко и во Василево, локализиран во Ресенско
Сонч��во и многу топло
Железничкиот сообраќај со Грција прекинат поради превртени вагони
На 1 август почнува полнењето на ХЕЦ „Св. Петка“
Сирија нема да употреби хемиско оружје против бунтовниците
Комплетна климатизација на Детската клиника во Скопје
Повторно активен пожарот кај Струмица, гори и во Василево
Почина уште едно лице повредено во пожарот кај Струмица
Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Охрид
Прва Црвена листа на габите во Македонија
Над два тони марихуана пронајдени на гробишта во Мексико
Митинг на СДСМ во Охрид
Србија во ЕУ само ако го признае Косово
Велосипедист загина во Тетово
ММФ и предвидува на Шпанија уште подлабока рецесија
Меркел и Оланд „ќе направат се за да ја заштитат еврозоната“
СДСМ на средби со граѓаните на Охрид и Дебрца
Седум нови индустриски зони во следните месеци
Полицијата откри 46 илегални танчерки
Обезбедени 144 милиони денари за учениците од ранливи семејства
Tоплотен бран од жолта фаза
Локализиран пожарот на патот Струмица-Валандово
Реактивиран пожарот кај Струмица
Сончево со умерен ветер
Црвенковски - Што разговараше државниот врв со Бан Ки-мун?
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
(OБНОВЕНО) Убиен 53-годишен маж во охридското село Орман
Аврамопулос „разочаран од провокативните изјави на Груевски“
Он-лајн нарачки на услугите на „Македонски телеком“
Вашингтон повика на директни разговори меѓу Атина и Скопје
Исполнувањето на ветувањата останува приоритет на Владата
(ФОТО) Свечен пречек за контингентот на АРМ од мисијата ИСАФ од Авганистан
СМК со резерви дека Грција ќе ги штити човековите права во ЕУ
Вељаноски задоволен од работењето на Парламентот
Активен, но под контрола пожарот кај Два Пата, Струмица
Јанкулоска - Многукратно расте ефикасноста на МВР
Еквадор бара гаранции од Британија за Џулијан Асанж
Избрана новата српска Влада
Арачиновец ветувал и наплатувал за лажни вработувања во МВР
Самарас се сретнa со претставниците на „тројката"
Пожарот кај Богданци активен, но под контрола
Пентагон ja минимизира улогата на Ал Каеда во Сирија
Груевски без коментари за името, го кани Самарас на средба
Пожарот кај Свети Николе ставен под контрола
Херитиџ предвидува македонско членство во НАТО на следниот самит
Cончево со умерена облачност
Македонец од Австралија е менаџер на фабриката Дрекслмаер
Иран го обвини Израел за атентатот во Бургас
(ФОТО) Бан Ки-мун во посета на Собранието
Убиецот од Колорадо „вложил“ илјадници долари за крвавиот напад
Брејвик праќа писма на екстремисти



mile, 29.07.2012 07:44:56
Очигледно Сервер не го поѕнава нашиот Грујица .............................
Коста Стоименовски, 29.07.2012 15:31:41
Даниел Сервер е врвен познавач на состојбите на Балканот и мошне објективен и реален аналитичар. Имав можност во два наврати да разговарам со него, така што оето мислење за него е базирано и на тие разговори. Во повеќе наврати потсетував дека два дена по Самитот на НАТО во Букурешт (2008) до сите македонски печатени медиуми пратив напис под наслов „Македонија треба на Грција да и предложи потпишување на ДОГОВОР за пријателство и соработка, но за жал ниеден весник не сакаше да го објави!? Доколку актуелната македонска власт го прифатеше мојот предлог, проблемот ќе беше надминат брзо и лесно и ситуацијата ќе беше сосема поинаква, така што ќе немаше потреба да ги молиме Грците да се согласат за средба на високо политичко ниво. Меѓутоа, за власта тогаш приоритет беа предвремените парламентарни избори, односно уште една изборна победа! Ме чуди што власта сега тврди дека во 2008 година настапила со предлог за потпишување на ДЕКЛАРАЦИЈА за пријателство и соработка, па молам да излезе пред ја
mojso, 29.07.2012 17:31:16
Samo ambasadorot Nikoski vo makedonija znae politika.Seto drugo se sarlatani ,platenici i dzotvereci.Nikoski minister za nadvoresni raboti.Uste ke se bara mislejne od sinot na sudijata na Cento i sinot na javacot na pop vo Radozda.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |