29.07.2012, 17:56 Што прават денеска
Сузана Спасовска
- пејачка
По напорната недела со настапи низ Македонија, денеска земам мала оддишка и на тенане го правам планот на настапи за наредниот период. За 2 Август веќе стана традиција да настапувам на илинденската прослава во Трново каде што се собираат многу македонски иселеници. Во меѓувреме ги привршувам и обврските околу организација на Лешочкиот фолк-фест, кој ќе се одржи на 27 август.
Снежана Јовановска-Трајковска
- ТА „Орфеј“
Денот ќе го поминам со тимот кој ми помага во организација на концертот на Здравко Чолиќ, кој ќе се одржи в среда на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Подготовките се завршени, безбедноста ќе биде на високо ниво, а целокупната организација околу настанот е во најдобар ред. Вечерва ја очекувам најголемата ѕвезда на овие простори - Здравко Чолиќ-Чола да пристигне во Скопје.
Билјана Беличанец-Алексиќ
- актерка
По годината полна со работа, мислам дека е време да се повлечам барем петнаесетина дена и по 24 часа да ги впивам моите два ангела. Денеска е денот кога, конечно, заминуваме на долгоочекуваниот и посакуван летен одмор. Се гледаме за две недели во Скопје! |