29.07.2012, 19:53 Бегство од Македонија
Зошто високообразовните кадри ја напуштаат Македонија? Братислав Станковиќ, научник со светско реноме, пропадна во својата матична држава
Горан Адамовски
Братислав Станковиќ е доктор по молекуларна биологија, дипломиран правник, професор со петнаесетгодишно искуство на врвните американски универзитети, автор на педесетина научни книги, а овдешната јавност го запозна како американски научник со македонско потекло, кој одгледуваше рози во вселената. Тој му е надворешен соработник за наука и технологија на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, член е на владин кабинет за претприемништво и инованција, и е дел од работни групи на неколку министерства. Негова специјалност се истражувања и развој.
Но, Братислав Станковиќ веќе три месеци е невработен, оти во Македонија, вели тој, нема институција која ќе знае да го цени и вреднува неговото знаење и искуство.
Приказната започнува американски, а продолжува толку македонски. Каков ќе биде крајот - ќе видиме. Се' поизвесно е дека следното продолжение во животот на д-р Станковиќ ќе се одвива во САД, каде што работите имаат логичен тек и распоред.
Американскиот сон на Станковиќ започнува пред распадот на Југославија, кога заминува на постдипломски студии во Небраска, САД. Да се следи неговата работна биографија, а уште повеќе да се раскаже, не е воопшто лесна работа. Во 1994 година тој започнува да предава на престижниот Универзитет Висконсин, завршува и Правен факултет.
„Предавав на угледниот Универзитетот ‘Висконсин‘, кој според ‘Шангајската листа‘ е на 19 место во светот, заработував околу 235.000 долари годишно“, раскажува д-р Станковиќ.
Активен е на многу полиња, постојано аплицира за разни проекти, успева да влезе и во програмата на НАСА. Како шт�� пишуваше „Утрински“, во вселенскиот брод „Колумбија“, заедно со колегата Роб Маерс испратија минијатурна црвена роза со цел да утврдат дали во вселенета има услови за одгледување на растенијата. Розата успеа да ги преживее условите на микрогравитацијата во вселената, експериментот беше успешен.
„Помислив дека е време да се вратам во татковината, да и' помогнам на земјата во која сум роден. Знаете, кога живеете надвор, работите во матичната држава ви изгледаат романтично, вкусот на ѓеврекот, зајдисонцето кај Лагадин, сето тоа нема цена. Заедно со сопругата, исто така Македонка, која е мој партнер во работните проекти, пред две години одлучивме да се вратиме во Скопје“, ни зборува Станковиќ.
Брачните другари добиваат работа на Американскиот колеџ во Скопје. Платата им е по 40.000 денари. Станковиќ е баран од сите страни. Иако за тие обврски не добива ниту денар, сепак, му годи што претседателот и државните институции сметаат на неговото искуство.
Во меѓувреме, аплицира до Европската комисија за проект од програмата ФП 7. Конкурира во категоријата Реинтеграција на европски истражувачи, кои најмалку три години работеле надвор од Континентот. Лани го добива грантот, според кој, во наредните четири години треба да му бидат исплатени 100.000 евра (во два наврати од по 50.000 евра), а тој, на работното место, треба да формира Центар за интелектуална сопственост и трансфер на технологија. Тука, според неговото кажување, почнуваат проблемите.
„Најпрво, ми се јавуваат од Колеџот и ми велат дека на сметката стигнале 44.000 евра за проектот (недостигаат околу 1.000 евра). Потоа, со Деканот Марјан Бојаџиев седнавме да се договориме каде да го формираме Центарот. Се сретнавме три пати, по што Бојаџиев ми вели дека направил математика, според која, мене ми припаѓаат 29.000 евра, а останатите пари ми се одбиваат поради платите мои и на сопругата, закуп на канцеларија, режиските трошоци и друго. Одговорив дека можам да платам за канцелариите (околу 3.000 евра), а оти останатата сума ја сметам за рекет. Ми рече да размислам, истото му го порачав и јас. По извесно време, Бојаџиев ми рече дека може да си заминам, така и бидна“, раскажува професорот.
Во април годинава, Станковиќ добива отказ. Во решението се наведува дека професорот не ги извршувал своите работни задачи, ниту, пак, образложил зошто не ги врши предавањата по предметите Право на Европска унија и Вовед во право (на англиски јазик). Освен тоа, според Универзитетот, Станковиќ не поднел писмено барање за отсуство од работа, ниту добил писмена согласност да отсуствува од работа поради негово ангажирање за активности надвор од седиштето на Универзитетот.
Станковиќ смета дека сето тоа е само фарса, а вистинските причини се парите од грантот. Отказ добила и неговата сопруга, која лани користела породилно отсуство. Братислав објаснува дека немало логика таа да остане на работа, имајќи предвид дека таа е неговиот најблизок соработник. Проектот сега е суспендиран. Станковиќ вели дека Американскиот Колеџ испратил писмо до Брисел, во кое се тврди дека професорот не презел ништо да го формира Центарот. Тој, пак, веднаш се јавил и ги објаснил за што станува збор. Оттаму му рекле дека ќе треба да најде институција во која ќе го заврши проектот. Парите и натаму се на сметката на Американскиот колеџ. Станковиќ стравува дека ќе треба да оди на суд. Разочаран е од се' она што се случува во Македонија. Вели, дојдов со најдобри намери, оставив одличен живот за да и' помогнам на Татковината и несфатливо ми е зошто никој во земјава не прави ништо работите да се помрднат од мртва точка.
„Имам ќерка од една година, имам сопруга, семејство, после се', логично е да размислам да си заминам од Македонија и да се вратам во САД“, вели Станковиќ.
Професорот без согласност замина да предава во Унгарија
Професорот Братислав Станковиќ без писмена согласност замина да предава во Унгарија, со што го прекрши законот за работни односи. Поради тоа моравме за започнеме процедура за прекин на неговиот работен однос.
Ова го тврди деканот на Универзитет Американ Колеџ – Скопје, Марјан Бојаџиев. Тој потврдува дека добиле грант од околу 100.000 евра, наменет за реинтеграција на професор Братислав Станковиќ, како повратник од САД. Целта на грантот била формирање на Центар за заштита на индивидуална сопственост во земјоделието.
„За жал, есента 2011 година, професор Станковиќ замина од Македонија и изведуваше настава некаде во Унгарија. Со тоа го прекрши
Законот за работни односи, според кој н�� вработен кој не доаѓа три дена на работа му престанува работниот однос, но и Законот за високо образование - според кој наставник не може да врши настава на друга високообразовна установа, без согласност од матичната установа“, објаснува Бојаџиев. Тој додава дека професорот го продолжил ангажманот надвор од земјава и во пролетниот семестар 2012, а без при тоа да добие писмена согласност.
Потоа тие биле приморани да започнат процедура за прекин на неговиот работен однос.
„Исто така, ја информиравме Европската комисија дека проектот не можеме да го реализираме, од причина што главниот истражувач не е присутен во земјава. Исто така побаравме од ЕК сметка каде да го префрлиме авансот за проектот, кој беше исплатен во декември 2011 година“, вели деканот и додава: „Колку што се сеќавам, од страна на професорот Братислав Станковиќ беше побарано проектот да го пресели на друг универзитет.
Ние немаме никаков проблем со преселба, доколку истото биде одобрено од страна на Европската комисија. Нашиот универзитет е корисник на повеќе грантови за проекти во рамките на ЕУ, како на пример ФП 7 и ТЕМПУС. До сега не сме имале никаков проблем.Не планираме да имаме ниту од сега“.
Според него, средствата ќе бидат вратени или пренаменети, според налог од ЕК, бидејќи универзитетот не може да преземе обврска за реализација на проект, доколку носителот на проектот повеќе не е во работен однос кај нив. (Д.Т.) |
|
Статијата е прочитана 10558 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 30.07.2012 00:17:47 | Ocekuvav tekstov da e za i okolu pricinite zosto lugeto begaat od Makedonija, a ne za patesestvijata na nekoj si profesor. |
| zore, 30.07.2012 01:10:47 | obrazovanite kadri ne begaat od Makedonija. Privremeno zaminuvaat vo stranstvo i odtamu rabotat za makedonskata agenda, i plus gi prosvetuvaat zaostanatite po svetot.Tolku kolku malku da vi se razjasni rabotata.Navistina gledam deka nishto ne vi e jasno, a i nemoze i nema da vi bide jasno. |
| Mirjana Stankovic, 30.07.2012 01:14:20 | Zalno e deka dekanot ne znae (ne sfatil) za kakov proekt stanuva zbor, pa namesto Centar za transfer na tehnologii i intelektualna sopstvenost govori za Centar za zastita na individualnite prava vo zemjodelie!? |
| Risto, 30.07.2012 01:33:43 | Професорот едноставно не се вклопува во мафијашката морална матрица во Македонија.
Но барем почнуваме сите да гледаме дека кралот е гол. А неброените ПР кампањи не можат да го скријат срамот.
На државата не и требаат луѓе од светски калибар туку само кутри земјоделци и фабрички работници кои понизно чекаат милостиња од некоја субвенција или барем редовен минималец. А мрсната државна администрација гнете додека има. И гласа. Интелектуалци нема.
Кога ќе добиеме светски респектабилна елита која ќе има доволно духовен и морален капацитет да дозволи нова вистински развојна мисловна и морална матрица? |
| kocancanec, 30.07.2012 02:11:08 | Birokratija, Vo Makedonija se plasat da te vrabotat profesore zatoa sto si popameten od niv i poprosetan i zatoa ne te sakaat vo Makedonija tie sto treba da te vrabotat se plasat od tebe i tie luge ne sakaat nekoj da im kazuva sto da pravat i ne priznavaat deka ima popametni od niv tie luge sakaat nekoj polupismeni potrckovci so partiski knizki i da gi slusat koga zborat ,da ne gi gledat koga kradat i da im rabotat za nikakvi minimalni plati do toa e celata rabota profesore pozdrav do vas i ako imate sansi vratete se vo amerika ne ima mnogu kako vas pozdrav |
| Кирил, 30.07.2012 03:38:01 | $265.000 годишна плата за научник во Америка е мислена именка. Врвниот научник мора да има федерално финансирање, а ако го има, неговата плата е лимитирана. Во овој момент таа би можела да биде нешто под $200.000 годишно. Велам би можела затоа што основната плата (професорска или на значаен научник) е $100.000, а до $200.000 научникот треба да дојде со федерални грантови, што начи мора да го почитува лимитот кој го поставува владата на САД. Прашање до новинарот. Односот на приватен колеџ во Македонија и негов вработен е токму тоа, однос меѓу работодавач и вработен. Каква врска има со тоа Македонија и со можната одлука на научникот да остане или да ја напушти земјата? Понелогичен наслов на напис невозможно е да се смисли. |
| Да не претеруваме со глорифицирање, да ги погледнеме фактите па после да пишуваме. Денес пеку интернет све се ѕнае ѕа 2 минути!!, 30.07.2012 03:56:18 | Според SCOPUS базата на податоци, Братисла Станковиќ има публикувано 20 трудови во списанија со Импакт Фактор, Има h-фактор 13 и има вкупно 373 цитати на неговите трудови. Тоа е солидно за некој што работи во МКД, НО тоа е ПРЕМАЛКУ за некој што работи во УСА!. Во УСА платата и работното место ти зависат од БРОЈОТ и КВАЛИТЕТОТ на трудовите. Неговиот најквалитетен труд е публикуван во Febbs Letters списанието во 1999год кое има IF од 3.6! Со ваква научна активност едноствно НЕ Е МОЖНО ДА СЕ ОПСТАНЕ во УСА бидејќи таму има строги норми за да се добијаат проекти, а со тоа и да се задржи работното место. Комбинацијата Молекуларна Биологија и ПРАВО!!!??? е како комбинација на кардиохирургија и термодинамика на парни машини! Како еден молекуларен биолог од УСА (и тоа успешен) дошол во МКД назад па тука предава ПРАВО на Американ Колеџ? Тука нешто не штима. Ако Братислав бил добар молекуларен биолог, УСА никад немало да го пушти, ама бил (под)росечен. Сличен на него беше и Перо ДИмшоски |
| Dark Avenger, 30.07.2012 04:40:45 | Pa kako inace sekoj ke go lapne del od kolacot, ke se zaposli necie dete ili od onoie, pod kluc? |
| Норма, 30.07.2012 06:02:37 | Брацо не кажа дека предавал во Унгарија? |
| Stefan, 30.07.2012 07:19:56 | Neznam za drugite, ama znam za sebe, zosto ja napustiv Makedonija zasekogas. Glupo e da se falam kolkavo obrazovanie imam, samo bi kazal deka bev proglasen za najdobar student vo generacija. Posle zavrsuvanjeto na magistraturata (so odlicen uspeh), se vrativ vo Makedonija da baram rabota. Polovina od instituciite kade sto se obrativ, duri ne mi vratija mejl ili drug odgovor deka go primile moeto CV, a ostanatata polovina barase ili partiska kniska ili pari. Za zal golemite nadezi propagaat, a partiskite vojnici dozivuvaat renesansa. Sepak im blagodaram na ,,golemite,, ludje vo Makedonija sto me izbrkaa od drzavata i me napravija materijalno srecen covek. |
| Mirjana Stankovic, 30.07.2012 08:25:06 | Ocigledno deka toj koj go napisal komentarot za Scopus i dal pausalna ocenka za rabotata na Braco, ne razbira mnogu nesta:imeno - vo Amerika e sosema prirodno nekoj koj ima doktorat vo oblasta na molekularna biologija da se usovrsi vo oblasta na pravoto na intelektualna sopstvenost i da stane advokat vo sferata na patentno pravo (pravo so koe se reguliraat i stitat pronajdocite i nivnata registracija).Braco veke 10 godini ne raboti vo poleto na molekularna biologija,tuku vo oblasta na pravoto na intelektualna sopstvenost. Negovata plata bila tolku visoka bidejki poslednite godini od negovoto ziveenje gi ima pominato kako advokat za poznata advokatska firma vo Chicago.Vprocem i ova mnogu brgu moze da se doznae dokolku se napravi internet prebaruvanje. Zalno e deka fokusot na komentarite e tokmu Braco. Negovata licna prikazna treba da bide samo pottik da site nie se zamislime kakov e nasiot odnos kon nas samite i vo kakvo korumpirano opstestvo ziveeme! |
| cobe, 30.07.2012 08:54:33 | Научник од светски глас, едноставно не може да се вклопи во ѕемјата на Преродбениците.................бегај човече, имаш ум и раѕум, од овде нема аир..........овде можат да просперираат тенекиња од типот на Благородна Дулик......... |
| od ostrijot, 30.07.2012 09:23:50 | mladite luge se prinudeni daja napustat drzavata
tuka nemat perspektivi za ponatamosno realiziranje na svojite ciljevi. |
| Објективно гледање, 30.07.2012 09:27:16 | Се согласувам со коментарите на Јован, Кирил и Да не претеруваме со глорифицирањето.... Наместо да се занимава со проблемот на иселувањето од Македонија, целото внимание е свртено кон професор по меѓународно право, нереализиран научник за природни науки!? Ако се вратил во Македонија за да и помогне, нечесно е да бара поголема плата од онаа што ја имал во Америка! При тоа не сакам да го правдам однесувањето на „домашните“ спрема повратниците од странство. Проблемот е сепак далеку покомплексен бидејќи од Македонија масовно се иселуваат млади луѓе, кои во Македонија завршиле факултети од областа на техничките науки (машински, електротехнички и тн.), кои во странство се примаат со раширени раце! |
| Chainsaw, 30.07.2012 09:46:38 | Ne mi e jasno kako e ova povrzano so zaminuvanje na mladite od Makedonija. Ova e samo eden sluchaj koj i onaka e atipichen, se raboti za privatna firma (Univerzitet) i rabotava ne e ni stignata do sud pa da se reche ete drzavata neshto ne chini, ako toa e poentata na artiklov. Dobra poenta na Kiril i sledniot komentar potoa. |
| Трпе, 30.07.2012 10:40:54 | Со ваква министерска младина и Македонија има иднина.Не треба да се плашиме имаме стручен кадар за странство а дел останува и овде.Имаме и стручњаци кои се враќат од странство кои сакат да помогнат на својата земја.Кум Ставре веќе шест години одлично управува со финансите,Самак ни носи странски инвеститори и министерот за информатика ја средува администрацијата.А колку други стручни кадри имаме како магистарот по економија кој е на највисокото државно ниво.Овде ни се заставникот Бојо кој лансира стручни кадри и др.Латас.Само господ може да ни помогне со толку многу стрчњаци.А вистинските не сакат да му слугуват некому за плата од 400 евра. |
| pile, 30.07.2012 11:19:13 | Koj od Makedonskite gragjani veke ne saka da zamine od zemjata dali so zemanje na Bugarsko drzjavjanstvo ili na drug nacin za podobra egzistencija i kade vrednosta na covekot ne se zasnova samo na politicka pripadnost i lojalnost kon partiite na vlast.Koga najgolema doblest vo Drzjavata e da dobies licen dokument i toa za period od najmalku 3 meseci,ili za da se oddrzjis kako stopanstvenik treba da gi sonuvas danocnicite i personalot da ne te namestat so kazna koja ke treba kredit da podignes da ja platis.Koja saka da ostane vo Drzjava za koja relevantni megjunarodni institucii kanstatiraat deka izvrsnata vlast(citaj Vladata) ne uspaela da obezbedi vladeenje na pravoto,kade ima politicki zatvorenici,slobodata na govorot na najdolno skalilo, i drugi demokratski vrednosti so sto vladeenjeto na ovaa garnitura od interes ja stavaat na opaskata na zemjite od Evropa.GRUEVSKI TREBA DA SI ODDI ZA DOBROBIT NA SITE,a najveke za dobroto na partijata DPMNE,Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost |
| Bernie, 30.07.2012 11:57:59 | Doktor vo kakvi nauki a naiven kako lopata. Pa koj stava zdrava raka vo trnje. |
| toni, 30.07.2012 12:15:20 | covece ne si lepel plakati za da napreduvas vo edna banana drzava kako ovaa (znaci ne si bil PLAKATAR) |
| vlade, 30.07.2012 12:18:50 | Slucajot e samo primer da se pokazi do citatelite,kako rabotat i mislat nekoi lugje vo Makedonija.Uste eden primer kako razmisluvame,kako makedonci,so nedovolna gordost i omalovazuvanje na nekoj uspesen,mu kazuvam na mojot prijatel vo Melburn,deka do mene(kako komsija) se preseli CEO na SIEMENS za Avstralija i Zov zeland,a prijatelot mi veliabe ne me zaebavaj,tolku znacaen covek ke dojdi da zivee vo tvojata naselba.Mojot prijatel go zapozna bivsiot sega CEO na SIEMENS koj e makedonec i doagja vo Makedonija,potocno vo Kavadarci da bide CEO vo germanskata kompanija koja ke otvori fabrika za avtomobilski delovi.Za zal razmisluvanjeto nase e deka ne mozime da bidime golemi i znacajni lugje kaj nas a ne pak vi svetot, koja e golema greska bidejki ima MNOGU (da gi recam)golemi i znacajni lugje sto gi znam vo Avstralija,a da ne zboruvame vo svetot. |
| Student, 30.07.2012 12:35:01 | Имав среќа да ми предава проф. Станковиќ и имам само пофални зборови. Таков ум, таков интелигент што не може да се прикаже преку една ваква статија. Нашите просечни македонски професори можат вода му носат. Штета што на ваков начин завршуваат натпросечните. |
| tome, 30.07.2012 13:22:25 | **jovan** gospodinot Stankovic e profesor i toa svetski proznat a ne nekojsi proofesor imaj malku respekt... |
| suncica, 30.07.2012 13:30:40 | i ti bratislave ja napusti usa i 265 000 $ za makedonija zaradi tvojot patriotizam ???? podobro ke pomines so nekoja druga prikazna vi se molam. pa vo usa tri dena da te nema na rabota bez da gi zapoznaes tvoite pretpostavenie se znae so te ceka metlaaaa. i dosta veke so prikazni od nasite tuginci kako se vrakat vo mkd samo zaradi patriotizmot taka i zan mitrev se vrati samo zaradi tatkovinata :) |
| USA, 30.07.2012 13:37:24 | Pa sho baral da se vraka nazad, ni na kraj pamet ne mi e da se vrakam nazad... koga zaminav mi beshe jasno deka na MK ke i treba najlaku 30 godini da i dojde umot e pa tolku vreme nema pominato, za toa vreme ke mi pomine celiot raboto sposoben zivot pa ako ostanev vo MK ke nemav nishto, vaka si zavrshiv najdobri shkoli i si rabotam so prekrasna nadomest za toa... Neka e blagoslovena Amerika (i Avstralija i Kanada i Germanija) oti od nea i parite sho nie gi prakjame zivee i MK, 30 % od bruto nacionalniot prihod e od gasterbajteri sho prajkaat doma pari... pa sega vie videte dali treba da se vrajkate vo MK, posebno ako imate doktorati na nauka. A za nostalgijata, e pa veruvajte deka eden mesec na leto tamu i toa ke vi pomine, ke vi dojde do preku glava od prostatiluk i nekultura i od postojanoto kukanje na site deka nema nishto, nemaat nishto a ne pravat nishto za da se smeni toa, samo si se shetaat po kafici i ke ve otrujat od cigari pushenje... neka arno mi e vaka... :) |
| bb, 30.07.2012 13:44:11 | so ogled na toa shto naslovot e zoshto mladite si odat ke komentiram okolu toj problem a problemot so dekanot i profesorot neka si go reshat tie .Mladite i so fakultet i bez fakultet teshko naogjaat rabota i ako ja najdat kaj nekojgazda,za nikakov nadomestok ne znaat od shto poprvo da se odbranat .a gazdite gi zloupotrebuvaat znejki deka nikoj ne gi zashtituva ,na kraj mladiot covek ke si zamine sam ili ke bide isteran zoshto armijata na nevraboteni ceka i se taka vo krug i na kraj zaminuvaat nadvor.zalosno no vistinito
|
| Bane, 30.07.2012 13:49:28 | Braco, nema povratok vo MK.....i jas ne se vrakam nazad....
|
| Jovan Kocev, 30.07.2012 14:04:43 | Доколку ректорот Бојаџиев не правел рекет, би требало да го тужи Проф. Др. Станковиќ за клевета и да добие.
Поради еклатантноста и специфичноста на случајот, разврската ќе биде постави урнек во нашето општество за идните слични случаи, што ќе биде важен индикатор на односот кон нашите најдобри луѓе. Ова е шанса во пракса де се демонстрира намера за сопирање на галопирачкиот Brain-drain кој моментално е на највисоко ниво од осамостојувањето.
Во ваков високопрофилен случај, кој ја профилира и државната позиција во однос на сопствените врвни човечки ресурси, државните институции треба да покажат иницијатива.
А сите ние, како граѓани треба заедно да го осудиме криминалот, во заштита вредностите што ни носат подобро задутре. |
| zbuneti, 30.07.2012 14:27:42 | povrzano e so zaminuvanjeto - zasto sto mladite i talentirani se pronudeni da zamnat da se dokazat tamu kade ke im se dade shansa i pak za zaminat koga ni toe ne e dovolno da se vrabotata vo korumpirana makedonija.
zalno.
I po naski - go omalozuvame covekot koj uspeal da atne nesto vo svetot - bez razliak kolku nekoj tamu vo makedoniaja miili deka uspeal vo usa.
Komu mu smetaat usepsnite osven na mediokratite vo fotelji : privatni , drzavni sekakvi.
|
| Kiril, 30.07.2012 14:42:46 | BS e fokus na poveketo komentari, sem na onie zadolzeni za plukanje vrz vlasta, zatoa sto vo napisot se opisuvaat BS i negovata sudbina vo Makedonija. Soprugata bara da se fokusirame na korupcijata vo drzavata sto i ne e tema na napisot? BS e otpusten od privaten koledz zaradi nepocituvanje na statutot na toj koledz i na zakonot. Tokmu drzavata ili potocno vrvot na drzavata go vrabotuva kako sovetnik za nauka na pretsedatelot, sto e interesn izbor, bidejki spored soprugata (novinarot go premolcuva ovoj fakt), toj veke 10 godini ne se bavi so nauka? Sto bi napravila nekorumpirana drzava? |
| petre, 30.07.2012 14:57:48 | za jovan i slicnite kako nego:
Jovane ako ja razbra poentata za ovaa storija ce ti bide se jasno ama izgleda tesko svacas. nikoj ne e budala da ostane ovde ako e i malku pameten i intelegenten. na zapad pametot se placa a ovde se iskoristuva i reketira. kaj nas ima doktori i magistri so lopati da gi rines ama Makedonija nema nikakov benefit od toa(osven profesorite i fakuletite kade ovie doktori se stancaat). Makedonija go kupuva pametot nam meakedoncite od stranstvo bidejki stranecot ima benefit od niv a nie samo zijan, bidejki se sto nosime od zapad debelo go placame(namesto nie na zapad da im prodavame pamet i proizvodi nie gi uvezuvame za debeli pari) ete toa e problemot so odliv na mozoci. na ovaa tema moze da se doktorira bidejki ima mnogu da se pisuva ama ako se nema sluh djabe bi bilo se p[onataka. |
| РНД, 30.07.2012 15:04:47 | Доколку се направи анализа како, и од кого, е формиран Американ Колеџ ќе ви стане јасно кои ликово стојат зад т.н. високо образовна институција. Потоа погледајте ги програмите и ��адрите кои ги произведува Американ колеџ и ќе ви стане јасно дека станува збор за институција која освен за профит не ја интересира ништо друго. Незнам зошто само професорот сакал да и помогне на својата татковина. Професоре нека ви е убаво на вас и вашето семејство, а ние тука имаме “добар“ живот со криминално-мафијашките институции и навикнати сме да живееме во беда !!! |
| Nash, 30.07.2012 15:42:09 | Go pozdravuvam objasnenieto za impact factor. Jas imam publikacii vo Nature, Science i PNAS no sigurno nemam nitu potreba nitu nekakva korist od navleguvanje vo diskusii so naucnici vo Makedonija. Ima mnogu uspesni Makedonci vo SAD, bi se vratil ako sum platen kolku sto sum platen tuka uste utre. Mi nedostiga Makedonija no mojot trud i znaenje ima cena. |
| Vasko, 30.07.2012 16:04:28 | Polovina od komentarite tuka se brz vrska, nemaat nikakva povrzanost so tekstot. Respekt za profesorot Stankovic i za negovata rabota. Tie sto ne go poznavaat mozat samo da kazvaat prikazni kako momi na chesma, a negovata vrednost i obrazovanost i negoviot kvalitet go znaat tie sto go slushale i imale kontakti so nego.Prvo, za da mozi nekoj da go ocenuva negoviot trud, treba da e nesto povekje od nego i obrazovan i skolovan. a tuka na komentarite 99% ne mislam deka se i deka go imaat toa pravo. Druga rabota,sto cenetiot profesor ja zaboravi vo ovaa statija e, deka mnogu od negovite trudovi i trudovite na negovite bliski sorabotnici, gi prisvojuvaat nekoi sega ministercinja-potrckovci,sto cel zivot se slepaat na makata na nekoj trud, pa se falat deka se toa nivni dela i trudovi. Ama vo toa e i negovata golemina,neli?Dojde da pomogne tuka, a ne za licna i materijalna korist....nazalost toa ne vazi za American College... |
| Pero, 30.07.2012 18:44:25 | Makedonija e zemja kade Premierot so drzaven Mercedes otide da ja brani magisterskata po ekonomija a tamu cel UKIM i Akademija postroeni mu celivaa raka kako da beshe Anshtajn go videle. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Ведро
|
Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|