Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.07.2012, 20:46

Да не се политизира „Семакедонската средба“ во Трново

Битола - Да не се политизира традиционалната погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, побара Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, со седиште во Битола, како организатор и домаќин на настанот што во недела ќе се одржи во потпелистерското село Трново.

Организаторите на „Семакедонската средба“ никако не можат да го заборават собирот во 2010 година кој помина во знакот на тогаш уапсениот фармер Душко Илиевски, осомничен за одгледување марихуана. Тогаш пратеничката на СДСМ од Битола, Весна Бендевска и нејзиниот колега Јани Макрадули токму кога премиерот Никола Груевски се качи на бината, ги соблекоа кошулите и ги покажаа маичките со ликот на фармерот Душко, порачувајќи: „Јас сум Душко, уапсете ме“.

„Здружението и средбата се неполитизирани. Строго ќе бидат казнети сите оние кои ќе ја злоупотребат средбата, било да е поединец или група“, порача Александар Поповски, почесен претседател на здружението.

Сепак, и покрај определбата за деполитизација на настанот, на вчерашната прес-конференција не изостанаа и политички пораки.

„Ние како претседателство секогаш ќе ја поддржиме онаа влада која ќе се бори за правата на Македонците, за обезбедување повеќе работни места за да се вработат младите. Ама, ќе бидеме против сите што сакаат да го сменат уставното име на Република Македонија“, рече Поповски.

Огранизаторите досега испратиле преку 1.400 покани низ целиот свет.

Според Андон Шекревски, член на македонското здружение „Виножито“ од Лерин, пограничната средба во Трново треба секогаш да се афирмира, исто и панаѓурот во леринското село Овчарани, бидејќи таму се играат и пеат македонски песни и ора.

„Панаѓурот во Овчарани е најголем културен настан на Македонците од Егејскиот дел на Македонија кој се одржува уште од 1980 година. Сме издржале разни притисоци и заплашувања, но ќе продолжиме да се собираме сите Македонци од Леринско како и други гости. Со наша делегација ќе бидеме в недела и во Трново“ - рече Чекревски.

„Македонија е вечна“ ќе биде мотото на 32. традиционална средба на Македонците протерани од Грција. На средбата е предвиден настап на повеќе културно-уметнички друштва од државата со КУД „Гоце Делчев“-Битола и „Сирма Војвода“-Прилеп, како и една фолклорна група од Јапонија која го негува македонскиот фолклор. (А.Б.)


Статијата е прочитана 302 пати.

Испрати коментар



Скопје пулсира фудбалски
Грција остро возврати
СДСМ
Ламбринидис стана главен за човекови права во ЕУ
Греењето на струја и парно стана луксуз
Посакувам Александар Николовски да ми биде противкандидат
Црната листа на САД со стари имиња
Претседателот Иванов помилува 54 осуденици
Кој седи во скутот на ВМРО-ДПМНЕ



bezanec, 27.07.2012 18:50:35
До Поповски! Избистрете си го мизикот,од лагите на вмровците,бидејки никој не спомнал за менување на името,туку само додавка,која ќе ја определи република Македонија од поделбата во 1913 година со помош на вмровците. Знам дека сега е многу жешко,ќе ве удри дамла ако употребите малку повеќе лед да се разладите,но постепено. Го измисливте и го лажете македонскиот народ,дека некој сака да го смени името,за да останете на власт,донесувајки го народот до питачки стап.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |