26.07.2012, 21:00 Грција остро возврати
Грчкото Министерство за надворешни работи остро одговори на пораките на македонскиот премиер
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Грција не остана импресионирана од изјавите на македонскиот премиер по средбите со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. Непосредно пред пристигнувањето на медијаторот Метју Нимиц во Солун во средата вечерта, грчкото министерство со остро соопштение одговори на пораките на премиерот Никола Груевски, оценувајќи ја неговата реторика како арогантна, националистичка и насочена само за негови внатрешни цели.
Беше оценето дека македонскиот премиер не се обидел да ја искористи средбата за напредок, туку ја злоупотребил за ширење на пропаганда. Во Грција оценките по изјавите на Груевски и средбите со Нимиц се дека не се гледа некаква основа за брзо поместување и напредок во преговорите за името, иако медијаторот од Солун порача дека од двете страни слушнал дека постои волја за решение на спорот и се надева да се најде начин двете страни да се движат во правилна насока.
Нимиц во Солун се сретна со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис во средата вечерта и за време на официјалната средба зад затворени врати во хотелот „Хајат“ вчера рано изутрината. Средбата беше информативна, за грчката страна да слушне што му било презентирано на Нимиц од македонска страна за време на дводневната посета и средбите со македонскиот државен врв. Василакис од своја страна по средбата нагласи дека никој не треба да се сомнева во волјата и желбата на Грција да се најде решение на спорот за името.
„Јасно е дека изјавите со многу емотивност, страст не помагаат, но грчката влада се обидува да направи се' што е можно за да можеме полека да се најде��е на правиот пат“, истакна Василакис. Грчкиот преговарач не сакаше да дава проценки дали по средбите со Нимиц гледа клима поместување, напредок во преговорите. Посочи дека прво ќе треба да пренесе во Атина што било разговарано со Нимиц, а потоа дека ќе биде направен секаков потребен напор за да се најде решение во преговорите. На новинарско прашање од грчка страна како ги коментира изјавите на Груевски за признавање на македонско малцинство во Грција и почитување на нивните права, враќање на имоти, можност за двојно државјанство, Василакис не сакаше да коментира упатувајќи ги новинарите своите прашања за овие изјави да му ги упатат на македонскиот премиер.
Медијаторот Нимиц пак, истакна дека и кај двете страни слушнал дека има волја за решение. „Во Скопје владата има интерес да се реши спрот, тоа е важно за нив, а добив уверување и од амбасадорот Василакис дека решавањето на спорот продолжува да е приоритет и за грчката влада. Двете страни велат дека сакаат да се реши спорот“, рече тој по средбата со Василакис.
Изјавите на Бан Ки - мун во кои тој слободно го користеше уставното име на нашата држава и предизвикаа медиумски интерес во Македонија, не наидоа на реакции во Грција. Она што беше остро критикувано беше реториката и соопштението од кабинетот на македонскиот премиер по средбата со Бан Ки-мун. Одговорот од грчка страна на ова соопштение беше дека се работи само за дел од постојаната, заморувачка пропаганда на македонската влада која се користи само за внатрешни цели.
„Арогантноста и националистичкиот популизам за внатрешни цели се лош водач“, истакна потпаролот на грчкото Министерство за надворешни, Григорис Делавекурас. Делавекурас потенцираше дека оваа постојана, повторувана до заморување пропагандна реторика на македонскиот премиер која служи само за внатрешни цели покажува дека Груевски не ја искористил средбата со Ки- мун за напредок во решавање на ��порот за името. „Напротив, се потруди да ја злоупотреби. Уште еднаш се ангажираше да продолжи да ја негува познатата пропаганда за слабоста или немањето волја од грчка страна. Тоа е неточно, лажно и постојаната непопустливост на премиерот Груевски во текот на неговиот мандат само го потврдува ова“, посочува Делавекурас.
За делови од соопштението, потпаролот на грчкото МНР истакна дека „за сите останати работи на кои се сетил премиерот Груевски, можам само да кажам дека таму кај што завршува логиката започнуваат фантазиите. За среќа, разумниот соседен народ се' помалку го слуша“.
Грчки аналитичари кои го следат спорот за името по овие средби коментираат дека не гледаат дека ќе има некакво забрзување или развој на настаните, напредок во преговорите за да се стигне побрзо до решение. Оценуваат дека може да се очекува зголемен притисок кон двете страни, меѓутоа дека не се знае колку условите во двете држави ќе помогнат да се реши побрзо името. Подобрување на климата се очекува да има само доколку вистински се види волја од двете страни да направат отстапки од црвените линии, нешто кое во моментов според нив не е цел на македонска страна. |
|
Статијата е прочитана 1622 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 27.07.2012 00:05:15 | Eeeeeh! Taman pomisliv deka Ben gi vtera grcite vo gluvceva dupka! Vece pocnav da gi spremam kuferite za da odam na kongresot na se znae koja partija se znae vo koj grad. Badijala Gjole go pogali maceto imitirajci go Ben. Ostaj drugo ama koj ce gi slusa satevci da se majtapat so vlasta! |
| Neverni, 27.07.2012 01:05:09 | Samo go kazaa ona sto se znaese, deka, grcija ima interes da ne se resava problemot , odnosno deka problemot sme nie Makedoncite, ako ne nema nema da ima problem, sto e isto so stavot na SDSM koja sekogas e slozuva so grcija?! Cudno, zalno i tocno predavnicki. Sega go znaeme stavot na SDSM do slednata sredba na medijatorite! |
| KOLE, 27.07.2012 08:47:01 | Не знам што толку ги земате здраво за готово изјавите од јужниот ни сосед. Исто како да прашате криминалец - “ти ли го стори злоделото?“ И, криминалецот ќе ви одговори “Даа, јас бев. Еве казни ме веднаш!“ Ве молам. Дури ме навредува толкава наивност со која се сака да се влијае на моето мислење. Кога веќе имате таков настап, предлагам да ги прашате јужните ни соседи да кажат ШТО ТРЕБАЛО ДА КАЖЕ ПРЕМИЕРОТ НА Р. МАКЕДОНИЈА ? - а што нив не би им пречело? Што требало да стори за да тие кажат браво, одлично кажано? |
| Hari, 27.07.2012 09:00:11 | Do neverni, edinstveno koj ima korist da ne se resi imeto e bandata na Grujo, za da moze da pljacka i natamu. Kako da se opravda ova ako ne se prefrli vinata na SDSM. Dodeka bese SDSM na Vlast cel svet ne priznavase pod Ustavno ime a otkako dojdoa tvoite deca na Vlast svetot se predomisli. Nikoj ne raboti povece vo korist na Grcija od Vladata na pljackasite. Tesko da go svatis toa no toa e. |
| pile, 27.07.2012 12:28:16 | Do Itar Pejo,nema potreba I Vie da gi pakuvate kuferite, kako sto nad 300 000 Makedonski gragjani ja napustija drzjavata za vreme na vladeenjeto na DPMNE.Nekoj denes ke dava ocet za srabotenoto, ke mu tekne i OSTAVKA da ponudi i normalno kako vistinski patriot koj dade soglasnost za ime Republika Makedonija (Skopje) vo 2008 godina,i konecno da ja pogodi celta za dobroto na Republika Makedonija i nejzinite gragjani.Vo eden medium pred nekoj den imase prasanje koj mozje da go nasledi Gruevski, ne za Premier tuku za lider na DPMNE.Za site onie sto se zaslepeni od patriotizmot na Gruevski im poracuvam posle smenata neka si ostanat lojalni kon nego da ne bide pu pu nevazji kako so Ljupco Georgievski ili Boskovski, rakovodete se deka koj raboti i gresi samo ne smee da gresi toj sto raboti na pravenje pari.OSTAVKA |
| Tina, 27.07.2012 15:28:55 | Zamorna rabota da se razberesh to Grcite.
A i Bugarite cupkat na isto mesto so pravata na Makedoncite. Nema pochit od lazci i kradci,
a pogotovu nema milost za se shto sme pretrpele od istite.
A naj losho e shto ne se zaboravuvat tie maki. |
| do Hari i pile, 27.07.2012 16:51:24 | I ponatamu skoro cel svet ja priznava Makedonija so vistinskoto i ustavno ime.Duri i vo tekot na vladeenjeto na ovaa vlast dopolnitelno i drugi drzavi ja priznaa Makedonija so vistinskoto i ustavno ime.Tebe pile frustracijata ti pravi problemi,pa ne mozes da razberes deka ovaa vlast go odbi predlogot Republika Makedonija (Skopje) vo 2008 g.i ako go prifatese toj predlog juzniot sosed ke imase referendum vo Makedonija i toj predlog nemase da bide prifaten.Eve jas ne sum zaslepen od ovaa vlast no treba da se bide objektiven.Zosto ne spomna deka imase i prasanje koj moze da go nasledi Branko vo SDS?Toa prasanje ke stane aktuelno nabrzo,a mnogu e daleku od aktuelnost prasanjeto za naslednik vo VMRO.Tebe pile ti treba pamet. |
| vesna, 27.07.2012 17:24:36 | uh pa lesno bilo koga svetot menuval mislenje tolku brzo zavisno od koj e na vlast kaj nas. Ke smenime vlada- ke go resime sporot pak ke smenime druga vlada pa ke smenime ime i taka non stop. svetot tolku ke se zbuni sto ke zaborvi da se premisiluva.
ako bilo do vladite - lesna rabota |
| ez-mani, 27.07.2012 17:50:31 | delavekuras sve tie zborovi shto gi kazhall mozhebi misllell za sebe i za politicharite na svojata zemja oti na grcija vo znameto mu valli zamo kukastiot krst,a toa go potvrduvaat i voenite paradi vo koji vojnicite peat pesmi so nacistichka i navraduvachka sodrzhina.delavekuras ima izjavi kako da poteknuvaat od vonzemjanec. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 27°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|