26.07.2012, 20:56 Греењето на струја и парно стана луксуз
На дрва, струја или парно, граѓаните веќе не знаат како да се затоплуваат следнава зима, а да плаќаат помалку
Маја Томиќ
Македонските граѓани среде горештините замрзнаа кога слушнаа за новите цени на струјата и на парното. Во 21 век дојде време кога тие се прашуваат како ќе ја презимат следнава зима, со што е поисплатливо да се греат, дали на струја или на парно. Според нивните математики, и во едната и во другата варијанта главното прашање е дали воопшто ќе имаат пари за да ги платат само овие две сметки за кои оди половина од една просечна плата.
Како што редовно поскапува струјата секоја година, по еднаш или по два пати, така паралелно, некогаш и почесто, расте и цената на парното греење. Откако во почетокот на годината струјата скокна за 8 отсто, а парното лани поскапуваше 4 пати, сега од 1 август следува нов ценовен шок. Струјата поскапува за 10, а парното за речиси 4 отсто. Што значи, ако за стан од
50-ина квадратни метри се плаќало во просек секој месец по 2.000 денари за струја, од септември ќе се плаќаат околу 2.400 денари, затоа што на новата зголемена сума се пресметува и данокот од 18 отсто. Ако за парно се плаќало по околу 3.000 денари месечно, новата сметка ќе биде за околу 500 денари поголема.
Но, пострашно во целава ситуација е што никој не може да гарантира колку време ќе се задржат овие цени. Како што соопшти завчера Регулаторната комисија за енергетика, ако ЕВН и ЕЛЕМ имаат нови барања за поскапување, односно зголемени трошоци во работењето во наредните месеци, можно е да има и нова корекција на цените до крајот на годината. Многу веројатно дека и ќе дојде до тоа бидејќи компаниите се незадоволни затоа што сега не добија онолку повисоки цени колку што бараа од регулаторите, ЕВ�� и ЕЛЕМ за 20 отсто, а „Топлификација“ за околу 37 отсто.
Она што допрва ќе го погоди уште повеќе стандардот на граѓаните е тоа што следува, поскапување на сите животни продукти, што се случува редовно со секое зголемување на цената на енергенсите, вклучувајќи ги тука и нафтените деривати. Така постојано поскапуваат речиси сите производи, меѓу кои зејтинот, сирењето, средствата за хигиена, соковите, јавниот превоз..., само цената на лебот засега се одржува на исто ниво, но со интервенција на Владата.
„Најголем финансиски товар ми е сметката за парното. Долго време се двоумев дали да се откажам од оваа греење и да почнам да се топлам на струја, но еве сега со последново поскапување веќе не сум паметна што да правам. На дрва ли да почнам да се греам сега, во 21 век ? Да се враќаме во времето од пред 50 години? За срамота. Што ако сум вработена и земам плата? Колкава треба да е платата за да се преживее во ваква скапотија што нема крај. Веќе е неиздржливо. Цела плата оди за сметки“, вели скопјанката В.С..
Како причина за порастот на цените на струјата и на парното Регулаторната комисија за енергетика ги посочи многу зголемените трошоци на компаниите за увоз на струја во изминатава зима, поради поголемата потрошувачка, како и поскапиот мазут. Биле планирани да се потрошат околу 100.000 евра, а се платиле дури 300 милиони евра. Со зголемување на цените на струјата и на парното компаниите очекуваат дека ќе ги надоместат финансиските дупки. Многу неизвесно е дека ќе биде така, затоа што граѓаните имаат се' помалку пари за да ги плаќаат се' повисоките сметки.
Не вреди ни да се штеди струја, пак е скапа
„Не се во ред овие чести поскапувања на струјата и на парното греење кои повлекуваат со себе и пораст на сите други цени. Ние живееме со две солидни пензии и се' потешко излегуваме на крај. Бидејќи сме дома, штедиме на струја колку што можеме и вклучуваме електрични апарати само на евтина струја. И пак едвај ни стасуваат парите за сите месечни трошоци. Што да кажат тие што се невработени или со мали приходи и не можат да плаќаат режиски трошоци. А, без милост им се исклучува струјата поради неплатени сметки“, истакнува пензионерката Љубинка Софрониевска.
Стандардот станува се' полош
Не е проблемот само во тоа што поскапуваат струјата и парното, туку дека тоа носи со себе низа други поскапувања и така дефинитивно за граѓаните стандардот станува се' полош. Јас одамна го исклучив парното, сега слушам дека секој исклучен ќе плаќа по 10 отсто од сметката што ја плаќал. Ма, тоа е само моментално залажување, ќе го зголемат овој процент, ќе видите. Затоа што со години наназад не се инвестира во нови енергетски капацитети сме доведени до ваква ситуација, да се увезува многу скапа струја и тоа на крајот да го плаќаат граѓаните од џеб. И нормално е што енергетските компании имаат зголемени трошоци поради тоа, но нека ги покриваат сами преку водење поинаква деловна политика. Со зголемувањето на цените сигурно нема да им се подобри финансиската состојба, зашто граѓаните се' понередовно ќе плаќаат и струја и парно“, посочува Стојадин Поповиќ од Скопје.
Секое поскапување оди преку грбот на граѓаните
„Ова веќе не се издржува, не се живее со плата или со пензија од 12.000 денари. Нека ги зголемат пензиите и платите, па нека растат цените колку што сакаат. Зошто граѓаните да плаќаат за тоа дека на „Топлификација“ и' поскапел мазутот или на ЕВН струјата од увоз? Нека си размислуваат за тоа одговорните во компании и нека наоѓаат начини како да си ги покријат тие трошоци. А, не да оди се' преку грбот на луѓето, за се' ние плаќаме, се' оди преку нас. До кога вака, има ли крај на поскапувањата“, вели Гордана Стојановска, пензионерка. |
|
Статијата е прочитана 2321 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 27.07.2012 00:06:31 | Neznam sto da kazam osven, ne se zalete na gorestinive, uzivajte gi, bidejki zimata ke bide mnogu mnogu ponesnosliva, od ova zesko leto. Koj ke prezivee, neka dobro razmisli na prolet kako ke glasa. |
| Весна.С. од Прилеп, 27.07.2012 00:42:33 | Ние не плаќаме повисоки цени за струјата или парното туку е плаќаме АЛЧНОСТА НА ТИЕ ШТО ГИ ПОСЕДУВААТ ОВИЕ КОНПАНИИ. |
| daniela, 27.07.2012 01:04:16 | e grujo grujo do kaj ne donese?
ova vise neizdrzlivo postanuva
neka gi pokaci sega plative ta da imame od kaj da platime
sramote greota mizerija ....
glas nikogas poveke za grujo
fala mu za prerodbata... |
| Mirko, 27.07.2012 08:25:22 | Kralot e gol! Kasa e prazna! Narod bez gaki. |
| Miki, 27.07.2012 08:27:30 | Narode Makedonski - STRUJATA I PARNOTO VO MAKEDONIJA SE MEGJU NAJEFTINITE VO REGIONOT (za Evropa muabet ne praime, taka?)! A toa sto nemate pari, platite vi se mali, penziite mizerni, toa e sosema druga tema! Vprocem od 2015 ke imate potpolno liberaliziran pazar na energija pa ke moze da si kupuvate struja direktno od Srbija ili Belgija na primer..ama nema da sakate... |
| mkd, 27.07.2012 09:33:14 | Namesto da se place nikoj ne go gleda strukturniot problem koj postoi.Makedonija ne e GASIFICIRANA. Posebno Skopje i industriskite zoni.
Nikoj vo Evropa ne proizveduva na struja i nikoj ne se gree na struja. Ako Skopje se gasificira za greenje ke se plaka za stan od 80m2 okolu 25.000 den godisno ,so parno 40.000 a so struja isto sega so novite ceni.Za kuvanje so gas 200 den mesecno a na struja 600, za bojler 500 denari za gas i 1200 na struja.
TREBA GASIFIKACIJA. |
| Iznerviran, 27.07.2012 09:36:36 | Значи ако е поскапена струјата 10%, толку ќе биде повисока и сметката, нема да биде за 20%, затоа што на тоа се додавало и ддв. Па ддв се додаваше и досега и е пресметано во крајната цена.
Ајде една иницијатива до здружението на новинари, да организира еден краток курс по математика за сите членови, со акцент на процентуална сметка, затоа што уште не сум сретнал новинар во Македонија што ги разбира процентите. |
| РНД, 27.07.2012 10:32:36 | Абе луѓе па нели гледате дека нашата влада ова поскапување го прави токму за вас. Нема врска дека сака да ви ги земе парите. Единствено што сака нашата мила влада е луѓето да седат по дома, да се гушкаат и да се згрејат на природен начин. Ова е уште една промоција на проектот 3-то дете... |
| srebre, 27.07.2012 10:41:31 | cel ekononmski haos i poskapuvanje lezi vo toa koga grujo dojde na vlast napravi golema greska gi pokaci plati i penzii a nemase pokritie tuku stampase pari,trebase da se pocne so industriski rast i mala dvacija da ripne izvoz isto trebese da nema nitu eden spomenik tuku tie 500mil,evra trebase da se investirat vo industrija,zemjodelstvi i tehnika za sogoruvanje na otpad i djubre i od toa da se pravi struja i parno... |
| gragjanin, 27.07.2012 10:56:23 | Za zal doteravme do tamu da gragjanite nemaat pravo da odberat so sto ke se great za svoi pari.Monopolot na toplifikacija odi do tamu sto za da nekoj se iskluci od greenjeto mora da bara soglasnost od 80% na stanarite vo zgradata kade sto zivee i pak da plaka nadomest i ako e isklucen od sistemot.I seto toa so blagoslov na vlasta koja ne samo sto ne intervenira da gi zastiti gragjanite od samovolieto na toplifikacija,tuku uste kumuva na toa preku takanarecenata nezavisna regulatorna komisija.A da ne zboruvame za pokacuvanjta na cenata na greenjeto sto se slucuva recisi sekoj mesec.Na krajot poraka do toplifikacija vo kolku ne i se isolatuva biznisot so greenjeto na Skopje,nikoj ne gi drzi so sila,neka si odat sreken im pat dosta gi trpevme site ovie godini.!! |
| od ostrijot, 27.07.2012 11:27:35 | obekanjata od proslata godina stana vetar i magla
a sega doaga realnosta a ona kebide gorcliva. |
| kole, 27.07.2012 11:40:01 | Како ни тргна со Преродбенициве, и воздухот што го дишиме ќе ни стане ЛУКСУЗ?????? |
| Од редовен читател, 27.07.2012 12:14:09 | Феликс, нели и за овој ценовен шок виновен е Бранко Црвенковски, по негова вина, наместо да се градат енергетски објекти, се трошат парите за коњи и скулптути. Ајде малку удри со критики по шатевците, како што милуваш да ги нарекуваш опозиционерите, оти исклучиво тие се виновни што ќе плаќаме поската струја, парно, бензини... |
| Синан Скендеровски, 27.07.2012 12:18:54 | Позната е народната поговорка ,,Додека има овци ке има и волна,, . Се додека народот само молчи и само си шепка цените ке скокаат и ке дојде време да си ги оставиме куките, бидејки ке дојдат извршителите да не иселат од нив,затоа штоне ги плативме сметките.
|
| ЛИЦ, 27.07.2012 14:07:17 | Нека кажат колку им треба да си ги покријат сите трошоци- незнаење,превработеност(пред се кај државните електрани),огромни плати и многу ,многу луксузирање на наша сметка,крадење и останати ТРОШОЦИ за да може овој прост народ да им удоволи.
На секоја сметка плус 33,33% ,ддв18%(во буџет) и малку им било.
Сме плаќале најевтина струја, аха, а плус 1/3
од секоја сметка????? На здравје пролетери
а останатите многу одговорни наши водачи и раководители не осеќаат -ко мува да ги лази
Тие и не знаат како е да живиш со 20.000 или помалку. Ќе ни речат-ако немате леб јадите колачи.
|
| zoki od evropa do MIKI, 27.07.2012 15:01:13 | sto zboris bre miki ,nemas poim deka vo evropa strujata e nekolkupati poeftina od makedonija,jas vo it plakam sekoi dva meseci po 45 evra struja( i toa sekoj den 3pati peralna,3 tv,3 kompiuteri ,bojler na struja) so standard od 2500 evra mesecno,moite dolu vo mk plakaat 1300 denari mesecno so penzija od 300 evra pa sto tropas gluposti ,najdi ja matematikata.vo mk se e poskapo duri i prehrambenite produkti,edinstveno sto e poeftino se resrtorantite,cigarite ,alkoholot (sto na zapad se veli luksuz) |
| Ksenija, 27.07.2012 15:46:45 | Zaboravate site deka EVN na svoja smetka ce pravi barokna fasada na zgradata na plostad. Koj mislevte deka ce ja plati? Privatna kompanija od svoj zeb da ne placa za nebulozite na ovaa vlada. Aj sega glasajte za prerodbava, ne preporodija, na drva site ce se greeme vo 21 vek i so sveci po doma ce bideme. |
| pile, 27.07.2012 16:07:43 | Vo kampanjata pred predvremenite parlamentarni izbori 2008 godina, najpatriotskiot Premier na Republika makedonija besedese parafraziram, dajte mi 61 pratenik da mozjam da ja realiziram programata,i dobi 63, i pocna vetuvanjeto od soncev grad kaj Sv.Nikole, preku atomska centrala vo Mariovo, pa do veternici vo Valandovo, arno ama Gruevskoto ,KE bilo veter i magla,se poplavuvase Ohrid, se peplosuvase Kumanovo, so prethodno odlikuvani poedinci,se partiziraa instituciite za smetka na politickiot progon na politickite protivnici i neopredeleniete, vo stilot se sto ne e so nas e protiv nas a toa po difolt protiv Republika Makedonija, i pak ne mu bese dosta, raspisa izbori 2011 godina i dobi Pirova pobeda,i ``sega sto napraivme``,Cebren i Galiste ne se nitu pocnati, za vtora i treta faza za Zletovica nema sredstva, no ke smisli nesto Vladata, eve ideja energija od bio gorivo, ete sansa za vrabotuvanje na nevrabotenite, ke im se davaat 4000 denari nekolku meseci da sobiraat lepeskiOSTAVKA |
| Крт, 27.07.2012 17:09:08 | Феликсе, штом темата не ти одговара бегаш во ,,странство,, или се правиш дека не си од тука. Запенави со сите надворешни органи обвинувајќи ги Шатевци ( колку си само искомплексиран) а ваму твоите преродбеници ни брцаат се подлабоко во џепот. Кажи им на твоите дека веќе ни се искинати и можеби ќе се изненадат што уште ни останало така да тоа и ќе го добијат. |
| Branko, 27.07.2012 18:34:18 | DO IZNERVIRANIOT.
Ajde iznerviran presmetaj 10% x 33.333 % x 18 % |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 35°C
Делумно облачно
|
Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 18°C
|
Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|