Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Ретровизор Саботен магазин
Политика
27.07.2012, 19:11

„Работевме многу, но имавме и пропусти“

Премиерот Никола Груевски со владиниот тим даде отчет за едногодишната работа

Даниела Трпчевска

Работевме многу, работевме посветено. Имавме и грешки, но наша карактеристика е грешките да ги исправаме и да не дозволиме да се направат големи, стратешки грешки. Со овие зборови премиерот Никола Груевски и се обрати на јавноста вчера по повод една година од изборот на Владата.

Во отчетот кој траеше повеќе од еден час, Груевски рече дека зад Владата останале многу проекти, но и дека многу обврски стојат за во иднина. Се надевам дека сите ќе бидеме горди од она што сме го направиле, рече Груевски, додавајќи дека „да работат во интерес на народот е најголема чест и обврска, но и императив и приоритет од која Владата нема да отстапи“.

„Одиме напред, патот е трасиран, целта е видлива. Но, има многу работа пред нас, за да кажеме дека целта е постигната“, вели Груевски. Најважен дел од владината програма, според него, е набавката на медицинската опрема, изградбата и реконструкцијата на болниците, бидејќи со нова опрема ќе се спасат многу животи и навреме ќе се откријат многу болести.

Најголем дел од очетот за работењето на Владата Груевски го посвети на проектите кои биле реализирани во текот на минатата година. Тој рече дека досега се завршени 380 проекти, а над 470 се започнати и е во тек нивната реализација. „Владата ќе остане заедно со граѓаните и во наредните 1.000 мерки кои ќе бидат преземени“, рече премиерот.

„Во услови на криза, успеавме да обезбедиме стабилност и да поминеме со помали лузни во однос на другите држави. Немаше зголемување на даноци, ниту, пак, намалување на плати, или пензии или социјална помош или земјоделски субвенции, иако тоа некои го бараа, туку напротив продолживме со намалување на даноците. Не дозволивме девалвација на денарот или пак ослабување на финансискиот систем на земјата. Немаше масовни отпуштања од компаниите и не се одзеде ниедно стекнато право на граѓаните“, рече Груевски.

Тој додаде дека од Светската банка Македонија беше прогласена за најдобар трет реформатор и е на 22 место во светот за водење бизнис, дека во 2011 година имаше седми најголем раст на БДП во Европа, а државата има еден од најниските долгови од 26,8 отсто од БДП.

„Се водевме од петте стратешки приоритети - зголемување на економскиот раст, интеграција во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата, добри меѓуетнички односи, инвестиции во образованието и наука“, вели Груевски. Во својот отчет тој се осврна на проекти кои треба да се заокружат во наредниот период, како проектот за гасификацијата, вклучувањето на земјава во Јужен тек, изградбата на шесте мали хидроцентрали, инвестицииите во железничкиот сообраќај, изградбата на нови патишта, но и инвестиците во нова опрема во здравствените установи, изградба на нови амбуланти и училишта.

Иако доцнат дел од проектите кои беа најавени дека ќе стартуваат на почетокот на годинава, според Груевски, роковите се поместени, бидејќи се случиле непредвидени околности. „Можно е да има поместувања на роковите, но проектите ќе бидат започнати и ќе завршат. Тоа е разликата меѓу нас и другите“, рече тој.

Груевски посвети малку внимание на политичките теми и проблеми со кои се соочува земјава. Го повтори новиот став од вчера дека за спорот за името повеќе нема да дава изјави, се додека нема нешто суштинско за кое што би сакал да се изјасни. „Ќе се воздржам од изјави за да нема одложување на процесот. Причините за тоа веќе ги соооштив – се одлучив на ваков чекор за да не се злоупотребуваат моите изјави, па и добронамерните, како гест на провокација“, рече Груевски.

СДСМ: Розов театар на Груевски

Проблемите на граѓаните и реалноста апсолутно не содејствуваат со розовиот театарот што се обидува да го продаде премиерот Никола Груевски. Вака вчера реагираше опозиската СДСМ по отчетот на премиерот.

„Му препорачуваме да излезе од блендираниот „мерцедес“, меѓу луѓето и да се соочи со суровата слика и крајно негативните последици од неговото шестгодишно владеење. Благодарение на неговите погрешни политики во изминатите шест години, Македонија се губи во бесперспективност, загрозени се човековите слободи и права, нема медиумска слобода, а патот кон ЕУ и НАТО целосно е блокиран“, смета партијата.

„Единствено нешто што направи Груевски е криминалниот проект и огромната пералница на пари „Скопје 2014“ за која на споменици, камен, бронза, фасади и скапи огради само досега потроши 350 милиони евра народни пари. Овој криминален проект до крајот ќе ги чини граѓаните повеќе од половина милијарда евра“, реагира СДСМ.

Опасноста од рецесија е тука, ребаланс нема да има

„Во услови кога во светот ескалира кризата, не може да се исклучи ниедно сценарио. Но, нашата улога е последиците од таа рецесија да бидат поблаги и да им помогнеме да го пребродат ударот од кризата“, изјави вчера министерот за финасии, Зоран Ставрески запрашан дали Владата се подготвува за воведување на рецесија, како последица на светската криза.

Според него, Владата навреме презела мерки, меѓу кои е издвојувањето на 100 милиони евра со повластена камата за помош на претпријатијата, како и 11 милиони евра кои се издвоени за откуп на земјоделски производи.

Што се однесува до можноста на нов ребаналс во Буџетот, Ставрески засега ја отфрла таквата можност. „Нов ребаланс во сегашната состојба не планираме, ги следиме состојбите, но во оваа фаза не е планирана таква мерка“, рече Ставрески, посетувајќи дека во услови на криза за првпат во Буџетот била планирана ставка од 350 милиони евра намемета за капитални инвестиции. „Ако тие средства целосно се искористат, ќе се даде голема подрдршка на стопанството“, вели тој.


Статијата е прочитана 1405 пати.

Испрати коментар



Отпад или ѓубре
Тетово дише смрдеа од дивата депонија
Ексминистри, банкари сакаат да бидат директори на болници
Да се исклучи парното или да се постават калориметри?
Менаџментот ги убедува акционерите да формираат мнозински пакет
Прометеј, Љупчо, Тодор и Снежана
Црвенковски
Груевски го кани Самарас на средба на Илинден
Со инвеститорите нема простор за грешки



zik, 28.07.2012 01:38:46
i taka princot i princezata zhiveeja dolgo i ....
jovan, 28.07.2012 02:06:54
Otcetot na Vladata koj go procita Premierot, e iskren i realen vo delot za koj dava otcet. Onamu kade sto imaat neuspesi (ekonomskata situacija) *mudro* prekutele. SDSM isto taka dale realna kritika za Vladata, no go prekutele delot vo koj imaat uspeh. Toa e i problemot vo ova opstestvo. Imame da birame samo crna i bela varijanta. Onie koj se protiv Vladata, se im e crno, a onie koj se za Vladata, se im e belo (rozevo). Ke se javi li nekoj realno i iskreno da kaze/dade analiza pred ovoj narod za dobrite raboti koj se menuvaat vo ovaa drzava, i za losite raboti koj ni se slucuvaat, pa da znaeme sto cini(i da go podrzime) a sto necini, pa da komentirame, davame predlozi,mislenja, idei.... Vaka, edni kazuvaat dobro e, drugi katastrofa e. Samo se inatime megusebe, si oteznuvame i nisto ne pravime.
Gragani od Struga, 28.07.2012 02:59:22
Lllljana Zaturoska i slicni na nea se fatalna greska vo partijata ,drugoto e odlicno,samo napred
Hari, 28.07.2012 08:28:11
Sekoja cest na Pinikio, postojano kasni po 1 cas i tolku srabotel:)) No zosto go premolca negovoto remek delo-peralnicata na milioni_Sk 2014??? Ne mu odgovara?? trebesa da go spomne i napisot vo Ekonomist za bedata vo MKD, izvestaite od State Department za krsenje na covekovi prava i politicki zatvorenici, apsenje na neistomislenici, nepocituvanje na Ustav seto toa i mnogu debakli se NEGOVO DELO.
колебикот, 28.07.2012 08:33:51
Па врв на се е да се признаат грешките, да се направи пресек и анализа и да се пласираат неколку невистини кон членството. Сега во Август следуе комплетна партијска реконструкција според планот НОв Бран и заборави бе Грујо да ја најавиш реконструкцијата на владата прва после одморите. Тоа прво па потоа кадровско освежуење во полиција и којзнае какви други барања има од амбасадата на кале и Бриселските неработници.
Ајван Доктор®, 28.07.2012 08:50:17
Толку многу работеа,по цели 25 часа дневно,цели 8 денови во неделата,што на секој од нив,кутрите,им се забележува огромен замор на лицата,а под мишките им ѕирка потта!Ненаспани и истоштени,до крајни граници,едвај успеваат да ги склопат рацете преполни со пликови пред нив!Трудот од работата најмногу им се гледа од парите вишок,кои им прелеваат преку џебовите!Навистина жална слика за една изморена влада која треба да замине на што подолг заслужен одмор (вечен,по можност) и повеќе никогаш да не ни се врати!Јас ваквите вредни и крајно истоштени работници веднаш би ги испратил во заслужена пензија која во јануари идната година веднаш би им ја преполовил,а потоа би им ја зголемувал до 2030 за цели 30%!Целта им е и онака видлива,што значи дека веќе стигнале на крајот!Доста им е!Што велите вие?
od ostrijot, 28.07.2012 09:07:37
ednas i premijerot dabide iskren rabotevme mnogo a srabotivme malku so drugi zborove kazano se falevme mnogo no falbite otidoa vo prazno.
pile, 28.07.2012 09:31:27
Posle vakvo ekspoze na M-r po ekonomija za srabotenoto za period od edna godina mu predlagam da proglasi moratorium za davanje izjavi od oblasta i na ekonomijata,nad 30 % od gladniot narod nema sili usta da otvori a ne mani da mu naogja na 500 Evra godisno dadeni na zemjodelcite a Boga molat dozjd da zavrne,na rabotnicite koi minimalnata plata ke ja dobijat za tri godini,masala pa rokovite se davaat za da bidat probieni.A posle otcetot, ocekuvam uspesniot eks rakovoditel na republickiot katastar sega Rakovoditel na agencijata za drzjavni patista da si dade ostavka, pa covekot nema da ima rabota poveke, lokalnite patista se prioritet, a Primerot mozje i gradonacalnicite da go sledat, kakvi programi ke izrabotuvaat potencijalnite idni Gradonacalnici ili gradis lokalen pat kaj sto ke ti odobram sredstva ili nema sredstva, a sto bese toa decentralizacija.Razvojot na turizmot vo Ohrid i Dojran, za koj tecat Vladini reklami e na povidok ne po magistralata,Vladata ke gradi heliodromi na voda.
lale, 28.07.2012 10:37:17
Si ziveat vo svoj film odi ti nervirajse dali imas da jadis ili ne. Osobeno vo zdravstvoto. Armija na doktori se sprema da ja napusti drzavata. Site nekade baraat angazmani vo stranstvo. Ministre namalimuja platata uste ednas i barem pobrzo da odlucat da begaat. Ke gi spasis. Vo Hrvatska baraat 1300 doktori os sekoja struka. Ama kade ke najdat. Vo Slovenija 500 doktori. Site se spasija vo Evropa. A vo Makedonija doktorite si kutat i si baraat angazman. Ama ministerot ke si zamini, lugeto potoa koj ke gi leci.
suze, 28.07.2012 11:38:53
Целта е видлива рече премиерот,уште да кажеше која им е целта,дали враќање во минатото,вртење во круг,сеење ветар и магла,уништување на сопствениот народ,колапс на системот,втерување страв на секого и кон секого,уништување на самодовербата и сигурноста на поединецот,економско уништување или нешто сосема друго уште полошо и пострашно?А,Феликс тука си или конечно отиде на одмор?
Pece, 28.07.2012 13:11:18
Mozam da kazam deka sega zasega mozime voda da vi nosime,imavne se vo nasi race a dali od neznaenje ili od sto se ispustivne pa se nadevam deka od sevo ova ke izvleceme nekoja pouka,a od ednoumie koe e mnogu prisutno vo samata nasa SDSM ute dolgo ke stradame a naomena e da gi prasam zosto gi otstranija vo strumica veles kumanovo nasi istaknati clenovi koj ne mozea da se pomirat so seto ova sto se slucuva vnatrepartiski i se edo isti faci ili nemozejki da se prifatat novitetite koj za zal nekomu ne mu odgovaraat uplaseni za svojata stolica
OOOOO!, 28.07.2012 14:16:27
Gledajki ja slikata, neminovno me asocira na shtosot na Ognen Malevski, za Mujo, Haso i Suljo i olimpiskite igri (krugovi). Spored istata, Mujo e sekako Grujo, a Peshevski i Popovski se pishuvachot i preveduvachot.
Трпе, 28.07.2012 16:39:49
И така овој ваков таков народ, продолжува среќно да си живе од плодовите на самобендисаната влада која многу работи на збор.Најдраги проекти на нашиот мистер мр Рејтинг му се остварувањата во здравството.Да не даде господ да треба да се користи државното здравство.Не поради стручниот кадар мпоради условите кои ги има што со една болест ке влезеш а може и друга гратис да си добиеш.Друг проект кој исто така му се остварува е образованието.Колку повисок степен на образоцание(99,9% од завршените средношколци се запишуват на факултет) толку по неписмен народ од факултети на секоја ледина.Исто доста остварува многу со субвенци на земјоделието.Земјогелските производи без субвенци има по стабилна цена.Нема потреба да се градат магистрални патишта(автопати) затоа што 99% од населението не излегува по далеку од својата општина.А имаше желба зелениот картон да влезе задолжителен во при регистрација на возилата.Затоа гради или филува локални патишта .Културата од бронза и барок нема цена,никој не
tomas, 28.07.2012 19:28:57
Ovaa vlada rabotese ona sto vo svetot go rabotat lokalnite vlasti,a ne vladi.7 godini rabotat na komunalni (a i tie kicerski) ,a ne drzavni(cki) proekti.Tolku im e kapacitetot.
od citatel vo usa, 29.07.2012 13:34:44
edna moja prijatelka bese vo makedonija mnogy citala za gradot na konzylite xerakleja i oxrid a koga veke stigna ne propysti da go vidi i skopje eve sto my preporacyva na prijatelite koi saka dae poseti makedonija treba da nosi po dva pampersi rece zato sto nema toileti a ako negde odis treba dve nedeli da ne jadic zato sto e dizaster mojata prijatelka mi donese ikona od manastiro sv.jovan bigorski i mi e raskaza prikaznata a i date podsetam gryeski deka zaboravi da kazes koga tova ke go storis vie izgradivte spomenici a najvaznoto go zaboravi i koga bila vo prekrasnijo ni pelister kaza kako vrsele nyzda zad drvata e tova nikola da soberse sila dago kazese ke bese najdobrija vodac a sega ti ostna samo da qutis

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Пто прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Преглед на освојувачи на медали - 4.ден
По четвртиот натпреварувачки ден 43 држави имаат освоено медали...
Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со невероја...
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47...
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |