Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Ретровизор Саботен магазин
Политика
27.07.2012, 19:16

Прометеј, Љупчо, Тодор и Снежана

Тодор Петров како Прометеј, единствено со пешкир околу себе ме дочекуваше дома, и' соопшти Љупчо Георгиевски на јавноста, објаснувајќи дека нападите кон него од првиот човек на Светскиот-македонски конгрес биле од емотивна природа. Дали Снешка одеше кај Прометеј, возврати Петров, алудирајќи на сопругата на Георгиевски.

Нивната скандалозна полемика веќе два дена ја забавува јавноста. Поранешните парламентарни колеги со сочни коментари негираат дека некогаш имале исти ставови.

Се' започна кога лидерот на ВМРО-Народна, Љупчо Георгиевски во интервју за неделникот „Фокус“ изјави дека знаел зошто Петров го напаѓа.

„Вистинскиот проблем на Тодор Петров со Љупчо Георгиевски не е ниту историјата, ниту идеологијата, ниту политиката. Мислам дека станува збор за емотивен проблем што го има тој човек. Имено, некаде во 1993 година, живеевме во иста зграда. Тоа беше време кога тој се обиде да се приближи кон ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш почна често да ме кани на кафе за да ги погледнеме амандманите што тој често ги поднесуваше во Собранието. И тука немаше проблеми. Проблемот настана кога на тие консултации почна да ме дочекува гол како Прометеј, со само една крпа на појасот со образложение дека штотуку се истуширал. Тоа се случи едно трипати. Мислем дека уште тогаш на Тодор Петров му дадов јасно на знаење кои се разликите меѓу Александар Македонски и Тодор Александров“, рече Георгиевски.

„Каде се случила, господине Георгиевски, таа емотивна голотија? Кај мене дома? Ами ако првиот пат не ви се допаднало оти седам до вас гол, што мајка баравте дури трипати да доаѓате на голо? А, ако навистина тоа се случило, кај кого е емотивниот проблем, кај тој што бил гол дома, или кај оној што одел кај голиот, дури најмалку три��ати кај него дома? И, и' кажа на Снешка како изгледам гол? А, ја праша дали и таа доаѓаше кај мене на голо? А да не не е во прашање мојата емотивност, туку вашата сексуалност? Скраја да е, Љупчо Георгевски никогаш не бил кај мене дома, никогаш! Која одвратност од човек кој, за жал, беше и ќе остане за навек само една голема маскота на туѓи и други центри за демонтажа на Македонија“, остро возврати Петров.

„За лица од типот на Георгиевски и да не зборуваме, за нив е потребна терапија, но во Идризово, доживотно, не за голотиите, туку за велепредавството“, констатира Петров.

Што може да се каже како заклучок на оваа „дискусија“? На прв поглед изгледа како пресметка на некогашни истомисленици бидејќи во почетокот на деведестите години Тодор Петров како независен пратеник во парламентот дејствуваше блиску до ВМРО-ДПМНЕ. Но несомнено може да се сфати и како увертира во тоа што ќе следува на локалните избори следната година. (Г.А.)


Статијата е прочитана 2491 пати.

Испрати коментар



Отпад или ѓубре
Тетово дише смрдеа од дивата депонија
Ексминистри, банкари сакаат да бидат директори на болници
Да се исклучи парното или да се постават калориметри?
Менаџментот ги убедува акционерите да формираат мнозински пакет
Црвенковски
„Работевме многу, но имавме и пропусти“
Груевски го кани Самарас на средба на Илинден
Со инвеститорите нема простор за грешки



mojso, 28.07.2012 07:45:55
Arno ni se praj.
pile, 28.07.2012 07:57:08
Pravoto na G-din todor Petrov da odgovori na navodite vo intervjuto so eks Premierot Georgievski-politicka ikona na togasnoto clenstvo na VMRO DPMNE,dadeno za nedelnikot Fokus e nesporno,a prasanje e dali i kolku vo detali privatniot zjivot na poranesnite ideoloski bliski politicari gi interesira citatelite na Utrinski vesnik.Vo intervjuto ima daleku posustinski navodi na Georgievski, na koi treba da se dade odgovor pred se od Gruevski kako lider na DPMNE,od tipot,citiram ,,Poglednete gi vprocem trite strukturi koi denes vladeat so taa partija.Prvata e bugarofilska so Antonio Milososki,...Vtorata e prosrpska i projugoslovenska, kako Dzingo,Latas...A tretata struktura .......Stavrevski,Jankulovska ...Za odgovor na ovie prasanja nesmee da ima moratorium sprema novinarite G-dine Gruevski,toj e neophoden, ne samo zaradi elektoratot na DPMNE tuku i za site Makedonci od Republika Makedonija i posiroko,za da ocenat, koj svetite bukvi VMRO-Makedonskiot brend, gi koristi i za koja cel.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Пто прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Преглед на освојувачи на медали - 4.ден
По четвртиот натпреварувачки ден 43 држави имаат освоено медали...
Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со невероја...
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47...
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |