Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Ретровизор Саботен магазин
Политика
27.07.2012, 19:08

Груевски го кани Самарас на средба на Илинден

Груевски испрати листа на термини до грчкиот премиер Андонис Самарас кога би можеле да се сретнат

Премиерот Никола Груевски реши да не и' дава веќе повод на грчката влада да го критикува, па наредните месеци ќе се воздржува од какви било коментари што се однесуваат на спорот за името или се од суштинско значење на односите меѓу Македонија и Грција, дури и тогаш кога ќе добива такви прашања од новинарите.

Овој, како што го нарекоа некои медиуми, „штрајк“, е одговор на реакциите од Грција по средбата на премиерот со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, Во политиката тој манир не е невообичаен, но не е многу вообичаено вака да се најавува во јавноста, и тоа како одлука на неговиот кабинет. Паралелно со најавениот молк, Груевски испрати листа на термини до грчкиот премиер Андонис Самарас кога би можеле да се сретнат, меѓу другото нудејќи и да се откаже од славењето на Илинден. Целта, како што беше објаснето, е да не остави простор неговите изјави да бидат користени како алиби за дефокусирање од билатералниот спор, но и да не бидат злоупотребувани од страна на поединци и политичари кај јужниот сосед.

„Сведоци сме на прилично остри и неконструктивни реакции од грчка страна поврзани со содржината на разговорите, со што очигледно се покажува една нервоза и непријатност од вистината којашто е втемелена, не во позициите изнесени од премиерот Груевски, туку од Извештајот на специјалниот пратеник за човекови права на генералниот секретар на Обединетите нации, Геј Мекдугал. За нејзините забелешки во врска со македонското малцинство во Грција и ��аселените лица од граѓанската војна во Грција, впрочем, меѓу другото се разговараше на средбата. Вистината којашто е забележана во извештајот на Мекдугал е навистина непријатна, и од еден таков агол ние разбираме дека е погодена целта, порачаа од Владата.

Во интерес на засилување на дијалогот и создавање позитивен амбиент, Груевски му нуди на Самарас меѓусебни средби, покрај тој на државниот празник Илинден, и на 15 август, 2 септември, 15 септември, но и кој било друг термин или локација кои би биле определени од грчка страна. Поради давањето висок приоритет на ова прашање, премиерот е подготвен да се откаже од какви било претходно закажани активности, патувања или посети, доколку тие се поклопуваат со евентуално предложен термин од грчка страна. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 907 пати.

Испрати коментар



Отпад или ѓубре
Тетово дише смрдеа од дивата депонија
Ексминистри, банкари сакаат да бидат директори на болници
Да се исклучи парното или да се постават калориметри?
Менаџментот ги убедува акционерите да формираат мнозински пакет
Прометеј, Љупчо, Тодор и Снежана
Црвенковски
„Работевме многу, но имавме и пропусти“
Со инвеститорите нема простор за грешки



zik, 28.07.2012 01:35:45
samaras ke odrzhi govor vo krushevo! самарас ќе одржи говор во крушево! kirilicava e za ,,patritive,,
jovan, 28.07.2012 01:44:58
Mi se dopaga ovoj potez na nasiot Premier. Gi stava vo bezizlez juznite sosedi. Tie ili ke zbesnat uste poveke, ili *mudro* ke molcat i ke ne ignoriraat, no so toa gubat poeni. I ponataka nivna glavna potpora ke ostane samo podrskata od desnicarsko monarhistickite krugovi od Evropa, koja sega za sega i te kako im pomagaat. No rabotite se menuvaat. Nema da mozat uste dolgo da dokazuvaat deka nie sme tie koj sirele destabilizacija, deka nie sme tie koj kradele ime, deka oni bile potomci na Alexandar i Makedoncite (a ne objasnuvaat zosto ne ostanale Makedonci nego go smenile imeto vo Grci/Heleni), deka od niv pocnuva Evropskata kultura, deka tie se kolevkata na civilizacijata, deka tie se naslednici na Vizantija.... Nekoj raboti ke se revidiraat, i mnogu nesta ke stanat pojasni.Nase e da izdrzinme i mudro da postapuvame. Ova za sega e odlicen poteg, a niv doprva ke gi faka bes i panika.
Малиот Принц, 28.07.2012 08:30:02
Од разговорите со Бан ама и со БРИСЕЛ произлегле одредени заклучоци дека околината на Грујо е дебело разбиена од разузнавачките служби �� информациите кои ги има Бан a bogami i FIle презентирано се као да ги добил од најблиските соработници на Грујо. Зато е оваа акција на Грујо да се одбрани а наместо него еве му ја Гордана или Мартин да тресат зелени или колку сакаш медиуми во државата од извори блиски до владата ке тресат зелени. Да се бега од активно коментирање за името и коментари на моменталната состојба и слично е бежанија од проблемот и немање храброст да се јаво искажувата Македонските ставови колку и да е недипломатски па сепак драги Грујо тоа е ПАТРИОТСКи, а тоа кај тебе е врлина.
Hari, 28.07.2012 08:31:26
Precizno kazano od Grcka strana deka nemaat sogovornik na sever. Toa sto resil da molci Grujo mu e dobar poteg pomalku nacionalizam i populizam od nasa strana. Jas go predlagam Horhe da pregovara, ne znam na koj jazik, on e Car za toa uste na vtorata recenica ke se zapali i ke padne vo trans za Paljurci. Diletanti ne moze da ja vodat nadvoresnata politika.
pile, 28.07.2012 09:00:54
Jovane,Jovane,pred voodusevuvanje i hrabrenje na politikata na saram baram da patot ne go najdam, na aktuelniot patriot na politickata scena vo Republika Makedonija, mora da go procitate celosnoto intervju na eks Premierot Georgievski-nekogasen politicki svetec za DPMNE-vskiot zabluden elektorat, dadeno za nedelnikot Fokus,i samo togas da ocenite za ispravnosta na politikite na Vlasta,i cija e taa politika.Kako i proveri G-din Jovan,koga istureniot igrac na takvite vlijanija vo DPMNE ima izjaveno, pokraj za nbego strani termini za sloboda i demokratija vo Drzjavata, za vladeenje na pravoto nitu zbor ne stanuva, deka Republika Makedonija nema teritorijalni pretenzii sprema sosedna Grcija,vo uslovi koga terminot Makedonci ne e precka za nadminuvanje na sporot,primenet vo poslednoto intervju od G-din Stefan File.Radikalnoto odobrovoluvanje od strana na R.Grcija e na povidok no poveke od jasno e`, deka precka e lokal patriotot Gruevski.R.Makedonija pred Ilindenski MORA
skopje, 28.07.2012 09:16:14
Odlicen poteg ke gi fatime na kondicija do 2015 da ni zavrshi mandatot pa Branko neka go reshava nie ke si terame biznisite i ke se falime so duri 380 proekti (ne ni trebaat avtopati na lokalnite graganite poveke gi koristat, energetski objekti n eni trebaat dur ima uvoz a cenata ka ja plakaat graganite).
Ignorator, 28.07.2012 14:25:21
Grujo, abe ovoj e beter od tebe i Karamanlis zaedno. Trebashe so umereniot Jorgo da se reshi taa rabota, iako toj samo umno ja terashe vodata na grchkata vodenica. Vo sekoj sluchaj, so ovoj nikako! Mozebi i zatoa e pametno da se ignorira t.e. ne komentira.
nacional-patriot, 29.07.2012 08:27:47
Kakov sogovornik od Makedonija ocekuvas da im se dopoadne na onie vo Atina be crni Hari?Nekoj sto bi gi prifatil ucenite od Atina.Takov sakas.Ama takov nema da ima vo Makedonija po merka na Atina.Nacionalizmot i populizmot se vo Atina.Stom se voodusevuvas od Ljubco,ti pile si za zalenje.I File go izjavuva toa sto takvite kako tebe pile sakaat da go slusnat.Pikaj si ja glavata vo pesok kako Noj,bidejki ne sakas da vidis i cues deka Atina ne saka Makedoncite da bidat Macedonians,ne saka Makedonija da bide Macedonia za nadvoresna upotreba.Ne sakas da veruvas koga gi slusas izjavite na politicarite od Atina koi baraat obezlicuvanje na drzavata,identitetot i jazikot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Пто прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 28°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со невероја...
Преглед на освојувачи на медали - 3.ден
По третиот натпреварувачки ден 37 држави имаат освоени медали...
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47...
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |