27.07.2012, 17:26 Мислења
Сомнителниот патриотизам на Груевски
Ѓорѓи Спасов
Тоа е оној вид национализам кој Грција великодушно би го финансирала и кој и' обезбедува алиби за остварување на нејзината крајна цел
Македонија веќе седум години чека на дозволата за започнување преговори за членство со ЕУ. Веќе четири години откако Албанија и Хрватска станаа членки на НАТО Македонија чека покана за членство. Според најновите податоци од државниот завод за статистика економијата не расте туку назадува. Стапката на невработеност не се смалува, стапката на сиромаштијата е се повисока а огромен број на граѓани се иселуваат од земјата во потрага по леб и поубав живот. Македонија ја губи надежта дека еден ден ќе фати чекор со земјите од ЕУ, и затоа почнува да се зборува за нејзино можно обединување со Албанија и Косово во заедница Алмако и за обединување во заедница на Алмако со Црна гора или во некој вид на балкански ,,Бенелукс,,.Во таа смисла е добро што го потпишаваме охридскиот рамковен договор кој ни гарантира службена употреба на македонскиот јазик во општините во кои ќе бидиме над 20% од вкупното население.
Премиерот Груевски и претседателот Иванов во таквите сценарија не гледаат ништо страшно или барем ништо пострашно од барањето на Грција за компромис околу името. Нивната основна и единствена политика веќе седум години се состои во пораката: „Важно е на клетите Грци да не им се попушти“. И со таа порака како самите што тврдат веќе шест пати победувале на избори. Но, дали некој помислил дека политиката на Груевски е токму она што најмногу го посакува Грција? Тоа е оној вид национализам ��ој Грција великодушно би го финансирала и кој нејзе и обезбедува алиби за остварување на нејзината крајна цел.Ќе наведам само еден пример од блиската политичка историја на Балканот.
Пред многу години во Србија се појави еден српски бизнисмен од САД по име Милан Паниќ. Во него САД и меѓународната заедница препознаа личност која би можела на легален начин да го победи на претседетелските избори националистот Милошевиќ. Испитувањета на јавното мислење покажуваа дека во трката за претседател Милан Паниќ би добил 36% од гласовите а Слободан Милошевик 48%. Но, во тоа време, Косово беше се' уште во составот на Србија. Странците пресметаа дека Албанците од Косово кои веќе имаа свои партии преставуваат 16% од гласачкото тело за тие претседателки избори. Затоа според некои извори започнаа силни убедување на тогашниот лидер на косовските Албанци, Ибрахим Ругова, да излезат Албанците на гласање и со тоа легално на избори да биде победен Милошевиќ. Според истите извори, Ругова го одбил таквиот предлог со следново образложение. ,,Од Милан Паниќ кој е умерен политичар и ја има подршката на САД, ние Албанците на Косово ќе добиеме само широка автономија а со Милошевиќ кој е националист и не сака да слушне за компромис, ќе ги оствариме нашите крајни цели, незвисно Косово“.
Понекогаш ми доаѓа на памет мислата дека можеби и Грците така размислуваат. Со Глигоров, Црвенковски па и Георгиевски тие можеби би добиле сосед кој ќе се вика Северна или Вардарска Република Македонија, и се свесни дека, на таа членка на ЕУ и на НАТО, не ќе можат ништо да и променат, ниту во словенскиот идентитетот на Македонците ниту во името на нивниот јазик. А со Груевски многу поверојатно ќе добијат сосед во вакум простор и полека ќе дојдат до заедничка граница со Србија. На грчките националисти им одговара Груевски и како менталитет и како политичар и како трагач по новиот идентите на Македонците, и тие би имале многу причини да инвестираат во неговото одржување на власт.
На пример: Само на грчката политика и одеше во прилог токму пред самитот на НАТО во Букуреш, додека Груевски се поклонуваше на гробот на Гоце Делчев никој да не забележи дека на споменикот виси карата на Македонија во нејзините етнички граници, која Грците ја искористија за укажување на ,,територијалните претензии,, на Македонија кон Грција. Но никој по тоа не се обиде да дознае дали картата била подметната или била смислена провокација со одбрение на Груевски. Само на Грција и одеше во прилог, на неколку дена пред самитот, министерството за култура на Груевски да спонзорира изложба на уметник кој на билборд ја рекламираше својата изложба со грчкото знаме на кое беше ставен нацистичкиот кукаст крст.Тој билборд го искористија Грците да ја запознаат моќната еврејска заедница во светот со омаловажувањето на грчката антифашистичка борба од страна на Македонија. Но, никој не се потресе во македонската влада за тоа. И никој до сега не испита дали сосема случајно биле финансирани најистакнатите дејци на сегашната влада, додека биле во опозиција преку фирмата ,, Аналитико,, која изгледа некако била поврзано со грчкиот милиардер Кондоминас. Каква е точно улогата на Груевски во потпишувањето на анексите за ОКТА со кои се одлеани големи пари од владата во рацете на Грците и како тој истиот Кондоминас, чие име се споменува во коруптивни афери во земјава при продажбата на телекомот, добива убава парцела на плоштатодот во Скопје од Груевски, на која веќе гради голем објект во барок.
Оттука, многу околности оставаат впечаток дека ,,патриотизмот“ на Груевски околу прашањето за името е сомнителен бидејќи им дава голема предност на Грците во очите на меѓународната заедница. Ако се направи анализа на неговите потези во однос на спорот околу името тогаш може да се утврди со точност дека секогаш кога ќе се покажеше некоја шанса за напредок во разговорите, се јавуваше Груевски за да ја уништи таа шанса во зародиш. Така на пример, кога по самитот во 2008. години претседателот Буш остави простор во најкус можен рок да се дојде до решение под покровителство на САД врз основа на прифатениот предлог од страна на Груевски и Црвенковски за името (Република Македонија(Скопје), Груевски распиша избори ,,за да не можел никој во Македонија политички да го уценува“. Кога Папандреу го укина грчкото министерството за Македонија, како знак на добра волја, Груевски под итно автопатот кон Грција и аеродромот ги именува со Александар Македонски, фудбалскиот стадион го нарече Филип Втори и почна да го гради споменикот на Александар со фалангата во центарот на Скопје. Кога од неколку страни дојде абер дека можеби името Северна Македонија, за неѓународна употреб, може да биде решение кое не го загрозува ниту идентитетот ниту јазикот тогаш Груевски побрза да даде интервју во кое изјави дека ,, ако на референдум биде ставено името Северна Македонија,, јас ќе гласам против.
Со други зборови, Груевски е најдоброто алиби за грчкиот национализам.
Оваа позиција на Груевски не би се рекло дека не и одговара и на ДУИ. За Албанците во Македонија, најважен концепт во интегрирањето беше да се направат невидливи и непостоечки границите меѓу Македонија, Косово и Албанија. И тоа со договорите за минување на границата само со лични карти, со интезнизната комуникација и бизнис е веќе остварено..Прераното членство на Македонија во ЕУ можеби ќе создаде дури и потешкотии во таа комуникација со Косово и Албанија. Оттука на Сарачини и Али Ахмети идејата за Алмако или балкански Бенелукс можеби им изгледа и поевропска во овој момент од интегрирањето на Македонија во ЕУ. Но, во такви околности на безизлез, може да се случи некој да побара Македонија да се обединува само со Србија и Црна гора кои порано од Косово и Албанија ќе почанат разговори за членство во ЕУ.
(Авторот е универзитетски професор)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 5403 пати.
|
Испрати коментар
|
|
македонец, 28.07.2012 01:47:26 | Се молат политичари да не зборуваат за работи кои не ги разбираат, а тоа се етнологија и историја и потекло на народи... што да правам јас како македонец кој нема словенско потекло, но нема ни „античко“ како што милуваат луѓето како колумнистот да кажат... што тогаш?! не сум Македонец?! Кој има право да ми кажува за моето потекло кога ни тој не си го знае своето... има ли уште некој кој верува дека Република Северна Македонија претставува нешто што не навлегува во личниот идентитет?! И на крај, кој им дава право на нашиве „ЕКСПЕРТИ“ да лицитираат со нешто што е мое лично?!?!?!?! |
| Itar Pejo, 28.07.2012 02:16:22 | Trezvena analiza! |
| jovan, 28.07.2012 02:50:46 | *Важно е на клетите Грци да не им се попушти*.Ova na site Makedonci treba da im bide kako dobro utro.I ne samo na Grcite.Na nikogo ne treba da mu se popusta ako ima podli nameri. I ne samo toa. treba i da im se vrati milo za drago stom se stvori prilika.Taka barem rabotat Americancite, Rusite, Izraelcite, Anglicanite... Sto se odnesuva do*dobriot* Milan Panic i *losiot*Milosevic, se sluci sto se sluci. Inaku Milan Panic e obvinet i osuden vo America za prevarantstvo.E sega, ima i jas edno prasanje. Zosto tolku vi se brza da go promenime imeto? Grcite gi faka panika bidejki gledaat deka rabotite vo svetot se menuvaat na nacin koj nim ne im odgovara, pa gi faka strav??? Zarem mislite deka ideata za Albanski Benelux taka lesno nekoj na Balkanov ke ja prifati, i ne samo na Balkanov nego i Evropa ne saka da cue za toa, pa sega ke plasime narod so toa???Tekstov e premnogu panicen. Mi lici kako da go napisal Grk, pa na eftini fori i zastrasuvanja saka da ne isplasi da prifatime promena na ime |
| Asan od Krivolaka, 28.07.2012 03:03:40 | Pocituvan Gjorgi Spasov, ti blagodaram za toa sto si se potrudil taka ednostavno i taka razbirlivo da izneses edna golema vistina, koja veke dolgo vreme silno udira vo zvonata za trevaoga. No, izgleda deka nie ziveeme vo nekoja zemja na gluvi lugje, pa nema nikakvi (re)akcii od strana na nadleznite institucii. Jasno e deka na nikoj ne mu drzi g.... otvoreno da zboruva za ovie igri bez grnici. Toa ti e toa moj dragi komsija od Antigona.
|
| dobro utro :-), 28.07.2012 06:36:36 | Mnogu zanimlivo, blagodaram. Pozdrav |
| melbourne, 28.07.2012 06:58:05 | E konecno nekoj da kaze otvoreno sto saka da napravi Gruevski so Makedonija.A dosta makedonci mu veruvaat na ovoj PATRIOT,za zal. |
| cane sokolovski-toronto, 28.07.2012 07:05:03 | Не треба човек да е многу паметен да ја види логиката во ова! На Грците супер им одговара - вечно да бидеме ословени БЈРМ во име на „славнато, патриотско, античко царство. Илогиката во тоа не мора да биде објаснета! Таа е јасна. Постојат три Латински идиоми-Insensatus Humanus, Bardus Humanus i Mallum Humanus. Или Ирационален човек, Глупав човек и Лош човек. Би било добро ако се работи за првите два идиома. Ама ја се плашам дека третиот е во игра. Во овој случај имаме криминално деструктивно расчленување на земјата и уништување на нејзината иднина. Играњето со името е најголема паралага, кога секој знае дека тоа не е суштинскиот проблем. Ако ние јасно истакневме дека сме Македонци со Словенски корени, ќе беше досега Comedia Finita Est! |
| Bogomil(ec), 28.07.2012 07:29:07 | Господо уртедници, зошто Ви е тоа објаснување под колумната на Спасов. Сакате да му кажете некому дека Вие поинаку мислите! Невкусен и непрофесионален, та дури и несоответен за професијата новинар. Ние читателите сме доволно едуцирани и да читаме и да мислиме за да разбереме дека ставовите во колумната се на нејзиниот автор, а не на колегиумот на весникот. А доколку вие навистина имате поинакви перцепции, повелете соопштете ги. Ќе ни отворите нови хоризонти. |
| Hari, 28.07.2012 08:51:17 | Do makedonec, vo tvojot komentar trebese da mu iskazes pocit na eden covek koj e tvorec na drzavata od koga ti se narekuvas Makedonec.! Se sto napisavte G-dine Spasov e vistina samo bi dodal deka ovaa politika na Gruevski ima edna cel a toa e krazba na drzavata od strana na familijata, Ako bevme vo EU , ne ke mozese da se prezadolzi i opljacka drzavata. |
| Коста Стоименовски, 28.07.2012 09:24:27 | Колумнистот доста реално ги оценува состојбите во односите со Грција. Меѓутоа, треба отворено да се каже дека не само Грција туку и сите останати соседни земји се заинтересирани Македонија да се држи колку што е можно подолго време во „лимбо“ позиција (надвор од НАТО и ЕУ), со нескриени амбиции и желби за можно редефинирање на гео-политичката мапа на З. Балкан. Ваквата позиција, за жал, му одговара и на премиерот Груевски, кој опседнат од желбата за авторитарно владеење ја изложува државата на голем ризик! Упорно декларира дека приоритетна цел на владата е зачленувањето на државата во НАТО и ЕУ, но, уште поупорно постојано ја „подгрева“ платформата (за односите со Грција), која тоа практично го оневозможува! Сега пак ја „зачука“ оваа платформа и прогласи мораториум за изјави. Грција тврди дека не може да се постигне договор со Груевски со што само му ја зајакнува „патриотската“ аура и позицијата на единствен „чувар“ на името, како мошне битни елементи за за(о)држување на власта! |
| Димитар, 28.07.2012 10:31:08 | Одлично,после толку време некој да н��пише нешто што е вистина.Само што професорот тоа го објаснува како нешто возможно,што треба допрва да провери.Не професоре,тоа е договорено уште од првиот ден од играта наречена преговорите за името.Играта по линијата Белград-Скопје-Атина набргу ќе влезе во завршна фаза.Но не се секирајте, тука е Лепа Брена и Цеца да ни го олеснат олеснувањето,а потоа сите можат да здивнат. Некој можеби се смееше кога цели србски села покрај јужната граница масовно влегуваа во членство во вмро-дпмне.На крајот бугарите ќе ни бидат криви.За професорот чиста 10-тка. |
| tihi, 28.07.2012 10:53:12 | Vo zavisnost od namerite i mestoto na gledanje ,sporedbata Miloshevic - Panic,mene povekje me asocira na Papandreu - Samaras.A Rugova e vo sekoj sluchaj Makedonskiot narod ,shto mora da trpi sekakvi propagandi. |
| Читател, 28.07.2012 11:35:49 | Се согласувам само со една констатација на Спасов дека ние на Грција и помагаме да се оствари замислата на Милошевиќ Србија да граничи со проклетиот јужен комшија. Грција нашиот национализам кој се користи само за збирање на гласови ништо повеќе, ќе го искористи со одолговлекувањето на овој за нив проблем, што повеќе да не ослаби економски и на тој начин да допринесе до дестабилизација на економско и меѓу етничко поле, а потоа се знае што следува остварување на нивната замисла-РАСПАД НА МАКЕДОНИЈА. Ние како мала нација против овој проблем можеме да се бориме само како економски просперитетна, а не како нација осиромашена до крај, за која нација во овие дваесет и нешто година баш никој не допринесе ништо, да не речам никој од политичарите не го замрда задникот и секој гледаше само за себа најмалку за нацијата и за државата. Жалосно. |
| Mark, 28.07.2012 11:47:43 | Kolku li se *covecive* alergicni na objektivna analiza!? Fala Bogu sto ima luge sto se sposobni da ja napravat i hrabri da ja prezentiraat! Da prijateli - Gruevski i negovite ja teraat grckata agenda, miluvale da si priznaete ili ne..A toa e vsusnost SRPSKATA politika za obezlicuvanje i ANEKSIJA NA MAKEDONIJA! Sevisniot neka ni e na pomos so vakvi *patrioti*... |
| mile, 28.07.2012 12:44:53 | Сосема е јасно дека цената на владеењето на Груевски ќе биде превисока за Македонија...... но за тоа никој не ни е крив!!? Тоа си беше избор на овој шутрачки народ, што со право би рекла Најчевска.......... |
| Da se vodi politika, a ne inaet!, 28.07.2012 12:49:09 | Vremeto pokaza deka Gruevski e diletant za politika. Popat, okolu sebe gi sobral epten mladi diletanti, pa jadna ni Makedonija. Za nekoi vrvni politichki funkcii treba da vmetneme granica na minimum 50 godini zivot. Mislam deka za predsedatelot imame 40 ili 45, no za premierot nemame ich. A znachenjeto na premierot i predsedatelot, sporedite sami. Popat, Crvenkovski i Georgievski ja posednaa naj vlijatelnata funkcija so po 27-29 godini, a tuka negde beshe i Gruevski. Prvite ja imaa srecata na chelo na drzavata da bide iskusniot Gligorov, a koga Trajkovski dojde, vece bea steknale nekakvo iskustvo. Gruevski ja nemashe taa sreca so Ivanov i predhodno so Crvenkovski, so koj i den denes ne se mirisat. Vazno da si kontriraat, inatat i ljutat kako mali deca, zaboravajki na drzavata. Tipichno detski! I na krajot, tochno e deka Grcija bara toa shto bara, vkluchitelno i identitetot, ama toa se samo nivni zelbi. Vo sluchajot ima i nekoj tret, shumar, koj ke gi razmaa i*germancite i partizanite*. |
| Pece, 28.07.2012 13:02:23 | Mnogupati sum se zaprasal profesore koj go napravi problemot so naseto ime ako mozi taka da se reci zosto nekoj saka da go smenime nekoj nesaka da cue.Dali toa go napravi pokojniot pretsedatel Gligorov ili Crvenkovski ili celokupnata togasna SKM PDP ili na sto najmnogu su se posomn togasniot opoziciski potoa bugarski grajganin koj bese premier vo Makedonija so negovata izjava deka nivniot portokalov kongres ke go odrzat vo Solun.Vinata ne smeeme da e prefrlame na nikogo zosto imavne moznos da go resime problemot a nie plasejki da ne zagubime na izbori i ostaneme zapisani vo istorija kako predavnici go odolgovlekuvavne a gruevki sekoja cest vesto se prikriva i nema da dozvoli toj da go smeni imeto e toa e razlikata.Samo nemojte da se rzduvate na ednoumie akomislite deka on e Stalin a nie oktomvriska revolucija a znaete deka i dvete se promarseni. |
| Маркос, 28.07.2012 13:29:06 | Одамна зборам: партијата ДПМНЕ - Штеточинска, со својот лидер на чело, ќе и‘ биде гробар на Македонија - барем ваква каква е сега. Овие божемни патриоти се всушност непријатели на Македонија - со демократски легалитет (не легимитет: тој се добива со остварување на предизборните ветувањата). Оттаму, чуму и‘ се надворешни непријатели кога има свои. Трагично е да вакво водење на државата не наидува на значителен отпор - ниту кај интелектуалната заедница. За народот да не зборуваме. Македонците би можеле да ишчезнат како етникум - како Хазарите. До тоа сепак нема да дојде: со растечката сиромаштија ќе ја снема материјалната основа, битна за коруптивно владеење, какво е ДПМНЕ-вското. |
| Гоце - Амстердам, 28.07.2012 13:53:52 | Иако сте ,,професор,, гледам од вашево излаганје дека воопшто
не можете да го сватете Господинот Груевски како ја води Македонската
национална политика! Еден ден ке сватите (можеби кога ке сте во пензија )
а тогаш ке ви стане јасно дека не сте можеле во дадено време прогресивно рационално и национално да размислувате за Македонскиот народ и идентитет какотоа што го прават Господинот Груевски и Господинот Иванов.
|
| mm, 28.07.2012 22:34:23 | Изборот е јасен: или европски интеграции (со сите неопходни и болни компромиси кои им претходат) или Бенелукс на Балканот (читај: Голема Албанија).
so simple. |
| Nastavnik, 29.07.2012 09:51:09 | Sekoj moze da pisuva sto saka,barem tuka ima demokratija,a isto taka dnes sekoj moze da bide profesor ima univerziteti kolku sto sakas od drzavni ,partiski do privatni,
Vo red stavot na Spasov e kakov sto e no nee realen od slednive pricini premnogu e politicki a nee ekonomski,
site partii vo Makedonija se falat so svoite ekonomski programi uste da gi ispolnea ce nemase mesto za vakvi politicki komentari no ete od rasturanjeto na Jugoslavija se rasturi i ekonomijata na Makedonija a so toa i osnovta na edna drzava ,Spasov kako iskusen uzivatel na dobrotie od rasturanjeto na Makedonija dobro se snaoga i bukvalno uziva,nemam nisto licno protiv da pisuva sto saka no sakam da kazam deka e polos i od negoviot Braknko pa i od Ljubco koe e drvo bez koren kako i Grujo koj e uporen da dokaze nesto za koe nema dovolno sila i dokazi.Za zal do sega ni ena vlada se nema posveteno na interesite na R.M. tuku na samata sebe i na licnite interesi,so mototo ovie predhodnite bea polosi nie sme najdobri |
| jovan, vlada @, 29.07.2012 16:06:41 | Po odnos na napisanoto na pocituvaniot G-din Spasov, za lazniot patriotizam na Gruevski, mozam samo da go potsetam za nekolku onaka mali raboti koj ocigledno pocituvanit gospodin gi zaboravil zaedno so negoviot SDSM na vremeto gi napravija a demek toa ne e somitelno ama ic ajde da pocnam:
1.Imeto koe FIROM koe trebase da bide samo tri meseci promovirano od nivniot duhoven tatko Gligorov
2.Smenata na znameto bez da se prasa narodot
3.Naforite,zlatnite casovnici kako Danajski podaroci koj Grcite gi dadoa na Frckovski i na Vladata na Crvenkovski vo svoite memoari gi napisa samiot Gligorov koj kaza deka odbil pari za smena na imeto.
4.Patriosko bese svercot sto go pravevte koga bevte na vlast neli, epten patriostsko se naponivte pari do beskraj
I da ne brojam pocituvan g-din Spasov, mislam ve sfakam licno ama ve molam pred da objavite vakva kolumna bi bilo ubavo da se konsultirate so vasiot sin, godinite ve stignale pocituvan zaboravate nekoj raboti ili sakate da gi zaboravite.Golem p |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 30°C
Ведро
|
Недела
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 22°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|