Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
25.07.2012, 18:46

Експратеничката со сочен говор стана член на ДИК

Анета Стефковска беше пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во два мандата (2006-2011) и стана препознатлива по специфичниот говор и иронијата

Гордана Дувњак

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ не ги заборава своите поранешни пратенички кадри. Нов член на Државната изборна комисија стана екс-пратеничката Анета Стефановска, која доаѓа на местото на Ване Јосифовски, чиј мандат заврши. Вчера таа даде свечена изјава во парламентот пред спикерот Трајко Вељановски.

Педесет и тригодишната битолчанка, по професија е правник со положен правосуден испит и магистер по библиотекарство. Беше пратеник во два мандата (2006-2011), а претходно работела како в.д директор во Националната универзитетска библиотека. Активна е во партиските тела, посебно во Унијата на жени во нејзиниот роден град.

Тоа што нејзиното име не се најде на листата за пратеници на последните парламентарни избори, го прими мирно и без голема возбуда.

„Два мандата бев во Собранието, сега нека дојдат други лица. И не е добро да се остане на иста функција. Јас сум правник и имам широки можности во извршната власт. Ако човек е креативен, има идеи, ќе знае да го покаже тоа на секоја позиција што ќе му ја доверат“, изјави своевремено за нашиот весник Стефановска.

Експратеничката од Битола го привлекуваше вниманието во парламентот со нејзиниот специфичен говор и интонацијата. Нејзините настапи во парламентот беа вистински деликатес за новинарите, но ги предизвикуваше на реплика нејзините колеги од опозицискиот блок.

Се' уште се во сеќавање вербалните дуели со нејзината сограѓанка, социјалдемократката Весна Бендевска.

Во една прилика, Стефановска во нејзиниот добро препознатлив манир и' се обрати на Бендевска: „Почитувана госпоѓо Бендевска, односно Бендевска, се извинувам...“

За време на расправата за Извештајот на европската комисија, пак, неколку пати го изговори името на поранешната шефица на грчката дипломатија.„Госпоѓо Дора Бакојани“! „Госпоѓо Дора Бакојани“!

Стефановска вака му се обрати на својот колега, пратеникот од СДСМ, Игор Ивановски, но и на убедена дека тие „ги штитат интересите на Атина“.

Беше дежурен „адвокат“ на министрите за време на интерпелации, или пак, кога се кршеа копјата околу некои закони.

Застана во одбрана на екс-министерот за правда,Михајло Маневски, за кој рече дека тој е единствен министер кој имал храброст да направи вистински реформи во судството.

„Министерот е вистински маж, само тој имаше храброст да зафати со судски реформи“, рече Стефановска. На ова Бучковски саркастично возврати: „Воопшто не се сомневам дека вие сте жена која може да потврди дека Маневски е вистински маж!“

Во сличен тон, помина и дискусијата кога му реплицираше на портпаролот на СДСМ, пратеникот Емилијан Станковиќ, кој изрази жалење што спикерот Вељаноски ја пропуштил шансата да биде „вистински маж“ и станал марионета! На што се надоврза и коментарот на нивниот партиски колега, Горан Минчев, кој рече дека спикерот го гледа како „палјачо во рацете на Груевски“! Стефановска не чекаше долго и експресно возврати:„Од вас попалјачо - здравје!“.

За време, пак, на интерпелацијата за вицепремиерот за евроинтеграции, пратеникот од СДСМ Јани Макрадули го посочи Васко Наумовски како еден од ткајачите на разбојот на Груевски и го праша дали ги вдомил сите од фамилијата или останал уште некој. А, во контекст на Законот за недискриминација само рече: „Си знае тој навечер“.

Јуначкото срце на Стефановска, не издржа па му дофрли на Макрадули: „Не знам какви се вашите средби со Кочо навечер“.

Сепак, во аналите на собраниските занимливости ќе остане запаметено оригиналото обраќање што го имаше оваа пратеничка кон шефицата на пратеничката група на СДСМ, Цвет��нка Иванова, кога и' рече: „Мајко, сопруго, бабо, свекрво, што е проблемот со тебе, што е таа агресивност да тепаш мажи по Собранието како координаторка на пратеничката група“.

Стефановска беше член на Комсијата за деловнички и имунитете, по драматичната ноќ кога се се симнуваше имунитетот на Бучковски и имаше кошкања, затворања на врати, навреди... Најпрвин, СДСМ и' поднесе тужба на претседателката на Комисијата, Светлана Јакимовска, за злоупотреба на службената должност и за фалсификат. Потоа Јакимовска, заедно со пратеничките Анета Стефановска и Надица Танчева - Тулиева, поднесоа кривична пријава против четворица пратеници: Есад Рахиќ, Никола Рилкоски, Игор Ивановски и Славица Грковска за насилство.

Будното око на камерите, регистрираа и еден момент кога во едно релаксирано расположение прикажано со директниот собраниски пренос, ја видоа педантната пратеничка како си ја дотерува шминката. Стефановска, со манири на вистинска дама, среде седница си извади огледалце и моливче - и се нашминка.


Статијата е прочитана 3960 пати.

Испрати коментар






Hari, 26.07.2012 00:18:04
Toa e dpmne, vo cirkus bi bila pokorisna.
aminta, 26.07.2012 07:10:00
odllicen izbor golem profisionalec so nevideni kvaliteti mislam deka zasluzuva mnogu povisoka funkcija . e.... toa e mojata zemja makedonija zalno no vistinitio
Kole, 26.07.2012 09:19:50
Koj i dade diploma na ovaa - sram za Bitola i Bitolcani.
сузе, 26.07.2012 12:20:32
А,бе вистинска жена?!
Trubadur, 26.07.2012 21:37:24
Nesto posebno i ne e ,PROVERENO-102,3%.
kole, 26.07.2012 22:32:05
Лично, на оваа не би и дал и метла да го мете Собранието..................и тоа е многу ѕа неа......................

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 35°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 18°C

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Британците сo интересна и пред се' музички илустративна церемонија...
Денот на отворањето почна со ѕвонење на илјадници ѕвона
Први се огласија големите ѕвона на кулата часовник Биг Бен, покрај зградата на британскиот Парламент и брегот на Темза, ...
Усеин Болт посакува четири олимписки злата
Свеченото отворање ќе ги засени големите пропусти!
Камерон: Олимпијадата е најголемата безбедносна операција во мирно време
Торп во Лондон како коментатор
Грчка олимпијка расно навредувала на „Твитер“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |