Хороскоп
Овен
Тргнувате во акција. Многумина би очекувале тоа да се однесува на работата, но се лажат. Tргнувате во љубовно-освојувачки походи. Некој особено ве заинтригирал, па заборавате на се' околу вас. Почнавте да ги губите критериумите.
Бик
Расправиите со околината и променливото расположение се зачестени бидејќи ви се потребни пари кои моментално ги немате. Поради болки во стомакот, внимавајте на исхраната. Системот на вредности е поместен, лесно може да наседнете на провокации.
Близнаци
Насочени сте кон убави работи, односно кон љубов и уметнички случувања. Чувствувате големо задоволство и среќа. На професионален план, ви се враќа самодовербата. Ве привлекува склучувањето фанатични договори, така ќе имате шанса и да заработите.
Рак
Можни се проблеми со спиењето и со пречувствителноста комбинирана со беспарица. Кога подобро ќе размислите, имате чувство дека сите извори пресушиле. Не гледате излез. Не очајувајте, незадоволството ќе исчезне.
Лав
Можете да очекувате успех проследен со голема финансиска добивка. Активно се вклучувате во уметничкиот живот. Ќе уживате во убави и скапоцени работи, а ќе влијаете и на околината. Вљубени сте и полни со страсти, па тоа ќе ве направи среќни.
Девица
Ситуацијата во која се наоѓате постојано се менува. Оптимистички сте расположени, па почнувате да го гледате излезот од мракот. Машките припадници на знакот тргнуваат во освојувачки походи. Олабавете се и уживајте.
Терезија
Имате можност да ги креирате случувањата. Не сте свесни дека сте во фантастична ситуација. Дистанцирајте се од непријатните случувања, ако сакате да бидете среќни. Партнерот е разочаран од вас, воопшто не му обрнувате внимание.
Скорпија
Потрудете се емотивно да се средите, иако тешко ви оди. Мора да ја сфатите ситуацијата и да ги земете предвид сите околности. Само така ќе успеете да ги избегнете невротичните постапки комбинирани со агресија.
Стрелец
Добро функционирате, затоа ви советуваме конкретна акција. Повеќе ви одговара да зборувате и да се навраќате на своите љубовни јадови. Нека не ве изненади нечија изјава на љубов. Работете напорно ако сакате да заработите доволно.
Јарец
Ситуацијата во која се наоѓате малку е искомплицирана, па никако не ви оди од рака да се приспособите. Треба да бидете флексибилни, а не сте, па затоа ќе сносите последици. Никој не ви е виновен, треба да сте дипломат.
Водолија
Без оглед на тоа што некои работи се одвиваат бавно, задоволни сте. Ја работите својата работа и си го гледате својот живот. Со партнерот сте во релативно добри односи, па и самите се чудите како се' ви е рамно. Бидете трпеливи.
Риби
Сентиментално сте расположени, имате желба секому да помогнете. Потрудете се да се дистанцирате од туѓите проблеми и да се позанимавате со своите. Околината на индиректен начин влијае на вашето здравје, па имунитетот ви е ослабен.
|